Ej а бе да не претеравте некои малку со обвинувања а? Ако не спие до мене секоја вечер значи не се сакаме? Недозреана дека нејкам да рагам дете ако немам барем покрив на глава и пари за пелени? Мојата одлука веке ја пишав сега малку општо зборам за темава, не дирек за мојот проблем. Никој нигде не напиша 20 години одделено од детето на различни адреси. Станува збор за првите неколку години. Деца и деца израснале со дадилки и негователки, па фала богу ништо не им фали. Има земји во кои породилното е само два месеци, сигурно таму не откажуваат жените од работа за да гледаат бебиња дома. И нас дома жена не чуваше, сигурно и на нас и на мајка ни не ни било лесно, памтам кога трчав по неа и плачев кога одеше на работа, но денес не гледам дека имаме некои последици од тоа. Од друга страна па памтам и кога бев тинејџерка и кога бевме дома без скршен денар колку се карав со моите и кои комплекси ги имав. Дискутирам , за да видам мислења каде е средината мегу овие две работи. Феминка 22 , темава ја отворив за да ме навредуваш ти ете баш ако те интересира зошто сум ја отворила. И како што можеш да видиш има многу различни и убави мислења и дискусии , освен твоето секако. Ете мене со мислењето твое воопшто не ме навредуваш (јас уште и не сум мајка) но има мајки кои ги оставиле деца на одреден период заради финансиски причини и тоа не ги прави помалку мајки од тебе. Зошто себична и недозреана?? Само сум реална и што не можам да се замислам да седам дома само и дете да гледам а маж ми да црнчи и да мислиме како ке го поминеме месецот? Затоа што живееме у таква вуко**бина во која работа не се наога кога и како сакаш. Реков, би жртвувала напредок во кариерата заради семејството, но целосно не би напуштила од работа. Дечко менувам, ама работа не Никогаш во животот не сум трчала да градам кариера само заради самата себе. Баш напротив , и денес кога ги читам моите мислења од порано за пари и кариера и желби за иднината, секогаш цел ми е да заработувам толку многу што маж ми нема потреба да работи ништо, и да можам да овозможам се на фамилијата. Тоа и му го предложив на дечкото, да дојде и да не работи , се надевам и ке го убедам во тоа. Од каде ви е побогу идејата дека лугето што сакаат да заработуваат пари се безчувствителни монструми. Може неам таков мил речник кога зборувам за тоа, може круто звучи кога правам муабет за дете изгледа ко за кола да правам муабет дали да купам или не, но тоа не значи дека сакам да родам дете и да му го треснам на некој 20 години само пари да му пракам. И да не беше кариерата, таков човек сум и љубовта спрема малите деца ја искажувам поинаку, ме нервира кога ке видам тетка како шљапка избакнува мало дете. И љубов спрема партнерот така искажувам, без многу поезии , не давам многу внимание ни па барам многу внимание. Ете ги прочитав мислењата од мајките тука, се знам каков карактер сум и можам веке да претпоставам што би ме очекувало ако постапам вака или онака.
Јас мислам дека конкретно членката си има развиено сопствен бизнис (така имаше пишувано ако не се лажам), па логично е дека ќе биде врзана за работата, ајде за газда да работиш ќе напуштиш па ќе бараш друга работа, ама под претпоставка да си градел нешто со години и туку така да пропадне, па баш и не е лесно. Најлогичното решение што е и спомнато е сопругот да дојде кај неа па да бара работа, иако би можеле и да патуваат, 200 км се саат време пат. Па и да живеат одвоено е можно и изводливо, колку парови има каде што едниот е во странство или друг град, се е тоа ствар на навика, и детето како ќе го научат така ќе се навикне. @kikikikirika мене и сестра ми татко ми не изчува зашто тој период се погоди да не работи, мајка ми во 2 смени сме ја гледале минимално а секој викенд бевме по баби/тетки, па ништо не ни фали. Има жени и по 3 смени што работат, во оваа држава освен администрација 8-4 скоро се е сменски, кога се работи за гола егзистенција мора и жртви да се прават.
