1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак по разводот со истиот партнер

Дискусија во 'Брак' започната од Adelaida, 20 март 2011.

  1. Adelaida

    Adelaida Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки и машки членови!
    Јас сум новорегистрирана, иако до сега како гостин често пати разгледував разни теми на форумов и ми се допаѓа искрената поддршка и советите кои си ги давате меѓусебно. Ме интересира вашето мислење околу оваа тема која ја предлагам, а посебно ме интересира мислењето од машки аспект.

    Две малку повозрасни од мене познанички имаат слична приказна, со ист почеток, но чиј крај завршува во спротивни насоки.
    Првата се разведува со едно дете, се смирува со поранешниот сопруг и имаат уште едно дете и повторно се разведуваат. Засекогаш. (Секој од нив си продолжува со нови семејства).
    Втората се разведува со едно дете, се смирува и имаат уште едно дете и остануваат заедно. Па имаат и трето :)

    Прашањето е како вие гледате на оваа ситуација, имате ли слично искуство или пак сте сретнале луѓе со силчно искуство? (Освен Елизабет Тејлор и Ричард Бартон :rofl: ) Можно ли е да се надминат проблемите, а притоа разводот да не остави толку длабока лузна која би ја попречила среќата во понатамошниот заеднички живот? Дали поговорката „Волкот влакното го менува, но не и карактерот“ е несоборлива или има исклучоци?
    Лично сум засегната од слична ситуација и го ценам секое ваше мислење.
     
  2. iskrena30

    iskrena30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Брак по разводот со истиот/та брачен/на другар/ка?

    драга Aделаида не сум во ваква ниту пак во слицна ситуација но имам внука која зивотот си го направи драма смири се скарај се.не е тоа тоа .
    ако несто еднас се скине не се составува повеке или пак зависи од каков вид е расправијата,лицно јас не би се смирила со личност со која еднаш сум завршила.тие работи се како прочитан роман секогаш знаеш каков е крајот
     
  3. Adelaida

    Adelaida Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Брак по разводот со истиот/та брачен/на другар/ка?

    Искрена30 истото мислење го имав и јас за секоја врска во животов, но сега со дете е сосема поинаку и се борам самата со себе која е правилната одлука :(
    Ги преиспитувам сите потенцијални проблеми кои ми паѓаат на памет доколку одберам било која од овие две опции. Се работи за различни карактери и никако да се усогласиме. Релативно кратко време сме заедно што може да значи од една страна дека би можеле да научиме како еден со друг, но од друга страна може да значи дека само уште толку ќе сфатиме дека не е возможен заеднички соживот.
    Инаку не сакам да оставам впечаток на една од оние млади личности кои непромислено стапуваат во брак и не ја сфаќаат тежината па брзо се разведуваат. Самата сум дете од разведени родители и знам што значи и бракот и разводот и за родителите и за децата.
     
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Брак по разводот со истиот/та брачен/на другар/ка?

    Мене искрено не ми логично ако еднаш веќе се разведеш,повторно да се венчаш со истиот партнер.

    Но,се е можно.Доколку одлуката за развод била избрзана и непромислена,а љубовта сеуште постои,и времето што бившите партнери го поминале еден без друг, ги направило да си ги преиспитааат и увидат своите грешки ,можеби би имало логика да се повторно заедно и да си дадат втора шанса.
    Но најпрво и најважно ,што и да решите,мора да бидете сигурни дека го правите вистинскиот чекор.
    Бидејќи има и деца во целава ситуација,немојте со вашите одлуки да ги збунувате.Ако повторно пробате,бидете цВрсто уверени дека носите вистинска одлука..
    Луѓето се учат на грешките.
    А на децата никој друг не може да им биде ни мајка ни татко,освен вие двајцата.
    Среќно.
     
