На тие години жената е спремна за брак, СЕМЕЈСТВО, ДЕЦА, ОБВРСКИ .. Но ДЕТЕ од 23год е идеална "жртва" за да и се исполнат сите неисполнети желби .. Иако приказнава ми делува малку измислена.. На 23год сопственик на ИТ фирма со одлична заработка, со не знам што... Без навреда..
Не верувам, разликата во години е преголема. И обратно да беше, не е во ред. До кај 10 години разлика, се толерира некако, ама 15 е премногу. Без разлика кој е постар, едноставно се работи за дијаметрално различни периоди од животот, постариот генерално знае што сака и што може, помладиот мисли дека сѐ што лета се јаде. Годините некогаш се само бројка, ама некогаш знаат и да бидат проблем. И тоа голем проблем. Ако си сигурен во себе и знаеш што сакаш, нашите мислења не ти требаат.
На 23 години своја фирма имаш јеа рајт. Стартап може да имаш, фирма со стабилни проекти и клиенти, мало морген. Освен ако не е на мајка ти и татко ти де фирмата.
@Apolon 23 ne mozham da razberam zoshto sakash da se zhenish na 23 godini. i nikako ama nikako ne mozham da razberam shto barash so 38 godishna. od napishanovo pogore smetam deka i ti ne si siguren kolku e vo red vashata vrska i iden brak, pa tuka kako da barash odobruvanje. 15 godini se premnogu golema razlika, i ogromen potencijal za raspad na brakot/ vrskata, zatoa shto prvichno devojka ti so nejzinite 38 godini ima mnogu raboti videno vo zhivotot, mnogu raboti i se pominati, mnogu zhivotno iskustvo. od druga strana ti, koj samo pred 5 godini si stanal polnoleten, sega si izlegol od fakulktetskite klupi, so 0 zhivotno iskustvo, so razlichni potrebi i pogledi na svet, nesozrean (normalno za godinite. toa ne se godini kade se misli na brak i deca). dali mislish i deka pokraj ovie razliki, postoi verojatnost da opstoi vashiot brak? ti koga ke imash 35, ona ke ima 50. togash ushte pozabelezhitelna ke e razlikata, osven fizichki, i psihichki i so razlichni potrebi i sl.
Преголема разлика е, јас не би. Од друга страна спомна сакате дете, жена на 38години може да има доста компликации/потешкотии да забремени, како и во бременост(особено ако се работи за прва бременост). Не се согласувам со мислењето дека 23 години е млад за брак. Има разлика од нечии 23 и нечии други 23. Некој и на 30 не е зрел, а некој и на 20 е зрел. Секако, условите, финансиите, играат битна улога. Во главно, не сум за толкава разлика во години, а и чим го поставуваш прашањево и чекаш мислење-и самиот ти не си. Јасно ми е дека и се брза, има 38 години, нормално е, затоа не и го троши времето, а и не си го уништувај животот со избрзани одлуки.
Зошто па да не? Ич да не му ја мислиш!! Годините се само бројка, ние сеуште живееме во свет на замислена принципиелност и си патиме од тоа што ке кажат другите!! Искрено, во љубовта математика би била 23+38=61:2=30,5 или доколку си верувате во превод би било 30 и една половина причина зошто ви треба брак.
За сѐ во животот постојат граници. Да разберам да беа 5 години врска да речиме, па да е тој сигурен дека сака брак со таа особа. Година дена е премалку, тој уште лета во облаци дека сѐ е совршено. Сигурна сум и дека немаат ни пробано заедно да живеат, да функционираат, а веќе за брак размислува. Мене ми се чини дека таа му има вршено притисок за брак, а детево наивно ѝ верува.
