Па гледај и ти Мораш и ти да допринесеш малку,да го зачиниш љубовниот живот.Можеби само низ таков период поминува,се надевам ке ви се среди односот (сексуален)
Девојки сакам да кажам една работа, во брак сум и сега што веќе еден месец неможам да се средам во главата на секс ни не помислувам хммммммм, не е лесно немојте пребргу да дејствувате со глупи одлуки од мене толку, а некои не се средени ни по 5-6 месеци да не отишол со друга
не знам што да ти кажам ама јас мислам дека постои проблем ако ти тврдиш дека не е друг човек во прашање тогаш по мое е психички проблем оти не е нормално психички и физички здрава личност да нема ни мала потреба за водење љубов.не ми е сватливо и јас сум во брак скоро 5 години единствен период кога немавме подолго време секс со сопругот беше од кога ќе се породев и тоа беше неколку недели (имаме две дечина).искрено мислам дека пресреќна е што те има тебе да беше ти поинаков досега ќе си најдеше некоја,а и да е така јас не би те обвинила.правиме муабет за неколку години,а уште колку ќе треба тоа да го трпиш.мора да инсистираш на тоа да побара помош нема тука ништо срамно.се е то нормална работа.пробај поинаку побарај совет од психијатар немој да ме сватиш погрешно не за тебе едноставно објасниму го проблемот и побарај совет како би можел да и пристапиш на кој начин да разговараш со неа без при тоа ти да излезеш виновен на крај некако мора да свати дека проблемот е во неа.не може са сите да има време само вас дома не.
Според мене сексот е многу важна работа во однос меѓу маж и жена.Меѓутоа не и најважна. Да се надоврзам на оваа дискусија. Постојат луѓе и мажи и жени кои се всушност дивјаци ,да не речам луѓе кои сексот им е приоритет во животот. Да се надоврзам на проблемот на морска,таа упорно сака секс а фидбек нема,но најважно социјалниот живот им цвета.Па ти заеби социјален живот кога нема с од сексуален живот.Да не е случајно заљубен во некоја ваша другарка,од вашето друштво? А да се надоврзам до постот на квадрос-ок те разбирам дека сакаш секс,но по автоматизам тоа не разбира да си најдеш друга сексуална партнерка. Тогаш во секој случај вашиот брак би резултирал со развод. Aбе луѓе разговарајте меѓусебно со вашите партнери и најдете од каде произлегува суштината на вашите проблеми. Aјде вака.Доколку сум во брак и недај боже можеби детето ми е болно,па како јас да сум одлично расположа за да имам секс.Зашто за да јас имам секс треба барем да сум ок во расположението,да сум опуштена за да можам да се препуштам на тој чин. Сума сумарум проблеми очигледно има а причина никаде.. Разговор и тоа нормален продуктивен разговор,а не карање и расправии од типот па ти не ме ебеш или не ми даваш па јас сето тоа ќе го барам на друго место. Па на крај краева тогаш луѓе зошто стапувате во брак,ако сакате само секс,Па тоа може да се добие на секое место.Секс без врска.
Баш така. Кога си млад, животот е пред тебе, се` ти е рамно, не можеш да замислиш брак без секс. Но, кога многу проблеми ќе ти натежнат на глава (од мали до незамисливо големи) и тоа како нема да мислиш на секс. Најдобро си знаат тие кои се нашле во таква ситуација. А, партнерот треба да ти биде подршка, а не одма да замине по други жени. И мислам дека нема ни да замине по други жени, па макар и цела година седел без секс. Затоа се венчаваме во `добро и лошо` да сме заедно. Зборувам за некои ситуации, ама не на цел брак без секс. Мислам дека не ни постои брак каде партнерите се цело време без секс. (освен ако се изневеруваат и не се сакаат, па се заедно поради децата и сл.). Значи, брак без секс неколку недели, месеци....да, има и може да биде и оправдано е.
