1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без љубов???

Дискусија во 'Брак' започната од U-N-A, 2 мај 2012.

  1. U-N-A

    U-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Скоро секој излегол повреден од некоја врска,постојат многу примери(најчесто долги врски) после толку долго време заедно раскинуваат и се мажат/женат со првиот што ќе го сретнат.Како вие гледате на тоа?Можеби не е решение,но кога си повреден,а годините си одминуваат сваќаш дека љубовта била само губење на време,си сакал те повределе...

    Јас до скоро имав долга врска,правевме нормално и планови за брак...но сето тоа се сруши,и никогаш повеќе нема да бидиме заедно.Јас никогаш нема да можам да сакам како порано.Ете и тој е во години каде што е време да се жени,исто и јас...доколку некој се реши на таков чекор сето тоа би било онака само заради да се остави потомство да се има деца.И како е да се биде во брак со некој што не го сакаш...Не би можела да се разбудувам секое утро покрај човек што не го сакам...Сакав еден и никогаш повеќе нема да сакам како што го сакав него.Не е убаво ниту да останиш немажена,ниту да бидеш во брак без љубов..
    Случајно си размислував на оваа тема па ме интересираат кои би биле вашите мислења
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Како бе девојко у години за мажење?! На 25,ох рили?! Тоа се тие години,само тоа е животот?! Си правела нешо друго у животот до сега освен него?! Другарки,факултет,кариера?! Пријателства,излегувања,свет,космос,универзум?
    И од кај таа глупост дека после тебе не би сакал друга?! Секако дека ќе сака,ко шо ќе сакаш и ти.
    Мене ми се потрагични оние бракови кои дефинитивно немаат љубов,а се по долги врски. Да,да пошо сме слабаци кои се научени еден на друг и немаме гз да си раскинеме ќе се убедуваме дека се сакаме многу,многу,многу,многу! Колку такви знам...ехе...Жалосно. Пораснале еден крај друг,созреале заедно и аш...толку од искористениот потенцијал на нивната личност.
    После или ќе се фрустрираат или ќе шврљаат.
    Ај да не навлагам и во синдромот-долга врска у младих годинама.
    И не,не размислуваше случајно. Случајно може да ти текне дека сакаш ресана,а ова не се размислува случајно.
     
    На thelittle17, lusy-123, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ако после раскинување на долга врска некој за брзо време стапи во брак со друга личност не значи дека тоа го прави од разочараност, без љубов, затоа што мисли дека е во години за брак...Често значи дека љубовта во претходната долга врска избледела па за брзо време некој друг успеал да разбуди чувства кои долго време биле успани...
    Конкретно за тебе, си се осудила прерано на смртна казна :D Тоа што сега мислиш дека нема повеќе да сакаш ти е грешка (се надевам) во која еден ден ќе се увериш...
    А за брак без љубов-не знам како е, ниту сакам да претпоставам...
     
    На senza.parole, blueberry93, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Moe мислење: не е секој способен да опстане во таков брак. Цела таа душевна неисполнетост со што ќе се надополни? Со шопинг? Може ќе биде интересно еден период, ама на крајот на денот ќе ти недостига онаа љубов и поддршка од партнерот. Не може секому да биде сеедно во иста куќа да живее со некој како да се странци. Барем во ова време кога постојат разводи како решение за дисфункционални бракови, не си ја ставајте јамката околу врат сами, не се осудувајте на таков неисполнет живот, освен ако навистина не сте сигурни дека ќе можете.
     
    На thelittle17, Tanjamm, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Јас сум жив пример. :) Имав врска 5 год. растевме заедно по цели денови бевме заедно од многу работи се откажав поради него затоа што го сакав тој ми беше прва љубов мислев дека ќе е вечна дека никогаш никој нема да сакам некого како него.... но раскинавме тој не сакаше ни да слушне ама јас цврсто убедена дека тој ми стана навика. По 5 месеци се омажив се разбира не со првиот што го сретнав на патот туку со човек кој ми го заврти умот и направи да ја почувствувам љубовта повторно. Се разбира не го познавав (ама се запознаваме додека сме живи :) ) доволно ама уште на првиот состанок сватив дека тој е вистинскиот. Сега имам брак полн со хармонија и љубов а плод на сето тоа е едно малечко бебенце . Значи јас повторно сакав како што го сакав бившиот, а не можев да се замислам со друг. Ако имаше љубов и разбирање во нашата врска немаше сега тој да го нарекувам бивш.
     
