Читам и пред очи ми излева сценарио од тешка психопатска шпанска серија. 1. Зошто стапуваш во брак со некој што не сакаш да живееш заедно? Брак е семејство, семејство е љубов, дом, топлина и нема пара што може да го надомести тоа. За што ти е тебе брак? Која корист ја имаш? Гледам дека нема и што мора да стапиш? Присилена си ? 2. Врз која причина ќе правиш и раѓаш дете? За уште од мало да му ја зацрниш иднината? Глупости. Преиспитај се за што ќе ти е тебе уствари тоа дете? Да бидеш мајка не сакаш, да гледаш и чуваш дете не сакаш, за украс ќе ти е? Не мислиш дека му е потребна грижа и мајчинска љубов? Ако тебе ти е до пари, работа и кариера нема потреба да ја зацрнуваш иднината на еден маж и да раѓаш дете што ќе биде без детство. И на крај чукни ја главата дека таткото нема сам да го гледа детето порано или подоцна ќе сфане колку си себична па фала богу има жени што се слободни и би прифанале да стапат во брак и да имаат семејство и да чуват дете од претходен брак. Само не знам толку ти е камено срцето да носиш дете 9 месеци и после да го дадеш кај таткото и да го гледаш два пати во 2 месеци ?
1. Затоа што веке доста време изгубивме така мислејки што да правиме, не дека не сакаме да живееме заедно ама ете не можеме. Ако нема решение секако дека порадо би раскинала отколку да бидам во несреќен брак. Ние би биле среќни и разделени да живееме но ете проблем ке биде кога ке имаме деца, а планираме тоа наскоро да биде. 2. Јас не сакам да напредувам во кариерата, и тој малку што би ме уназадило кога ке имам дете, не ми смета. Тука станува збор за јас скроз да напуштам од работа да одам кај него и да седам дома и да бидам мајка. Па ке бидам најнервозно нешто на планетава. Подобро да раскинам и да си барам маж во моја близина па сиктер и љубов и се. Зошто марија психопатска серија? Затоа што бараме начин што е најдобар за сите? Е па ај ако не да седниме дома и двајцата и да се топлиме на светилката , да си кажуваме колку се сакаме, а за пелени баш ни е гајле ако имат бабите пари да купат океј ако не може и така? На крај се што правам сега цел овој труд е за во иднине кога ке створам фамилија да не им недостига ништо. Има и мажи што се одделени од фамилиите со месеци. Што тие не си ги сакаат ли фамилиите? Треба да разберете дека таа идилична слика секој ден семејството седнато на ручек заедно, во пракса иако е посакувана не е секогаш возможна. Ете и друга членка погоре пишала дека е принудена да се раздели од семејството на одреден период заради работата. И што сега? таа е помалку жена и мајка од другите ? Гарантирам дека нејзините деца повеке ке ја ценат нејзината жртва, отколку некоја мрзла што под изговорот дека она е мајка цел живот ништо не работи (не сфакајте лично ама има и такви) Гледам по дискусијава, дека брак на далечина не е проблем ако се сложуваат партнерите, но проблем е ако веке се планираат и деца, што е логично. Но јас лично не гледам проблем некој друг да го гледа детето првите 2-3 години, кога ке порасне нема ни да памти дека тој период било без 24/7 мајчин надзор. Ви благодарам на одговорите на сите
Ти ја разбирам ситуацијата, еве да речеме дека бракот би функционирал ама тие први 2-3 години што ги збориш се најважни за детето и тогаш најмногу му треба мајка и се најважни за психофизички развој на детето. Породилното завршува за 9 месеци, ќе оставиш бебенце во недела и ќе го видиш дури во петок??? Не би рекла, и би те советувала да не се залажуваш самата себе. Патем би рекла дека дечкото си се надева на таа опција дека кога ти ќе станеш мајка не би можела да отидеш и да оставиш бебенце без мајчина заштита. Ако толку сакате да сте заедно ете ако ти имаш поплатена работа полесно е да дојде тој па да бара друга работа, отколку математиките да му оставиш бебе да чува сам и да си играте викенд брак, на хартија може да ама во реалност невозможно. Никој не ти вика да баталиш работа, туку да бидеш реална, ако можете да се приберете на едно место супер ама ако не веројатно знаеш и сама што следи...
