@kikikikirika убаво е што двајцата размислувате и си ја планирате иднината. Далеку полошо би било да се роди детенце непланирано па да ве фати збунети. Секоја од членките што ти пишала е во право..па и ти можеби си во право-никој незнае однапред да каже. Но, само едно ќе ти кажам: штом тоа малечко ќе почне да ти "квичи" и да ти се мушка под пазуви гладно, верувај ми дека НЕМА да го оставиш на таткото. Мајчинскиот инстинкт кога ќе се појави,ќе бараш начин како да бидеш со него Да не мешам теми..не е место..ама сакам пример да ти дадам- неубави бракови опстојуваат додека децата станат полнолетни и после ќе чуеш-се развеле..биле во брак и заедно живееле поради децата..чекале да пораснат. Секоја мајка неможе да издржи чедото да и го одгледува друг. Но, сите сме различни. Дај Боже да дојде денот да родиш и да го пркнеш.. ...па да ни пишеш тука,ама искрено