1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак во кој партнерите не живеат заедно

Дискусија во 'Брак' започната од kikikikirika, 4 јануари 2018.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Бракот е заедница меѓу маж и жена. Но што кога брачните другари не живеат заедно??

    Во последно време размислувам за таков брак. Јас да живеам во еден а сопругот во друг град, 200 км оддалечено. Би се гледале за викенди и празници. Ако имаме дете, тоа најверојатно ке живее кај таткото, а јас секако би ги помагала финансиски.

    Во моја близина знам неколку такви бракови но како функционираат точно не знам. Има и бракови во кои едниот (обично сопругот) е на печалба во странство но тоа е друга тема, мене ме интересира за брак во кој сопружниците постојано не живеат заедно.

    Што мислите вие?
    Би можел ли таков брак да функционира, мајката да е во еден град, а таткото и децата во друг?
    Ако имате можност да одбирате мегу семејството и работата што ке одберете?
    Дали мајка што се грижи детето да и е финансиски обезбедено е помалку мајка од онаа што е 24/7 со него?

    Во друштво кога и да ја спомнам темава, осудувана сум дека тоа е крајно идиотски, дека сум сакала да го тупосам детето на мажот а јас да уживам.
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.542
    Пол:
    Женски
    @kikikikirika а партнерот прво дали би се согласил ?Ретко да ќе најдеш маж што ке чува дете и дом по цела недела .За колкав период се работи?Година,две,за стално?

    Јас не би прифатила,не би ни дете правела ако знам дека ќе го гледам само од викенд на викенд.Колава е таа пара што би ја заработела и што може на твоето дете да му го покрие твоето отсуство?Стекните во случајов услови па после работите на случајот дете.На дете болно мајка му треба најмногу во тие моменти,на дете кое вади заби и плаче по цела ноќ,на дете кое заодува у градинка.Чисто сумљам дека маж може лесно да се носи со овие предивици.
     
    На mssuniquee, Glasna, CameliaMiller и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Абе темиве во последно време, дај му на народ малку пари и удобност и читај нови философии за тоа како никој не им е потребен :D
    Има што живеат така, работат подалеку па не се исплаќа секојдневно патување, работа во странство, партнери со двоен живот -една жена во Ск друга во Кичево, па и развод тука може да се стави ако гледаме од аспект на детето...и не гледам многу задоволни, ама ако е по твоја желба и желба на партнерот, ок си е. Вие да сте среќни и задоволни.
     
    На CameliaMiller, Yowannty, Ginger^ и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Не функционира.Имам примери каде мајката и детето живеат заедно а таткото во друга држава.
    И се гледаат за распусти само.Тоа не функционира, ни за мајката ни за таткото
     
    На sj *O*, buba4e89, Asistentkа и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Во бракот треба заедно да бидете, посебно кога имате дете. Кога ќе се роди, мајката му е потребна постојано, не само за викенди и празници. Па, всушност, секогаш му е потребна. Што кога ќе се разболи? Океј, таткото е тука, ама мајчинската љубов си е посебна. Секое дете ја сака мајката крај себе. Тогаш сѐ е полесно. Јас не би му оставала таква празнина. Сигурно имаш добра причина поради која размислуваш за ваква опција, но размисли подобро. Се согласувам со Феминка22, не е функционален таквиот начин на брачен и семеен живот.
     
    На sj *O*, Таа Сум, buba4e89 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Tаткото се согласува на таков живот. Всушност, не постои и друг начин . Друго решени е воопшто да не стапиме во брак и секој по свој пат.

    Знам дека звучи сурово малку ете, посебно мајката да е одделена од детето, но што ке сум му да сум до него ако не можам да му овозможам основни услови за живот. Сепак од љубов не се живее. Нејкам да наметнувам други теми и да навредувам некој но ете мајките што немат ни еден саат работен и што се 24/7 со децата мене ми е и тоа претерано , се треба да си има граници.

    Второ е што јас ваму кај што живеам во друг град сум сосем сама, а воопшто не знам (и неам желба да научам ) да се грижам за бебе. Дали е подобро решение да живее детето со мене а да и плакам на друга жена тука да ми го гледа?