    На karak и marama им се допаѓа ова.
  5. iskrena30

    iskrena30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Aделаида и самта велиш дека сте различни карактери.немој да си ја мачиш душата сепак секој ке си ја најде својата тоа е моето размислуванје
    како сто и самата ми кажуваш усте си млада животот е пред тебе дајте си усте една шанса како што и си решила но немој со сила да ги правиш некои работи и да си ја мачиш душата .поздрав
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Според мене би било успешно само ако смирувањето е после многу години од разводот, инаку не верувам.

    Штом си комплицирал да се разведуваш и не си се предомислил, значи и дека имало причина, ваква или онаква.Во меѓувреме ќе имаш прилика да го изживееш пропуштеното, да си живееш како што сакаш, па ако и двајцата на крајот сте сами и се смирите, мислам дека се големи шансите успешно да се заврши.Особено зашто нервозите, стресовите и лошите спомени од разводот ќе избледат колку-толку.
     
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Ако си сигурна дека овој пат ќе издржите и се ке биде во ред, смирете се.
    Кога веќе во целиов случај има и деца мора повеќе да се внимава. Ако веќе еднаш поминале низ тоа и сфатиле некои работи (ко на пр дека живеат само со мама) немој да има втор пат, па да ги збуните максимално, уште еднаш да претрпуваат исти работи, да слушаат ваши караници, повторно селење итн.
    Ако мислиш дека уште постои љубов, разбирање и сеуште имате иста цел, дај си и себе и на него уште една шанса.
    Ако многу ја зезнал работата, размисли дали навистина се кае или се само празни зборови.
    Немора одма пак да се венчате, живејте исто како да сте во брак, па за месец дена ке видиш дали се смениле некои работи или пак си е се по старо.
    Размисли убаво пред да направиш било што.
    Исто ко книга на која и го знаеш крајот... Зошто да ја читаш повторно, ако крајот не ти се допаѓа???
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Досега само на филм сум го сретнала ова. Типичен одговор дека шансите тоа да се сретне во реалноста се минијатурни.

    Бракот не е осмислен за да се прават играчки и да се злоупотребува заклетвата. Баш поради тоа, а и поради современите теркови, паровите се помалку се заветуваат на љубов до крај на животот. Си живеат заедно и си ги делат обврските околу домот, но се лишени од драми од типот скарај се-смири се, па ако не тие, децата да патат.

    За мене е ова едноставно неизводливо. Каде што пукнало не се лепи трајно, зашто пак ке се скрши.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Немам такво искуство, ама знам еден сличен пример. Парот само се раздели на неколку години ама не и разведе судски за да после 2-3 год. пак се смират и живеат заедно.
    Понекогаш кога нешто изгубиш тогаш сваќаш колку ти значело тоа. Можеби и кај тебе е таква ситуација, после разделбата сте сватиле колку си значите и неможете еден без друг, а можеби и не, тоа ти си знаеш најубаво. Зависи и кои биле причините за развод, и дали и дваицата можете да го надминете тоа и пројдете преку тоа.
    Вашата иднина зависи само од вас двајцата
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас знам за два такви примери (засега успешни). Мој другар е повторно со бившата жена, со која беа разведени повеќе години. Веќе неколку години се повторно заедно. Засега им е се ОК. Другар на маж ми е повторно со жената, не беа судски разведени, ама неколку години не живееја заедно. Можеби некогаш (ама некогаш, далеку од тоа дека ова може да биде правило) разделеноста и врските со други партнери само ќе ви покажат дека она што сте го имале ви значело повеќе од што сте мислеле.
    Имам и еден пример за неуспешно повторно обидување (во пошироката фамилија). Не живееја заедно, ама се обидоа демек да се гледаат да видат како ќе им биде... После првите неколку пати, исто како порано, ако не и бетер, пак се испокараа на мртво и не сакаа да се видат. Сепак, најмногу зависи од длабочината и искреноста на чувствата кај двајцата партнери.
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    возможно е само доколку причината за развод била банална или ете некое несогласување но никако неверство. факт е дека понекогаш во афектна состојба некој од партнерот може да се случи да донесе избрзана одлука или ете да го држи лутина кој другиот партнер не ја разбира и тука пука, но што понатаму поминува време и се случува страстита да се разгорат. Ги разбирам ваквите личности и сметам дека е ок дури и да си ја обноват брачната завет. Но за да се направи тој чекор за повторен брак со личност со која претходно сте се изгореле треба да седнете и културно да си ги објасните сите работи кој предходно ви биле пречка за идеален брачен живот. Но доколку причината за развод била неверство не се ни обидувајте да имате ништо, затоа што сакале вие или не тоа ќе ве боли до крај на живот и повторно ќе заврши трагично (ако денес воопшто можат веќе разводите да се наречат трагедија )
     
