Затоа си требала првин да најдеш работа стан па после да правиш дете.Да може од љубов не се живее но без мајчинска љубов во каква личност ќе израсне тоа дете?
Можете за почеток вака да функционирате на далечина и интензивно да се работи на тоа тој да најде работа во твоето место кога веќе тој е согласен на тоа. Има мајки кои ги остават 3 месечни бебиња дома за да се вратат на работа така да нема тука ништо спорно да се гледате викенди само. Плус 200 км е разликата само може во било кој момент да појдеш или тој да дојде доколку се јави таква потреба. Еве на пример возачите на камиони и оние што одат на 3 месеци па и повеќе на работа во странство како функционираат. Доколку вие сте согласни на ова нема ништо спорно, а во меѓувреме секако ќе работите на изнаогање начин за живеење во еден град. Инаку има деца пораснати целосно само со татко па ништо не им фали.
Ако двајцата можете да функционирате така, свесни сте што тоа значи, можете да се прилагодите, ќе се трудите да го промените... пробај Тие 5-7 години, редуцирајте ги на мах година.
Велиш шо ке му сум ако не му овозможам услови за пристоен живот,а си се запрашала шо ке му си ако не те познават и ти ако не си го познаваш сопственото дете?Ако не си спремна за фамилијарен живот терај си по твое немој никого да го осудуваш на таков кучешки живот!На секое дете му се потребни двајца родители!!! Иначе и јас живеев сама и само едно да ти кажам НЕМАТ НИШТО ПОЛОШО ОД ТО САМ ДА ГО ПОМИНИШ ЖИВОТОТ ,а ти како ти е најубо така терај си..
Брак постои за да се живее во заедница, поточно децата да бидат одгледувани во заедница. Ако не живеам во заедница по склучувањето на бракот, тогаш зошто да го склучам воопшто? Непрактично ми е и глупо. Добро, освен во некои филмски, речиси невозможни сценарија.
Не сум сигурна дека би успеало,но тоа е мое мислење,ама пак си засвиси од сопружниците и нивните очекувања и погледи за семејството.Јас си го избрав семејството пред кариера,но тоа сум јас. На секое дете прво му е потребна мајка.Ако сакаш да бидеш мајка,не значи дека треба да си ја оставиш кариерата,но во првите месеци си му потребна на детето.Исто како што и тебе тоа ќе ти биде потребно.Колку што сфатив од ова што си го напишала,ова се твои планови за во иднина,се уште нема ништо конкретно.Кога ќе станеш мајка не сум сигурна дека ќе останеш цврсто на одлукава. Пробај и види.Секогаш може да се промени одлуката. Осуди и негодувања од околината ќе има секогаш,но тоа е најмал проблем.
Одвоениот живот ќе си го направи своето Не верувам во вакви успешни бракови Со некого живееш и дишеш заедно, па неможеш да ставиш рамки на животни ситуации, а не да е 200 км од мене и без него да живеам.
За првото болдирано-Прво скокни па потоа речи ОП. Чуството за дете пред да родиш и откако ќе го родиш ретко кога било исто. За второто-За мене лично да. Мајка не е таа што го родила, мајка е таа што го одгледала. И зошто воопшто мислиш дека ќе најдеш некој што ќе биде во брак и ќе чува дете а ти само излети ќе си тераш? Не мислиш дека и да се сложи после некое време ќе му скисне и ќе си сака ВИСТИНСКА жена до себе и ВИСТИНСКА мајка за детето !? Што тогаш?
Незнам како да пишам а да не звучам грубо.И те како детето живее пред се од љубов.Јас сум мајка што е 24/7 со детето се дури не направи две години па да оди во градинка.Имав работен стаж пред да го родам.Сега во договор со мм он работи јас го чувам.И на детето му се потребни двата родитела ако ти кажам колку му фали татко му кога е на работа нема да веруваш,кога си доаѓа дома не го испушта од раце од страв дека ќе му избега не го остава во вц да отиде а можам да замислам мајката да ја нема како ќе реагира.И јас неможам да му дозволам работи колку други феминки ама да е секогаш нахрането облечено испрано да има пелени или недајбоже за по лекари секогаш имало,а тоа си го дозволуваме со две скромни плати од маж ми.Ама поголемиот проблем е што ти немаш желба да го чуваш.Тогаш и не би требало да го создадеш,затоа што одгледување и воспитувањето е потешко од се,и од пораѓај и бременост.Сепак ваша одлука,мој став е дека детето треба да е покрај родители,тогаш е најсреќно,а не кога ќе добива скапа гардероба играчки и слично.
