Токму ова ја потврдува тезата што ја говориме со членови во претходните постови, просто самата нејзина замисла е malicious
Да де, неделно досадно попладне решив да измислувам работи. Ептен немаш претстава за животот во државава, базирано и од други теми.
Индивидуално е, но мене ми е преголема разлика затоа што дечкото е 23 години. Можеби да беше над 30, и да имаше толкава разлика ќе го поддржев. Сепак и една година во врска не е многу, али треба тука да се увидат ставовите на двајцата. Дали сакаат брак, дали се спремни да живеат со таа разлика.... Тука можеме да ти кажеме вака грубо наш став, но ти треба да одлучиш за твојата иднина. Некогаш годините се пречка, некогаш се, се зависи од вас двајцата
Јас не сакам да бидам груба. Немојте да фрлате дрва и камења за ова што ќе го кажам. Но, сум сретнала доста жени над 35 години и се опседнати со тоа кога ќе родат дете. Во такви случаи самите ми рекле „каков маж да барам, јас имам 38, а со некој од 43 години дали ќе имаме деца?“. Ние не знаеме кој е дечкото, каква е девојката, знаеме само тоа што пишал. Јас лично мислам дека и за женско е рано во овие околности во Македонија, на 23 години да стапи во брак. Излезени од факултет, мислиме се знаеме и светот е наш, ама не е така розово. Во заедница ли ќе живеат со мама, тато, а и од нив веројатно ќе има притисок. На крај нека си размисли добро. @FridaodaMk една година врска нејзе може и се чини дека е време за брак, оти е во сериозни години.
Ќе одговорам на ова за да се има покомплетна слика. За финансиите воопшто не се грижиме имам моја фирма во IT секторот и премногу добро заработувам како за некој на мојата возраст, вработена е и таа зема доста солидна плата ( државен сектор ). Да се разбира дека сакаме дете нашата идеа е да оформиме семејство. Ќе живееме во свој стан не заедно со родители.
Ќе бидам брутална па нека ме банираат, чукни ја таа глава букова работиш во it сектор професија во која имаш неограничени можности и во која 99% проценти од девојките сами ќе ти се залепат а ти во некоја мајка што може да ти биди си зацапал. Таа не е со тебе од љубов за пари е, знам по која логика одиш младиве се лепат по мене за пари а старава од љубов е не е така.
Брак и дете се сериозни чекори. Добро размисли дали си 100% спремен и за двете(особено за второво) бидејќи си многу млад и поради годините на девојка ти. Бараат посветеност.
Ако сметаш дека си спремен, ако ја сакаш и ако ви е убаво, тогаш go for it. Ама, што ти значат тебе туѓи мислења? Зошто не си спремен, веројатно имаш притисок од нејзина страна, така да...размисли си
Не не сум сигурен само сакам да прочитам и други мислења освен од блиски кои сметам дека се мислења со некакви емоции.
Мене ме интересира зошто после година дена врска сакаш да стапиш во брак? Најискрено, без никаква лоша намера те прашувам.
Јас знам идентична ваква ситуација која ја крунисаа со брак, дечкото е пребогат, сите од околината зборуваат дека девојката ради пари заврши со него, @Apolon 23 ако си сигурен во одлуката како тоа ние би ти помогнале дали е во ред или не? Ако јас се прашувам не би одобрила, што се тебе тиче ако се сакате не би требало да ти биде гајле за околината и за истомисленици ко мене
Со оглед на тоа во какво општество живееме, треба да ти биде јасно какво мислење имаат 99% од луѓето по ова прашање, што се потврди и на форумот. Ако ти сметаш дека е во ред, ако тебе тоа те исполнува и те прави среќен не треба воопшто да те допира мислењето на други луѓе, иако тоа не е воопшто лесно. Јас може да не преферирам да бидам со постари партнери 15 години од мене, тоа сум јас, ама како јас знам што е добро за тебе кога воопшто не те ни познавам, ни тебе ни девојката.
Аман како го напнавте сите... Јас веќе знам еден таков брак се деси пред некој месец колку ќе успее незнам... Лично јас не би се осудила на толкава разлика... Но пак ќе кажам животот носи чудни ситуации, незнајш што може да се случи и која особа може да ти го украде срцето...Затоа никогаш не вели никогаш... Е сега убаво нека се размисли за повеќето работи... Таа на 38 веќе доживеала нешто, прошла шо се вели...А на 23 ништо... Млади се тие години уште непроживеани доволно.. Но секој со својата среќа, разводи има и вака и така....
Лол, што ги напраивте бе жениве на 35 синкир баби со седа коса се без заби и бастун у една рака. Иначе на темата никад не би била со некој толку помад па и последен да е на светов. Јас со мои 35 да шетам дете вчера испилено нема шанси кога има мажи остварени, паметни згодни да шетам. Женава деф е дај шта даш без навреда кон дечково пошто стварно не знам зошто некој би сакал да биде со толку помлад.
Може да успее доколку има љубов, почит и разбирање. Ако го нема тоа без разлика дали е помлада или постара бракот или врската е само измачување. Битно тебе и нејзе да ви е убаво, ако некој друг е triggered поради вашата разлика во години тоа е нивен проблем. Извор: Имам блиски личности во среќни врски со голема разлика во години и несреќни врски со мала разлика во години.
А тие што ќе му се залепат за пари, дека помлади, ако? Бар ќе има време за уште една шанса на 30, 40, таа нека му ја мисли што потоа. А мислењата и овде исто, базирани на предрасуди. Ок е маж постар 15 години, жена ууу, богдачува. Никој овде не може да ти каже дали е во ред или не, ако сте двајцата погодени а ти си спремен да поминеш низ пекол на неодобрување од околината, тогаш гоу фор ит. И да, сепак нејзиниот ризик е поголем отколку твојот.
Преголема разлика искрено. Понекогаш љубовта само не е доволна. Колку и да се убедуваме дека е така, едноставно мајндсетот, животното искуство, приоритетите воопшто не се исти на толкава разлика во години. Јас 25 што имам приметувам колку многу се променувам за разлика од пред 2-3 години, не па кога ќе имам 38. Дваесеттите години се кога најмногу грешиме, учиме, се пронаоѓаме себеси, тоа се оние години кога треба да сме "најсебични". Нема да ме чуди ако таа инсистира на брак бидејќи "ѝ врват годините" или да се служи со манипулативни техники. И дечкото да беше сосема сигурен во таа голема љубов немаше да нѐ прашува нас тука за мислење. Мој совет е да не брзаш и добро да размислиш. Млад си, имаш време.