Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак во кој партнерите не живеат заедно

Дискусија во 'Брак' започната од kikikikirika, 4 јануари 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Јас не би сакала таква мајка, ниту пак би сакала да бидам таква мајка. А и ако веќе така размислувам не би имала дете. Штом се нема желба за дете и од сам старт се размислува да се остави подобро и да не се зачнува додека не се сменат чувствата.
    За бракот може и да успее може и да пропадне, зависи од луѓето и од тоа како функционираат.
     
    На ivi1987, zuto, Oxymoron и 12 други им се допаѓа ова.
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Мајчинство не е да праќаш месечно пари на дете кое нема никогаш да го гледаш, уште помалку растеш и воспитуваш. Или ај, нека порасне до кај 8-9 години, таман поминати оние први години и ете ти дете на готово, и на врата ќе му се појавиш во фазон "та-дам, јас сум ти мама", иако врска нема тоа дете која си, ни пак ти го познаваш тоа дете.
    Темава ми личи како целосно друго ниво на изрекана роди го па фрли го друг да го чува.
    Ама не оди тоа така.
    Ако сакаш кариера да градиш, ако ти е убаво со работата и платата која ја земаш и ја трошиш само на себе во моментов, продолжи си така. Бракот и родителството не се морална стапка во сечиј живот, а пак уште помалку има одредено време кога со нив треба да се заврши.
    Зошто би стапила во брак со човек со кого не би го делела животот? Би било исто како да стапуваш во брак со Џек од Америка или Абдул од Индија - рандом странци кои и онака никогаш нема да ги видиш. Ако се сакате, ќе пробате да ја одржите врската на далечина - како што впрочем и многу други го прават истото - па потоа, кога ќе сте заедно ќе мислите на наредниот чекор. Вака ова со браков ми личи на вид осигурување демек ај не си ми пред очи ама пак нема да избегаш од мене, те имам со потпис.
    Во такви услови не се ствара нов живот, бидејќи истиот ќе е најневин во ситуацијата, а најмногу ќе страда и сега и понатаму. Тука се нема желба и љубов за одгледување на потомок, а без тоа едно големо не за "идејава".
     
    На CameliaMiller, Yowannty, Ingvild и 14 други им се допаѓа ова.
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Познавам брачни парови што живеат во различни градови и опстојуваат. Тешко им е, но опстојуваат.
    Темата имање дете е покомплексна. Не судам на мајки што морале да ги остават децата од одредени причини. Но ова твоево напишано од старт значи не сакање дете, уште пред да го имаш не го сакаш. За дете живот се дава, а не не сакам да научам да чувам или ке го изгубам :?:
    Ова ти е скроз детско размислување. На крај краева нели имаш високи примања и позиција. Искористи ја позицијата пикни го дечко ти некаде да работи. Во нашево општество така функционираат работите.
     
    На sj *O*, Sunshine_1979, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    Уште не ми е јасно зошто воопшто да имаш дете кога не сакаш уште сега да го гледаш..
     
    На Milobebence, CameliaMiller, sj *O* и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    На децата или детето им треба и мајка и татко.
    Не можеш да го родеш и да го гледаш само за празници или само во недела. Ако сакаш дете тогаш и треба да се стремиш да му овозможеш да бидеш мајка, а не да му го оневозможеш, затоа што детето разбира повеќе и од нас самите.
     
    На baba Rada, cresa-jagoda и kikikikirika им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Опстојувањето на брак во кој партнерите не живеат заедно зависи од партнерите.
    Предности и недостатоци има секогаш, и со деца и без деца. Но,кога се планира дете многу е битна подготвеноста на двајцата која значи прифаќање на родителска одговорност.
    Во конкретниот случај,не препознав такво нешто во плановите како идна мајка. И доколку не сакаш дете и не се гледаш во таа улога не донесувај избрзана одлука.
     