Па ова (болдираното) за детето е иста ситуација како што би била со разведени родители. Всушност и целата твоја замисла за брак не личи на брачна заедница. Јас многу пати сум напишала и стојам на тоа дека финансиската стабилност е еден од најважните услови што треба да ги достигнеш за да ја донесеш таа одговорна одлука да станеш родител, плус сум скроз за еманципација на жената и тоа дека не треба да си ја запостави кариерата откако ќе стане мајка - ама далеку од тоа дека ваков начин е исправен. И двајцата родители треба да направат баланс, и финансиски да му пружат удобност на детето, но и двајцата да бидат и тука за него, за негово воспитување, пружање љубов, емоционална поддршка. Колку што сум те читала, имам впечаток дека веќе си доста возрасна (во доцни 20ти), па ако навистина остануваш цврста во овие ставови, гледиште и чувства - најискрено, би ти препорачала воопшто и да не стапуваш во брак, а уште помалку да раѓаш. Тоа е валиден избор на стил на живот што не повредува никого и не е за осудување, што не сум сигурна баш дали би го рекла за свесно оставање на сопствено дете воопшто без својата улога на родител, освен за викенди и празници
Ако ви одговара така зошто да не. Само да не се подлегне на влијанија од страна, од душогрижници што нема да можат да спијат додека не ви биде семејството на окуп. А и чим на партнерот твој не му е проблем да се пресели кај тебе, тогаш воопшто и нема проблем. Не се откажувај од работата заради семејство кое уште и не е формирано.
Partnerot moze i da patuva . Vo vreme na kup avtomobili ,zosto dete da porasne bez majcina ili tatkova ljubov ? Ima roditeli koi patuvaat sekoj den do rabota , i od rabota do doma , pa ne se zalat . Eve mm patuva sekoj den , chichko mi patuvashe sekoj den , kup komshii imam shto patuvaat sekoj den po 200 pa i 300 km za da stignat do rabotno mesto . Ushte koga ucev sredno , imashe deca shto patuvaa od Gostivar do Tetovo , od Skopje ,pa i od drugi gradovi za da dojdat do ucilishte . Stanuvaa od 4 saat nautro za vo 10 do 5 da izlezat da go cekaat avtobusot za vo shkolo .. Ne e edinstveno reshenie da ziveete oddelno . Jas od 9 meseci sumbila ostavena na baba i dedo , bidejki majka mi morala da pocne na rabota , i veruvaj sekogash sum se pravela bolna za da ona bide do mene . Izmisluvav deka me boli stomak za majka mi da ne odi na rabota .. Sama se spremuvam za na uciliste od 5 ipol ( deka dekemvri sum rodena ) i sekogas sum velela : da e mama ovde da mi kaze kade mi e ova ili ona . Ne go osuduvaj svoeto dete , da porasne bez tebe . Bidete i ti i tatkoto do nego , bidejki toa od malo se razviva i fizicki i psihicki i potrebni mu se dvajca roditeli . Sepak , odlukata e tvoja . Po moe , mislam deka podobro reshenie e da edniot od vas dvajcata patuva , ama vashe e da odluchite .
Сериозно би можела бебенце да го оставиш штотуку родено кај татко му? Јас немам деца, но не можам да го замислам тоа па каква и кариера да имам. А имам. Ќе си го земам да си го гледам јас, и да жена нека ми го чува преку ден ама навечер јас ќе си го гушнам за спиење, јас ќе го избањам, а не да не знам како е и што прави.. не си прави такви филмови. најрелано ти кажувам нема зашто да ти мачкам очи. Колку сакаш фрлај пари по него, нема да си му мајка!! Еден ден ќе ти го плесне тоа. Што толку брзаш имаш 28 години не си престарена за брак. Вас по ова што го кажуваш врскава ви е пред раскин. Или брак или чао. И сериозно во таква врска би раѓала дете? Немој!!! Таа врска ќе пукне, детето ќе те врзува со него. Не си играј играчки.
