Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак со бивши дечко на братучетка

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 17 мај 2024.

  1. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    3.544
    Пол:
    Машки
    Во последно време благодарение на интернетот може да кажам дека од сите европски и прозападни вредности
    не само што пробуваат туку и ни ги наметнуваат како нормални сите неморални работи, и тоа го прават постепено и подсвесно па можам да забележам дека голем дел од жените овде се таканаречени слободоумни или опен мајндед па и земаат сила да осудат дека имаме застарени вредности доколку некој проба да укаже дека се грешка. И тоа е во ред, секој си живее свој живот и си носи свои избори, затоа и си имаме свој круг на пријатели кои се најчесто блиску до нашите размислувања и секако тука е и можноста да прекинеш контакт со некој за да ги заштитиш своите чуства, истото можеш да го направиш и со роднините. Ја лично никогаш не би бил со бивша на другар, роднина. Најкриво од се што се случува ми е тоа што ви ја наполнија главата и направија да не си го цените телото, ве нервира кога некој ќе ви рече "не е сапун да се истроши", а во темава многу од вас се водат по таа фраза. Жално е што се нормализира тоа да не само кај жените туку и кај мажите најголем успех е да имаш голем боди каунт, има милион клипови по интернет кај што самите жени се гордеат со големата бројка на легнати мажи и обратно. Можам само да ви кажам дека ова не е нормална работа, а изборот за дали ќе може да се носите и да живеете со тоа си е ваш - секоја акција си има реакција. Крај краева не е моја работа кој кој ебе и колку ебе ама добро е да имаш некои линии во животот. Уживајте во песната
     
    На SaniD, Tanjamm, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.944
    Темава не за дали вие би биле со бивш на другар/ка или роднина, туку дали ќе ви биде криво ако ваш роднина е со ваш бивш.
    Ама стандардно секако мора да се испреврти оригиналната тематика, скроз да се пренасочи во друга насока, како расипан телефон веќе да не се знае ни за што се зборува точно.
     
    На theowndemon, Bezimenka90, SaniD и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Е мене ми беше криво. Иако бевме деца шо се вика, и на крај ни они не завршија happily ever after but не ми беше убаво :D
    И после години години ја прашав директно шо мислеше со тоа, зашо го направи тоа ми рече дека била глупа :D Се изнасмеавме ама сега друго ги гледам работите и не им давам толку значење, а тогаш мислам дека си заплакав. Не по него пошо беше говедо, а Штип е мал град, човекот на крај се зема со моја сокласничка де :D
     
    На Трагедијаупмм, Tanjamm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    За мене ваквото однесување не е „западна вредност“, туку напротив е балкански промискуитет, немање осет за другите, желба да провоцираат некого и логично се правдаат дека ете таму некаде на Запад тоа масовно се прави, па никој не се лути, па модерно е, па нормално е и не знам што. Прво, западњаците многу помалку се дружат од нас, а со братучедот со кој се гледа двапати годишно, епа не ни знае со кого тој се гледа и во толкави градови и држави, мали се шансите да налета на таа личност, а ако налета големи се шансите дека ќе е од незнаење. Тоа до некаде можам да го сфатам.

    Овде не можам да сфатам, кога братучетка ти ти кажува колку болно раскинала и дека дечкото купил прстен за да се верат, ти ја соголува душата, како ти без срам и перде утре го носиш типот на спиење кај тебе, потоа си се мажиш со него? И како истиот копук ако бил толку заљубен и купил прстен да се вери со една девојка, како е можно во рок од една година да стапи во брак со нејзината братучетка? Многу лесно заљубљив ли е народот? Не, промискуитетен е.

    Сега ми текна дека другарка на мајка ми од младоста (од истото село) си роди вонбрачно дете од мажот кој истиот ден играше на оро, си правеше свадба со нејзина прва братучетка. Во времето кога се гледаше само МТВ на црно-бел телевизор и не се користеше термин „западни вредности“, човекот си имал секс со две први братучетки. Со едната се жени, другата раѓа негово дете. Цивилизациско дно, џган. А човекот заврши така што почина млад(дали го убија со ловечка пушка или од болест не знам точно, одамна е мртов), децата што ги доби во бракот се парализираа едно по друго и починаа, а вонбрачното дете го дадоа на посвојување. Кога одев во школо, земавме списание Наш свет, таму дете по име Драгослав си ја бараше биолошката мајка, имаше пишан датум кога е роден и каде, а мајка ми живо се сеќава на тој ден и на името на детето, веројатно се работеше за тоа дете, си ја бара мајка му.
     
