1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    8.241
    Пол:
    Женски
    Доцнам ама прочитав што пишал @JonSnow. Можеби веќе и не одговара на темава ама сакам да пишам, во случај тој или жена му да прочитаат.

    Мислам дека сте престроги и со него и со жена му, тој е нарцисоиден, таа е неверна.
    Мислам дека не е точно ни едното ни другото и дека треба да сфатите дека ниту еден од нив не е лошиот во врската.
    По мене сопругата е преоптеретена од обврските, физички и психички, затоа спие толку.
    Периодот кога децата се на таа возраст, а имаш работа и куќа за одржување ти го одзема сето време за себе. Се случува и физички burnout, ама и психички веќе се разнишуваш, зошто сфаќаш дека не можеш да постигнеш на сите страни. Сопствените потреби најчесто ги запоставуваш и тоа води до фрустрации. Немањето хоби не мора да значи дека немаш интерес, воља или иницијатива, туку дека немаш време и енергија за него. Еден господ знае колку фрустрација ми е внатре кога сакам да сликам, да креирам, ама додека завршам со се од обврските, јас немам енергија и ми се спие. Згора на се, маж ми ми го зборуваше истото ова што и ти на неа- дека не правам ништо од тоа, дека џабе зборам, дека досега ако сакав изложба ќе направев..а ако му речам дека тоа е заради обврските и дека за да јас цела ноќ сликам треба тој да среди садови, алишта и да направи ручек за утредента одма се лути и се осеќа дека го напаѓам или дека барам изговор. А не е така. И да не ми рече ништо и да ме остави да творам, наредниот ден се коментира или можеби со гест некаков се изразува незадоволство зашто нема ручек или зашто нешто не е направено. Значи тоа не е поддршка!

    Исто, ти рекла дека кога е болна не си и бил поддршка. Прашај ја што и требало тогаш а не го добила. Мене маж ми ми викаше ама ти кога беше болна јас не ти се лутев за несреденото. Дал да плачам или да се смеам?! Да се лутиш? Му реков абе не само што не треба да коментираш, ТИ треба да застанеш во кујна кога јас не можам, а не да оставиш садови да ме чекаат кога ќе сум оздравела...тоа е поддршка. Ама јас тоа ОДМА го комуницирав. Да видиш како во наредна прилика се среди и децата дури ги ангажираше да помогнат. Знаеш што заклучи после тоа? Дека е претешко, на крајот нервоза го фати, почна да крева тон.. Е немаше време за своето хоби и за рекреација, нешта за кои кога јас сум здрава тој секој ден наоѓа време...А замисли уште да требаше да прави и генералка или да се секса повеќе од еднаш со мене после таков ден.

    Второ децата не ви се бебиња, стануваат, наслушнуваат, не сакаат да легнат. Дур тие цврсто заспијат, отиде желбата за секс. Или таман си почнал, ете го едното во соба. Па пазиш да си тивок, да не те слушнат децата или брзаш да не те начекаат.
    Кој сака нека кажува овде филмови ама се губи спонтаноста со самото тоа што го планираш кога да биде и го прилагодуваш на другите обврски и на децата. Дури не станат тинејџери па да се цел ден излезени.

