Форумџика на годината

Брак во кој партнерите не живеат заедно

Дискусија во 'Брак' започната од kikikikirika, 4 јануари 2018.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.832
    Допаѓања:
    30.207
    Пол:
    Женски
    Како ги оставила кога се кај таткото и ги гледа кога сака?
     
    На eliesaab, Gosh и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.003
    Допаѓања:
    133.862
    Пол:
    Женски
    Ако и се запнат мажот и фамилијата... знаеш како може да ја претстават пред ЦСР? Како најлоша мајка и неспособна на свет. Многу случаи има такви. Затоа сите советуваат: без деца не излегувај од дома.
    Плус цел ден се кај него неговите ги чуват, она додека е на работа. Не идат во градинка.
    Еве ти: Снаа ми си замина зашто не сакапе да чува деца, и сега ниесо мажот ми ги гледаме додека син ни се мачи работи а она само кога и е кејф ги гледа. Ама ич не се секира она за нив. Еее да знаете какви маки гледаме, синот ни се поболе од проблеми.
     
    Последна измена: 16 декември 2025
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.211
    Допаѓања:
    14.236
    Епа оставање е тоа. Не знам што се чудиш.
     
  4. Ivanija

    Ivanija Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Pomiri se so maz ti i pod kirija....
     
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.832
    Допаѓања:
    30.207
    Пол:
    Женски
    Јас ти викам ништо не и можат. Без докази ама ич.
    И најлоша да е на свет, цср пак ќе и дадат да ги гледа децата.
    Ова шо го праат цср не го оправдувам, ама за жал така е кај нас. Оти ич не им чуе нив за детето, само гледат правата на родителите да ги остварат и ајт.

    Не е оставање.
    Тоа е co - parenting, нешто за кое овој народ нема чуено.
    Пошо таткото е куче, а мајката светиња кај нас.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.003
    Допаѓања:
    133.862
    Пол:
    Женски
    Тоа е ако се договорат и овој не и прави проблем а со оглед дека е мамино синче кое дозволило жена му да си оди јасно е како ќе иде.
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, Simon4e0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.211
    Допаѓања:
    14.236
    Misli si. Abe mazot dozvolil da zamine soprugata poradi majka mu i kje mi pravis takov svetec?
    Ama majkava e vinovna shto izlegla od tamu bez deca.
     
    На eliesaab, Mumoftwo30 и nena2010 им се допаѓа ова.
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    2.752
    Пол:
    Машки
    Не би прифатил тој.. Да би прифатил денот кога таа решила да земине, поточно денот кога видел дека нејзе и е тешко да живее во заедница и и прават неговите притисок ќе заминел заедно со неа и со децата.
    Добар е изборот што решила да не трпи, ама незнам колку е исправно да ги остави децата свекрвата да ги чува само поради тоа што и вели дека е лоша мајка.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl и nena2010 им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.832
    Допаѓања:
    30.207
    Пол:
    Женски
    Знаете, заради таквите ваши размислувања, многу жени губат самодоверба и остануваат во лош брак. Пошо само осуди има од ваша страна. Тој бил крив, овој бил крив, незнам кој бил крив..... само да се осуди и да се покаже со прст, а ретко кој гледа да даде реален совет и решение.
    Наместо да кажете браво шо се спогодиле децата да спијат кај таткото а после школо да се кај мајката, вие право судите.
    Ало, тие деца се заеднички, имаат право кај било кој родител да бидат а другиот родител да ги гледа кога сака.

    Чим таткото не го рачунате за родител, да не сум ве видела некогаш да напишете како се осмелувала некоја да не му дава да си ги гледа децата. Никако. Сите жени да си ги приберат децата и нема гледање со таткото.
     
    На eliesaab, SummerGirl, Lostinparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.863
    Допаѓања:
    15.668
    Пол:
    Женски
    Таа пиша дека додека е работен ден не ги гледа секогаш децата, само за викенди ги земала и кога сакала после градинка. На тие дрца навистина им треба мајка, не дека таткото ги чува таму, туку мамичка, што ќе им го исперњ утре мозокот колку мајка им била лоша и си заминала. Јас деца со такви будали не би оставила, да мо малтретираат дете психички, не фала.
    И да, ако си заминеш и ги оставиш децата, има таткото апсолутно право и поголема веројатност, старателството да припадне врз него, знам од сега брзо, и не зборам на празно секако. Влијаат милион одлуки, не е само тоа, ама тоа е една од причините, плус може неговите да ги стави како сведоци, па да ја урнисаат....
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.003
    Допаѓања:
    133.862
    Пол:
    Женски
    Не идат во градинка.
     