    На elenaklasik, Anyshka, SaniD и 4 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.877
    Прво освен првите и неколку втори братучеди, не ги познавам другите.
    Второ, првите сигурно нема да бидат со мој бивш, за вторите кој да знае, ама не ми е гајле пошто... зошто би ми било, и онака не комуницирам со нив.
    Со тие што не ги знам, па ич не ми е гајле.

    Дали јас би била со бивш на братучетка, не е невозможно, не им ги знам сите партнери на братучетките.

    Е сега, да е сестра ми е друг муабет, во двата смера, ама за останатите, сериозно ми е сеедно.
     
    На Snowflake97, LiquidLuna, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.896
    Допаѓања:
    179.101
    Балкански промискуитет, тука застанав
    https://glossy.espreso.co.rs/poznati/porodica/218281/kralj-carls-sara-spenser-princeza-dajana
    :D
    (facepalm)
    Појма немав, пред некој ден ми излезе случајно:D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    537
    Пол:
    Женски
    Принцезата Дијана пред да биде со Чарлс, нејзината сестра била во врска со него. И?

    Воопшто нема да ми смета ако моја братучедка биде со мој бивши. Нели сум зсвршила со него. Може да биде непријатно само ако не е се расчистено, во спротивно што има врска.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    3.845
    Ne znam kako ne vi e neprijatno , ne bi sakala bratucedka , drugarka sto god, da znae kako izgleda maz mi vo krevet i da si se gledame i druzime redovno, i obratno za drugata strana jas da znam kako izgleda nejziniot maz vo krevet. I ne e normalno dvajca braka da imaat legnato so edna ista zena, i ne e normalno ni dve sestri da legnale so isti maz ko sto citam. Ili bliski bratucedi/ki. Gnasno e , grdo, nikakvo. Fuj.
    Abe sto citam se cudam, otideni vi se open majndovite. Ako ne pa grupno prpelkajte se vo krevet. :puke: :fubar:
     
    На Gosh, Erika.greeneyes, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.877
    Па немаме 18 години.
    Ако братучетка некоја се најде со некој што тогаш ми бил дечко, со среќа нека им е.
     
    На *Amethyst*, Annath, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Ако имате расчистено со емоциите спрема бившиот што ви значи дали е со прва братучетка или некоја непознаничка?
    Моја блиска школска беше во врска со мојот бивши, зборувам за средношколските денови. Ми беше поблиска од братучетка ми. Ме повреди тогаш ама не и се налутив. Продолживме да се дружиме, не како порано оти дознав на друг начин оти таа немаше храброст да ми каже. Знаеше колку го сакам во тој момент и ме болеше што не сме заедно.
    Сега како возрасни се зезаме околу ситуацијата.
    Немам ништо протв некоја другарка/роднина да биде во релација со мој бивши, но веројатно би ја намалила дружбата оти не би сакала да се чувствуваме непријатно додека седиме на иста маса.
     
    На *Amethyst*, LiquidLuna и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    3.140
    Многу му даваш значење на западот, дека е поарен од нас.
    Јас живеам во земја со западни сфаќања, и да ти кажам тоа нивно незамарање не е само за работи што стварно не треба да те замараат, туку за се. Не се замараат за никој друг, освен себеси.
    Не се замараат за фамилија, скоро сите колеги ми се разведени бар еднаш, деца со повеќе партнери, деца растени без татко, го гледаат еднаш во месец, тоа е се нормално. Немаат многу лојалност ни кон работа, се менува одма ако ти засмета нешто, што само по себе не е можеби лошо, ама грижа за совест за ништо.

    Не се подобри луѓе од нас, нити посамостојни или независни.

    Среќа имаат само што работела колонизацијата на времето, и самите држави им се средени. Едина разлика од нас што им оди во прилог.
     