Без навреда ама ова ми личи како типкава да те гледа како добра прилика. Нема шанси зрела личност да сака да биде со дете, мене језа ми е од разликата искрено
Da se nadovrzam i jas Citam i ne mozam da veruvam,prvenstveno kako sto mnogu clenki dadoa mislenje vo pravo se.Prvin deckovo nema da moze da se nosi so samite muabeti i osuduvanja od samata okolina.Ke go izedat so toa deka e vo brak so zena koja moze da mu bide majka.Vtoro zenata i da saka dete moze nema da moze ni da ima zatoa sto veke odi vo rizicni godini.Sekako sekoj saka da ima pomlad partner pokraj sebe,ali ova gi nadminuva site granici spored mene.Ima premnogu faktori koi vo nasata sredina se precka,a isto taka da ne zaboravime sega kolku i zivotot e kratok i mislam deka ako stapis vo brak so nekoj treba da se zivee vo harmonija bez napadi od strana,bez dopolnitelni stresovi i nervozi.No sepak samata razlika vo godini si go pravi svoeto,toj zelen kolku i da e pameten nema zivotno iskustvo a zenata pak odi vo granici kade mora da si stvori familija,i mislam deka ke dojde do mnogu nesoglasuvanja od samata razlika na godini.I po mene mislam deka seto toa e pogresno no ako se sakaat neka si mislat sami neka se zemaat i im posakuvam sreka no sepak moj sovet e da razmislat zasto ke imaat premnogu predizvici vo zivotot ..pozzz
Зезање - ако ви е и на двајцата така убаво - да, брак на таа возраст особено за машко од балкански простори во денешно време мислам дека е премногу рано. @cooll убаво ти кажа мисли и на тоа дека кога ти ќе имаш 38 години можно е и тебе да почнат да те привлекуваат помлади. А парите се релативна работа, денес една состојба утре друга, задутре трета. Е сеа ако си ти некое чудо на созревањето па имаш поради околностите дебело животно искуство (раснат на скопски битпазар да речеме) а ниту на двајцата не ви е сексот (и парите) ниту под разно приоритет, сте се просветлиле да речеме тогаш тоа можеби би било можно, но доколку тоа би било така тогаш воопшто не би прашувал тука на форумот. Твој живот, твоја работа! Но и последиците - добри или лоши - а кои би произлегле од твоите одлуки и постапки на крајот од краиштата ќе ги сносиш ти самиот. Затоа се советува внимателност и добро да се размисли.
Интересно е како кажувате дека на 23 е доволно зрел за брак, а истовремено дека е изманипулиран и не знам што...
Нема да кажам ваква врска не би успеала ама ако ти треба валидација на форум за нешто многу лично, па дали е правилно или не, очигледно нешто не е во ред. Брак не е играчка.
23 е ок возраст за брак ама не со 38 годишна. Ко што пиша некој поназад, некои 23 не се исти со други 23 год. Зет ми 21 имаше кога ми стана зет, а знам машки на таа возраст уште не застанале на свои нозе.
Ќе бидам сурово искрена, настрано ми е речиси 40 годишна жена да сака да гради иднина со личност во рани дваесетти, бидејќи за неа тој и е уствари дете Баталете помодарството сега што ни ги доловува како сосем невини и океј таквите врски, фрази од типот годините се само бројка и права љубав године не броје тастатура се трпи што ќе напишеме, ама во реалноста малку потешко одат работите. Не залетувајте со коментари еднаш се живее, и јас би ова, јас би она. Нека си размисли добро дечкото, животот е пред него, плус од авион се гледа дека не е сигурен, па бара одобрување од широката маса. На крај на денот, сите сме со свои проблеми и предизвици, тој ќе си ја чука главата од ѕид, не јас, или вие Ама се ми личи дека госпожа притиска за брак, овој сиротиот во небрано се нашол и ќе се жени на 23ах бе дете златно, и јас би сакала помал од мене за кратка забава, ама да кинам живци во брак за да го растам како мое дете, не фала
Конкретно за дечково зборам јас. Како може да мислиш дека е спремен за брак, истовремено да мислиш дека сосема погрешна личност одбрал за истото.
Јас сум во брак со 5год помал маж. Е сега за оволку голема разлика, не би, шо знам, а за дете јас на 35 се чувствува дека ми е поминато време за деца, што психички што физички, сега секој знае за себе како му е најубаво, така нека прави. Осуди секогаш ќе има. И мајка му беше против нас, но ете ние решивме и се зедовме. Тој имаше 21, јас 26. 10 год сме речиси заедно,со успони и падови секако
Дечкото е млад и успешен, а веројатно и атрактивен. Спомна дека таа има солидна плата во државно. Искрено на оваа скапотија, веќе не знам што е солидно и таа солидна плата може значи крпење ден за ден. Зрела жена на 38 години со државна работа можеби можела да среди станбено прашање досега. Заеднички стан ако типот го купи и отплаќа ќе се смета за заеднички или ако веќе купил? Јас не сум толку стара, па сто пати на форумов тетка ме рекоа, а да имам 38 години и да ми се спомне за брак со 23 годишен, па коски ќе му искршам на тој што дава такви предлози. Ми се пушташе еден 4 години помлад, ама не знаеше дека сум јас постара од него, му реков дека без разлика што него не му е проблем, јас не сакам да се гледам со некое дете на кое можам тетка да му бидам и само другарски испивме едно кафе и тоа беше се. Сега сме си познаници.
Види вака. Доколку има љубов, почитување, пријателство, меѓу сопружниците другото не е битно. Во врска со раѓањето, во Божја работа не се мешајте. еве еден пример од мене кое докажува за разликата во годините не е битна. Можеби знаете за муслиманскиот пророк Мухамед, неговата прва сопруга имала 40 години а тој 25 кога станаа сопружници. Па Сопругата, родила неколку деца иако имала 40 години.