    Уште нешто за сексот:
    Кога ќе и приговориш на жената дека не ти дава доволно, нормално е да се осети искритикувана. И секое наредно легнување ќе се прашува дали ти не си мислиш дека легнува со тебе зошто ти си и рекол дека сакаш почесто и од обврска. Сексот добива друга тежина после тоа. Му се додава бреме. Ако недајбоже нешто запне за време на сексот, таа ќе помисли дали сега нема ти тоа да го сфатиш како доказ дека со сила легнала со тебе или дека не ја привлекуваш или дека не те сака повеќе. А може да така глупава некоја причина, што нема врска со сето тоа. И многу е битно со која цел ќе го кажеш тоа дека ти пречи, зошто ако целта на муабетот не е нејзе да и помогнеш и да откриеш зошто е тоа сменето, туку целта е само тоа да се смени, т.е. ако само твоите сексуални фрустрации треба да се решат тогаш од погрешни причини зборуваш.
    Да, мажите почесто им е доказ за љубов физичкиот контакт ама за жените не е примарен. Далеку побитно од сексот им е сигурноста во партнерот. Односно останатиот дел од односот, оној партнерскиот. Ако не се осеќа сигурно во тебе, ако се осеќа дека е препуштена сама на себе, сама во своите невољи, маки, болести, обврски, неислушана, недоволна за тебе и покрај се што прави, тогаш телото ќе и се затвори кон тебе.
    Телото уште пред да сфатиш со мислата ќе ти каже дали се осеќаш сигурен со партнерот или не. Зошто ќе те одвраќа од него, ќе се постави во одбранбена позиција.

    Жена ти ти преќутувала предолго и пречесто што и пречи во вашата врска. Затоа сега ти зборува за сите нешта што и пречеле уште од пред години. Веројатно и ти на неа, зошто наместо да ја прашаш што сакала, ти си претпоставувал во нејзино име.
    Ете викаш ти рекла масажа дека сака, веројатно повеќе би и значело тоа после напорниот ден отколку вешот. Тоа е вашата грешка, што не сте ги решавале проблемите тогаш кога биле актуелни. Што сте оставиле да се сети другиот што ве мачи.
    Ја поминавме таа грешка со мојот маж. Најглупавата работа е тоа. Никој не е видовит. Не можеш да знаеш ако не прашаш, ако не кажеш. Никој не не знае толку добро како ние самите, да немате заблуди. Вие претпоставувате, се мислите, си правите филмови.. место да разговарате. Тензијата расте и само чека мал повод да пукне балонот...

    Има вистина и во тоа што го пиша, иако овде те нападнаа. И јас мислам дека е глупаво да се стават обврските пред партнерот, дека некогаш треба да речеш "fuck this shit" и да си излезеш со него. Ама и вие треба да разберете дека таа работа пак нас не чека. И нема крај, само што си завршил пак одново. Најдете решение кое неа ќе и даде оддишка- чистачка, сервис, нешто..

    Да знаете дека мноооогу парови имаат вакви кризи. И да, може да се надминат. Без разлика што овде на форумов ви прогнозираат само развод. Ние ги надминавме, а мислевме дека ќе се разведеме.

    Ние се доверивме кога ни беше најтешко на една блиска роднина на која и двајцата и веруваме а беше малку постара од нас. Секој од нас посебно си разговараше со неа, за својата перспектива од животот и цел живот ќе сум и благодарна за советот, зошто ни ги отвори очите.

    Прво заборавете го зборот развод.
    Тоа значи ако сте решени да останете во брак, тоа дали ќе бидете во брак или не веќе да не биде тема на муабет, а зборот развод нема да се користи по потреба, во кавгата како некоја закана со која ќе се заплашувате еден со друг. Зошто само децата си ги плашите ако тоа го споменете пред нив..
    Ако сте решени да остарите заедно зошто од љубов сте во брак, веќе да не правите муабет за развод.
    Муабетот да го насочите само кон проблемот и неговото разрешување. Да си барате решенија за него.

    Разводот нека остане за тогаш кога нема љубов, кога некој некого злоупотребил, тепал или нешто слично.
    А не да биде тема на муабет при секоја кавга. Разводот е најлесниот начин да се заврши врската. Ама да се среди врската и да се надмине кризата бара време, многу љубов и трпение и труд. А ако има љубов како што и двајцата се колнете еден на друг, тогаш е стварно штета да се разведете.
    Тоа е мојот совет.
     
    Последна измена: 7 јуни 2024
    На mim4e88, Цецилија, Лалина и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.808
    Пол:
    Машки
    Ова е совет вреден за еден форум. Браво Cosmic.:)
     
    На Лалина, Zumbulche, Cosmic Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  3. halfasoul

    halfasoul Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2023
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Клошарр
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.