    Трето за животот мегу сопружниците. Јас 10 години веке не живеам со родителите, 5 години бев студент а еве сега 5 години сама живеам. Тотално ми е заборавен животот во семејна заедница. Мислам дека ке ми треба многу време да се навикнам дека не сум веке сама.
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.542
    Пол:
    Женски
    самата рече за се треба граници
    твоето е вон граници исто така.

    Ако немаш желба за бебе зошто воопшто би го раѓала??
     
    На Milobebence, Glasna, Igle и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Тоа е, факултет и живеење сама на 200 км од дома и мислиш промени во животот големи си направила од типот -се преселив во Холивуд, станав ѕвезда и сега не можам на стариот начин на живот да се вратам :D
    Ако ви одговара и на двајцата, што прашуваш, со среќа.
     
    На Yowannty, Igle, Trxmx и 11 други им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @kikikikirika како жена што не знаеше бебе да држи пред да имам свое, те уверувам дека штом се роди ќе се премислиш. Нема некоја наука во одгледување дете, секоја од нас знаела колку што ти знаеш сега. Повеќе инстинкт и природа. Барем за првите неколку години.
     
    На CameliaMiller, Yowannty, Igle и 8 други им се допаѓа ова.
  10. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Zaso mislam deka e trolovska temava malku?
     
    На Igle, PUPICA, zuto и 5 други им се допаѓа ова.
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Прво роди го, а потоа ако можеш дај го..
    А како второ, по ова што читам не си спремна ни за брак а уште помалку за дете...
    Почекај, нека помине време. Сама ќе осетиш кога ќе бидеш спремна и тогаш ќе биде правиот момент да родиш и бидеш мајка. :) Никој не знае како да се биде мајка, се дур не го земеш во раце..е тогаш ќе те води мајчинскиот инстикт и ќе знаеш што е најдобро за твоето дете..
     
    На buba4e89, zuto, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Ако не си бремена НЕ СЕ МАЖИ....нема потреба од размислување, што би било кога би било.... а и јас да сум ти маж, не би те оставил да живееш сама...Не и не, некои работи не одат така:!:
     
    На buba4e89, eli25, carangigia и 4 други им се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Боже бриџит :worried::worried::worried:
    Кој стар начин на живот кога јас и како дете ете, мајка ми и татко ми беа по работа, жена не чуваше, затоа и малку ми е непознат тој начин на функционирање на семејство. Ете сум го осетила на своја кожа, на 6 години сама да се спремаш за на училиште, но можеби и тоа ме направила поупорна во животот за разлика од другите деца.

    Одма право уау успеала нешто и ајде ке ми глуми модерна мајка ке се цепа не знам што... Значи затоа и прашувам овде ваши мислења, сепак сте поискусни. Е па ајде успеј ти на 28 години да стигнеш до висока плата и позиција и види дали се тоа ке оставиш за да станеш мајка што во друг град треба да се тресе на први дали ке има пари детето на лекар да го носи. Под мајчинство спаѓа и финансиски да го обезбедиш детето барем со основните работи .

    Затоа прашувам, ако би се одлучила на таков чекор кои проблеми ке ми се појават...
     
    На crazylady, Asistentkа и Antebellum им се допаѓа ова.
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @kikikikirika тогаш земи го дечкото кај тебе и пробајте заеднички живот пред брак. Ако функционирате добро, нема потреба од разделеност. И кога би имале дете подобро е да е со двајцата, и тој да го чува штом имаш добра позиција и плата. Секако и породилно ти следува. Некако пологични ми се гледаат други решенија од ова твоето.
     
    На buba4e89, Emy867, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Ти си растела без мајчина љубов, верувам не ти било лесно. Дали стварно го посакуваш истото и за твоето дете?
     
    На ванилала, Yowannty, PUPICA и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Се што не знаеш, може да научиш. Ама ова што го кажуваш дека немаш желба да се грижиш за бебе, всушност ти не сакаш да имаш деца. Така ми звучи. Можеби грешам, можеби сакаш да имаш деца, ама да немаш обврски околу нив. Децата не доаѓаат како готов производ, ги раѓаш, ги растеш, воспитуваш. Ако немаш желба да го правиш ова, тогаш подобро не раѓај за да се поштедиш себеси од бројни фрустрации. Немој ни да раѓаш само за да му удоволиш на мажот. Раѓај само ако навистина го сакаш тоа и си спремна да се грижиш за децата. Оти не е само да ги родиш.