Јас би ја советувала @kikikikirika да не брза. Веројатно ова што ни го објаснуваш на сите за тебе е долку едноставно и лесно но за многумина е несфатливо. Со право, зашто е навистина необичен начин на живот. Затоа и бурните реакции од многумина. Но, тоа не дава право на никој од нас да ти судиме, ниту да ти попуваме, само мое мислење е да не се впушташ толку брзо во нешто што не знаеш како ќе се одвива. Момакот можеби сега е сигурен дека може се сам, но што ако утре сфати дека не може? Нема да можете да го вратите детето назад. Воедно може да ти го кажува ова зашто се плаши дека може да те изгуби. За голем дел од работите си во право, екстремно е тешко без финансии, но тоа не значи дека може без внимание и љубов. Заемно двете прават цело. Стрпете се уште неколку години додека можете да најдете компромис, додека ете он не се снајде да дојде кај тебе па заедно да може да уживате во семејството. Зашто мислам дека за семејство се потребни двајца.
Баш тоа Мона. Му понудив да работи кај мене, не сакал, тоа не му било прифатливо. Ама ке го средам Инаку уште еднаш по 100 пат ви благодарам на сите.
Ниедно дете не треба да биде оставено од мајка поради било која причина.Пари се печалат цел живот,алишта се износуваат,спомени се градат еднаш во животот. Имавме во фамилија мајка која после разводот на суд кажа дека не е спремна да си ги гледа децата(девојчиња од 7-8 години беа тогаш).Ги остави на сопругот и свекрвата.Она си тргна по ‘бизнисот’.И не се врати веќе. Не им ја знаете тагата на тие деца во очи кога ке се соберевме на некој фамилијарен настан.Повлечени,тикви,без насмевка.Приметив неколку пати како ме гледаат кога ќерка ми ке дојдеше да ме гушне,да ме праша нешто а они двете тутнати настрана и само посматраат.Им фалеше мајката многу.Само слеп не би видел.И сеуште незнам како имаше срце да ги остави?? Дете не е периодичен предмет.Налет на таа ваша квази кариера кога сте унесреќиле една невина душа.Не се занесувајте дека баба може да замени мајка.Не ги гледајте познатите со дадилки.Дадилките патуваат секаде со нив.Не се оставени без мајка пак. @kikikikirika спомна странство и породилно.Другарка ми не го остави три месечното бебе и не се врати на работа.Го изгледа ,го пушти во градинка па се вработи.Твоево нема изговор ,никаков. Си призна на себеси и си го доби одговорот самата.Дете не е за тебе барем не сега под овие услови и во ова време. А тоа што некоја мајка останала 2-3 години дома не ја прави безработник,ниту мрза.Она напраила приоритет.Избрала дете пред работа.Затоа што работа се наоѓа ,дете не се враќа назад
@kikikikirika јас само едно те ќе ти кажам што сум слушала од жени кои родиле. Прво слушни му го срценцето на ехо, па првото клоцање во стомак, па првото гледање на бокс, погледите, кога тоа мало суштество ќе излезе од тебе.. не верувам дека ќе имаш срце да го оставиш ни 5 мин да го гледа друг а не па да си правиш вакви филмови. Прво скокни па речи оп! Јас не сум родила, ама имам 5 внуци кои ги сакам како мои. Мене ми недостигаат кога нема да ги видам на Скајп 1 ден ( зашто живеат во друг град во македонијава), а не да ми е мое. Така да за бракот може да функционира, ама односот мајка - дете... не брзај. Него му се чува дете, зашто мисли дека со тоа ќе те врзи кај него.. размисли, сериозни теми се ова.
Значи тука лежи зајакот. Сега имам појасна слика за вашата врска. Читајќи меѓу редови можам да заклучам дека дечко ти не сака да ја напушти работата и целосно да е зависен од тебе. Види, јас иако не можам да го сфатам и разберам таквото функционирање на една врска, ако вам ви одговара и функционирате одлично, тогаш далечината не треба воопшто да ја коментираме. Но, тоа важи додека сте во врска, па ајде нека ви функционира и бракот, ама детето не би смеело да трпи. А да расте неколку години без мајка, прво е ризик, второ не е хумано. Реално, вие не сте на раб на егзистенција за да ти го оставиш детето да расте без мајка а ти да печалиш пари.
