Бракот по дефиниција е заедница меѓу маж и жена. Заедница, не одвоеност .Ако има мајка што 9 месеци ќе го чува дои, пази, гали, и по 9 месеци ќе рече - на мажу и свекрво чувајте дете, јас одам да работам и ќе се гледаме еднаш у месец, да ме плукате. Како ќе и биде на една мајка да знае дека детето и гори од температура а баба го чува а не она? Како ќе и биде на една мајка детето да прозбори, да прооди, да извади прво запче, а она да е настана. Како и е на мајката која не е тука кога му зимаат крв на мало дете кое плаче и се пика у мајката за утеха? Како му е на детето пак кога мајка му јасно и недвосмислено израла своја слобода и кариера а него го оставила со баба и татако? Да е умрела мајката, да е семејството без леб, да мора да работи, да има вистинска причина поради која морала (а не сакала) да си го остави детето, океј, ќе разбере кога ќе порасне. А вака цел живот ќе има чувство дека мајка му не го сакала или била втор избор. Какло и д е, ние џабе ломотиме кога кикиритка си кажа сама - не сакам дете не сакам брак. Не е спремна ни за едно, а двете работи бараат огромни вложувања и време. АКо не е спремна подобро да не казнува дете да живее без еден родител. Вака, јас си имам работа, дечко ми си има у друг град, па тешко мини е да патуваме, па јас си сакам мир, па сакам да сум сама, па ќе оставам дете...е премногу себично ако се реализира а многу фер и сосем разбирливо ако рече не се мажам не сум спремна, не сакам дете, сакам сама.
Целосно си во право. Прво го казнува мажот цел живот да седе дома дете да гледа, второ го казнува детето да живее без еден родител затоа што нејзе така и се сакало ете не и се Менуваат пелени, не и се чува дете, не сака маж дома да пере да гледа не сака фамилија. Последен коментар и последно прашање: за што ќе ти е тој маж и тоа дете кога не го сакаш ни едното ни другото? Да го сакаше мажот да беше тој вистинскиот немаше ни да помислиш да одбереш друго нешто освен фамилијата Ама како викат : if you love two things at the same time, choose the second. Because if you really loved the first one, you wouldn't have fallen for the second.
Јас еве не знам каков начин на живот е тоа.Ај разбирам да сте разделени една,две години поради работни обврски,ама цел живот... Зошто тогаш да склопувам брак? Бракот нели е заедница помеѓу мажот и жената? Па уште да имам и деца кои ке растат со еден родител. Тоа е исто како да сте разведени по мое.
Хахаа се смеев за статусите за децата шо пораснале со совети од фемина форум ама ете мене вашите мислења ми дадоа директен инсајт во се што би можело да ме очекува. Ви благодарам, повеќе глави, подобро мислат . Мене лично ете не би ми сметало да легнам сама, секако дека е тешко ама не е ни невозможно ехее колку луге се така разделени. Плус од работа често патувам, и кога би живееле заедно пак мене ке ме нема секој месец по 5 6 дена. Спремни сме ние за брак на далечина, мене не ми смета, на него не му смета, уште утре би отишле на матичар , сепак нели веднаш после тоа ке сакаме и деца а тоа е проблем. Млади сме уште, но со оглед на тоа што веќе повеке време тапкаме во место со проблемов не планирам уште долго да влечам . Денес разговаравме двајцата за ова, тој упорно вели дека може да гледа дете и дека едвај чека да се случи тоа, но како што рековме плановите и реалноста се две различни работи. Си даваме фора до летото, да најдеме работа за него во мојот град, ако не ни успее, пак ке кукам по темиве . Надвор од мојата ситуација... Велите детето имало последици ако до 2 години не растело со мајката. Напротив не мислам така. Поголеми последици има кај деца кои до 2 години биле 24/7 со мајката и одеднаш оп треба на градинка да тргне . Јас до 2 години би го оставила така да го гледам само 2 дена неделно без да чувствувам вина. Ке имало детето температура кај ке сум била јас? Кај и да сум, Македонија е мала и ке стигнам. Ехее колку мајки има во приватен сектор вработени, детето со температура неа газдата не ја пушта да си оди. И што кога се нервира жената кога не може да направи ништо. Oд друга страна колку и да се правиме дека парите не се важни, сите сме имале другарчиња кои имале помалку од другите и кои и ден денес патат од комплекси заради тоа. Не е себично ако некој трча да заработи пари за семејството да има удобност , е сега треба да се направи проценка дали вреди да се жртвува или не.
@kikikikirika знаеш што кикиритче, можеби сум старомодна, можеби сум заостаната, тупа глупа....но...Но...мајка што остава дете мало да го чува тсткото, мајка што ја пропушта шансата да и спие во прегратка едно мало ангелче, викенд мајка...е за мене НЕ Е мајка!'''!!!!