    На thelittle17, Thallia, Golden Rose и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.660
    Пол:
    Женски

    Љубовта никогаш не е губење на време, напротив. Убав е животот кога љубиш, а дека ќе бидеш способна да сакаш пак, ќе бидеш. Можеби не денес, утре, по 6 месеци, ама ќе бидеш и ќе бараш и најдеш љубов каква што заслужуваш. Не плаши се од иднината, подобро е што сте раскинале ако не ви одело... полошо е да останеш со некого од навика.

    И не верувам дека после раскинување на долга врска можеш да стапиш во брак со првиот што ќе го сретнеш на улица. Има и такви, не велам не - ама тие не успеале да го победат разочарувањето, поради тоа што премногу ја идеализирале својата долга врска, па се друго им се чини невозможно. Додека гледаш од страна, не знаеш како е. Кога ќе почувствуваш на своја кожа, дојди и пиши пак тука. Верувам дека ќе пишуваш поинаку :) Сега само дај си време да ја победиш навиката и разочарувањето и да сфатиш дека и за тебе има утре ;)
     
    На thelittle17, kravce, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    U-N-A премногу си млада за да се оптеретуваш со тоа, како да "ти поминал возот".
    Не зафркавај :fubar: не се оптеретувај со такви прашања. Ништо со сила на убаво не излегува.
    Викаш би се омажила заради потомство. А тоа потомство , тие дечиња на кои ќе им дариш живот нели ќе бидат посреќни и поздрави ако растат во семејство во кое родителите се сакаат. Тоа ќе им биде голем пример за љубовта , и подобро и посреќно детство ќе им пружиш ако наместо да избрзаш со некоја таква одлука како што кажа , си почекаш љубовта повторно да те сретне.
    Верувај без љубов не се живее. Нема да можеш ни ти !!
    Еве сега ти е тешко, а не па, да треба да се грижиш околу домаќинство и деца, домот да го делиш,
    да му готвиш и переш а да не го сакаш :fubar: .
    Ако се осмелиш на таков чекор, нема да ме чуди потоа покасно кога веќе ќе имаш семејство создадено со некој кој не ти е во срцето, да се занесеш по некој друг кој ќе го сретнеш ,
    па да се искомплицира се..

    Еве сум ти јас , пример за непромислени одлуки .
    Кога ќе помислам како се нервирав што татко ми заради една загуба почна премногу да ме контролира и ограничува, излезот го гледав во мажењето. :x
    Се каам што избрзав што толку рано го направив сето тоа, па и заради фактот што не успеав на малите да им пружам да растат во семејство какво што замислував...
    А сега се гледам ... и си викам ...што постигнав ?
    Се криев ... не слушав... набрзина се омажив... избегав ... и ете ме сега пак кај моите, само сега сум со две мали деца кои нека ми се живи и здрави , но многу менуваат...
    И да ти кажам жал ми е некогаш што не се познава дека сум мајка на две деца, зашто заради тоа јас овие година ипол , упознав еден куп дечки, и на моја несреќа сите во онаа некоја категорија кога сакаат озбилна врска со некоја и да се смират, и да имаат се (деца, семејство) и се разочаруваа кога ќе дознаеа дека јас се тоа сум си завршила.. :tmi:
    Ова ми е најдолг период што живеам без љубов :( , без некој да ме гали, чува, што дури решив од сега да сменам нешто и да не бидам искрена веќе, иако знам дека така ништо нема добро да излезе, но верувај ми се смачи... Бар ич да не ми приоѓаа, полесно ќе ми беше.... :(

    За тебе е МНОГУ полесно :)
    Не се замарај, не брзај , ЉУБОВТА ЌЕ ТЕ НАЈДЕ :l:

    И немаше да испишам се ова, ама нели сега сфати дека секогаш има и полошо ;)
     