    На Milobebence, cresa-jagoda, kikikikirika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Најди си друг дечко:D штом ниеден од вас не е спремен за жртва може и нема некоја љубов меѓу вас. Млада си кикирика не брзај само да родиш.
     
    На zuto, Hipster, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Има жени кои земаат и повеќе плата од тебе, па не размислуваат вака, туку бараат решение кое ќе биде за доброто на семејството ( јас лично знам примери). Ти очигледно си гледаш само за себе и работата ти е приоритет. Тогаш ич не се мачи ни себе, ни идниот маж и дете.

    Крајно себично и уфилмано и тотално нереално.
     
    На Baby-bubu, green.eyes, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Ana_mk

    Ana_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Јас лично живеев и работев во странство и бидејки бев сместена кај роднини не морав да плаќам кирија и сметки немав големи трошоци и имав околу 2000 евра плата чисти пари.Е сега си имав и дечко овде во мк.(сега ми е сопруг) кој правев огромни напори да го земам и него и да си живејме и работиме заедно.Арно ама не можеше и јас си дојдов во мк.си се омажив за него,нормално се вработив и земам 300 евра плата.Ама Господ си наврти имам прекрасен сопруг,прекрасно детенце и хармоничен жовот!Зато заеби парите и кариерата ако немаш љубов посебно безусловната љубов која ке ти ја дава едно мало човече да ти ја исполнит душата !!!
     
    На Milobebence, Dadusicka, Дискретниот и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Бебето не е привезок за клуч па да го заборавиш некаде сосема случајно, ниту пак е самолеплива сликичка од Животинско Царство па да си го подадеш некому ко размена на дупликат сликички.
    И доколку некоја едноставно нема ниту време, а очигледно ниту желба за не само да роди, туку и да воспита дете, тогаш подобро нека не си го грди животот со една фрустрација повеќе.
    Никаде од муабетот не воочив дека ти си спремна за да станеш мајка и тоа е во ред. Но, не е во ред по секоја цена да бидеш нешто што едноставно не си. Можеби не е време за тоа.

    За волја на вистината, познавам неколку парови кои функционираат океј во таков брак, но морам да потенцирам дека тука децата дошле доста време пред едниот партнер да најде подобро работно место во друг град.

    Јас не знам дали би можела да функционирам така во таков брак, можеби, доколку животниот тек ме наведе на тоа. Иако навистина не гледам поента во тоа да стапам во брак и пак да живеам сама, а сопругот на друго место. Порадо би останала уште некое време во врска да испитам терен за што понатаму.
    Но, не знам дали ако некогаш родам дете би можела да го оставам така ноншалантно и да го гледам само за викенди.
    На детето му требаат двајцата родители подеднакво, а не мајка за викенди и татко по потреба.
     
    На CameliaMiller, ivi1987, Oxymoron и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    19.884
    Пол:
    Женски
    Темава е за бебето или за бракот?
    Никој од тука не може да ти каже што да правиш. Твоја одлука, твој избор. Жена можеш да земеш ако немаш никој да ти помоогне со бебето додека работиш. За тоа постојат и градинки. Ама жената не може да те замени тебе, ниту пак е подобра опција од тебе. Освен ако не си монстер мајка. :) Никој не завршил факс за дете да гледа. Ама, кога се раѓа детето, сите знаат како треба. Затоа што е тоа мајчински инстинкт. Ако немаш желба, немој да раѓаш. Жално е и не фер за детето. Да роди може секоја, ама не секоја може да биде мајка.

    За бракот. Јас не би се согласила да живеам сама со децава, а мм да работи во странство или обратно. Да сакав така, немаше ниту да стварам семејство. Од друга страна, за егзистенцијата на моите деца би направила се. Не знам какви околности можат да се случат утре, ама ако наведат на потреба за тоа, верувам дека би пронашле начин да бидеме сите заедно.
     
