1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак без љубов???

Дискусија во 'Брак' започната од U-N-A, 2 мај 2012.

  1. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    593
    Па вие воопшто не сте спремни за брак. Колку години има он? Па зарем не работи ништо? А ти вработена си?
    Мислам дека треба да си одиш дома и да си ги средиш мислите и емоциите. Не може да се мажиш со некој кој прво, не го сакаш, а второ не сте ни двајцата спремни за брак.
    Најбитно е себе да не се разочараш. Твоите не го живеат животот за тебе. Што ако се омажиш а не си среќна...тоа порано или покасно ќе доведе до развод. А за дечкото, да жал ми е, тешко е да се разделиш со некој кој го сакаш, ама сметам дека е уште потешко да живееш со некој кој не те сака.

    Ај среди се прво, па ако сакаш пиши ни што си одлучила. Само едно ке ти кажам, твоите искрени желби и емоции стави ги на прво место.
     
    На Petar80 и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека не си сериозна и дека не планираш да живееш несериозно и чергарски бидејќи ваквиот став е само показател дека управо тоа ќе ти се случи доколку не преземеш нешто. И тоа брзо.

    Во секое време можеш да се вратиш дома и да си живееш со твоите бидејќи веридбата не значи и вселување кај вереникот освен ако не сте се договориле инаку. И да биде така, тогаш оди си дома со изговор дека мораш да „се собереш“ бидејќи се што се случило било пребрзо и дека треба да навикнеш на новонастанатата ситуација.
    Во тоа време собирај памет и гледај што правиш бидејќи освен твојата иднина, и иднината на твоите идни деца ја доведуваш во прашање. А тоа не е малку со кое можеш да се коцкаш и да калкулираш.
    Исто така ми делуваш на многу несигурна личност која се плаши да остане без двајцата па затоа мешаш бивши, сегашни и што уште не. Најдобронамерно е да се тргнеш и да бидеш сама бидејќи со кого и да останеш ќе си казнета. Едниот те откачил, другиот е мамина маза. Барај трет.
     
    На crazylady, okcenzi и eloves им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Таци веќе си жена ..жено!
    Дај прибери се малку и почни малку потрезвено и созреано да размислуваш.
    Си згрешила си згрешила, но сега бар кога си ја увидела грешката поправија наместо да тонеш и да си правеш од проблем уште поголеми проблеми.

    Не е крај света ако си се верила и си увидела дека не бидува, наместо да си го уништиш животот и да живееш во заблуда само од срамот и пишманчењето седни и кажи му на вереникот како стојат работите, биди искрена и замини си од таму, па времето ќе ти го покаже патот и чуствата.

    Абе луѓето и покрај деца и на постари години се разведуваат а тебе ти стиска и ти е срам од што си верена и треба да се разделиш.
    Ништо не е срамно и пострашно од живот без љубов и чуства верувај.

    Децата ќе си дојдат и самите по себе, спонтано, покрај љубовта, покрај чуствата и топлиот дом, вака само можеш да се самоуништиш и ништо друго.
     
    На Milobebence, Glasna, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. TaciCarbonero

    TaciCarbonero Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    9
    I ja mislev deka e tolku lesno ama ne e ,doma mi rekoa ke se otkazat od mene ako napravam nesto takvo u smisol da ostavam se a kamoli da se vratam na bivsiot.Tolku sum razocarana sto vise neznam ni sto e dobro a sto loso...
     
    На Monella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @TaciCarbonero Колку и да звучи грубо, па крај краева нека се откажат. Твојот живот и твојата среќа се само и лично твои и никогаш немој да живееш несреќно само за да ги задоволиш другите. А што е најжално, не затоа што така ќе се среќни, туку затоа што немој да не ги зборува народот! |(
    На секој родител, среќата на неговото дете треба да му биде најважна!
     
