Kako sme zasekirani so moralnive vrednosti a vo praksa brat so brat ce sw otepa za parche zemja-imot.
Секако дека секој си прави како што сака, темава е само тема, не е онаа иранската полиција за морал, па дај ќе тепаме кој стапил во брак со бивши на братучед или братучетка. Како што пиша некој погоре, канта се и двајцата не е дека само жената е крива, туку и за мажот исто се однесува. И како може да е пријатно ако од прва братучетка со која си била блиска создадеш непријател?
Имав ваква ситуација, излегував со бивша на еден другар неколку месеци откако раскинаја, во тој период со него ни беше намален интензитетот на дружење и бевме малце раздалечени но сепак се почитувавме и бевме прилично блиски. Првично не ни помислив дека правам нешто лошо пошто целта не ми беше неговата бивша, воопшто немав ништо со неа туку нејзина другарка но сепак ми се налути и имавме нарушен однос извесен период сега сме смирени му признав дека немав ништо со бившата негова и што ми беше целта дали ми верува незнам можеби мисли сепак дека направив нешто со неа потајно но тоа е тоа, касно се свестив дека згрешив и му се извинав за тоа а пријателството фала богу ни опстоја понатаму така да од лично искуство не, не е воопшто морално да се излегува со бивши на другари, роднини, братучеди и воошто луѓе што ни се блиски
Чекај и тоа ќе дојде на ред, а ние заостанативе балканци пак ќе мрчиме и нема да си гледаме своја работа.
Нека си прават како им е убаво, немам ништо против ако се среќни и задоволни двете страни.. Ама пример со мој бивш дечко да прави свадба братучетка ми, би им отишла на свадба, нема да имам никаков проблем.
Денес пола од роднини не се познават и не кумуницираат помеѓу себе не па да си ги знаат дечковците и девојките..
Голема работа. Да си биле арни еден на друг, немале да бидат бивши. Ако на третата особа не смета, што филозофија има тука?
Денес се' е можно и дозволено. Најпресен пример: Две братучедки на мм, од брат и сестра ќерки, од најдобри и најблиски другарки на крај едната и го превзема дечкото на другата. Фамилиите нивни не сакаат да се видат.
Abe mene ponekogaš mi smeta što maž mi imal bivša, pa kamo li da mi e rodnina ili bliska drugarka taa nekoja si Ama site sme različni.
А дечкото пун ко брод или единствениот маж во селото? Боже, боже, дечковци преземање, очи невидување, значи свашта има
Што прочитав тука, па мајка и ќерка со исти дечко, па двајца браќа со иста жена. Абе психопати се тоа за мене. И како сте тргнале, ќе пишете и за инцест дека е ок и дека не ви пречи кој што сака нека прави. И ако сте чувале животни, ќе сфатите дека ни тие не се парат секој со секој, иако се животни. И тие прават некоја селекција. Значи и животните имаат повисоко ниво на свест од некои луѓе.
Не си ти таа што пишуваше дека жени што дојат во јавност се најдолното нешто?? Уште нешто, зошто уште зборуваме дека некоја ѝ го "украла" дечкото на друга? Мажите мутави и неми ли се па да се крадени како партали?
Чекај, тебе ти е срам да доиш дете во јавност или да бидиш во присуство на жена што дои дете во јавност, а не ти е срам да бидеш во врска со бившиот дечко на најдобрата другарка, сестра, прва или втора братучеда? Страшно човече. Нека сум конзерва во 21 ви век, ама горда сум што ете сум успеала да задржам некои граници на морално однесување и елементарна почит кон другите луѓе, посебно кон блиски.
Кога треба да се гледа туѓиот живот скокате први како прле пред магаре, кога треба да се гледате себе … бип бип погрешен број.