    На Oxymoron, cresa-jagoda, kikikikirika и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    А која е потребата од брак во овој случај? Зашто да не биде само врска? :?:
    А што се однесува до детето, некој погоре убаво пиша: прво роди го, па остај го ако можеш.
     
    На cresa-jagoda и kikikikirika им се допаѓа ова.
  13. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Јас би те прашала дали твојата врска е на далечина или.. ?
    Дали си осетила колку е тешко една врска да опстане на далечина, а камоли брак со дете..

    Искрено повеќе од 3-4 години имав таква врска на далечина каде воопшто не е лесно и за двајцата.. секој ден на скајп, фејсбук, вибер.. на почеток ке ти биде интересно можеби, но со самото време воопшто не е лесно кога ти треба тој да биде тука не е..

    Ти имаш само 28 години и зошто да се заробиш сама во такво нешто.. Зошто не почнете нешто заедно кога тој ке најде работа во твојот град и тогаш поработете на дете.. не избрзувај убаво ти пишале и останатите членови тука не е исто кога дете расте без мајка.. знам такви примери каде бабите го гледаат детето, а мајката само на скајп.. тоа не е нормално за едно дете особено кога е во раст и развој.
     
    На zuto, crimson, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам уште еднаш, одговориве ми помогнаа да ја разгледам темава од сите агли и гледишта. Секако сите одговори освен оние дека сум себична и гледам само за пари и мислам само на себе и би оставила дете само заради кариера. Мене тоа не ме навредува лично но ете замислете дека има мајки кои биле принудени од Х причини да остават дете само со таткото и да заминат во странство на година две додека се реши престојот за сите. И тие не се помалку мајки од некоја што цел живот нема 2 дена работни заради тоа што се посветени САМО на семејството. Најуспешни се секако оние и кои работат и кои гледаат фамилија, на кои им симнувам капа.

    Зошто сум себична ако не оставам работа заради семејството? Да, може некој оставил работа но може имал помош од родители, или мажот имал добра плата, во мојот случај тој луксуз јас го немам. Ај па тие што немаат два дена стаж, кога ке се по 60 години и нема да зимаат пензија кој ке ги гледа? Ке се обесат на тоа истото детенце на грбот со изговор Заради тебе цел живот не работев и има сега да ме гледаш? Тоа нели е себично? Или цел живот да си му на партнерот на грбот , нели е себично? Ај да бидеме реални дека живееме во општество каде не е баш така лесно да напуштиш работа.

    За партнерот што знам, не би ми недостигал ако е само на 200 км, макар што ете тука имаше едно мислење дека тоа и не енекој пат за секојдневно патување. Може и двајцата ете да се преселиме негде на средина . Ве разбирам кога велите, кога сакаш некој сакаш тој да е постојано со тебе. Мојата љубов не е таква, јас повеќе сакам некој да ми е на дистанца малку, многу сакам приватност, дури и да живеам со партнерот , би си оставила една соба посебно за мене, или што знам некон стан/кука посебно каде што ке можам некогаш да бидам сама. Едноставно немам потреба од многу внимание, но тоа е друга тема.

    За детето , јас на моето дете не сакам да му фали ништо ни мајчинска љубов ни пари. Затоа и сакам да разговарам на темава. За мене како дете било сосем нормално тоа што не сум минувала време со мајка ми, и тоа памтам дека тогаш и го пребацував понекогаш во кавгите но денес гледам дека тоа било единствено решение а и тогаш којзнае колку тоа не ми сметаше. Последица од тоа време е што ете и ден денес мразам гушкање и милување, љубовта ја изразувам само преку дела.

    Ако ми го гледа детето друг до 2- 3 години не верувам дека ќе има последици врз неговиот живот. Впрочем, зарем не се сите детенца изгледани од бабите? Е тоа што после пораѓај може да ми се развие мајчинското чувство да не можам да се одделам од детето, држи вода да, сепак сте го почувствувале тоа и знаете.

