Ако врската на бившиот и роднината е успешна, па уште и се претвори во брак, среќни се и се сакаат, тоа значи дека вашата првична врска била утка и не требала да се деси. Get over it и остајте ги луѓето да си живеат живот.
Ако типот е гомно, ќе ти биде криво зошто братучетка ти е со гомно човек што ја повредува, без разлика дали тој гомно човек ти е бивш или не. Ако човекот е океј, двајцата се сакаат, почитуваат, се грижат еден за друг, среќни се, единствено може тебе да ти е повредено егото. А за да не ти е повредено егото треба да си созреан.
Малку поинаква перспектива. Бивша секс бади на мажот на другарка ми се омажи за негов прв братучед со кој се постојано заедно оти имаат заедничка фирма. Нема значи гледање од свадба на роденден, башка и близу живеат. Не им е сеедно на никој, на другаркава оти мора скоро секој ден да се гледа и дружи со особа која се еб*вала со маж и, на маж и оти сега мора да гледа некој како роднина а се еб*вал со неа со години. Не верувам дека и на другиве им е сеедно ама тоа е. Вакви работи се непријатни признале или не, и не станува тука само збор за чувства кои ги нема. А, браќа сестри со иста особа да спиеле извинете тоа ми е веќе болно.
Чим веќе дошло до брак значи сериозна е работата. Друго е врска па ај ке правиме авантури, ама брак е сериозна одлука, а чим дошле до таа одлука значи сфатиле дека се еден за друг и дека сакаат остатокот од животот да си го поминат заедно. Епа која сум јас да и застанам на среќата на братучетка ми само зашто се заљубила во некој мој бивш? (Ова хипотетички пример)
Точно, аман со тоа "бившите се бивши" и што ако, што со тоа? На некои им се враќаат чувствата, знам примери што после неколку години повторно биле со некој бивши. Поготово ако нон стоп гледаш некој/а бивш/а, друго е кога не ги гледаме, а и откако ќе раскинеме може да биде со било која, ама тогаш па не ги гледаме, а вака со братучед/ка постојано ќе ги гледаме по секакви прослави. Ептен слободоумност.
А зошто си толку ограничена. Што ако он со братучедката скроз се поклопи, како тенџере со капаче, си кликнат ептен, еве искрено се заљубува. Што треба дека бил прво со тебе не треба да си го слуша срцето и да оди против своја воља, да не ги повреди твојте чувства, а после остануваат други двајца повредени. Значи глејте си својот живот и своите чувства. Точно е дека не треба да повредуваш никого, ама првично себеси треба да се штитиш.
Ама драми Може дека не сум блиска со родниниве, ни по настани нешто си одиме, ни по свадби и крштевки и слави се каниме, знам само дека постојат. Немам поима кој со кој бил некогаш во врска, освен за први братучеди, кои се тројца, а од тие тројца две се жени. За постарата не ни знам пред маж и' кои и' беа дечковците, ги имам заборавено а помалата е доволно помала да немаме ист pool на мажи. Од другарки, на 3 им знам бивши дечковци оти се дружам цел живот, на останати познанички поима немам. А на школски па од средно, школските не ги памтам а не тогашни или скорешни дечковци да им знам. Другаркиве ми се мажени, ама ај еве да се најдат со некој што ми бил во средно дечко, нема да ми е гајле. Ниту сме исти како тогаш, јас сама не можам точно да се сетам на тогашните, мислам жити врските што ми биле двомесечни, а не па да ми е незгодно И на соц. мрежи не ги имам такоЃе, ни роднини што не ми се стварно блиски, ни па школски, ни бивши колешки. Асоцијална сум
Ако ти одиш со некој бивши на братучед, сестра , другарка, а тие имале сериозна врска тогаш ти немаш почит ама ич спрема таа особа и си многу себичен си гледаш само тебе да ти биди убаво, нема оправдување за тоа, како и да завршила таа врска, па дури и да ти вели дека не му смета.