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас мислам дека брачните партнери не се мали деца, ако веќе стапиле во брак, виделе дека не им оди, и сега повторно што е дојди ми појди ми? Јас мислам дека не е во ред, или живеј и трпи, а не замини, врати се. Возрасни сте, би требало да знаете дека скарана смирена во брак не се игра. Има можеби исклучоци, но што знам :worried: мене ми е сето ова многу недораснато, и не ја поддржувам целава работа воопшто. кога дошло до судски разводи, влечкање по судови и социјално со кој памет пак назад?
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Да де, ако си помислил воопшто на повторна венчавка и љубов со екс партнер, толку ли било неиздржливо пред тоа? Па сега ајде пак наново ќе пробуваме? Штознам, оваа ситуација мене ми е, со извинение, или премногу детска, банална причина довела до развод, или пак премногу неразумна и плитка. Одлука која може „повторно“ да те чини милион нерви и расправии! Скарај се-смири се, и на секоја втора година развод?!
    24 очи треба и мноооогу разум да сфатиш дека тој е тој, не дека принцови постојат, ама не мислам дека кога еднаш ќе се решиш на развод брак, после тоа ќе сфатиш дека си лудо вљубен во дотичниот и дека треба да и сакаш да го поминеш остатокот од животот со него. Волк влакно менува само, каков е таков ќе биде!
    Секоја чест на исклучоци кај кои ова правило не важи, и кои дале се од себе да се сменат на подобро, за да ја вратат довербата на некој кој се жртвувал за него и пукнал. Можда има и такви кои го преоформуваат истато смејство! Од тоа што јас сум видела како пример, се завршило бетер!
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Денес бракот се помалку се сваќа серизно, се потпишуваат после 1 недела врска, на првата караница се разведуваат, се помалку се вложува во бракот и во неговото опстојување, ако порано се влегувало во брак и со она и во добро и во зло, сега мислам дека треба да се прескокне тој дел зашто ај ќе се земеме ако не иде ќе се разведеме, ко шала да е бракот.

    Па така да не ме чуди се повеќе да ги има и овие појави. Се сакале, се скарале, се развеле, ама па сватиле дека се сакаат и згрешиле, ај пак брак.
    И онака веќе се е испомешано, не постојат вредности како порано и бракот и тоа парче хартија да се потпише и 10 пати ништо ко да не значи.
    Така да секој заслужува втора шанса, ако сакаат нека си ја дадат.
    А дека ќе озборува околината, тоа нормално, па сеирџии сме :)
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во сеирот од страна, туку во се помалото значење на бракот, како што и кажа Роси! Ама таа втора шанса ја даваат на што? Врз основа на стекнат повторен впечаток? На љубов? Се скршило еднаш, џабе лепење, ако се сакале и биле силни, нека опстанеле па макар и со мака!
    Се сетив, имам вујко, се ожена, родија, по пет години се разведија. И, откако девојчето тргна во 6 оделение, сфатиле дека не вреди да ја дорастурат фамилијата, пази, која фамилија, па пак се зедоа. Им се роди уште едно бебенце, не одеше ни година, разликите ко што велеа тие не им дозволиле да живеат среќно! И што направија, си ги исфрустрираа децата, да не знаат кој што е кај нив, па сега ене ги со секири војуваат! Јас мислам не вреди! А и ко што му е тргнал светов вака, кој да ни ги искупи гревовите, се сквернави семејството, неговото значење!
     