    Мој заклучок од цела дискусија тука е дека најдобро е да го замолам партнерот ако веке се одлучиме да имаме дете тој да се пресели кај мене, или барем да се преселиме некаде на средина. Тој и да не работи, нека го гледа детето а јас ке одам на работа. Ако не се согласи тогаш нема што да правиме заедно повеќе, не заради нас, туку ете заради детето што би го имале.

    Во врска општо за брак на далечина заради Х причини... Би издржала да сум разделена од партнерот на долго време и да не живееме заедно повеќе години, да се гледаме само за викенди и празници. Ако се сакаш и имаш доверба, нема да ти се намали љубовта од тоа што нема да живееш заедно. Друга песна се децата. Не би се снашла сама со мало бебе, не би ми ни сметало друг да го чува година две (колку и да звучи брутално) , но на подолг период (7 8 години) секако би ми сметало да бидам одделена од детето и да го гледам само за викенд. Секој сака да си го гледа детето како расте и да е блиску до него.
     
    На violetblue и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    8.106
    Пол:
    Женски
    Јас потполно те сфаќам до некаде АМА брак значи да не можеш да живееш без партнерот и следствено сакаш да имаш семејство со него да делиш и добро и лошо затоа е партнер. Компромиси има зависи како ќе ги договорите. Иако не сум мажена бракот не е само убави денови има и лоши денови многу лоши денови. Читав едно интервју на Џенифер Гарнер за бракот со Бен Афлек и вели: кога беше добро беше совршено ама кога беше лошо бегај му од сенката. Парите не се среќа, љубовта е среќа. Затоа како се договорите така ќе биде. На крајот на краиштата твој живот е како ќе го живееш твое е. И да згрешиш барем ќе знаеш дека си пробала ништо страшно. Не се плаши од животот.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    @kikikikirika јас не мислам дека си себична, туку мислам дека очајно сакаш да ја задржиш врската или концептот дека си во врска. Не ти го кажувам ова за да те навредам, туку за да те натерам да се подзамислиш.

    Јас кога сум со некого во врска, сакам да поминувам повеќе време со тој човек, а сум доста голем... дифтар, да речеме. :) Не цело време да бидеме залепени заедно, туку повеќе време и убаво ми е, пријатно ми е кога сум во негова близина. Многу добро те разбирам што значи да се навикнеш да живееш и да функционираш сам, точно е дека по некое време другите луѓе почнуваат да ти „сметаат“ на еден начин и се трудам да разберам зошто би сакала да живееш одвоено од партнерот, ама не можам.

    Спомнуваш пензија и живот на стари години - зарем би сакала да остареш сама? Според мене, што не значи дека е така за сите, за да имам некаква врска со некој човек и да развијам чувства, ми треба блискост, физички контакт, допири, моменти поминати заедно и што ти не.

    Читам дека велиш дека тебе не ти недостигала мајчинска љубов, што е океј - меѓутоа, забораваш на фактот дека твоето дете нема да биде иста (или речиси иста) емоционална копија на тебе. Можеби ќе родиш многу чувствително и нежно дете коешто ќе има многу поголема потреба од твоето присуство и твојата поддршка во животот, а ти нема да бидеш таму кога ќе му требаш највеќе.

    Мислам дека и пилците на дрвата разбраа за мојата желба да немам дете, што ни малку не е поврзано на ниту еден начин со кариера или со пари, туку тој заклучок го имам изведено од скроз други причини. На крај краева, кариерата можеш да ја користиш како отскочна даска за Х други реализации во животот, не мора да значи дека се' се врти само околу пари или што ти знам јас што, ама тоа е веќе друга тема.

    Муабетот ми е... ако решам да го родам, ќе го родам и исчувам со сите салтанати, така што, ќе се чувствува сакано и ПОСАКУВАНО во секој момент. Ама да го родам и после да го натерам да се сомнева макар и еден момент дека не било добредојдено, сакано или почитувано од моја страна, подобро нема да го родам никогаш. Познавајќи се дека сум дифтар, ќе треба многу за да се нафатам на таква авантура.

