Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак помлад дечко постара девојка

Дискусија во 'Врски' започната од Apolon 23, 13 ноември 2022.

  1. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Повторно ништо не изнесе како аргумент единствено што направи е ги повтори истите зборови само малку преформулирани само со цел да не дадеш одговор на моето прашање кое ти го поставив, се разбира не ни очекував да дадеш аргумент бидејќи твоето тврдење не можеш да го докажиш на ниту еден начин.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Категорично одговорив, не ми беше целта да ги цепкам годините.
    1. Како ќе се појават на родителска со 15 години разлика? Знаеш дека тоа е траума за дете?
    2. Земи обратно ситуација, би била ти на 23 години со 38 годишен? Ти на 45, тој на 60, ти ќе бидеш топ жена во најубави години, а тој ќе има повеќе кожа одколку мускул.
    3. Во оваа ситуација, неговата, ќе му роди дете, ќе ја фати менопауза, и ќе настапи хаос, знаеш зошто, затоа што машките покасно созреваат од жените, и таман тој тогаш на 30 ќе созрее и ќе настане развод брака.
    4. Тато ќе бара нова мама за провод, додека мама ќе црка и вика по дома затоа што на 55 тинејџер не се одгледува, се гледаат внуци.
    5. Генерациски до 5 год е толерантно.
     
    На senjorita-v, Directioner005, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  3. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.039
    Допаѓања:
    10.615
    Пол:
    Женски
    Што ми ги кажуваш мене овие работи? Тој треба да си ги знае, а сигурно ги знае штом се двоуми. :yawn:
     
  4. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Како пензионер некој да го напишал ова. Старомодно размислување до немај каде. Не е стара ни жената, 38 години во денешно време се ништо, деца помлади да имаш на 55 исто не се проблем, проблем е нивната разлика поточно тоа што тој е 23. Какви внуци на 55, денешните луѓе на 55 одлично се држат и многу помал број веќе е тој што рано се мажи/жени за да стигне со внуци на 55. Да се запознале кога би биле 40 и 55 би било многу покомпатибилно. Двајцата виделе во животот доволно, зрели се, знаат што сакаат, разликата нема да им е преголема на мозочно ниво. Голема разлика е и тогаш, но животно поприфатлива од оваа.
     
    На spacegirl92 и Anie93 им се допаѓа ова.
  5. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Му лета умот сега, гледа пор*и*и и мисли дека репа некоја милфица :rofl::rofl::rofl:
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    179.767
    На родителска оди еден родител, не е тоа место за рандеву;)
    Мажите созревале на 30:o
    И заради тоа развод брака?
    Или кога ќе созреат бараат нова женска за провод:wasntme:
    Ај реши се, кое е.

    Има можеби неколку валидни аргументи зошто против ваков брак, ама ова вашево е само шовинизам, сексизам и лични проекции|(. И мизогинија, мхм. Јер друже, и твојата жена еден ден ќе биде во менопауза, и ќе црка по дома од необјасниви причини, а тебе веројатно ќе ти биде поинтересно со некој понов модел:x
     
    На glosipgirl, Frosty!, senjorita-v и 18 други им се допаѓа ова.
  7. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Сега не е созреан, на 23, после 30 ќе созрее и свати дека е у грешка брак.
    Мојата жена кога ќе влезе у менупауза знам ка како да се понашам, затоа што мајка ми кога поминуваше во тој период, знам и јас како поминав и браќа и сестри и татко ми и баба ми :lol:
    Знам дека на некои членови не им се допаѓаат моите мислења, зашто сум директен, а ме мрзи да пишувам од А до Ш , па можете некогаш да прочитате и меѓу редови.
    Инаку, на родителска, најмалку еден родител или старател, не е забрането за 2ца да идат :)
     
    На senjorita-v и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.702
    Дечкото ќе си гледа девојки од 20 години, а жената со 38 години ќе си најде некој нејзини години. За секој има по некој.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    179.767
    Не е проблем твојата дирекност, нешто друго е проблем.
    Ај да го пресликаме овој аргумент-ти ќе знаеш како со жена ти, јер мајка ти била во менопауза, а дечково нема да знае, јер?
    А) немал мајка во менопауза?
    Б) дури стигне мајка му до менопауза, она ќе се откаже од него преку весник, пошто ќе се ожени за постара жена, и така ќе остане ускратен за тоа битно индиректно искуство?:D
    И јас сум имала мајка во менопауза, и појма немам што збориш искрено.
    Меѓу редови ме мрзи да читам, мислам доволно прочитав.

