Двајца стапуваат во таа врска, две возрасни особи. Никој ништо не краде. На две возрасни особи не им одело добро, се разделиле. Доколку сте ептен блиски со роднината/братучетката/пријателката, да, не е баш пријатно. Можеби тие имале бурен крај, кај блиската особа тоа лице предизвикува негативни емоции, ќе биде непријатно утре да се најдат во иста просторија, ризикувате да ја изгубите близината со роднината/братучетката/пријателката. Доколку не сте блиски, ве заболе. Одете во Берово најдете некој кој не е бивш на ваша роднина или пријателка.
Некој имаше пишано за ваква случка поназад. Исто и јас знам другарче мое, беше во врска со една девојка, она и кај нив дома одеше и све. Они раскинаа после некое време брат му ја фати, се земаа, свадба правеа и две деца имаат. И што е уште по трагично сите заедно живеат. Така да ништо не ме изненадува, нити чуди веќе. А кога се дешаваше ова, цело друштво бевме згрозени, нив веќе изгледа им е нормално, и сите групно си шетаат, си се сликаат како ништо да не било.
Темата, а и дел од одговорите се убиј ме боже... Темата е толку генерална што многу си се занасате да коментирате туѓи одлуки. На крај на денот ако вие му посакувате се најлошо на вашиот бивши има и такви што баш ги е гајле за нивните бивши. Ако толку ви е мака што се оженил со некоја па и таа да е ваша сваќа или братучетка тоа значи дека не сте го преболеле. Не е моралност во прашање туку е созревање, помирување со фактите и продолжување. И да дознаам дека утре се оженил со моја комшика или братучетка искрено ќе ми е сеедно. Сум поминала низ тоа, немам никаква додирна точка со него и искрено ми е сеедно. Ако таа се омажи со него нема да ми ја прави по автоматизам не-братучетка... Бтв, може да се кладам дека пола од овие што ги осудуват ваквите одговори се имаат фукнато со братучед/другар/сват на нивниот бивши. Не знам како да ги сфатам овие дволични одговори од истите персони кои не си ги гледат своите постапки, а први се дрзнуваат за туѓи. Или пак може секс е ништо, а брак е крај на светот.
Ако се раскинати и имаат тотално расчистено и немаат чуства меѓу нив со среќа нека им е. Единствено е неморално и одвратно е да се роднини.
Јас не би такво нешто. Безобзирно е према братучетката и од толку машки не би се фатила баш со тој некој нејзин бивши. Ама сите не размислуваат како мене. Има женски што не бираат цели само за маж да се фатат како тоа да е единствената и најважна работа во животот. За такви работи по фер знаат да бидат машките и да не изневерат пријател или роднина заради некоја.
Лично, би ми било сеедно. Ако јас сум завршила со некого, завршено е и нема да ме погоди ни најмалку. Шансата јас да изберам бивши на блиска личност е еднаква на нула, немаме исти вкусови, а и повеќето другарки живеат многу далеку. Искрено, не ни се сеќавам на вакви ситуации, може дека не ме интересира нешто посебно.
Не знам зошто се нормализира нешто што не е во ред. Колку и да го имаш преболено бившиот, не е во ред што таа другарка/братучеда те гледала низ каков период си поминала додека да стигнеш до фазата на преболување. Имав случај сличен од мноогу поодамна, свиѓав дечко, знаеше и тој, екс другарката знаеше и му се залепи. Еве ги слават 10 годишнина. Можеби се среќни, се сакаат, но од толку мажи баш на тој најде? И секогаш имаше изговор и се оправдуваше сама за постапката наводно дека јас не сум имала ништо со него. А моите чувства тогаш? Што е тоа? Тие што оправдуваат, се имаат фукнато со екс на некоја блиска личност. Ваш живот, и ве молам барем вие не зборете за моралност.