Веќе почнувам да се загрижувам доста. Имаме проблем односно нашиот секс. Незгодно ми е да зборувам за секс, затоа што тоа се интимни односи меѓу мен и сопругот, но имам потреба од совет. Разговарале сме 1 милион пати веќе „зошто јас несакам сексуални односи“. Одговор на тоа прашање чесно кажано-немам. Незнам зошто. От кога се породив, мислев, дека несакањето е од умората. Кога веќе не се чуствувам толку уморна, после скоро 1 година од пораѓајот, се уште немам желба. Не кажувам, дека немаме односи. Имаме, но го правам поради сопругот, да не се чуствува оштетен, а не зоштото и јас имам потребата. Зошто немам потреба? Стално си ноаѓаам оправдувањија, ми се спие, не ми е добро, некој ќе влезне во соба... Ја нема спонтаноста кај мене веќе. Се чуствувам инвалид и тоа ме депресира, а уште повеќе така се чуствува тој, си мисли, дека не го сакам веќе. Тоа многу влијае на нас како брачен пар и многу сакам да средам нештата. Знам дека проблемот е во мене. Но што е по точно? Кај сексолог треба да појдам? Психолог? Хормони да си прегледам? Или тоа со времето ќе помине? Или уште полошо-ќе се намразиме? Молам некој компетентен да ми даде совет што да правам. Се сакаме и двајцата многу. Даваме све еден за друг, но по отношение на тоа некако не можеме да се разбереме...
Можеби ти е само период. Можеби не ги го прифаќаш телото толку добро како по пораѓајот. Пробај да си се средиш целосно, намирисај се, самата мораш да се почувствуваш посакувана. И него искарај го да биде малку спонтан ама и ти мораш да иницираш по малку. Пробај, ништо не губиш, а можеш мн да добиеш. Уживајте во вашата љубов
J.Ivanoska ти си млада. Ако си имала апетит за секс пред година дена, ќе се врати. Не си прва, многу двојки минуваат вакви периоди макар некои никогаш не признале или побарале помош. Минуваш низ сушен период, и се што ти треба е навика за добар секс. Секс во кој повторно ќе уживаш, како што уживаше порано, не ради реда, а колку повеќе имаш таков секс толку повеќе се разгорува желбата за повеќе. Тука си работат тие хормони. Ама тешкото е да почнат повторно да се разработат, но не е невозможно. Си била уморна, си имала други приоритети та ништо чудно дека секс не било на картите некое време. Твоја домашна задача е да си ја вратиш страста, на која можеш сама да работиш за да ја разгориш. Кога ја најдеш страста и маж ти сама ќе го побараш. Совет(испробан ) со што можеш да пробаш на пример, е некоја еротска новела. Остави визуални стимулативи, тоа е повеќе машка работа. Биди и лик во книгата ако сакаш, сама си кога читаш, нема од што да се срамиш ако режираш сценарио. Ако би можело да ти помогне некое парче свилена долна облека, не за пред маж ти, туку ете онака за секој ден, не е измислена само за заведување, туку ако ти е убаво да ја носиш за да ја разбудиш таа заспана привлечна жена во тебе, тоа земи си. Или најди го тоа било што да е, макар да е специфична фарба за боја на коса, кармин, штикла... што и да е, што би те освежило тебе, да се чувствуваш убаво, женствено, да се погледнеш во огледало и сама да си речеш фиууу фиууу. Со тоа и другото ќе си дојде.
И јас го поминав истото после второто породување... Добро е што си препознала и сакаш да се смени тоа.. Јас тогаш толку ми беше одбивен сексот што се друго можев со уживање да правам само тоа ми беше како обврска што гледав да ја избегнам , значи си се посветував максимално, но желба немав воопшто, за разлика од пред породувањето кога бев мрдната за повеќе и повеќе .. Период е.. ќе помине.... Одвојувај повеќе време за себе и за вас двајцата сами иако е тоа малку тешко кога е мало бебушкото..