    На tessie, okcenzi, Nine25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    уна, јас сум ти врсничка, и еве си признавам дека воопшто не ни размислувам за брак-најверојатно е заради тоа што не сум ја нашла вистинската личност за тоа- па затоа, а неколку пати сум била повредена од љубовта не велам не, и не сум личност што се фокусира само на неа и на ништо друго.Што е со кариера, диплома во рака, независност на жената? поработи на тие полиња, а за љубовта ке си дојде кога најмалку очекуваш :)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не верувам дека некој стапува во брак без емоции, тоа е еднакво на потпишување на смртна казна

    Ќе се вљубиш веднаш во оној со кој ќе ти се погоди сексот ;) . Сега си во мало разочарување кое ќе ти пројде за брзо време и после ќе си викаш ,,леле колку сум била глупава,, :)
     
    На blueberry93, Nine25 и sweet25 им се допаѓа ова.
  10. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    како бе во брак без љубов? :o :o :o
    девојче мислам дека сега си повредена и незнаеш што да правиш од што си повредена, ослободи се од сите спомени од бившиот, собери ги во кутија и смести ги во подрум, среди се, дотерај се и излези, не дозволувај депресијата да те убие, почни да излегуваш со пријателки, запознај нови дечки ке видиш дека некој од нив ке ти го освои срцето, пак ке се вљубиш ;)
     
  11. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Се мажила мома да не седи дома..

    Во секое лошо има и добро. Во секое „губење време„ добиваме некоја порака , само треба да ја извлечеме истата!

    Животот е искуство.

    Проблемот секогаш има две решенија. Но, ни во едниот ни во другиот случај не е решение да се омажеме затоа што „мислеме„ и/или се „плашеме„ немој да останиме сами, или ради притисоци од потесното ни семејство.. финансии , бременост , или .. „леле што ке кажат комшиите„ и дрн дрн..

    Да не ја тупам премногу. :D

    Најлошо нешто што можеме да мислеме и да се надеваме дека ке се заљубиме во партнерот после „бракот„ ...

    А пак, ако сакаш само да „оставеш„ потомци ... тогаш можеш да ги оставеш и без да влезеш во брак.
    има разлика од брак до БРАК ...

    Малку иронично, зар не. :emo:
     
    На julie77, eloves и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. U-N-A

    U-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Да Лилит правев и други работи освен што бев со него, ''случајно'' завршив факултет и ''случајно'' вработена сум |(
    А дали ти имаш помислено дека не си воопшто интересна со ваков пристап,не значи ако имаш 453534535 мислења дека имаш право и слобода да пишуваш арогантни одговори,не си интересна освен ако немаш 15 години па ти се беснее на форумов :fubar:
     