Ако вие сте биле повредената страна, можеби ви било сеедно. Или не, ама на анонимен форум секако можете да лажете. Но, ако некој/а од вашето семејство бил/а повредената страна не верувам дека не ве погодило тоа. Оправдување на вакво нешто е доволно страшно кога е кажано од маж, а е дупло пострашно кога е кажано од жена. Таа врска да чинела, немало да заврши. За раскинот или се виновни двете страни или само едната. Зошто Стојанка мисли дека Петко ќе е поинаков со неа? Ако Петко ја изневерил сестра ѝ/братучетка ѝ/другарка ѝ Дара, има поголема шанса да ја изневери и Стојанка. Кој изневерил еднаш, ќе изневери повеќе пати. Да ја сакал партнерката, немало ни еднаш да се случи. А, ќефот на Петко и Стојанка побитен ли е од повредената Дара? Според некои од вас, е. Но, не е. Тоа е неморал и немање осет кон Дара и нејзините чувства. Тоа дали Стојанка и Дара имаат или немаат редовен контакт, не менува ништо. Има повредена страна и нејзините чувства се побитни од потребата за остварување задоволство. Можеби Стојанка и Дара нема да одат на семејни собири за да не се сретнуваат. Но, нема да можат да се избегнуваат вечно. На некој од семејството ќе му се случи нешто и ќе треба сите да присуствуваат ако ситуацијата го налага тоа. Понекогаш и некаде надвор ќе налетуваат една на друга, особено ако се во ист град. Сценарио 1 Што ако Дара падне во депресија бидејќи она е заменета со нејзината сестра/братучетка/другарка? Што ако реши да се самоубие? И целото семејство им го врти грбот на Петко и Стојанка. Сценарио 2 Истото дејство, но влошено. Петко да ја изневерил Дара со Стојанка. Се развел од Дара и продолжил со Стојанка. Дара се самоубива. Сите ги отпишуваат Петко и Стојанка. И во 2ве сценарија, ќе продолжите ли да ги оправдувате Петко и Стојанка? Веројатно не. Туку пред народ ќе велите леле, гревота девојката/жената млада си замина ради ѓубрињава. Јер ова е Балкан. Има многу глумци. Дур некој/а е жив/а не ги интересира како се чувствува, но по неговата/нејзината смрт изразуваат стаклено жалење. Не сфаќам како можете. Јас на бившите на моите братучетки ни добар ден на улица не можам да им речам, па камо ли да ги дејтам. Ги повредиле моите братучетки и ми станале одвратни.
Многу глупаво да си ставаш трн во здрава нога. Од шо мака, на еден куп луѓе на планетата? Се е избор.
Мене толку ми се преболени бившите што искрено сеедно ке ми е. Нити ке ставам под знак прашање лојалност нити ништо. Само у мои очи мои бивши и не се баш нај нај, ама ако си се среќни тогај ок нека им е со среќа. За секое лонче има капаче.
Де бре, све либерте на темава. Алишта не позајмувате на другарки и братучетки, али за мандало да си подавате гајле немате... Мех.
Како не се грозат од помислата? Го ставал во едната, па ајт во другата. А, во други теми е леле, жена на жена волк, срамота. Ију. Во оваа, моралот и осетот ги нема...
Леле Телевиса презента Сум имала дечковци бивши, никој никого не изневерил, никој никого не повредил. Добро, малку повредено его, ништо страшно. Бивши се оти не сме биле компатибилни, сме сфатиле со тек на време, не можеш да знаеш со кого си одговараш, дури не бидеш со него, нели. За бивш дечко или за бивш маж збориме? Пошто освен другарките ми, што бившите мажи им биле стока, и ги повредиле јер има дете во приказната- јас за вакви трагедии со дечко, немам чуено. Па депресии, па самоубивања, па, па.
Викај Телевиса, ама не е тоа. Некои луѓе се почувствителни и поранливи од други. Поради тоа наместо на сопствениот ќеф, прво треба да се помисли како ѝ е на другата страна.
Јас лично не би... нејќам awkward моменти во животот, а би имало такви во овој случај плус некако со други очи ги гледав секогаш дечковците на моите блиски.