I jas se soglasuvam deka e apsolutno netocno. Sin mi e 24/7 so mene duri vo vc ide so mene, seuste....i nema nikakov problem za idenje vo gradinka. Eve veka 2 god. Si ode normalno kako i sekoe dete. Stom se vraka i gleda deka me nema vo dnevna so trcanje doagja vo soba i vika maaaama jas dojdov....dusa moja
Оооо, не вели двапати за ова Мало дете по дифолт често се разболува и многу брзо крева температура. Мора многу брзо да се реагира во случај на многу висока температура. Додека извозиш 200км на сред ноќ, под стрес (значи опасност и за сама себе и за другите патници), по најверојатно некој непрооден или потешко прооден дел од патот, зашто толку ни се функционални патиштата низ државата......оде воз у кукуруз Температурата најчесто не е страшна кај мало дете, ама..........има случаи кога буквално со брзина на светлината се менуваат работите. Верувај не сакаш ни оддалеку да знаеш како изгледа тоа. А дете како дете, не може без да се разболи. А не е само температурата, има и многу други проблеми кај мали дечиња за кои и тоа како е потребна мајката. Таткото може да помогне, нормално, ама дека сам без мајката ќе ја сноси одговорноста 24 часа дневно за бебе..........извини, многу ми е тешко изводливо. Средете го прво проблемот со живеење на едно место, па после детенце.
@kikikikirika толку лесно не би го оставила ко ќе се роди, ти гарантирам. Ако детето е посакувано, а кажуваш дека е, чувствата што ги имаш вака дури планираш, со чувствата ко ќе се роди немаат врска. Плус тоа, бебето првите месеци ја знае само мајката, ја бара мајката, како едно да се буквално. После тоа ќе е уште потешко. Ова ми е единствено изводливо за мајка со возрасни деца, како @toogood што спомна на пример.
Женска тебе се гледа дека не ти е ни до дете ни до маж, туку до пари и шетање.Не ти е ни до кариера. Извини ама ти си за мене несозреана личност.Имај ти каква сакаш кариера ама после ова што го прочитав се рамњаш со мои врсници кои размислуваат исто како тебе.Секоја жена би дала се да има едно детенце и маж кој го сака.Верувај ми на некои им е одземено тоа право, со години сум ја гледала братучедка ми како се мачи да добие дете, сите пари ги оставија по болници и забремени.До ден денес го гледа детето како најскапоцено нешто во живтот.Не знам зашто воопшто ја отвори темава.. Убаво ти кажа членката погоре, џабе пари џабе кариера тие нема да ти го исполнат срцето. А тоа што си го пишала на првата страна дека не можеш да учиш како е да си мајка. Мајка се станува а не се учиш како да си мајка и бебето не ти доаѓа со упатство за користење.
@kikikikirika Кики повеќе од пола форум се мајки, кои се ептен приврзани за децата. И мене не ми е ок детето до тоалет да не може да оди без мајка, а да има три години. Преголема приврзаност не е добра. Прави си тебе како што ти одговара, јас без приврзаност за мајка пораснав па ништо не ми фали, само сум реалист. Гледаш како со доза на одбивност ти враќаат кога кажа дека не сакаш дете сега, дека требало тоа да е на прво место. Има време за се, не брзај за дете ако имаш други планови.
@pupi.girl не се работи за приврзаност и неприродна близина. Се работи за потреба, реална потреба на новороденче кон мајката. Никаква одбивност нема барем од моја страна. Таа е реалноста кога станува збор за мало бебе. Не зборувам за случаи кога мајката ја нема, па други го гледаат детето. И не зборувам дека треба да е лепенка со детето, може и веднаш да оди на работа, ама да живее со него. Сосема е различно од да го гледа еднаш неделно.
Јас вакво нешто не прочитав досега. Детето треба да е на прво место откако ќе се роди (па и створи). А сите се согласија дека ако не е спремна и не сака дете, подобро да не брза.
Како и да кажете, што и да правете имам 18 години и не би ми било сеедно мајка ми да работи во друг град затоа што таму и се работело и затоа што не и се уче да биде мајка, искрено би ја сметала за мајка на лист па и 20 месеци нека ме носела (така е зборот). Ако она се откажала од мене поради неколку илјади денара немам потреба јас од неа. Да се разведиле ок, ама де се "сакаат" а таа во друг град ноуууу нема оправдување или си мајка и се соочуваш со се или не си. Да се разведени ајде, или да нема мајка (не дај боже) бебенцето ќе сфанам, ама да го родеш и ајде клоца и кај таткото на чување она во друг град сама лабаво, не можела да уче како да се чува бене. Да се сака ќе се најде работа па макар и за 4000 денара помалку, тие 4000 не ја менуваат близината со детето.