    Зошто на 30 ќе сфати дека е у грешен брак, јер љубовта трае 7 години?:?:
     
    На glosipgirl, Frosty!, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Има мажи што созреваат на 20, а некои и на 50 се зелени. Нема правило... е сега од лични искуства ако споделувате, тоа е друго.
     
    На glosipgirl и sj *O* им се допаѓа ова.
  11. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.125
    Пол:
    Женски
    Менопауза ко да е преоден период од жена во ѕвер или не знам шо, па за сите околу неа да е мачење и треба посебен прирачник за однесување.
    А прирачникот напишан од маж, пошто маж најубо знај како е да си во менопауза.
     
    На glosipgirl, Frosty!, spacegirl92 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    179.767
    Трансформација во змеј, нормално
    upload_2022-11-15_0-12-44.png
    :D
    (facepalm)
     
    На senjorita-v, sunshinebabe, marlonbrando69 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    А ние што сме по природа вакви и без менопауза? Стари моми а?
     
    На glosipgirl, Frosty!, spacegirl92 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    179.767
    Па сега...:wasntme:...ја не знам, најдобро некој маж да прашаш:D
     
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ма има и за нас по некое капаче :D
    Може па во менопауза ќе се смирам ќе станам префина, од кај знаеш. :D
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Најјако на темава ми е шо сите ја нападнавте потенцијалната невеста со предрасуди од спонзоруша до милфица, му се напикала, као дечково принц па плачат сите моми по него, па нема да може да раѓа (facepalm) а во реалност нејзе може воопшто не ѝ се такви плановите со него. Дечкото воопшто не спомна дека бракот е нејзина идеја.
     
    На glosipgirl, Frosty!, spacegirl92 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Чекајте бе малку, кај отидовме до родителски, менопауза итн. Ако си ја чука главата, сам ќе си ја чука , нема неговите или она да си ја чукаат главата. Ние си одговараме за нашите постапки, нели 21 век. Се мислам дека типот не дупи сите ама ај да не кобам, продолжете со менопаузите.
     
    На Mazegin, Mikha4 и sj *O* им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Може се оженил во меѓувреме. :D
     
    На glosipgirl, spacegirl92, Anie93 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Оти маживе сите нежни, срцки, мили од раѓање до гроба... ама жените во менопауза биле ѕверови :D:D:D
     
    На spacegirl92, sj *O*, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Aljosha

    Aljosha Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    166

    Само ти можеш за себе да знаеш, штом се двоумиш размисли убаво.

    Јас лично, не мислам дека би можела да имам успешен брак со некој што е 15 години постар или помлад.

    Скоро 30 имам и дефинитивно не сум истата личност што бев на 23.
    Дури и се чудам како сум можела да бидам во врска или да се дружам со некои луѓе што ми биле блиски во тој период.

    Имам чат пат контакт со луѓе што се повеќе од 5 години помлади од мене (дали колеги или соученици) и се гледа дека сме во различни фази во животот. Можеби полесно ми е дружење со луѓе што се 10-15 години постари, ама не знам, дури и така мислам дека јас уште ќе се менувам а за нив не можам да знам.

    Конкретно за некој 15 години постар, не би сакала баш.
    Се надевам нема да се навреди некој, но мислам дека во подоцнежни години повеќе би ми сметала таа разлика (над 60 години).

    Исто така доколку сакате деца да имате, малку влијаат годините. Заедно сте една години, а ако сакате да имате деца тоа значи дека наскоро ќе треба да се позанимавате со тоа. Колку и да звучи грубо, над 40 години може да има некои потешкотии. Ова не важи само за жени туку и за мажи, над 40 опаѓа квалитетот и на спермата.

    Мислам дека најголем проблем ти е што треба да одлучиш што сакаш многу брзо. Ти си млад и ако раскинете сега, животот е пред тебе.

    Во случај таа сега да сака брак или деца, мораш да одлучиш дали го сакаш истото и да не ѝ го трошиш времето вака додека се премислуваш.

    Па што и да одлучиш, ти посакувам сè најубаво :)
     
    На Kaarina*, sj *O*, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.