    На Lisandra, Snowflake97, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.526
    Пол:
    Женски
    И еве се мажите/жените со бивш/а на другар/ка или братучед/ка, и како што не ви смета значи ќе продолжите да си се дружите, и што ако им се вратат чувствата?
    Друго е кога не го/ја гледате некој/а бивш/, ама вака...
    Колку и да имате расчистено, може и да ви се вратат чувствата, не знам, така мислам јас, не дека мене ми се случило такво нешто.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Многу е полошо кога злонамерно се плеткаш со бивши на другарка, братучетка отколку тоа нивното незамарање, незнаење. Овде тоа често се прави плански и намерно, како што пишаа повеќето „имав другарка, сакав еден дечко, а таа го легна“. Тие на запад се како роботи, не се замараат да коваат такви злобни планови и намерно да ти кинат живци.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Кога некој е злонамерен негов проблем, ја едино што можам е да се тргнам од таа личност ако осетам злонамермост.
    А бившите со причина се бивши зашто би се замарала со нив.
    Многу малограѓански ми се овие ствари. (lalala)
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Ако девојката ти е братучетка, значи на сите родендени, крштевки, свадби, погреби во фамилија ќе треба да ја гледаш неа и сопругот, тоест бившиот. Плус, во малите места големи се шансите истите луѓе често да ги среќаваш на улица. За да се тргнеш од некого и нешто исто во вака мала средина треба време. И дури и да ти се небитни скроз, ќе те „токсицираат“ некое време, а зошто воопшто да минуваш низ такво нешто и истото да го трпиш од роднина? И ако решиш да се тргнеш од сите злонамерни во општествово, ќе треба да комуницираш со 2-3 луѓе околу себе и тоа е тоа, оти повеќето се злонамерни, само прашање е дали ќе се покажат по 2 месеци или 2 години.
     
    На Anyshka, nextredstyle, FreeToGo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Ok и? Бивш е. Не можеш некому да му го диктираш животот по свој терк.
    Тоа дали некој ќе те токсицира зависи од тебе не од нив.
    Ако е неморално за нив е неморално, зашто ти би се токсицирала.
     
    На CameliaMiller, *Amethyst* и Annath им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    12.413
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm многу убави теми отвараш, очигледно ги "пецна" на сите по малку на овој или оној начин. Чекам уште теми од тебе. :)
     
    На Anyshka и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.877
    Па не може да ме токсицира некој што сум го дејтала некогаш, многу зависи од контекстот :D

    Се замарате со непотребни работи, ако е бивш е бивш, амин, со која и да е, продолжувате со живот и не ви е гајле.
    Гајле ви е ако имате уште одредени чувства, иначе ама ич нема да ве чеша лево метафоричко маде.
     
    На Snowflake97, *Amethyst*, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  19. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Машки
    Многу слободоумни бе вие сите...
    Ај да живеам у некој мегалополис па шансите да налетам на бивша или на братучед да се минимални, ама во Македонија сме. Просто не можам особата со која некогаш сум делел сè, и сме раскинале, да ја гледам ПАК и тоа со братучед. Баш како што вели @Tanjamm, по свадби, веселби, имендени.
    Бившите се бивши, тоа е точно, ама чувствата никогаш не се 100% изгубени, било позитивни или негативни. Со таа особа сте спиеле заедно, сте правеле планови за иднината. Без разлика по чија вина сме раскинале, и дали било раскинато со лошо или арно, не сакам таа личност понатаму да ја гледам. Максимум едно “Здраво“ на улица.

    Од сите можни особи ја да се фатам со бивша на братучед или па моја бивша да се фати со мој братучед, не е Ок.
     
    На Gosh, Anyshka, Stela Maris и 2 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.022
    Пол:
    Женски
    На форум сме. Можат да лажат дека ќе им е сеедно. :D
    Само не размислуваат пошироко.
    Штом врската прекинала, значи нешто не чинело кај едниот или двата партнери.
    Да речеме машката страна.
    Штом типот не чинел за една, зошто да чини за братучетка ѝ?
    Што ако типот има лошо однесување?
    Ја варал. Да речеме дека вршел и насилство врз неа.
    Дали пак ќе речат тој да си тера со братучетката?
     
    На Gosh, Anyshka, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.