1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак-како до поуспешен заеднички живот?

Дискусија во 'Брак' започната од avemaria, 13 декември 2010.

  1. avemaria

    avemaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Толку е убава самата помисла дека конечно ќе живееш со некој кој те исполнува ,ќе ти го симне небото со еден збор ...но што се случува по неколку години поминати заедно???!!!!,доаѓаат дечиња се се менува вниманието се посветува кон нив ..а жената??каде е нејзиното внимание!!
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    Мислам дека тајната на успешниот брак е компромис. Ако е силна љубовта, има жртвувања од двете страни и компромис од дваицата партнери тогаш не би гледала причина зошто да не успее еден брак.
    Децата се само круна на бракот, ако правилно се постави балансот на релација дете-маж/жена тоа би било полн погодок. Честопати се губат во простор и време дваицата партнери со доаѓањето на децата во семејството и настануваат кризи.
    Мислам дека секоја помината криза не прави поотпорни за следен удар а и повеќе зближува. Ништо не е идеално па така и бракот. Ако би било се во ред тогаш нема да е интересно :) .
    ...ај да не филозофирам повеќе... :D
     
    На dejana2 и Serafima им се допаѓа ова.
  3. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    тајната за успешен брак јас мислам дека воопшто не се работи за тајна до успех,само треба да постои огромна љубов,взаемна доверба хармонија и најважното,да постои тајна... да не и кажува се на мама мажот и се ќе биде ок.ако биде тужибаба и се и се жали на мама и кажува за тајни сто ѓи знаат само сопружниците џабе и компромис и се, таквиот маж никогаш нема да порасне.
     
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Тајната се состои во разбирањето, поголемите финансиски средства, меѓусебната блискост, заедничките интереси... Но пред се разбирањето. Зошто ако нема во еден брак слога, разбирање, и пари помеѓу партнерите секоја останата вредност се губи со тек на време.
    Велам парите бидејки денес 80% од браковите, не само во Македонија туку и во светот се разведуваат поради оваа причина. Неможат да се усогласат околу трошењето, постојано си нафрлуваат вина еден на друг и во овој случај доаѓа до конфликт, расправии и растурење...
    Ако во бракот има толеранција, разбирање и пари многу добро ќе функционира. И секако љубов! Но, таа повеќе би кажала дека е споредна.
    Најмногу постои додека не се родат децата. Откако тие ќе се родат сето внимание се обрнува на нив повеќето и делумно работите не остануваат онакви какви што биле порано.
    Бтв ова го кажувам според моите родители. Т.е. ова се зборовите на мојата мајка која со тек на време сфаќам колку се вистина, гледајки го сето она што се случува околу мене. :)
     
  5. mence91

    mence91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Без љубов нема среќен брак

    Полова љубов произлегува од потребата човекот да е со некоја особа од спротивниот пол кој физички ја привлекува, соживува и чуствува во права смисла.Тогаш луѓето кои се сакаат ја користат секоја можност да бидат заедно. Тие взаемно ги изразуваат своите чуства, уживајки во истите настојуваат да угодуваат еден на друг и да си помагаат во секое време.Тие исто така си налагаат да изнајдат заеднички интереси, склоност и вкус и завземаат еднакви ставови за различни прашања во животот.
    Вистинската љубов овозможува, луѓето, брзо и едноставно да се вклопат во тоа по што се разликуваат и пронајдат заеднички јазик.Без искрена желба за зваемен однос со партнерот, нема ни вистинска љубов, но нејзе ја нема ни тогаш кога спрема партнерот се чуствува само физичка привлечност. Може да се соживееме само со некој кој ни е барем малку сличен на психичките особини. Затоа помеѓу луѓето со различни животни сваќања , тешко може да се развие вистинската љубов. Таа обично станува кршлива кога две особи значително се разликуваат по своите склоности, навики и животни амбиции. Не можеме да сметаме на љубов ниту од оние особи кои сакаат да се наметнуваат и да имаат владетелски однос спрема партнерот. Тие пак кои никого не сакаат, па ни себе, неможе да го сакаат ни својот сексуален партнер.За љубов не се способни ниту сомнителни луѓе, тие се опседнати со недоверба, а тоа ја убива љубовта.
    Две особи кои взаемно се сакаат , организирањето на заедничкиот живот не го гледаат како некое оптеретување. Взаемното прилагодување во животните навики ги исполнува со радост и се радуваат на сето тоа што можат да го направат еден за друг. Тие знаат како секој проблем, тешкотија или опасност што ќе се појави во животот да го доживеат заеднички и заеднички да го решат. Затоа бракот никогаш не го доживуваат како терет.
    Во спротивно кај браковите кои не се изградени со заемна љубов на две особи во таква брачна заедница заедничкиот живот од ден на ден им станува се потежок. Наместо љубов во него се појавува се поголема заемна несогласност. Ова ги прави партнерите да се поосетливи на взаемното однесување, се пораздразливи и предизвикува заемна агресивност
    На прв поглед е несфатливо две особи кои основале заеднички дом, само поради тоа што и двајцата биле заинтересирани да основаат такво нешто, неможат да изградат мирен добронамерен однос од една едноставна причина, бидејќи не постои вистинска љубов помеѓу нив. Некои луѓе стапуваат во брак поради една разумна постапка со што би добиле свој животен стандарт, свој дом, семеен живот, чуство за животна сигурност итн...Но секој маж и секоја жена, кои стапуваат во брак, очекуваат дека во него ќе пронајдат не само животна заедница со таква содржина, туку и здоволување на одредени емотивни потреби.Во еден брак треба да се внесуваат одредени емоции од двете страни и да не се очекува дека во тој брак ќе пронајде внимание, разбирање и топли чуства, доколку претходно не вложи ништо во него. Љубов може да постои само ако ја храниме, и негуваме. И најголемата заљубеност на едниот партнер, може да избледи доколку другиот не го подржува, а тоа е затоа што другиот партнер влегол во брак без љубов.
     