    Мој најдобронамерен совет би ти бил да не избрзуваш со ништо и да си ја преиспиташ врската пред воопшто и да помислуваш на брак, а камоли и на дете. Моја претпоставка е дека дечкото е од помал град, кадешто веќе има притисок од околината да стапи во брак и да има дете, што е глупаво само по себе но кога си окружен со тоа секојдневно, лесно е да потпаднеш под притисок.

    Друга претпоставка е дека дечкото има веќе некаков - каков-таков имот - во градот од каде што е, за што повторно се јавува некој притисок да остане и револт да се пресели кај тебе. Повторно, не значи дека имањето куќа во, карикирам, Дебар, е добра причина за да не се купи стан во не знам, Куманово. Искрено, пологично ми е да се почне од нула во поголем град ЗАЕДНО, отколку да живеете разделен брак и разделено да чувате дете за да не пропадне имотот во некое Х место.

    А, да и уште една работа - не знам како те сфаќа дечкото, меѓутоа, доста често, мажите во Мк се троа подисплашени ако девојката зема поголема плата од нив или е поуспешна, што мене лично ми нема врска, затоа што успехот е релативен и лесно променлив, та дури може да се случи и преку ноќ.

    Ама тоа не треба да се гледа како нешто лошо, баш напротив, штом врската е веќе сериозна, тоа е добар старт за вас како пар - помал финансиски притисок и поголема шанса опуштено да се најде нешто што би му одговарало него и би му овозможило професионално да се развива.
     
    На CameliaMiller, Lolipop23, green.eyes и 13 други им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    @kikikikirika се што пишуваш е хипотетички кажано од твоја страна, колку што разбрав не си ни бремена, а ти веќе испланира и кај ќе го оставиш и кој ќе ти го чува и колку години....

    Сите кажуваат дека бременоста и мајчинството ќе не смени, ама дури не осетиме џабе планови зошто се паѓа во вода се дури не дојде моментот.

    Мое мислење, ти не си спремна ниту за родителство, уште помалце за брак, љубовта не знае за пресметки и калкулации, го знае само патот до саканиот, ниту пак мајчинската љубов знае за финансии.

    Според мене пиша куп на небулози, ко да сакаш да избегаш од таа врска, а нешто те врзува, а сигурно љубов не е.
     
    Последна измена: 4 јануари 2018
    На ivi1987, Oxymoron, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Go procitav prviot i posledniot tvoj post.

    Bas mi se dopaga tvoeto razmisluvanje za karierata.
    Nigde na svetot, ne samo vo MK, NE se ostava rabota tek taka.
    Rakota e rabota i taa te pravi covek, bezgrizen covek.
    Ne samo za penzija sto ke nemas nego nema da imas sloboda , "moj pari moja sloboda", nema da imas idnina, nema da mozes da si gi ispolnis osnovnite potrebi, parite gi narusuvaat odnosite megi maz/zena i posirokoto semejstvo, zaradi tie pari treba da zivees vo zaednica pa tuka na top na toa raspravii, parite ti ja zgolemuvaat/namaluvaat samodoverbata, parite se tie koj ke ti ovozmozat da zamines koga nesto ne ti odgovara,..... red, red drugi raboti.
    Nekoj zeni ednostavno nesakaat da bidat zavisni od mazite, tuka Jas sum na top lista, mozda ti po mene:?:.

    Eve Jas na pr imam na um da baram rabota nekade podaleku od doma. Toa go kazav glasno i jasno bez da baram odobrenie od partnerot.
    No, ne e samo vo korist moja, toa ke bide benefit za celo semejsvo. Kolku ke trae (6 meseca-1 god) neznam, no toa sto sum go naumila ke go napravam. Planot mi e vo Petok od sabajle da si bidam doma i pak nazat Nedela vecer. Negledam deka ima benefit od sedenje bezcelno.