    На Nightwish11, Ambitious, TaciCarbonero и 5 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    @TaciCarbonero и јас го делам истиот став со @Summerlover, размисли дали сакаш да живееш среќно и исполнето или пак несреќно и макотрпно покрај човек кој што не го сакаш, добро размисли дали вреди заради твојата фамилија да се откажеш од твојот живот или пак да живееш засекогаш по нивни правила и желби.
    Размисли дека ти треба да делиш кревет и живот со човек кој што не ти значи а не твојата фамилија, или пак ќе застанеш цврсто на нозе и ќе се споротиставиш на сите за твојот живот и среќа.
    Навистина размисли добро, јас не ги сваќам оние родители чии што деца се предмет за нивни каприци и желби а не дека ги нема, ги има се почесто, размисли дали сакаш некој да ти го дактира твојот живот и среќа, и биди храбра.. бори се за твојата иаполнетост и желби.
     
    На okcenzi, eloves и Summerlover им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    @TaciCarbonero Животот е краток за да го поминеш со некој само од сожалување! Прстен на рака не значи ништо денес (секоја чест на исклучоци) . Незнам како така денес изненадно запросуваат,многу ступидна работа. Тоа се планира , се разговара за тоа однапред ,не е киндер јајце па ајде српрајз!!! А и тој па бившиот копук (извини на израз) како му текнало после 6год дека неќе да те гледа цел живот со друг??? Исплашена си од брак ,кај многу девојки е така. А твоите ако сакаат да те гледаат несреќна ,алал им вера! Тоа го зборат од бес ,таков ни е менталитеот , шо да праиме. Разбистри ум,џабе пишуваме свашта,имаш време да поправиш грешка,приреди му изненадување и ти ако сакаш. Фала Богу има жени оставени со деца па ништо не им фали. Ти посакувам да го решиш проблемот најбрзо, изборот е твој! Слушај си го срцето!
     
    На Dennings, eloves, Outlook и 2 други им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Конечно на форумов, после толку време да прочитам совети, искрени совети без осуда. Браво феминки.
    На девојката немам што да и кажам, веќе вие сте и кажале се што помислив да и кажам.
     
    На stefanija70, eloves, tincemajmunce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    28.145
    Пол:
    Женски
    Јас имав 5 годишна врска која никаде не водеше,тој се спрема за брак а јас не сакам да бидам со него,се имавме скарано 2-3 пати ама пак се смирувавме на уцена.Се додека не пресеков и реков доста е јас треба со овој човек да го поминам остатокот од животот,да се будам покрај него секое сабајле и да градам фамилија.Раскрстивна моите не им беше сеедно ама прифатија.Кога испадна да им кажам дека сум во врска со сегашниот сопруг тогашен дечко не ја прифаќаа врската имаше мн расправии,дури татко ми ми рече ако толку го сакаш спакувај ги куферите и оди кај него ама ако заминеш не се враќај више немаш татко.Јас плачам и го пакувам куферот му се јавив на дечко ми бидејки не бевме од исти град да дојде да ме земе,јас плачам и се пакувам мајка ми плаче и незнае кој крај да го фати мене ми ги вади алиштата од куфер,татко ми го смирува.Одлучивме да останам да разговараме со ладни глави.2 месеци не ми правеше муабет после све лека-полека си дојде на свое место.Одмор со дечкото,па веридба па свадба се со одобрение од татко ми.Ако ми верувате татко ми беше највеселиот човек на мојата свадба.Од тој брак кој не го одобруваше има едно прекрасно внуче без кое неможе да си го замисли животот.А мене бракот ми е супер. @TaciCarbonero би те советувала да правиш како ти што мислиш дека ќе ти биде добро во понатамошниот живот.Немој да се мажиш без љубов и само затоа што избрзано си се верила.Врати се кај твоите објасни им што е и како е,ќе им треба некое време да го прифатат,ама ќе прифатат бидејќи секој како родител го сака најдоброто за своето дете,а тоа им била моментална реакција.Ти посакувам се најдобро што и да одлучиш.
     
    На bibiiii, Paka, littleflower и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Јас стварно не разбирам што толку родителите трагично го сфаќаат крајот на долгата врска (т.е мислам знам, озборувањата на народот), но, мислам, вие сте тие што ќе се будите покрај тој човек секој ден, заедно ќе ручате, ќе спиете, aко таа помисла не ве прави среќни, ништо од бизнисот.
    Јас, утре мое дете да се чувстува несреќно во својата врска и да дојде мене прашува мене како ми одговара, ќе му залепам шамар :D Just kidding, сдк животот е ваш, кој не се согласува со вашите одлуки, не ви треба.
     