И не дај боже дојде до развод нрма никогаш да си го види детето затоа што како мало го оставила, несоодветна мајка итн..
Како што ја имам читано членката по други теми, добро заработува. Погоре кажала дека дечко и не сака да остави работа и да премине да живее кај неа. А верувам би имале доволно финансии за почеток. Значи тој не е спремен да се жртвува (за кратко, сигурно со тек на време ќе најде некаква работа), таа исто така не е спремна да остави работа и да живее кај него. Ниту еден од нив двајца не е спремен на компромис (а бракот и семејството се и те како компромис), но сакаат бебе. Невозможно. Тој не сака да направи МАЛА жртва, а демек ќе менувал пелени, ќе гледал бебе - новороденче, кое е и те како ПОГОЛЕМА жртва од оставање работа. Да видам, да не верувам. Очигледно не е ни малку свесен што тоа претставува. Или ќе го гледаат бабите, а тој само ќе се брои во гледачите. Луѓе оставаат се, многу повеќе од работа, заминуваат на другиот крај на светот за заеднички живот, овде тегавење за од еден во друг град. Јас не би брзала. Не сте престарени. Подобро една, две години подоцна, отколку да се роди дете кое ќе биде осудено да го гледа 'кој ќе стигне' баш тогаш кога тоа треба да учи за животот. Ќе се сложам со другите членки дека не е исто да оставиш бебе и да оставиш дете кое разбира и горе-долу некако можеби ќе прифати дека нема да ја гледа мајка си секој ден. Јас не би сакала кога ќе дојдам дома моето бебе да не ме познава и кога ќе му побарам раче за да го земам, да не ми подаде или да почне да плаче... И не е баш така едноставно дека кога и да му затребаш, ти одма ќе стигнеш. Родилки тргнуваат на работа 2-3 месеци по пораѓај, ама работата им е на 15-20 минути од дома. Твојата не е. Плус, после работата, тие пак се со бебето. Ти нема да си.
Нoв мoменАт Пaзи дa не му е блеф oнa декa сaм ќе гледa дете, зa дa те прибере oтпoсле вo рoдниoт грaд и дoмaќинкa дa те стoри, сo нaбивaње винa зa дететo. Сaмo мислa oд мoјoт пoквaрен мoзoк
@kikikikirika штом сакаш да му родиш дете не се сомневам дека го сакаш човекот. Кога ќе го родиш детето ќе бараш од модераторите да ја избришат темава зошто ќе видиш дека од дете ништо повеќе не се сака.
Хммммм глупо .... Зошто би се мажила ако до мене немам маж ? Неизводливо ми е ова , немам предрасуди , но се знае зошто жената стапува во брак со маж , и зошто мажот стапува во брак со жена .
Мајка ми што кога била со мене цел живот, имаме никаков однос, џабе си крај детето кога сите не ги бива за родители. Кикирика, да оставиме дете настрана. Тоа ми е многу одење напред, па и да речеме се согласувам со некои од коментарите дека дете не се остава така. Пробај прво да живеете вие заедно, да видите некое време како ќе ви оди, бидејќи да го гледаш секој ден и да сте на километри оддалеченост не е апсолутно исто. Прво решете го некако статусов врска како ќе тера, па после размислувајте заеднички за како ќе ви одговара да гледате фамилија, ако дојде до тоа. Крај краева, вие си знаете колку се сакате, колку сте спремни да жртвувате и кој начин ви одговара за понатака, јас искрено не би ни прашувала совети од други особи за вакви индивидуални работи.
@kikikikirika која е поентата. Ти кажа и дека не сакаш да научиш да чуваш бебе. Зашто да го раѓаш? За да го врзеш мажот? Тотално wrong. Терај кариера Греота ме фаќа уште сега за неродено бебе.
Сања, за жал и повеќе од очигледно е дека има многу луѓе кои што најмногу се сакаат себе си. Се мажат/женат и создаваат семејство само за да бидат во склоп со тоа што општеството и нивните блиски го очекуваат од нив. Само за да го тераат 'редот' во животот кој се створил од одамна, па ете, заради привид и зачувување на сопствениот интегритет за тоа што ќе речат другите, прават работи кои никогаш не би ги направиле ако се прашуваат само тие.