Ако мажот сака да се пресели кај тебе само откога ќе најде работа каква што има во моментов не сфаќам како он би ги чувал детето??? Исто како што не сфаќам ако он остане таму каде што е со добра плата, и ти ќе помагаш финансиски, кој ќе го гледа детето? А за тоа дека се плашиш дека можеш да го заборавиш бебето некаде и дека не знаеш ништо во врска со темата бебе, најубаво посвојте си некое 15годишно дете, барем ќе му овозможите добар живот финансиски, а и само ќе биде способно да се гледа колку толку. (смајли што се крсти)
Веројатноста дека бракот ќе опстои на далечина е колку-толку остварлива. Штом успеваат врски на далечина, каде партнери се гледаат во живо 2-3 пати годишно, а секој ден на скајп, не гледам зошто не би успеал таков брак. Се разбира, ако партнерите се порационални и немаат толкава потреба за блискост. Ама ваков брак со дете, тоа е веќе како што пиша некој погоре, филмско сценарио. Јас сум дете од таков брак и можам да ти дадам благо предупредување дека после 18-та година, твојот син/ќерка ќе сака да ја прекини целата конекција со тебе т.е мајката. Потсвесно, секогаш ќе има обвинување дека недостигал еден родител, си правел екскурзии и не се грижел доволно, односно воопшто не се грижел. Велиш дека битни се парите за да се одржи семејство и да се овозможат услови да се има дете. И тука потполно се сложувам со тебе. Битни се емоции исто така, ако ги нема семејството станува дисфункционално. Живеењето сама не е гаранција дека една жена е способна да оформи семејство. Напротив, со тек на време по малку егоист се станува. Немам намера да те навредам со напишаново подолу, само се обидувам да доловам реалистична слика.
Нема логика да се омажиш, родиш дете и живееш во друг град а детето си го оставиш на таткото да го чува во друг град. Подобро не ни стапувај во брак ниту пак да родиш дете. Брак не е брак ако двајцата партнери не живеат заедно.
@kikikikirika не, не си спремна за бебе штом размислуваш вака, ова прашај паталец а не гаталец. Знаеш колку е само лесно од страна да размислуваме и да делиме ум ама есапот на пазар у дело друг е верувај ми. Јас верувам дека има мајки и мајки односно карактери и карактери ама верувај дека нема да ти е сеедно да го родиш и да го оставиш на сопругот, и јас не знаев или поточно го замислував другчие мајчинството ама кога раѓаш веќе есапот ист не ти е, чуствата и перцепцијата иста не ти е. Мајчинството е многу длабоко емоционална работа верувај ми ама тоа кога ќе родиш ќе го дознаеш и срцето нема да ти издржи бебе од 3 кила да напуштиш кога најмногу му треба твојата топлина допир и љубов. Извини, ама според мене не си у право и си себична односно не си спремна за мајчинство. Има луѓе и луѓе сосема во ред е ако сега за сега кариерата ти е на прво место ама да го родиш оти така ри светнало и да го напуштиш што се вели да бидеш далеку од него е греота и себично. Греота за бебето ќе е кога хистерично ќе вреска и ќе ја бара мајчинската потпора заштита и љубов. Јас велам. За се има решение нит сте први нит сте последни, времето е пред вас не мора да брзате, направете некоја отстапка, ризик почекајте и потрудете се да се прво стационирате некаде па потоа да создавате фамилија. Некој од вас би можело како за почеток да мрднете од мртва точка и да варате пресместување или нова работа, не мора денеа утре тоа да биде ама ќе се реши ќе пронајдете решение. Да родиш бебе оти така ти текнало во моментот кога е неизводливо и да го оставиш на таткото е греота. Бебето има најмногу потреба од мајката а и таа од него, ама во тоа ќе се уверуш кога ќе родиш и скроз ќе го промениш начинот на живот и размислување па јас сум скоро па сигурна дека сигурно ќе си заминеш до бебето. Пс: дадилка дома и оставање на дете на друго место и гледање на 4 пати месечно се два различни поими. Не можеш да споредуваш.
Нема поента да родиш дете, а не сакаш, ако не си спремна на тој чекор. Ќе биде еднакво тешко и за тебе, во улога која не ја сакаш, и за сопругот и за детето. А како брак можеби би функционирале. Ако двајцата сте спремни на овој чекор. Блиски моментално се пред ваков чекор. Маж и ќе остави работата и ќе оди кај неа да бара работа. Јас повеќе би размислувала на оваа варијанта, отколку на живот оделно.
Според овие пораки гледам дека финансиски не стоиш лошо.Можеш мажот да го земеш кај тебе додека е бебето мало и дур да најде он работа да живеете од заеднички примања а после отом потом и он да се вработи.Извини молим те ако ќе ти се уништи кариерата ако добиеш дете, срамота значи.