    На bibiiii, stefanija70, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.243
    На никого не ну е лесно кога ќе дојде до раскинување на брак па ни на родителите
    Секој родител гледа да ја смири топката кај детето , да не се работи само за импулсивно нервозна реакција.
    И уште ова...скоро сите родители реагираат исто - бурно...
    Но за кратко се си доаѓа на свое место.

    Па и да се сурови и да се откажат од тебе, подобро е сега да заминеш, отколку утре со деца да го минуваш тој пат.
     
    На stefanija70, zuto, VladeMila и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Колку си разочарана и збунета, не знаеш на каде се чита. Знаеш што, а да излезеш ти со вереникот надвор од местото каде живеете на 3 дена најмалку, во друга средна, сами и после тие неколку дена смирено со ладна глава да размислуваш што од тука па, натаму, И ние, и родителите и другарките можеме само повеќе да те збркаме, едни викаат вака други така,а како ти е ти најдобро знаеш и ќе дојде моментот, ќе решиш одлучно за да не се навраќаш и каеш за одлуката натаму во животот.
     
    На Petar80 и VladeMila им се допаѓа ова.
  13. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Ги има и такви и да, интересни се :)
     
  14. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.355
    Пол:
    Машки
    Што има интересно? На филм има интересно да
     
  15. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Па има такви што се одлучуваат на брак без љубов туку само врз основа на физичка привлечност, валјда. Имам гледано филмови, а и читано доста околу тие работи.
     
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Абе у врска не можам да останам повеќе од 1 месец ако не осетам барем заљубеност во тој човек а не па во брак до крај на животот да бидам со некого само ради реда или зашто 5 години сме у врска од кои 4 очи си вадиме. Трагичното е што во последно време многу такви парови има, кои влагаат во брак само затоа што се долго заедно а тоа што не се знае колку пати се изварале во текот на таа врска е небитно. И некој ќе каже ама младост момент на слабост. Абе каква слабост кога некој искрено сакам пред очи нејкам друг да видам а не па недај боже да направам нешто повеќе.
     
    На Tanjamm, vitamina и Beauchamp им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Нема шанса да стапам во брак ако не сум заљубена во личноста односно во сопругот. Сведок сум на два такви брака и не сакам да поминам низ истото. Подобро да бидам сама отколку со некој што не го сакам. Ќе си почекам ако треба и до 30-35 години, ќе си се посветам на себеси, на кариера, не ми се ни брза за брак.
     
  18. Vori

    Vori Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    56
    Абе љубовта во бракот е релативна работа.
    Таа може да постои како причина за бракот, да трае и во одреден момент да се намали или пак да изчезне потполно.
    Или пак на нејзино место да дојде друга некоја.
    Сеа како што е времево на интернет дремеме сите, љубовта во бракот е ставена на тест како никогаш до сега.
    Али не се разочарувајте и да ви се деси тоа, лесно ке си најдете друга љубов или брак.
    Останете само на интернет, тоа е тајната на успехот во љубовта во или надвор од бракот.
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    и што доколку некој се најде во таква ситуација? Еве јас ко се мажев си го сакав сопругор нормално ама еве сега има моменти кога ама баш ништо не чуствувам или па некогаш не можам да го подподнесам некогаш си го сакам ама никогаш не како кога бевме на почеток. Чудна работа
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Оти не може да трае вечно 'тоа на почетокот'. Воодушевеноста од нов партнер трае 3 години. Толку. После е понаква врската, знаете се' еден за друг, нема повеќе илузии за него, нема мистерија, ама е топло, смирено, можеш раат да прднеш пред него... И секако, на моменти ќе ти иди да му го истргаш гркланот со нокти, а и тој тебе, ама па некогаш се топиш кога ќе го видиш како се чешка по главата мутаво. Кога ќе делиш се', се' ќе знаеш за другиот. Толку.
     
    На crazylady, tessie, Thallia и 2 други им се допаѓа ова.