Нормално дека ќе осудува, нејзино право е како ќе ти одговори, ти бараш јавно и на форум совет, што очекуваш? Тапшање по рамо? И убаво ти збори, утре нема да добиеш врз нив старателство, зошто си ги оставила таму, јас нема да ги оставам и не сум ги оставила, со мене си се, не постои на светов препрека која ќе ме натера да си оставам дете! Не постои. Прај што ќе правиш, земи си ги децата со себе, и најди добар адвокат, секако ако сакаш да задржиш старателство, ако не терај си вака. И да, треба да прифатиш критика, не размислува секој како ти, некој дава совет од лично искуство, и тоа ти е реалноста што ти ја пиша членката.
Па нели родителството беше 50/50, нели немаше разлика во улогата на мажот и жената. Зошто тогаш да е трагично ако при разделба децата се кај таткото... ? Која е разликата во тоа да го гледаат таткото само за викенд или да ја гледаат само мајката за викенд? Нели исто беше, феминизам ово, оно..
Аууу, направивте као децата во дом да ги оставила. Шо бидна со тоа "и таткото е родител и он заслужува да ги има/гледа децата" ? А? Или тоа не се важи сега? Или таткото е куче , не треба да го сметаме за родител. Жената ги оставила децата кај таткото, а не на улица. Дали ќе бидат кај него или кај неа, битно кај родителите се а не на улица. И битно она си ги гледа секој ден. Не се мешајте таму кај шо не ве собира, не знаете каква и била ситуацијата на членката шо така направила. И не ми почнувајте со тоа " јас деца никад нема да оставам!!!" .... ќе оставиш, ќе оставиш и оро ќе играш кога ќе те остават на улица, без кров и без родители да ти помогнат. Оти во тој момент знаете шо е најсебично? Да ги земеш децата со себе на улица да мрзнат и да бидат гладни. Ама не, вие со себе ќе ги земете, јаките мајки. Јака мајка е таа шо мисли на детето како ќе му биде подобро.
Зошто децата да бидат по секоја цена кај мајката, ако таа не е способна да ги изгледа или би била штетно влијание за тие деца?
Па тоа и јас велам. Зошто ја осудуваат членката што не живее со мажот и со децата. Зошто е толку погрешно што ги оставила на мажот..
Зашто не ми е појмливо жена да си остави 2 и 4 годишни деца. Затоа. 9 месеци под срце носено и да ги оставам? Да кај татко се, ама во тие години им треба мајка. Не зезајте сега овде феминизам да мешате. Кај да е ќе ја читате членкава по темине зашто ЦСР не и дава старателство, па маж и дома нова ќе си донесе.. нека не си игра. Знаеме каде живееме за жал.
И таткото има право на децата, колку и мајката.. Проблемот не е што му ги оставила на таткото.. Родител (без разлика мајка или татко) што си ги сака децата не би сакал да остане без нив и не се решава така што ќе ги оставиш само и ќе си заминеш или ќе речеш "па добро земи си ги со тебе"... Ако веќе вие не се согласувате а имате деца мора да седнете како двајца возрасни луѓе и заедно да одлучите што со децата и како би било најдобро за нив додека судот не одличи.. Девојкава буквално од инает ги оставила, свекрвата и се мешал во родителството, таа не сакала и рекла "па ако знаеш подобро еве чувај ги ти".
На цср ама ич дундите не ги боли, да ги остави и ич да не ги погледне и да се врати после 100 години да ги бара, пак ќе и дадат да ги гледа.
Ne e taka, ke ja proglasat za nesoodvetna, nesposobna majka. Plus decata se mnogu mali, koj znae se sto ke im zboruva losata svekrva na niv protiv nea... Moze da ja zamrzat. Neznam losa rab e...
Луѓе, не ѝ ги знаеме сите околности. Децата се кај татко им, кој им е родител, не се кај туѓинец. И не туку ја плашете. Не значи дека децата нема на неа да ѝ припаднат. Тоа зависи од повеќе фактори, не само од тоа кај кого седат.
Доколку не е алкохоличарка и дрогирашка, за ништо неможат да ја прогласат. Плус, секој ден си ги зима кај неа. Како ќе ја замразат? Фактички само за спиење одат кај таткото.
Neznam navistina losa situacija...Jas sum dete od razvedeni roditeli i po sebe znam koga bev mala odev i kaj majka mi i kaj tatko mi.... Babi dedovci mi go napravia mozok kasa koj e los koj e dobar.
Не те разбирам шо сакаш да кажеш. Чим она нема проблем за да ги гледа и зима кога сака, ок е работата.
Ајде ти се молам. Таа поради свекрва ги оставила, се мешала, не знам ти што. Како може се прашувам и јас. Незрело ептен.