    На Ole.grbeva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    17.911
    Пол:
    Женски
    Одат има пишано
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.636
    Допаѓања:
    92.263
    Пол:
    Женски
    Да погледнеме од страна на децата.
    Не од мајката или таткото.
    Секое дете сака да биде со својата мајка.
    Децата не ја гледаат секој ден својата мајка, зошто?
    Зошто мајката има мешање, несоглссувања во бракот кој не ги решила туку го “напуштила” со инает проблемот.
    Не е проблемот што останале кај таткото, туку што се колатерална штета.
     
    На azelea, SummerGirl, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.070
    Допаѓања:
    41.483
    Пол:
    Женски
    Она си заминала без деца од дома. Мислиш ќе и ги дадат нејзе?

    Она си заминала поради свекрвата, а ги оставила децата кај нејзе. Малце контрадикторно
     
    Последна измена: 17 декември 2025
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.720
    Допаѓања:
    181.536
    Пол:
    Женски
    Јас би се согласила дека некогаш треба осуда за одредени приказни пошто какви не судбини имаме читано на форумов само. Ама, ако некој се отвори тука и само зошто нешто не се совпаѓа со то како ние би постапиле - не значи дека личноста, во случајов членката, мора да трпи осуди. Иста реторика терате со „се облече така - си го барала“, „дојде тука - шо очекуваше“, „објави јавно - кој шо сака можи да прај со то“ и еве сега „пиша совет - сноси се со осуда“. Like, grow up people. Ако не знајте да советувате, не мора да влошите ситуацијата ради сопствени чувства кои ги предизвика таа ситуација.

    Како и да е, јас сум лично многу поделена. Децата се кај биолошкиот татко. Не се кај странец. Кога ги зема мајка со себе, се одделуваат од таткото и често тој татко не ни пробва да ги гледа. Нели улогата им е подеднакво важна? Децата имаат дури и повеќе време во денот со мајката, него шо имаат со таткото со поделбата која е опишана. Ама, факт е дека при развод ова можи да се искористи против неа, иако, пак ќе речам, децава се со родител, на безбедно и се секој ден со двата родители. Не се на улица. Не се во дом. Не се кај рандом роднини.

    Нешто шо рекоја и другите - дефинитивно барај добар адвокат ако крајна цел ти е развод. Пошто доколку сака тој старателство - ќе искористи се ова против тебе. Доколку е ова повремена разделба и си отворена кон гледање дали има иднина бракот, би ти предложила брачна терапија/ советување за надминување на проблемите и како brainstorming на решенија. Покрај брачна терапија, пошто сте во заедница како семејство пред разделба, можи да се пробате и со семејна терапија. Ама искрено, би рекла фокус имајте на вас двата и на двете деца и одделување од заедница.
     
    На Panda00, azelea, tanjita и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.863
    Допаѓања:
    15.668
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам, и се согласувам дека треба да ги гледа, ама се кладам дека мајка му ги гледа и "воспитува" таму, да беше тој сам, да ќе разберев да ги чува, ама ова не е чување, плус што е токсична средина за децата, ако родителите се однесувале спрема мајката така, замисли спрема децава како?.. а да не збориме што кога ќе пораснат и останат таму, секој ден ќе им зборат како мајка им ги напуштила. И како е добро мали деца да растат во ваква средина?

    А тоа за старателство, итоа како ќе има поголемо право врз децата, со самото тоа што мајкава го напуштила домот, ама добро кажа да, ако ова е привремено нека и е вака, ако не нека си најде добар адвокат, или во случај да сакаат да се смират- брачна психотерапија.