Има време за се, јас не би брзала, па и мажот ми да сака, а јас да не сакам нема да имам дете зошто така требало да имаш дете и зошто така налага општеството. Инаку он топик, партнерот мој почна да живее во странство. Малку ми е страв зошто не знам што ќе биде и како ќе испадне. Јас го поддржувам и не сакам еден ден да ми рече не отидов заради тебе.
Точно, пола и повеќе се мајки овде.Но не СИТЕ, јас имам 16 години и размислувам позрело од нејзе.Никој не ја нападна ама подобро директно да и кажам како е него да ја тапшам по рамо и на 28 години колку и да ги има да размислува ко 2ро за 3то. Неќеш дете?Океј немај не прави не раѓај а не да го расфрлаш.А кога ќе и се роди дете ќе ја прашам дали ќе може да го остава по баби дедоввци нели они требале да го растат де и по жени.
Сега е лесно да кажеш јас ќе го родам таткото ќе го гледа, ама ќе видиш од како ќе родиш за никој пари на светов нема да сакаш да се разделиш од детето, дури и ако сега не сакаш да имаш деца. За ова разделени со сопругот и тоа ми е глупаво (извини ) зошто воопшто да стапите во брак ако планирате да живеете одделно . Јас живеам надвор од Мкд. има тука претежно мажи ама и по некоја жена што тука се "сами" а имаат цели фамилии во Мкд. мажите отворено си имаат жени ( швалерки). Не знам ај можи вие ќе сте поразлични. Ама пак да речам кога уште сега не ви пречи да живеете одвоено мислам дека во таа врска фали нешто, sorry
Фалат пари, луѓето од мака одат во странство, не за да бркаат швалерки. Ако немам нормално дека ќе одам, ќе оди и сопругот. Само од љубов не се живее, а без пари па и така не бидува. Разделеното не значи секогаш дека тој или таа ќе изневери. Познавам и јас парови каде едниот е во странство заради лошата материјална состојба.
@kikikikirika ти ги исчитав мислењата, ги исчитав и советите од другите членки. Прво, а според мене и најбитно е да разбереш дека децата имаат и те како сериозни последици кога растат без мајка. Веќе ти укажале на ова, паметна цура си, земи книги и читај. Со свои очи се имам уверено дека дете кое е растено без мајка има проблеми со говор, т.е. на 4 години сеуште не зборува. Мајката е жива, но како фигура во неговиот живот се појавува малку. Не мора овде, одговори си сама на себе: дали си спремна да го превземеш тој ризик? Го комплицирате целиот процес на создавање семејство ради пари. Да не ме разбереш погрешно, јас сум од оние кои велат дека парите го движат светот, ама вреди ли целото малтретирање за неколку илјади денари? Точно е дека работа не се остава така лесно, ама ако сакате семејство треба да најдете заеднички јазик. Со инаетење ништо нема да постигнете, компромис е непходен. Седнете и договорете се чиј отказ ке биде помалку штетен. Кој од вас зема помала плата и има помалку сигурна работа? Дали има поголеми шанси за напредување во неговиот или твојот град? Каде ке живеете? Пример, он ако живее во Ресен, а ти во Куманово, Тетово, па еве и Велес е блиску, пологично е да се преселите во поголемиот град и градот што е поблиску до метрополата наша. Од аспект на пари, ова е најлогично решение. Исто така, многу е битно прашањето: Дали ти сакаш да бидеш мајка? Кои се причините поради кои сакаш да имаш дете? Ако навистина сакаш да се реализираш како родител, пеки, ама ако сакаш дете ради идејата да бидеш мајка, е тогаш треба да се преиспиташ кај тераш. На тема живеење заедно, малку е без врска да дискутираме и да глуматаме. Пример, еве ја можам да кажам дека цел живот сум сама во соба, сама спијам во својот кревет, мојот плакар е само мој и не знам дали ке можам да функционирам добро со маж ми... Глупо звучи а и нелогично. Ако го сакаш парнерот по некој автоматизам го сакаш неговото присуство, муабет, допири и бакнежи. Врска на далечина функционира ако финансискиот аспект е ептен јак, нема резон за 50 евра да живееш на 200км. Прочитав и дека мајките кои работеле во приватен сектор не добивале слободен ден од шефот. Да, ама после 8 или 10 часа на работа, тие мајки спијат покрај своето дете. Може и не знам, јер, да не заборавиме, немам родено, ама мајчински инстинкт е јака работа.
Нормално дека од љубов не се живее ама па е..ти животот и без љубов. Никој не спомна дека за швалерки заминале, знаеме главна причина се парите, но далечината и потребите си го прават своето. Претпоставувам во овој случај и двајцата се млади и сега се тие потреби нај силни.