ЈАС МИСЛАМ ДЕКА ИМА ДРУГА НЕ Е ТОЈ ПРЕСТАРЕН ПА ДА НЕ МУ ТЕКНУВА АКО Е ПОСТОЈАНО ДОМА 30 МИН ВО ДЕНОТ КЕ СЕ НАЈДАТ СИГУРНО А АКО НЕ Е ТОА ТОГАШ ИМА ПСИХОЛОО И ДШКО СОВЕТУВАЛИШТЕ И ШТА Е КЕ ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ
Аууу браво многу интелигентен муабет, пишувај со мали букви читаме сите.. и проблемот не е во нејзиниот сопруг до самата нејзе читај пред да искоментираш. Ј.Ивановска и јас го имав тој период после пораѓајот што мислам дека беше поради голем умор, посветата кон детето, и сите домашни обврски не ти оставаат многу време за да се посветиш максимално. Ти си свесна за ова што е многу добро и затоа можеш да се потрудиш, ти немаш одбивност спрема твојот сопруг туку спрема самиот чин. Сексот е реално значаен дел во одржувањето на една врска, затоа убаво ти пиша Имелда, пробај да правиш некои скокотливи работи, кои би ти го дигнале адреналинот, и тебе и нему, сепак сте пар лошо е кога се ќе премине во механика.. има решение првенствено почни да ја посакуваш промената, потоа земи читај еротични книги, купи масла за масирања, прави предигри, говори отворено со него што ти се допаѓа што не, експериментирајте да ви биде повозбудлово.. се што треба е да поработиш на тоа и да не дозволуваш само љубовта меѓу вас двајца да избега..
леле леле што се не прочитав ииииииии, се исплашив многу.е сега веќе кога сум тука и јас да си прашам нешто, дечко ми е 10 години постар од мене и ако ми биде маж, кога јас ќе бидам 40 тој ќе биде 50(сега зборувам шта би било кад би било ме разбирате мислам). а на мажите до колки години им се сака, и им става животното?? знам дека е индивидуално но некоа научна граница треба да има мислам. а за погоре напишаното за бракови без секс, многу се извинувам ама во оваа тема неможа совет да дадам оти врска немам што и како треба да биде, а не дај боже пу пу мене да ме снајде е дури тогаш ке незнам што да правам, можеби во кафето вијагра ке му ставам
муабетот ни беше како на глувиот и немиот хахаха, битно е се разбравме.. голем поздрав до тебе Lacrimosa
@J.Ivanoska Начинот на кој се поставуваш во сексот е премногу голем товар за тебе. Еден куп врвни машки спортисти не можат да го поднесат притисокот кога сите очи се вперени во нив и на нив се чека.Ослободи се.По породувањето настануваат промени во женското тело.Сакај го твоето тело такво какво што е.Нема идеално тело никој.Јас ти гарантирам дека во овој момент има девојки кои би посакале да изгледаат како тебе,додека ти можеби си наоѓаш замерки на сопственото тело. Храната е многу битна за либидото.Диета која е богата со протеини,содржи умерено масти и мала количина на јагленихидрати e најдобра за зголемување на либидото. Имај во предвид дека тестостеронот се добива со синтеза на холестерол+витамин А.Во денешно време се држат секакви диети,дури во одредени случаеви луѓе бегаат од заситени масти и холестерол како ѓавол од темјан,ама се си има цена.Ако си ти една од нив, зголемувањето на внесот на производи кои се богати со заситени масти и холестерол позитивно ќе влијае врз твоето либидо. Не знам дали си вегетаријанка,но ако не си тогаш зголеми го внесот на производи како:полномасно кисело млеко,сирење,кашкавал,пилешки стек,телешко-јунешко месо 2-3 пати во неделата. Овие прооизводи комбинирај ги со салата од зеленчук(зеленa салата,домати,брокула итн).Ако имаш вишок на килограми намали ги или елиминирај ги следниве работи:тестенини,компир,бел ориз,и слатки. Не е лошо да си направиш и анализа на хипофиза,тироидна жлезда и бубрези,анализа на липиден статусHDL,LDL)холестерол,триглицериди,железо у крв,како и хормонален статус со акцент на:естроген,вкупен тестостерон,слободен тестостерон. За крај, иако си мајка,сепак си жена.Одвојувај си повеќе време за сопствено уживање,независно дали со мажот или сама.Ќе се среди,можеби е само фаза.
незнам што се случува со сексот во нашиот брак, откако имаме дете и откако останав трудна една година уназад е монотон,редок речиси 3-4 пати месецно,ја нема таа страст, интерес...а додека бевме во врска година дена имавме секој ден со голема љубов...дали сте поминале низ слична фаза,дали ова е во повеке случаеви нормално или несто не штима..........???