    И пак ќе кажам, мојата гледна точка со оглед на тоа дека имам некој дел од ова поминато, и како искуство е дека не оставам деца да ми растат во токсична средина, каде што ќе им ги исперат мозоците против мене, до 6 години на децата важна улога им е мајката, да е тука до нив, не дека таткото не е, ама пак ќе кажам ако ги чуваше тој сам, без помош од мама и тато. А тој ако дозволува да се мешаат неговите родители во бракот, итоа како ќе се мешаат и во воспитувањето на децата.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.054
    Допаѓања:
    82.346
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека свекрвата ќе им ги полни главите на децата против мајка им. Децата не се разделени од мајка им, скоро секој ден се заедно со неа, си знае членкава каков однос имаат, како си го поминуваат времето и колку се блиски. Таа не гледа проблем за одземање на децата, овде на Фемина ќе видиме проблем. Ете и да се разведат, да се децата кај таткото, пак вака ќе функционираат, што не е лошо.
     
    Последна измена: 17 декември 2025
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.720
    Допаѓања:
    181.536
    Пол:
    Женски
    @Mumoftwo30 секогаш заборавате дека ако некој е лош партнер, не значи дека е лош родител. Ако е лош свекор или свекрва, дека не е лош баба и дедо. Дали има некои кои ќе пробат да ги вооружат децата против мајката - апсолутно такво сценарио е возможно. Ама не знајме дали е таква ситуацијата. Башка шо, децата се во градинка, па со мајката и само спијат кај таткото. Таа баба и тој дедо за да можат да полнат гла треба да имат пристапност до детето. Према мене, многу подобро е родителите да се разделени и двата секој ден да имат пристап до децата ако се нефункционални него скроз да се одделва детето (децата во случајов) од едниот родител. Шо е поголема казна?

    Вака реагирате оти вие не би напрајле вака. Ни јас не би веројатно. Не знам. Ама не е ни важно како јас би постапила па да тргнам мојот систем на функционирање да го наметнам на некој друг. Женава се труди, од петни жили се труди. Јас то го гледам.
     
    На senjorita-v, SummerGirl и nextredstyle им се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.863
    Допаѓања:
    15.668
    Пол:
    Женски
    Таман работа дека не се труди, секоја мајка си се труди за децата. Јас давам од лично моја перспектива совет, посебно за ваква деликатна ситуација, една од најболните...
    Секогаш давам совет и критика, според моето искуство (скоро секогаш).

    Ова ми е токсична средина за децата.

    И ова исто докажува дека не ги чува сам, туку мајка му ги чува, тој не пресекува кога спрема жена му лошо се однесувале, сега нема ни во воспитувањето да пресече. И тоа е најболното, што тој не може да се спротистави на неговите родители. Ако јас како мајка, бегам од токсична средина, зошто деца да оставам во таа токсична средина? Пак ќе кажам ако е сам и сам ги чувал тоа е друга приказна веќе, ама вака кога се мешаат родители, (скоро) секогаш овој е исходот.
     
    На nena2010 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  20. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    2.752
    Пол:
    Машки
    Сите вие што ја оправдувате што така си заминала дали истото ќе го кажевте и ќе го браневте таткото да си заминел, не верувам сите коментари ќе беа "Каков е тој татко му скипело од тебе и ти ги оставил децата, не му дозволувај ни да ги гледа".
    Зошто секоја постапка на жената е океј само затоа што е мајка и таа знае како треба и мора да се слуша, а таткото е битен само кога ви одговара..
    Не гледам проблем децата да се кај таткото и таткото има право над старателство колку и мајката.
    И никој не ја осуди неа што заминала туку начинот на кој заминала и и дадоа совети дека може тоа да има последица врз одлуката за старателство и да бара адвокат..
    Нема ништо погрешно децата да се кај таткото, некогаш е многу подобра опција и подобар старател таткото.. Неможе така да ти скипи и само да станеш и да си отидеш "ако знаеш како треба ти чувај ги", утре некој на улица ќе ти каже лош родител си и трба да му ги оставиш децата на него? Не верувам дека и било лесно кога веќе заминала, ама јас така ни куче не би оставил на некој, како еве ти го јас си отидов ама кога сакам ќе го гледам и земам а ти чувај го.. Деца имаат заедно се седнува се разговара или прво се консултира со адвокат.
     
    На azelea, SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.