    А бракот може да опстане на далечина, зошто не? Јас имам личен пример каде што сопружниците живеат во различни градови, имаат две деца кои живеат со мајката, а сите се на куп за викенди, празници, распусти.
     
    На Milobebence, Glasna, Dust и 19 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Нема логика да се омажиш, родиш дете и живееш во друг град а детето си го оставиш на таткото да го чува во друг град. Семејство не се ствара колку само да се рече дека го имаш, туку да си присутна со и за нив. По ова што го пишуваш воопшто не си спремна за да оформиш семејство. Не е само да родиш дете и да го дадеш на други да ти го чуваат и израснат, мајчинството не е само финансиски да го обезбедиш.
     
    На Milobebence, Ivan4e04, Trxmx и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Здрава околина за едно дете не е каде што живее само со едниот родител, а уште помалку некој друг да го чува.Како мало тоа може нема да разбира ама кога ќе дојде периодот на пубертетот ќе се одрази и те како.Имам другарка чијшто татко живее во Турција и во Америка, и ваму и таму е.Он им праќа пари овде за она да може да се школува и да живее луксузен живот.Но тоа ја оддалечува нејзе од него.Кога ќе се соберат се чувствува напнатост меѓу мајката и таткото.Не можеш од 365 дена само 30 рецимо све на све да се гледаш со некој и да се однесуваш како да е се океј.
    Доколку живеете во различни градови, договорете се да живеете во една заедница бар.Реално Македонија е мала, се е на саат-два но и тоа е трошок секој ден ваму таму.
    Детето не е кутија па да го шетате кај тебе кај него.Ако не сте способни да го чувате не го правете и крај.
     
    На Milobebence, buba4e89, zuto и 5 други им се допаѓа ова.
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    кристина добра идеја... размислуваме и за тоа, тој не сака да ја напушти работата додека не најде иста таква во овој град. Тоа може ке потрае некое време , кога секако би биле разделени.

    wannaBemama не е троловска. Ете нека не е баш за мојот случај. Тешкиот начин на живот многу луге веке ги принудува повремено или подолго време да живеат одделено. Познавам мајки што се на печалба, и по 2 3 години биле одделени од децата дури се средат услови да се спојат.

    cokolade спремна сум за дете но ова ме кочи. Сепак сама во град каде што немаш никој и прво бебе малку е зафркнато. Плус си признавам, загубена сум јас , и со овие милјон обврски којзнае каде ке го заборавам бебето. Да е поголемо дете од 2 3 години подруго е, би го гледала и сама.
    За мајчинската љубов што сум ја немала јас и не сум некој пример. Јас ете таков карактер сум мене мајчинска љубов не ми недостигаше. Но тоа не значи дека не би му недостигало на некое друго дете што е почувствително .

    Ви благодарам на одговорите, ми се дава појасна слика така што би ми се случувало. Секако не планирам 20 години да живеам одделено од семејството која би била смислата тогаш, збориме за максимум 7 8 години (што сепак не е малку и тоа).
     
    На eli25 и kristina.k им се допаѓа ова.
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Ако вие со партнерот сакате, пробајте, па ќе видите. Нема правила. Во основа е подобро сите да бидат заедно. Ако не може, пробајте како мислите, разговарајте и со родителите, секако ќе ви треба нивната поддршка. Тука на форум мислам ја добивте. Јас не би одела така, но ете секој си има свое сфаќање на нештата. Навиките се ствараат според околностите. Досега си била сама, отсега ќе имаш други размислувања, но не се грижи. Каква и да си, мајчинството облагородува. Тоа не го може ниту една професија колку и да е платена. Природниот поредок на нештата е мајката да биде со бебето а таткото да се грижи за опстанокот. Ако сте навикнале на големи примања, претпоставувам имате и некоја заштеда, па може сега е убав момент да ја искористите. А бебето е благослов, барем јас така го доживеав, немав плата, чекав породилното да почне да тече, таткото не работеше, а како живеевме - ништо не ни недостигаше. Другите се грижеа за нас во тој почетен период.
    Така што, нека ви е со среќа, јас би додала и со Господ напред.
     
    На bebaa, Sesil и kikikikirika им се допаѓа ова.