    На lylaby му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Уна не сакам никого да бранам ни да напаѓам ај реков да не се мешам ама неможам.
    Значи 100пати го имам ова потенцирано во форумот ако некој бара совет за нешто или бара мислење друго да слушне треба да биде спремен за секакви коментари и за секаков став и треба секој да го почитуваш што на биуло кој начин ти обрнал барем 5мин внимание и ти го кажал неговото мислење дали за тебе е приватливо или не тоа е твој проблем нема место да се напаѓа Лилит така сака така се издразува ако не е воред незиното издразување тука има администратори значи немој да се замараш со форумот ако сакаш секој да има исто мислење како и твоето или ако ти смета нечие издразување.
    А што се однесува до тебе не си една и единствена што завршила со долга врска и незначи дека после тоа светот завршва таму дека нема нова љубов нови предизвици,јас мислам дека твоето мислење е заробено до таму и готово неможеш да знаеш каква ти е иднината најмалку кога ќе очекуваш некој ќе се појави,и излишно е да зборуваш во име на твојот партнер дека и тој повеќе немало да се заљуби според тебе ќе влезе во брак без љубов бла бла бла.
    Од каде ти е таа сигурност искрено не сваќам пак кога толку неможите еден без друг и за вас со други партнери нема иднина несваќам зошто сте се разделиле а и твоето мислење ме наведва да мислам дека овде пишива некој од 35 не од 25 години никој не знае кога каде и со кого му е среќата за мене само глупите луѓе потпишуваат брак без љубов кога сакаат да си се мачат во животот нека повелат....
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Жалосно е ако некој се мажи или жени само ради потомство,а да нема искра љубов меѓу нив.Што има врска дали била долга од 5год,10год,секој човек сака па така и ти не се замарај дека никогаш нема да сакаш,кога ке запознаеш човек кој гледаш дека се прави да се чуствуваш како кралица,дали би го повредила јас верувам дека не туку би го сакала и повеќе од првиот.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Побара совет,ти го дадов?! Што повеќе сакаш?! Арогантен?!Мех,џизс жено, не ми е скршено мене срцето, а постов беше повеќе од благонаклонет. Ако речеше не си го правела тоа,ќе ти речев ете ти време да се посветиш,си го правела тоа (што не беше навреда ни претходно,чуму таа осетливост,не реков дека не си,прашање беше дури со очекување дека веројатно си терала и друг живот сем дечко ти),још боље,има на што да се посветиш пак.
    Ако ти е полесно,ќе те сака до крајот на животот,мисли. Секоја вечер дур води љубов со неговата жена и се грижи за нивното дете,ќе мисли на тебе и ќе ја оплакува тажната судбина.
    Арогантно е да мислиш дека некој толку пожртвувано би те сакал тебе до крајот на животот, а и...благо кажано наивно. Па ти како сакаш. Мојот совет не беше арогантен,ама најмалку...ама пак,жените и нивните погрешни толкувања,цепидлачења,плачења и оу уејт...крај на врска...пошо му пука филм кад тад.
    У суштина,може се уште си повредена,па мечтаеш за нешто вечно,на крајот ќе ти помине,а и гарантирам дека ти прва ќе начекаш некој и ќе се заљубиш и ќе речеш,ама сум била смотана. И ете,некои таму (ко демек) у просек се заљубуваме 4 пати во животот,па сега...
     
  16. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Уна хелло!!
    За брак без љубов и јас размислувам во моментов , од многу причини , повредена на повеќе наврати , другаркиве се испоомажија и ...сега јас сум изгубена во вселената,немам со кој буквално да се дружам , да излегувам ,немам врска ,крш ми е периодов.Сум размислувала за некоја варијанта од маж мирен ,добар да ги делиме заедно обврските ,да се толерираме.АМА размислувам и тој човек ке си иа мани , а кога не си заљубен во некого не знам колку би можела да толерирам и да му простувам и да бидам задоволна со сето тоа.Од друга страна па си викам што од ова сакањево аир не видов ....можда поголем акцент би требало да дадам на вредностите на човекот во смисла вреден ,поштен,семеен човек,одоговорен.
    Други жени па што ми збореле во моментот кога дигнале раце од се ,кога престанале да се надеваат на љубов господ им го пратил вистинскиот.
    Буда станал светец кога престанал да се моли ( после 11 години).
    А друго ме интересира има ли некој потенцијален во твојот живот?
     
  17. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.092
    Пол:
    Женски
    Размислувањево е толку малодушно,што само по себе докажува дека не си уште стасана за брак.
    И каква жртва е желбата за потомство,во услови кога не си среќна?
    Ај да не те карам,за да не сфатиш погрешно.Очигледно дека си во чувствителна фаза,веднаш по раскинување.Немој да донесуваш одлуки за кои ќе се каеш,дај си малку време,постои голема веројатност да го промениш ова мислење.За вакви нешта најдобро се мисли со ладна глава.
     
  18. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Лилит ме изненади , груб е пристапот !!!
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.758
    Допаѓања:
    32.134
    Пол:
    Женски
    Јас се омажив од љубов. Немав намера да се омажам, доколку не го сакав маж ми. Ако уште на почетокот на бракот нема љубов, бракот е осуден на пропаст.
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Брак без љубов ? Ни да помислам на тоа , иако мојот брак беше избрзан , и прерано се омажив и се се случи навистина пребрзо , сепак беше од љубов , да не беше од љубов немаше да држам прекрасен ангел во раце , да го заспивам секоја вечер , додека чекам сопругот да си дојде од пеколот каде што е сега ( Криволак ) и проаѓа низ многу лоши работи , ниту јас за него ниту тој за нас знае нешто ... Да не беше од љубов тој сега ќе седеше на троседот и ќе гледаше тв ...
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.