    На bibush, sakamdasumsreknabar1 и nitokris им се допаѓа ова.
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Искрена љубов,секако и голема улога има толеранцијата меѓутоа да биде взаемна,ако нее нема ништо
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.269
    Љубов, а ако се има таа ќе има секогаш и компромис.
    Многу важно е и взаемното познавање на сопружниците и кажувањето на вистината онакаква каква што е. Добра или лоша.
    Факт е дека додека сме живи, никогаш нема да се научиме кои сме, но од страт имаме своја слика какви сме, во се. Тоа би значело да премолчиме кога тоа е потребно и да изреагираме, кога тоа би било права прилика. Се со цел да се укаже грешката и да се поправи таа. Или, да се премолчи и да не се избрзува, зашто понекогаш се даваат прерани лажни заклучоци, а реалноста не е таква.
    Балансирање во се :) .
     
    На *Dariceto*, dejana2 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    99.742
    Пол:
    Женски
    Љубов .... :l:

    Љубов е она што потребно.Љубов зачинета со висок степен на толеранција и страст.Ама не таква од која само се има пеперутки во стомакот,(кои патем никогаш не ми биле интересни),туку љубов од која се чувствува дури и физичка болка за другата половина,таква љубов е потребна за да се одржи бракот во вистинска смисла на зборот.Да не биде тоа брак само на хартија,заради децата, заради околината и заради не знам уште која причина.Има милиони бракови,кои секако опстануваат на овој или на оној начин,но за да опстане да биде поуспешен,подлабок треба навистина многу.Секојдневно да се вложува во партнерот.Исто како да негуваш цвеќе,ако го залеваш редовно дава преубави цветови.И само така ,секојдневните тешкотии кои се појавуваат,ќе се пребродат..и не велам дека излегувањето од секој проблем ќе не направи посилни.Сакале ние да признаеме или не ,секој проблем си го зема својот данок,...но ако е љубовта тука , е тогаш се е полесно :)
     
    На dejana2, Mishela, Peppermint и 5 други им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    :inlove: Љубов и разбирање и смиренот е добро да е кај двајцата,затоа сто кога ке се сакате толку силно ке се сетите на вас двајца и во момент на тага или кавга,кога ке се карате за несто ако постои љубов и двајцата по малце ке се потсетат на таа љубов и ке заборават на тие кавги..
    љубов,разбирање мегу себе, смиреност.
     
    На bibush и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  10. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Многу важно е и взаемното познавање на сопружниците и кажувањето на вистината онакаква каква што е. Добра или лоша...
     
  11. K-8

    K-8 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    12
    љубов..е шо е то љубов.почитување компромис бла бла...турски среии. не мислите дека тоа е многу теортски кажано за разлика во реалноста? според мене за да те сака некој треба да има причина за тоа. значи ниe сме причината заради која сме сакани и заради која некој воопшто се заљубил во нас.значи ако ние избегаме од она НИЕ однодо она ЈАС тогаш и да не се чудиме зошто некој повеќе не не сака. Значи луѓе ако сакате да имате убав брак обрнете си внимание на себе немојте да бидите егоисти туку дадете си потребна доза за да бидете во топ форма психички и физички и така сите ќе ве сакаат и ќе сакаат да прават компромис со вас само да бидете во нивно друштво :)( облечете минич кога сте со сопругот, за тој да не мора да се врти по другите девојки што го носат)
     
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    извини К-8 ама не се согласувам со тебе кратката сукња не е гаранција за успешен брак. да љубов почитвање и компромис се најбитните работи и не е турска серија (не ни знам што се прикажува не ги гледам)

    мојот мм има целосно право да се врти по кратки сукњи и јас тоа го правам и дозволено му е но тоа не значи дека оди по други жени, туку дека се чуствува слободен а не задушен од својата сопствена жена.
    јас не носам миничи никогаш па маж ми е ненаситен на мене, секое утро кога се будам ми кажува колку сум убава и колку ме сака а верувај тоа не е заради кратките сукњи.