Во оваа твоја ситуација дечкото прибери си го кај тебе и пробајте некое време заедно да живеете и како ек ви оди Ако ви е ок тогаш ке одите на проект бебе После породилното ке си најдеш жена да ти го чува додека си на работа или мајка свекрва ке помогнат па после градинка и ек си порасне детето немој да си правиш такви филмови ке го родам и ек му го оставам на таткото да го гледа така ни куче не се остава не пак дете
Многу е просто - ти во моментов не си спремна ниту за брак, ниту за бебе. Но веројатно си под некаков притисок (од партнерот, од родителите, од околината), па сакаш да најдеш некое „решение“ што ќе ги задоволи сите страни. Од друга страна, нема ништо лошо во тоа да не сакаш брак или деца на 28 години, за некоја година, или пак воопшто. Не се брзај, за почеток работете на тоа да живеете заедно, потоа на брак, па деца, не мора сите три работи одеднаш. Ако ги правиш чекор по чекор помали се шансите да згрешиш, а и нема да има жртви. Секој оди со свое темпо низ животот.
Да, може да функционира таков брак. Пример за тоа се моите родители кои се во брак веќе 23 години, а татко ми веќе 7+ години живее и работи во Скопје. Ако има доверба и разбирање се е можно
Имам комшии, татково со детето и неговите родители живее овде а мајката поради работа ја префрлија во главниот град и доаѓа тука само во викенди. Досега две години е вака. Како им е што им е, тоа за комшии не е тема. Вака кога ќе ги видам, шетаат насмеани
Има последици, посебно првите три години од животот на детето. Моите деца кога се болни, гладни, нерасположени, ме бараат мене а не татко им. Двете деца кога ми се родија, па дур направија година ме бараа само мене. Никој и ништо неможе да ја замени мајчината љубов, заштита и топлина. А, децата се изгледани од родителите, не од бабите како што ти тврдиш. Баба може да причува дете додека мајката е на работа а градинка поради X причини не е добра опција. Ама баба неможе новороденче да гледа постојано. Како што мајка е поврзана со дете, ниедна баба, ни татко не се. А, како што те читам, ти не си со вистинскиот човек. Кога ќе го најдеш, ќе видиш дека со него ќе сакаш и семејство да оформиш и да ти биде во близина и ќе најдете начин за заедно да бидете и заедно да створите и чувате деца. Има секакви животни приказни, има татковци што се во странство за подобро утре, има родители што патуваат секојдневно во друг град на работа ама пак се враќаат дома до детето и партнерот, има родители што се по цела недела на работа (платените војници пример стража кога даваат) и ред други примери, ама во 90% од случаите мајката е таа која го чува, расте и воспитува детето.
Се е можно кога се сака, не дека не. Ама во ситуацијава некои работи не ми се јасни. Да речеме дека ќе го одржувате некако бракот но како мажот ќе се грижи за детето сам ако и тој оди на работа? Можеби ќе се грижат неговите ако живее со нив но верувај дека нема воопшто да ти биде драго кога тоа ќе го поприми однесувањето на свекрвата или свекорот. Мене ми се крева косата од помисла старци да ми воспитуваат дете. Ок е да помогнат, на кратко да причуваат и слично ама тука веќе станува збор за постојан престој и грижа.Ти си му мајка, ти треба да го воспиташ онака како што сметаш дека е најдобро. Никој не се родил научен, никој не знае како е да се биде мајка пред да роди свое дете но се во животот се совладува. Разгледај само колку многу мајки има околу тебе, не се сите тие попаметни од тебе па да можат да се грижат и да си ги растат децата а ти да неможеш. Гледам добро стоиш материјално, верувам дека си задоволна од работното место па според мене многу попаметно е мажот да се труди да најде соодветно работно место за себе во твојот град. Доколку не успее да најде додека ти заврши породилното боледување тогаш подобро да земеш жена да ти го причува додека си на работа или пак во градинка да го дадеш а тој да доаѓа да го гледа за викенди. Млада си, не мора да брзаш на крајот на краиштата.
