1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак - доживотна робија ;)

Дискусија во 'Насмевка' започната од Snow-Queen, 3 февруари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ДЕФИНИЦИИ НА БРАКОТ

    1. ЖИВОТНА:Во бракот ни една жена не го добива она на што се надевала и ниту еден маж не се надевал дека ќе го добие тоа што го добил.

    2.ПРАВНА:Бракот е доживотна робија во која осудените можат да бидат ослободени само ако лошо го владеат.

    3. МАТЕМАТИЧКА:Бракот е собирање на тормозење ,одземање на слобода ,множење на одговорност и делење на пари .

    4.ВОЕНА:Бракот е војна во која спиеме со непријателот .

    5.ЗДРАСТВЕНА:Бракот е најбрз начин да се здебелиш.

    6.ФИЛОЗОВСКА: Бракот е место каде заемно се делат и решаваат проблеми кои не би ги имале кога не би биле во брак.

    7.СЕКСУАЛНА:
    а) ПОРАНО 2 пати дневно ......... ПОТОА 2 пати неделно ;
    б) ПОРАНО Те оставала без здив ......... ПОТОА Те гуши;
    в) ПОРАНО Треска во сабота навечер ............ПОТОА Фудбал во недела навечер
    г) ПОРАНО Се прашувам што би правел без неа .......... ПОТОА Се прашувам што би правел со неа
    д) ПОРАНО Еротично ......... ПОТОА Невротично
    ѓ) ПОРАНО Вчера спиевме на каучот ........ПОТОА вчера побегнав од неа и спиев на каучот



    Пишувајте и други интересни "факти" за бракот
     
    На LUCERKA, srcekrsacka, Nine25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се омажите...

    Ова е типичен пример како се менуваа нештата кога ќе стапите во брак. Како се однесува мажот после 7 дена, 7 месеци и после 7 години брак? Проверете дали има вистина!

    1. Оженет 7 дена – Те сакам!
    - Оженет 7 месеци – Секако дека те сакам!
    - Оженет 7 години – Да не те сакав до сега ќе си отидев!

    2. Оженет 7 дена – Драгааа, стигнав!
    - Оженет 7 месеци – Здраво, дали е сè во ред?
    - Оженет 7 години – Ме бараше некој?

    3. Оженет 7 дена – Драгааа, те бара мајка ти!
    - Оженет 7 месеци – За тебе.
    - Оженет 7 години – Телефон.

    4. Оженет 7 дена – Потполно се согласувам со тебе.
    - Оженет 7 месеци – Не се согласувам со тебе за тоа.
    - Оженет 7 години – Ти глупа си или што?

    5. Оженет 7 дена – Преубава си во овој фустан.
    - Оженет 7 месеци – Пак нов фустан?
    - Оженет 7 години – Колку го плати?

    6. Оженет 7 дена – Драга, вечерва го има твојот омилен филм
    - Оженет 7 месеци – Дали си сигурна дека сакаш да го гледаш тој филм?
    - Оженет 7 години – Не, вечер ќе се гледа фудбал!
     
    На Nine25 и Marbella им се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Како најчесто започнуваат караниците помеѓу мажите и жените? Колку голема причина е потребна за да ви дојде преку глава и да започнете расправија?

    Неколку примери:

    1. И предложив на жена ми во супермаркетот да купиме пиво за 500 денари. Рече дека не доаѓа предвид и без да ми каже си купи крема за лице од 1.500 денари. И реков дека ќе изгледаше поубаво со гајба пиво отколку со кремата. И така започна караницата...

    2. Пред некој ден ја прашав жена ми каде сака да одиме за годишнина од брак. Таа ми рече: „Некаде кај што не сум била до сега никогаш.“ И предложив да одиме во кујната. И така започна караницата...

    3. Додека ја гледав својата омилена емисија, жена ми седеше покрај мене и ме праша: „Што има на ТВ?“ – „Прашина“ и реков. И така започна караницата...

    4. Жена ми изрази желба за роденденски подарок. Ми рече: „Сакам нешто црвено што се може да оди од 0 до 100 за 3 секунди“. И купив црвена вага. И така започна караницата...

    5. Жена ми се погледна во огледалото и беше незадоволна од она што го гледа. „Се чувствувам ужасно, имам вишок килограми и темни подочници“. Веднаш и дадов комплимент за да и олеснам. И реков дека затоа пак видот и е совршено добар. И така започна караницата...

    6. Бев со жена ми на годишнина од нејзина матура. Еден од присутните не престана да пие чашка за чашка. Ја прашав жена ми дали го познава. „Секако“ ми рече, „долго бевме заедно и кога раскинавме почна да пие и од тогаш не престана“. А, јас и велам: Кој би рекол дека толку долго ќе слави човече... И така започна караницата...

