Истово го мислам, дека му е прва и дека е неискусен, а оваа е некоја што нашла наивен за да се омажи, млад и убав, што го врти на мал прст зашто е неискусен. Ама не мислам дека и она прави паметна одлука. Сега може да мисли млад дечко, ова она, но да размислиме од другата страна. Меч со 2 острици е. Нема вечно да остане и тој толку млад и неискусен. Ќе поминуваат годините, ќе се освестува. Нејзе ќе ја фати климакс кога он уште нема има ни 40. Уште ќе е млад и убав, можеби тогаш ќе го стигне горко каење за неискусност во живот, за голема грешка, тогаш тој може да најде помлада и да си ги отвори видиците за животот. Па следи развод, па 2 страни несреќни. Тој сега веќе се прашува за таа разлика, допрва да се случи тој брак за неколку години му предвидувам развод.
Леле го напраивте ко божем дете е па го излажала, го намамила... Зрел маж е од 23, дали му иде врската или не, друга работа ама дека бил излажан, не, не бил.
Не е исто mindset на 22 години и на 37 години. Сите одлуки што си ги донела на 21-22 биле паметни и исправни? Во тие години највеќе грешиме, тие години се за да учиш од грешките и да видиш што сакаш и што не сакаш. Во триесеттите си веќе зрел и си научил доста од дваесеттите.
Да не си скроз оформен на 23 ама доволно си возрасен да кажеш НЕ на врска која не ти одговара ако не вклучува тоа насилство и сериозни закани.
Да, затоа толку случаи за манипулативни врски за само 1 месец прочитавме тука и слушаме и надвор од форумот за секакви ситуации. Манипулацијата не е секогаш толку лесно препознатлива. Ако е толку добро брак на 23 со 38 годишен, што не се омажила таа на 23 со 38 годишен, туку сега наоѓа 23 годишен дечко? Полесно и е да го манипулира отколку некој на нејзини години што има животно искуство колку и неа. Да бил искусен и паметен немало ни да стапи во врска со некоја за која би рекол дека е тетка и некоја година само постара од мајка ми.
Ако женава е саглам жена, дечково не е жртва, сори. Ако му се заканува, го навредува, тепа и ред други работи, тоа е веќе друг муабет. Тие врски вклучувале насилство што ги читаме.
Годините не се пречка, ако вистински се сакате,сложувате и меѓусебно се исполнувате. Така да, ако горенаведените карактеристики ги поседувате тогаш why not. Come on, get a life.
Го брза за брак можеби индиректно зошто годините и се за тоа на неа, а него не му се. Па тој е убеден дека мора брак сега. Да бил со девојка на негови години една година во врска не верувам дека на 23 толку ќе брзале за брак, освен ако немало непланирана бременост. Со девојка на негови приближни години ќе се запознавале постепено, ќе искусувале постепено се по нешто, ќе испитувале компатибилност, немало за брак да зборат на 23. Бракот може ќе бил за 3, за 5, за 7 години врска. Немало да се брзаат никаде. Немало да треба да прашува дали е разликата нормална. Со женава мора да брза за брак зошто таа сигурно сака да раѓа деца, а знаеме дека сепак постои нешто што се вика биолошки часовник.
Може ама можеби е индиректно изманипулиран и убеден дека женава е вистинската за него, нема животно искуство. За млади девојки кога ќе слушнеме дека нашле токлу постар сите се ужаснуваме и сме вчудоневидени. Дали ја изманипулирал со пари, дали има daddy issues, не ни личи нормално. За толкава разлика за постара жена искрено првпат слушам во државава наша, но исто сум ужаснат како за кога ќе слушнам дека млада девојка фатила чичко..
Ај искрено, разликата е огромна и не верувам дека таков брак може да донесе нешто добро ни за тебе ни за неа. Размисли ти кога ќе имаш 40/45 години колку ќе имаа таа и што ќе излезе од тоа мислам ме разбра што сакам да ти кажам. Еве ќе ти кажам и од друг агол браковите со голема разлика најчесто и не успеваат и уште во првите 6 месеци иди до развод. Спремај си пари за алиментација ако планирате деца Кога ќе ти затреба адвокат за развод пиши ми слободно
Какви млади и паметни девојчиња лепотици има, па и слободни, што има да шеташ до тебе некоја на години колку мајка ти? И зошто некоја што може да ти е мајка сака да шета до неа буквално детиште во споредба со неа? Пречудна ситуација, не можам да ја сварам уште.
Не е забрането ама ваков брак води единствено до развод и ништо повеќе, потоа алиментации, делба на имот бла бла, има вакви случи во бракоразводни знам што пишувам
Дечкото е моја генерација. Поголемиот дел што учеа со мене се земаа изминативе две години, пола од истите се разведоа. Каде не можеа да си ја дозволат свадбата, уште помалку разводот, па и алиментација за тие што решија дете да имаат. @Bridget, можеби во некоја финансиски помоќна држава, брак на 23 години не е ништо страшно, ама кај нас во поголемите случаи, родителите се тие што ги трпат сите финансиски последици. Себично е и не мислам дека е правилна одлука.
За две години значи брак, дете, развод, алиментација. Пола од твојата генерација? Ахам. Не пишуваше дали работи или не. За женската исто. Ниту дали сакаат дете. Ниту дека со родителите негови ќе живеат. Ова сето во твојата глава е.
Да беше зрел, мислиш дека ке бараше совет овде на форум, пази за тоа дали да стапи во брак со 38 годишна на 23 години
Не. Голема разлика е. Мене па ми е чудно што девојка од 37-38 сака да стапи во брак со дечко од 23 години. Дечко како што ти пишаа погоре, има толку убави, фини, млади девојчиња, кај брзаш и зошто? Тоа што го мислиш сега нема да го мислиш после 3 или 5 години. Мислењето на еден човек за битни работи на 18, 23, 27 и 37 години воопшто не е исто.