    Jas licno go ucam moeto dete. a i sto i sistemot, sedum gori i planini da pomines ama zavisna od partner nikogas da ne stanes.
    Se da pravis za nekoj, moze eden den da mu tekne cao bambino i ke bide posle placenje, trakanje "cel zivot na nego go posvetiv". :o
    Pa koj ti e kriv :o, kaj da e ke ja naucis zivotnata lekcija. :lol:
    I posle ja izbrkal partnerot i nemala kade da odi?
    Pa nema. Perenje, peglanje, mialkata vo raka ,... ne obezbeduva nikakva sigurnost.

    Na kraj kraeva za koja povrsina zborime. Mk zeja 200 km uzdus i popreku.

    Toa za dete nekako moze da ti poceka.
    Ako nemozes da go spakuvas vo tvojot zivoten kufer i da se grizis za nego , ic ne pocnuvaj.
    Ima vreme ke imas deca koga ednas ke se smestis na pozicija.
     
    На Oxymoron, baba Rada и kikikikirika им се допаѓа ова.
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Многу планираш.
    Ретко што, да не речам ништо, во животот не излегува според плановите.
    Особено не кога плановите се од олкави размери, брак, дете, чување, и сл.
    Никој не рече дека ти сега треба да ја оставиш добро платената работа и да одиш таму негде да раѓаш и да седиш дома, не правејќи ништо друго со животот. Но, никој не рече ни дека еве баш сега мора да раѓаш.
    Нешто си збунета и помешани ти се брзините; по сѐ што пиша јас бар добив слика дека ти индиферентно гледаш и кон бракот и кон имањето дете, а кога веќе така гледаш поарно да не пристапуваш кон нив.
    Негде беше пишала и дека не ни сакаш да научиш како се одгледува дете - епа еве ни јас не сакам да научам во моментов, но тоа е затоа што во моментов ни на крај памет не ми паѓа да раѓам, и тоа е таа разлика.
    Гледај ти прво со ладна глава размисли за врската како таква, на кое скалило сте, до каде сакате да одите и дали воопшто во ист правец сакате да одите, па дури тогаш гледај за брак, а за дете... малку подоцна, бидејќи во овој момент во кој сте, детето само би ви било, искрено кажано - непотребен товар, а тоа за него би било многу сурово и воопшто не го заслужува тој однос.
     
    На cresa-jagoda, joy1 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Значи може ви е смешно, ама ко на некои што не им се познати темите за наука и економија, така мене не ми се познати овие за брак и деца. Во живо избегнувам такви теми колку што можам, бидејки на крај се завршуваат со оговарање на свекрвата.

    ПА баш заради тоа што не сакам да останам бремена под несигурни околности барам мислења. Инаку нели не би имало смисла да влегувам во брак а уште помалку да сум бремена ако не е се испланирано. Во слободна врска бевме со години, сега ете конечно си се убедивме дека сме еден за друг, но далечината ке смета. Година дена веке на тема ни е овој муабет, дали тој да дојде кај мене или јас кај него или никој нигде да не оди и како тоа би функционирало. Колку и да звучи сурово калкулации мора да се прават, сепак сме возрасни луѓе.

    Инаку да, тој се согласува кога би имале дете, тоа да живее кај него додека се споиме, но ете од овде заклучив дека не би било се тоа така лесно. Се сакаме, и убаво ни е се , но отсекогаш сум била човек што мегу разумот и срцето го слуша разумот. Колку и да го сакам, ако сметам дека во иднина ке имаме нерешлив проблем, ке му раскинам.

    Тоа дека мајчинството ке ме смени , ете јас го причитав тука и уште една две другарки со кои сум разговарала на темава ми имаат исто кажано. Инаку од кај да знам.

    Ако сака да дојде тука кај мене океј, ако не ризик јак мила душа , нема деца правење дури не се споиме.
     
    На poenta, irena.1, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.