Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак по разводот со истиот партнер

Дискусија во 'Брак' започната од Adelaida, 20 март 2011.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Е па ти одговорив за јадењата. Не ги подгревам. Не се исти како кога се тазе.

    Нема логика пак да се венчам со маж ми.
     
    На marchi-cool и DAngel им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Зависи од односот. Јас во каква било врска, па и другарска, дури и роднинска сум голем работник и борец. Крв ќе поплукам што се вика за да не ги изгубам саканите, не тактизирам, не сум играч, да се плукнам на неспособната, правам сѐ што се може, а многу е зезнато така, се наоѓаш со секакви мисли и намери во глава за кои после се каеш во мисли и срце што ти биле иако не ги реализираш.
    Кога и понатаму ти ја дробат душата саканите, само се молиш да дојде до тој момент да не те боли веќе.
    Кога веќе по некој месец или година доаѓа тој момент, мене веќе не ми годи на иста маса да седам со тие луѓе кои сум ги сакала а не пак да се смирувам. Треба да има навистина големо каење, а ако е искрено ќе го осетам навистина за да верувам пак. Според досегашнава практика на врски меѓучовечки од секаков вид, давање шанси и каење било можно само за мама и тато. А да и за една другарка што ко дете напраи глупост ама години подоцна така ме има задолжено што минатата лутина ми доаѓа како глупост, но потребна за да постапува така со мене и да бидеме поблиски одошто бевме пред да се замериме. Т.е. тие што покажале труд и каење. За другите, од другарки до сѐ останато од меѓучовечки врски само ми се докажало дека арно сум издржала.
    Маживе па како што не се замараат со трудење и докажување, таков релакс животен стил имаат, не дека намерно мисијата во животот им е да нѐ нервираат, тешко.
     
    Последна измена: 14 мај 2018
    На WORRIED.BT и snezan4e им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Не.Да било се во ред немало да дојде до развод.
    Вук длак мења али чуд никад.
     
    На Martka, BabyStyle, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.