    нашиот успешен заедники живот веќе неколку години се должи на меѓусебното разбирање без разлика дали се работи за работа пријатели или семејство. се знае јас и он сме најбитни и никој неможе да се меша. не се гушиме меѓусебно и не се оптеретуваме со се и сешто. си помагаме меѓусебно и се разгалуваме. работиме и создаваме заедно печалиме и се радуваме на секоја ситница бидејќи е наша лично наша никој не придонел за нашето заедничко создавање. претпоставувам дека не е исто кога се живее во заедница и кога веќе ви дале покрив над глава и помош страите се осеќаат помоќно а сопругот сигурно се осеќа должен... и на крај секоја врска зависи од карактерите на двајцата супружници.
    ниеден брак неможе и не треба да се споредува.
     
    На Peperutka-bt, Espadrila, DeMelo и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Колку мажи имаат сопруги авион, па изневеруваат без пардон,така што миничот и изгледот немаат врска со успехот на бракот. Добра амбалажа има надвор во секое време,многу поважна е внатрешноста и комуникацијата која ја имаат партнерите.
    Факт дека ниеден маж не сака запуштена дебела домаќинка што мириса на запршка и гледа серии по цел ден, ама и далеку од тоа дека миничот го задржува интересот на мажот и бракот.
    Според мене најважно е со партнерот да се биде тандем за се во животот,да се има дијалог и разбирање за секоја тема и проблематика и ништо и никој однадвор да не може да ја наруши таа рамнотежа. Кога сопругот освен љубовник ќе ви биде и најголем другар и заштитник, кој ќе ве почитува и како сопруга, мајка и женско суштество кое треба да се негува, тогаш не треба посебен рецепт за поуспешен брак.
    Ако го нема тоа, џабе се сите миничи, штикли, фризери, козметичари за разубавување, се е само фасада на празна куќа.
     
    На vickyy90, MandyLane, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Според мене:

    1. Се одредуваат правилата на игра од самиот старт;

    2. Сигурен/а си дека си доволно независен/а да можеш да си заминеш во случај на ситуации низ кои не сакаш да поминуваш (малтретирање, неверство и сл.). Aко сакаме успешен заеднички живот, мора да сме сигурни дека двајцата се чувствуваме сакано, почитувано и удоволено во таа заедница;

    3. Доверба (со мала резерва, не треба да изгледаш параноичен/а, но не смееш ни да дозволиш да те прават будала);

    4. Толеранција (но не до таа мера да дозволите да бидете газени);

    5. Меѓусебна поддршка во тешки моменти (ако кога ви е тешко очекувате мажот да ви биде рамо за плачење, би било фер истото да може тој да го очекува од вас).
     
    На bibush и Annath им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Од интернет:
     
  16. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    УСПЕШЕН БРАК-Е ТОА СЕКОЈ НЕ ГО МОЖЕ ! ЏАБЕ ТИ Е И ДА ЧИТАШ, И ДА ПРАКТИКУВАШ, ПРИМЕНУВАШ АКО НЕМАШ ВО ГЛАВА ЏАБЕ Е СЕ ...НЕ МОЖЕ ДА ГЛУМИШ НЕШТО ШТО НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ...И ГЛУМЦИТЕ КАКО ГЛУМЦИ ПОНЕКОГАШ ГРЕШАТ ВО СВОЈОТ УЛОГА НЕЛИ :) Е ПА ДРУГО Е ДА БИДЕШ ВО ФИЛМ, А СОСЕМА ДРУГА Е РЕАЛНОСТА :D :)
     
  17. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    мозе ли совет ?
    како да го заинтересирам јас сум се по дома и немам некои интересни теми за разговор.порано јас давав совети во друството но сега сум оут од сите слуцувања.за жал се разоцарав бидејки не сакам да бидам затупавена.пробав со некои интересни вицеви,разговори околу деца,поцнав диета да се разубавам и се сминкам и фрузури правам за по дома.
    писете совети ве молам
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.715
    Допаѓања:
    35.125
    Пол:
    Женски
    Со љубов, разбирање, толеранција, поддршка, искреност, доверба. Ако ги нема овие работи, бракот нема да успее.
     
    На simply-red му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Најди некој нов интерес за себе, посетувај курсеви, обуки, информирај се за тоа што е во тренд. Секако разубави се, но внимавај да не бидеш нападна и ограничена само на тоа како да му го задржиш вниманието. Посвети се на себе си. Тој ќе примети дека си задоволна од себе, дека има нешто ново кај тебе и така ќе му станеш поинтересна.
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.345
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова *посвети се на себе* Пронајди си интерес, исполни си го времето квалитетно. Се со цел да си ја подобриш самодовербата. Сакај се и цени се себе повеќе, па ќе те цени и тој, ќе видиш реакција.