    Кој вели дека мажите се со усул?!
    Извор
     
    На Amore, srcekrsacka, Marbella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    1. :up:
    2. :up:
    3. :up:
    :clap:
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Мене овие дефиницииве воопшто не ми се допаѓаат. :D
     
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Јаки се сите ама ова е врв
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342

    :D и мене ова најмногу ме изнасмеја :rofl:
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Бракот е лотарија во која мажот на коцка ја става својата слобода, а жената својата среќа!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417

    :D :D :D
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Македонски предбрачен договор
    Еве како би можел да изгледа:

    1. Гледање серии е дозволено само кога се репризите, меѓу 2 и 5 часот наутро по средноевропско време. Тон не е дозволен.

    2. Гледање реални шоуа не е дозволено ниту во главен ниту во репризен термин затоа што го контаминира мозокот што може да има понатамошни последици по животот.

    3. Мир и тишина за време на фудбал е од витално значење за мирот и тишината во куќата. Во овој период забрането е движење на другарки низ домот затоа што произведуваат поголема галама отколку стадион со 100.000 навивачи.

    4. За време на гледање телевизија, сосема е нормално нозете да ги држам на маса.

    5. Телефонските одговори ако траат помалку од 10 минути, се одвиваат во просторија во која јас во тој момент не егзистирам. Ако се подолги од 10 минути, се одржуваат на тераса.

    6. Трошките ќе бидат избришани покасно.

    7. Гаќите и чорапите ќе ги соберам утре.

    8. Две ракии пред ручек и едно пиво после ручек се традиционален ритуал во моето семејство и како такви се неизоставни. Две пива пред спиење не е ритуал, но исто така се неизоставни.

    9. Ручек правиш ти. Гаќи переш ти. Ти пеглаш. Ти ја чистиш куќата. Јас цепам дрва, отварам тегли, убивам бубачки и претепувам потенцијални крадци. Можеме да се замениме ако мислиш дека ти можеш да совладаш пијаница што дошол да ни го украде бојлерот.

    10. Киселата зелка не смрди и се става секоја година.

    11. Кумот во куќата е пожелен како хуманитарна помош во Сомалија.

    12. Пушењето во домот е дозволено и пожелно во неограничени количини и во сите простории.

    13. Името на синот му го давам јас. На ќерката можеш ти, ама секако сите ќе ја викаме „сине“.

    14. Синот уште од раѓање се облекува како машко. Нема да има ни дамка розева.

    15. Инцидент од типот твоите родители на гости, може да се случи само на роденден.

    16. Ако сме двајцата во кола, возам исклучиво јас. Ако сме двајцата во кола, ти трезна, а јас пијан, пак возам јас.

    17. Друштвото е институција. Еднаш во неделата задолжително посетувам кафана, а ти оди кај сакаш.

    18. Сексуалните односи не се практикуваат почесто од три пати неделно. Кога децата ќе тргнат во школо, само кога ќе донесат петка на писмена. Кога ќе тргнат на факултет, само на денот кога ќе дипломираат.

    Со љубов, твојот иден маж.
     
    На baby-star и aklif им се допаѓа ова.
  11. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    ни се допагаат или не,дефинициите се многу точни,
     
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    и што?

    а извини кои дефиниции? јас не гледам ни во наслов ни во коментар дефиниции? и од каде заклучок дека твојот наслов е точен ?

    уствари да еве јас ќе ти кажам тазе сум мажена, мажот ми ме заклучува ме тепа не ми два да јадам ни да се дружам, ме држи во темница што да ти каќам робја бетер од црнците на времето...

    да не се мажиш воопшто
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Младоженец веднаш после свадбата својата сопруга во мобилниот телефон ја меморирал како МОЈОТ ЖИВОТ.
    После 1 година ја преименувал како ЖЕНА МИ.
    Полсе 3 години ЦВЕТА.
    Полсе 5 години ДОМА.
    После 7 години БАБА РОГА.
    После 10 години НЕ КРЕВАЈ
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
  15. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Ахахахахха,многу вистинито.
     

    Прикачени фајлови:

    • 480x281_b3ed.jpg
      480x281_b3ed.jpg
      Големина на фајлот:
      83,2 KB
      Прегледи:
      150
  16. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Добро е што имам уште многу години за да стапам во брак иначе тешко вас што сте во брак.Иако не е кај сите така!
     
  17. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    јас не се согласувам со овие дефиниции, вицеви, но сепак ми се интересни за читење :lol:

    еве еден виц од мене:
    здраво господине ја имате ли книгата „ Мажот е газда во куќата „?
    - Господине, бајќите се на вториот спрат :rofl: :rofl:
     
  18. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Еве сега го најдов

    Разговараат двајца во кафеана:
    - Ех... Едно време многу сакав една жена.
    - И што? Се омажи за друг?
    - Ма, јок бе! Се омажи за мене!!!
     
    На NORA17 му/ѝ се допаѓа ова.