Хахаха ме насмеа искрено, двајцата се полнолетни така да ништо од идеава. Сами ќе си се казнат со тоа кога ќе видат не функционира таков брак со 15 години разлика и плус ако добијат дете па разводи, старателства делба на имот и така натаму.
eh jas imam 38 god,i mislam deka ne bi mozela so tolku pomlad,samo zatoa sto e razlika so svakanja,ama sekoj si znae,inace ok za drugi raboti ama za brak neznam iskreno,pazi razmisli,zenite se cudo,zena sum i znam
Немој. Ќе се каеш. Премногу голема разлика е. Таа многу проживеала и искусила од животот а ти немаш ништо доживеано, ако сега стапиш со нејзе во брак нема ни да проживееш. Ако стапиш сега со нејзе во брак не верувам дека на нејзе ќе и се шета како тебе на 25. Нејзе главен план сега и е да основа фамилија најверојатно.
Јас имам ситуација слична.Постара девојка од мене 10 години.Можеби треба само пријатели да си останеме, не знам.Разликата се познава и е очигледна.Но, секако дека би пробал нешто, иако ни двајцата не би сакал да бидеме повредени на крајот.Времето ќе каже.Така да не би се брзал.
Оти гадење ? Шо им фали ? Еве и Бритни Спирс ( 41 година ) има млад маж Сем ( 28 години) па што им фали ...Н И Ш Т О
Како мајка и син . Не знам, мене не ми е нормално да имам девојка на возраст приближна со мојата мајка. На кој не му е гад, слободно. Само нека не се прави нешто нормално дека е многу. Исто важи и за млади девојки со чичковци што одат со некои на возраст на татко им.
На сликиве баш не личат како мајка и син. Физички може да нема разлика, реално. Јас имам 29години сите мислат 22-23дека имам пример
Мене ми личат приметливо со голема разлика. Има разлика во кожата. Колку сакаш младолико може да личи човек во поглед на тело, квалитетот на кожата и брчките издаваат колку години некој има приближно. Под очите се забележува кај Бритни колку е постара од дечково што има многу поквалитетна и помлада кожа. Медицински е докажано после 20 години дека се губи колаген, не може 20 и 30 години иста кожа да имаат. Доволно ми е да погледнам чело, врат на човек или под очи/над очи брчки, да проценам што години е отприлика. Ме интересираат дерматологијата и пластичната хирургија како гранки на медицината, на темава можам до утре да правам муабет. Не беше тоа темата конкретно, само кога веќе спомна, се надоврзав. Со филтри, шминка и ботокс на слики лесно може да се кријат брчки и неправилности, во живо од блиску секоја брчка се познава на човекот. Кога ќе ги погледне човек овие парови од блиску во реален живот, не може да не ги забележи разликите. Ништо кон тебе конкретно лично, не знам како изгледаш, тука сме сите анонимни, но колку и да си младолика, кожа како 18-19 години и не можеш да имаш и би се забележила разлика ако некој подетално гледа. Тоа е природно, нема ништо лошо во тоа. Како што и јас на 23, не изгледам како што сум изгледал пред 5 години или во иднина на 30, нема да имам изглед на кожата како 18 годишен средношколец. Не зборам за градба на телото и изглед од далеку кога ќе те види човек, туку за самата кожа и присуство на колаген во неа кога ќе погледнеш од блиску во човекот.
И да и не ова со кожата, јас сум поголема од брат ми 4години и имаме иста кожа, исти линии на лицето. Впрочем генетски ни е повеќе Ама крај краева нема по ниво на колаген да бирам партнер.(општо зборам и јас немам помал дечко 10години)
Приближна возраст на мајка/татко. Многу имаат родители што ги родиле на 18/19. Не би сакал родителите да ми се скоро генерација со жената. Мајката да ми е 41/42, девојката 36/37/38.
Ама не можеш дечко со такви заби да најдеш во мк, не е напредна толку медицината. Глеј некој кај ист забар шо одите. Реално, глупи се вакви примери. Некој може да функционира, некој може не, се зависи од тоа дали на тие двајцата им се усогласени ставовите околу животот.Јас би, јас не би, е скроз апстрактен муабет.