  16. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    зависи од причината за развод...јас сум разведена и никогаш ни во лудило не ми паднало на памет да се смирам со него не ни размислувам на него....


    така да ако едино некои партнери ако се разведуват за прва кавга па пак да се смируват..мада и разводот додека трае има служби кои покушуват да направат помирување додека не биде разводот готов...така да не гледам причина зошто не се помириле тогаш а после некое време пак да вклучуват брак...мада секој со свое мислење тоа е само мое...
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.227
    Пол:
    Женски
    Мене ми е малку глупаво да се смирувам после развод, но познавам пар кој се разведе заради неговите родители. Тој не сакаше да се тргне на страна, имаше некои други фактори кои го држеа да биде со нив, а она тонеше од малтретирања. И се разведоа после година дена, немаа деца. 3 години после разводот умира прво едниот па вториот родител на мажот. По некоја случајност пак се среќаваат, се смирија и сега си имаат убав брак, детенце. Така да се зависи од околностите.
     
  18. Adelaida

    Adelaida Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Фала ви на сите што одвоивте време да и посветите внимание на оваа тема. Искрено го ценам и ми значи секое ваше мислење! Од тоа што досега го кажавте, секоја од вас на свој начин е во право и сето тоа и на мене ми прошло низ главата по 100000 пати.
    Го поставив ова прашање (и на вас, а и на себеси) додека бебето е сеуште мало и не разбира, токму поради тие проблеми и трауми кои би можеле да произлезат понатаму. Значи поентата е - подобро само со мама ама без стресови, отколку со двајцата ама со стресови. Од друга страна пак, како што беше споменато во едно од вашите мислења - само ние двајца сме му вистински родители и (можеби?!) постои опцијата овој пат да биде подобро. :^)
    Немаше неверство, но сепак имаше доста компликации. Никој ништо не може да гарантира како ќе се одвиваат работите нели?
    Затоа и сакав ова да го споделам со вас. И како што кажав - ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ИСКРЕНОТО МИСЛЕЊЕ!
     
  19. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Јас па имам искуство со мој многу добар другар. Тој слепо се заљуби во една жена, таа имаше едно детенце од првиот брак и се земаа со другар ми. Со неговата бивша жена имаше веќе едно. Кога виде што добил а што изгубил со втората жена повторно се врати кај првата после две години и кажува дека му простила и дека живеат супер.И обајснил дека тоа било само минлива авантура. ( Минлива авантура а создал детенце). Колку само супер и јас се чудам. Но кога ќе ги видам заедно навистина има љубов помеѓу нив. Мене искрено ова не ми е сватливо ама не има нели секакви. Јас сметам дека ако еднаш нешто прекинало тогаш никогаш нема да биде исто, посебно кога се создал живот после мене. Што им се случило во меѓувреме не знам но јас лично никогаш не би го вратила таквиот назад. Тоа што си го барал си го добил, или е вешта глума или стварно многу необјасниво. Јас не би можела да функционирам така. Или бившава негова жена ( сега сопруга ) толку многу го сакала или пак има свои недостатоци и не се цени доволно па да го прифати. Јас сметам дека е ова второво, зашто напротив ако сеуште го сакам па макар и две години го сакам нема да си ставам рани повторно, зашто кога тогаш „дупката„ ќе излезе на површина.
     
  20. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Девојки само на кратко ке речам.. Поголема глупост од тоа да се вратиш на стариот брачен партнер за мене не постои. Секако ова е осетливо прашање и зависи од ситуацијата која довела до развод, но јас сум таква личност и не наоѓам поента да се вратам назад кај таа особа ако не сме успеале еднаш заедно.
    Во бракот се вложувам со цело срце и разум, давам се од себе да успее, и ако дојде до развод значи дека тој ги прокоцкал сите шанси и можности, па зошто пак наново да си правам проблеми? :wasntme: