Едно е да не знаеш дека сте биле братучеди (обично за подалечни), ама денес скоро сите се имаат по социјални мрежи и ги постираат партнерите. Мене ми е одвратна помислата и за братучеди со кои не сум воопшто блиска (не се дружиме) да се мешам со нивни бивши. Едноставно бивш на другарка, сестра, братучеда и слично треба да е забранета зона. Не се тие единствени мажи на светов.
Божем нема многу мажи на светов, па некоја мора со бившиот на сестрата, братучетката или другарката. На нет колку ги читам вакви. Идел со една, па раскинал и се венчал со сестра ѝ. Баш кринџ.
Оти не си гледа секој својата работа? Стигнавте да кажувате кој за кого може или не може да се венчава. Шо е следно? Упатства за дишење?
Извини ама ова е грозно. Еве најдиректно. Не мислам да влага во мене нешто шо влегло кај моја роднина или другарка. Ја на една глупача, шо ми беше демек другарка, ѝ реков, биваше бе од цело Скопје баш со човекот шо сакала? Нема др к? Мислам ако сака некој отпадот да ми го собира, океј, ама грозно е. И после ако им речеш дека се к се лутат
Да, оти нечии чувства се повредени. Дошло до раскин најчесто од болна причина. И сега едната страна мора да го гледа бившиот партнер на семејни собири. Ај, може и да ги избегне тие собири. Но, што ако се случи нешто страшно (проблем на член на семејството што бара справување од повеќемина, нечија болест или смрт), па ќе мора да го гледа? Нефер кон личноста. Ќе ѝ предизвикува враќање на болни спомени, стрес. А, ова? Ова свит хоум Алабама е ненормално и одвратно.
Ова ќе му дојде некако ко Ромео и Јулија во некои прилагодени македонски услови. Обично, на луѓето не им е важно туѓо мислење, тоа што за некого е во ред, за некој друг не е. Јас не би, јас сум против мешање кај што не ми е место, а за други ми е интересна тема за оговарање. Доколку прашањето е дали ги оговарам ваквите случаи? ДА, со задоволство уз кафе!
А шо ако се разделиле најфино без никакви проблеми и се во добри односи и сето тоа било пред 10 години... Лол
Феминизам на најјако Маж сексал две другарки ебач Другаркиве к Браво Сами по свој грб Ќе почнам да верувам дека стварно жена на жена е најголем непријател.
Абе како и да се разделиле, малце е awkward ако се знаете со таа братучетка и сте во контакт.. И сеа и двете сте го легнале истиот Барем мене би ми било незгодно
Пак не е во ред. Нешто не чинело во врската. Да чинело, немало да се разделат. И средбите се непријатни. Што и да се случило, дејтање на бивш партнер на блиска личност или другар/ка е кринџ.
Субјективно мислење е... Твое лично. Ако тебе нешто ти е непријатно и кринџ не значи дека и на друг му е.
Ама ја иам кажано дека со жени не се слагам. Ја се борам да иаме исти плати со вас мажите, да не нѐ тепате, итн Али тоа не значи дека бранам сѐ што е женско. Напротив. Најголемите глупости сум ги доживеала од женско. Ја иам 3 другарки. Не се дружам со жени. Поготово од кога калаштурана најде од цело Ск со мој бифш. За шо ќе ми се?
Има разлика од: дечко со кој била во врска три дена и дечко со кој била врска три години дали имале 10 години тогаш или 25 дали била прва или петта братучетка дали братучеткиве се блиски или далечни Што ако се среќни и ете баш тие се вистинските? Братучетката нема што да се лути, не била среќна и раскинала. Плус некои особи се посвоени. И плус едната мајка може одела со друг маж и од него е бебето па може и ни братучетка и да не се (ако се по линија на таткото да дообјаснам еве плус). Секој во својот двор треба да си гледа. Ако се омажила со твојот бивши и е среќна, оставија. Нема потреба негативни емоции да имаш. Пример. И некои може таткото комшијата е па без да знаеш бившиот се омажил за братучетка ти. И заборавив: дали имале секс или само се бакнале три секунди. Ако имале секс глупо е братучетка и да знае колкав му е.
Јас сум изненадена како им е на некои ова нормално. Ко мора баш во бившиот на сестра/другарка/братучеда да се затрчаш ко да не постојат други на светов? На драма од турска серија ме потсеќа. Ама изгледа некои луѓе баш ги заболе.