Па ти вака збориш зошто не си ни бременаа а нити мажена. Нема да сакаш да се одвоиш од детето твое после првото ехо. Некако се голта брак на далеку ( што ни тоа не е нормално функционирање), ама детето да не е до мене, ќе го превртам светот и ќе го гушкам секоја ноќ. Тие работи се разбираат од кога ќе го почуствуваш во себе, што поголемиот дел од феминките овде исто ќе ти кажат. Целиот склоп на размислување ќе ти се смени. Нема да е важно ни работа ни сабота. П.С. Дај Боже секоја жена да искуси што значи да е мајка.
Гледам добри коментари и совети ти дале, а гледам дека и твоето мислење се променило во позитивна насока, прифаќајќи ги советите. Јас само сакам да додадам уште некои информации сметам дека ти се заблуда. Дете кое расте без мајка, особено првите години од својот живот, има најголеми психички последици. Не е свесно, ама несвесното осакатува многу повеќе. За ова можеш да се консултираш со било кој психолог или да читнеш некоја литература на оваа тема. Ако најдеш книга за развојна психологија ќе ти се разјаснат тие работи. Последицата од немање доволно внимание и љубов од родителите се гледа дека оставило последици и врз тебе (како и кај мене). Само што тоа се рефлектира различно, или во една крајност или во друга. Кај некои ствара преголема и претерана грижа за сопствените деца, а кај некои истата ситуација како и со нивните родители. Последно, тоа што ти си научена да живееш сама не значи дека немаш потреба од љубов. Кога вистински ќе добиеш љубов ќе ја осетиш убавината на животот. Не сакам да тупам со примери од околината, ама разгледај објективно и непристрасно во околината и види колку парите ја играат главната улога во животот.
Еве јас да те прашам Дали ќе бидеш среќна со твојата кариера и со твоите пари, кога после работа ќе се враќаш во празен стан ? Кога твојот сопруг и твоето дете ќе бидат далеку од тебе ? Кога ќе легнеш во празна постела? Кога можеби нема да бидеш таму за да се радуваш кога твоето бебе ќе го изговори првото зборче или кога прв пат ќе научи да седи или да оди, ќе бидеш ли среќна ? Да не зборувам за сопругот, на секој маж му треба жена покрај себе. Велиш се надеваш за некои 7 години, ќе бидете сите заедно. Што ако и после тие 7 години се уште не успеете да најдете решение ? Под брак подразбирам заедница, ако со години не живеете сите заедно тоа според мене е брак само на хартија.
Баш тоа погоре го пишав, маж како маж сам да чува дете не бива. Кашички, блендирани јадења, перење, бањање, ваков прашок таков прашок, прегледи, пелени сменување, не оди тоа така. Или ќе си викне дадилка или после одреден период ќе запознае жена со амбиции на мајка а не само сопруга на хартија и крај на крај ќе се земе и среќно ќе си има фамилија.
Не се сите луѓе исти, некој ете не сака типичен брак туку еден ваков однос. Ако нив им одговара тогаш ок е. Спорниот дел е детето ама ако добива доволно љубов, грижа и внимание секојдневно од татко, баби и дедовци...и тоа е ок. Може кикиритка си има друг живот во тој град па не сака да го меша со семејство. Не звучи ок ама реалност е. Па и да дојде до незадоволство и развод, што губи таа кога и така од старт не гаи некои посебни илузии за бракот?
