Јас сум за НЕ. После развод и повторно брак со истиот нема потреба, кога веќе еднаш се изгореш толку е тоа, се знае крајот однапред
После развод и повторно брак со истиот нема потреба, кога веќе еднаш се изгореш толку е тоа, се знае крајот однапред [/quote] Го делам мислењето ама еве во примерот со другар ми, не ми е јасно, тој кажува дека сега му е супер. А и навистина се среќни или пак вешто глумат. Навистина не ми е јасно?!
Ух не! Да се вратам повторно кај стариот партнер, не би можела иако знам дека само одкога се разделивме почна со други. Во брак знам каков беше со мене и се соменвам дека некогаш ќе се смени. Не сме заедно помалку од 2 години а тој веќе има долга врска повеќе од една година, меѓутоа ниту ми паѓа тешко ниту ништо, ама не можам да се замислам пак со него.
јас знам пример биле долго време во врска, а бракот им траел само неколку месеци......се развеле.... тој се прежени, за неа не сум баш сигурна мислам дека не.....после добри 6-7 години се повторно заедно и налик функционираат.....заедно се, ќеркичката е среќна.....а како им е тие најдобро си знаат... ама изгледа како нормален брак..не знамЧ) како демек сфатиле што како требало-не требало...
Јас знам за Крали Марко. Тој се оженил 3 пати со две жени. Првата му била и трета. Како им функционирал животот искрено не знам, веројатно дури била жива мајка Јевросима немале големи проблеми. )
Слабо читаш епски песни . Во Марко Крале и Беле од Костура се пее, дека мајка Јевросима го кандисувала сина и` Марко да си ја донеси назад Ангелина(т.е. Елена), која му избегала со Белета. Така да најверојатно при жива мајка Јевросима се вратила назад Елена. Сигурно Евросима му викала на Марка: - Ангелина е аждаја со три глави, ама оваа новава (името не и` се знае) е со девет. ПС: Нека проштеваат администраторите забегавме од темава.
Знам за некои вакви примери...едниве луѓе ги знам постар брачен пар се се зеле повторно 15 години по разводот за другиве имам слушнато само, повторно се зеле 2-3 години по разводот имаат и мало детенце. Јас кога се разведував бившиот сопруг неколкупати ми спомна..па од кај да знаеме по 2-3 години можеби повторно би биле заедно....никогаш не се знае... и ден денес не ми е јасна неговава логика Само се зафркнал ако мисли дека ќе го чекам,да не си мисли случајно дека е последниот маж на светов,доволно ми беше еднаш со него во брак ,НИКОГАШ ПОВЕЌЕ...тоа поглавје од мојот живот е завршено!
абе лесно е повторно да стапиш во брак- тоа е најлесно, само ставате по 1 потпис и готово.........но како им функционираат браковите?
Не е убаво да си го одречеш правото на втор обид со било кого а камо ли со некогашниот партнер-венчан или не..и не верувам дека некој има проверен рецепт за успешноста на вториот обид,но силно верувам дека ако еднаш се погрешило,тоа не мора да се генерализира и да значи дека е бескорисно повторно да се обидеш да бидеш среќен.(ете тука некаде го вклучувам вториот обид) По мене најсуштинска е реалната проценка на можностите за успех од страна на двата партнера. И не треба да е нереална помислата кај двата партнера дека можеби имаат потреба од повторен заеднички живот,преку сознанието дека сеуште некаде во себе носат некое мало искриче за кое тие сметаат дека можеби ќе биде доволно силно,повторно да им ја разгори љубовта и да им ја врати меѓусебната довербата. Како силен аргумент секогаш ќе стојат и нивните деца доколку ги имаат или ако се најдат во фактот дека кога се земале биле помлади,по неискусни,по нетолерантни меѓусебе итн.. секако дека постои можност дека се променети и некој реални состојби или дека некој пречки повеќе ги нема (пр.несогласувања во поширокото семејство,алкохолизам) и кој знае уште што... и крајно не мора тоа веднаш да биде брак,но да нема повторна шанса..не е спортски...
Тоа може да се каже дека е лудост ,сигурно не се развеле од убавина и покрај се што минале да се вратиш на истата личност тогаш веќе тоа се нарекува дека личноста има проблем
На темава немам некој цврст став во однос на тоа дали сум за или против. Нивен живот, нивен брак, си знаат под кои околности го склучиле и под кои околности го окончале. За себе, не верувам дека би се довела во таква ситуација поради мојот карактер. Значи јас попрво сум да се поправи отколку да се купи ново во животот и затоа прво давам се` од себе и ги изнаоѓам сите можни начини (кои не би значеле да се газам себеси, нормално) да го сочувам бракот (како што и правам). Но, затоа, кога ќе видам дека нешто упорно не оди и кога веќе еднаш ќе ставам крај, нема да чувствувам потреба за никаков контакт со таа личност. Така мислам, затоа што сум човек кој пред да пресече, детално ги разгледува сите можни варијанти, oсобено кога е брак во прашање, нешто што крајно го почитувам како институција.
Ако заклучат дека не можат еден без друг и дека разводот бил лудост, ДА, зошто да не !? Подобро со истиот маж, отколку да лутаат по нов. Јас не се сложувам дека тоа е веќе *прочитана книга*, луѓе сме, грешиме, се каеме, и за се вреди да му дадеме нова шанса.
не знам што ми текна да разгледувам вакви теми ама сосем се сложувам со овој коментар. Јас доколку би имала несогласувања со сопругот би прифатила да живееме разделено за да свати дека згрешил. За развод лесно е. И да,којзнае на каков ќе налеташ следниот пат. Може многу полошо ќе биде.
Најдобро решение меѓу партнерите е проблемите да се решаваат кога ќе се појават без да се поттурнувааат или избегнуваат како ништо да не се случува. Не е лесно ни одделно живеење и чекање некој да го преиспита однесувањето кое немало да дозволи да се случи ако сакал да го зачува бракот, а најмалку одлука за развод. Првото е одолговлекување на почетокот на крајот, а за второто треба се да згасне за да се случи. Подобро без никој, отколку со кој било.
Јас за јадењата зборев Ама да, се сложувам, штом дошло до развод - нема потреба повторно да поправаме нешто што е веќе расипано.