Епа никој со сила не ја тера да раѓа дете. Бракот не може да се спаси поради детето. Ако нема доволно љубов и привлекување меѓу партнерите залудно е. На крај тие ништо не губат и онака ова изгледа на формален брак, губи детето најмногу.
Не сите деца се растени 24/7 со родителите. Некои само со еден родител, некои со баби и дедовци, некои со дадилки. Ако сака бебе и тоа бебе има се што му е потребно но го добива најмногу од некој друг а не од мајката, па и тоа е во ред. Едно е кога се мора, друго е кога вака детски ќе кажеш -не сакам пелени да менувам туку да ми го изгледа некој првите години и после на готово да го имам, ама ако има луѓе околу неа како родители, сопруг, свекрва и слично кои ќе се нафатат да и ги исполнат нејзините каприци, што има нас да ни смета?
А само мајката треба да прави и да знае да прави кашички, да менува пелени, да носи дете на прегледи, демек мајките вграден прирачник имаат кога ќе се породат. Јаката филозофија менување пелени или давање кашички што мажите нема да знаат да ја направат. Освен доењето останатото се што може мајката може и таткото, ако се сака нели. Децата до 1 годинка го бараат тој на кој се навикнати постојано, затоа ја бараат мајката дека нонстоп се со неа, ако се постојано со таткото ќе го бараат него. И ова се зборува дека детето би можело да биде 4 дена од неделата со таткото само, а останатите 3 и со двајцата, не дека ќе го остави детето и нема да се врати 1 година. Според мене мислам дека најдобро би било да се преселите некаде каде што и двајцата ќе можете да патувате до работа по 100 км. сепак зависно од тоа колку патот и работата го дозволува тоа.
А бе луѓе да сака он да биде со неа ќе оди и ќе живее со неа и ќе бара работа. Подлабоко е проблемот. Он си сака да си остани кај што е, она да се откаже од се. Она не сака очигледно е, а врската е долга и најверојатно дека имаат притисок да ја офоцијализраат врската. јас едно ќе прашам, дали тој човек со кој сакаш да ствараш брак и деца е вистинскиот или си со него од навика? Дали имате иста визија за брак и заеднички живот? По мене не ќе да имате. Размисли си каква ви е врската. Тоа што велиш дека можеш да одржиш брак на далечина, никогаш не сте ни живееле заедно, не сте делеле ден и ноќ, ти не сакаш брак со тој човек. Кога ќе сакаш да си со некој ќе сакаш да си со него и ден и ноќ, а не само на папир да си , да му родиш дете, да му го тупнеш на чување и да се водите пред народ дека сте венчани. Дека има фамилии кои така функционираат, да, ама тоа е дека додека биле во брак се појавила таква нужда. Ти уште не земена, не родено направи цел план. Седни си и размисли си сама со себе што сакаш понатаму.
Најверојатно може, прашањето е како ќе функционира. Бракот не е само договор на хартија. Бракот е ветување од двајца поединци да бидат еден до друг во секаква ситуација, да споделат сè она што животот им го нуди во иднина. Мене ми изгледа дека ниту еден од вас не е спремен на тоа. Лично секогаш би го одбрала семејството пред било која работа. Меѓутоа тука не се во прашање мои одлуки, ниту на било која форумџика. Нормално, секој родител сака максимално да му обезбеди финансиска потпора на своето дете, но дали е тоа доволно? Што е со вниманието што му е неопходно, со домашното воспитување за да го изведеш на прав пат? Зошто да го ускратиш присуството на мајчинска фигура кога е најпотребно?
Имам во фамилија случај каде мажот цел живот е во Кувајт. Уште се во брак после 30 години и среќни се... Што знам што да кажам... освен дека не секој е за тоа. Јас лично не би сакала и не би можела...