Брак со екстроверт/интроверт

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 24 јуни 2023.

  1. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    593
    Ќе се самоцитирам.
    И за одмор еве имам другарка кога и да биле обавезно наоѓаат друштво ако не носат од тука.
    Ние и лани и годинава сами отидовме плус не знаеме да се спријателиме со некој тука.
     
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    9.339
    Пол:
    Женски
    Исто сме и ние јас сум интроверт, маж ми е екстроверт.
    На почетокот од бракот имавме премногу несогласувања и често се каравме поради оваа причина.
    Пример не канат на гости или било каде да излеземе јас цело време одбивав, едноставно не сакам да се дружам, не сакам луѓе, не сакам гужви, он се лутеше поради тоа, дека сите биле парови со жените он сам да оди глупо е, и не одеше, некогаш ептен знаев да попуштам и да отидам ама во тој случај бетер стануваше, се осеќав ко идиот, не ми одговара средината, не ми одговараат луѓето и само се напнував повеќе, и од кога ќе се вратиме пак ќе се спукаме.

    После едно време почна он дома сам да ми кани луѓе како демек да почнам да сакам да се дружам или немам поима што му беше филмот, баш за ова имам пишано во некоја тема.
    Од нигде никаде само ми идеше и ми вика е вечер ќе дојдат тие и тие, и готово те става пред свршен чин.
    Ајде еднаш, два пати, ама веќе зачести, и трет пат така ми прави и јас дојдоа гостите фино лепо се поздравив и си отидов во собата го оставив него сам, втор пат исто му направив и веќе не му текнува така да ми кани луѓе по дома.

    Е сега веќе се навикнавме и пробуваме да најдеме компромис колку е тоа возможно. Он кога може и сака си излегува сам со друштво, јас исто така. Кога прават планови за некој дружби со парови сега не закажува сам и да дојде да ми каже само, туку ме прашува сакаш ли да одиме, ако сакам океј, ако не не ме притиска.
     
    На Pa8la и Гладиоли им се допаѓа ова.
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.000
    Допаѓања:
    9.502
    Пол:
    Женски
    Интроверт + интроверт = дупла "несреќа":D

    Кога би бирала идеален партнер (маж) во иднина, тоа би било екстроверт. Јас самата сум многу затворена како личност во реален живот и не би можела да замислам уште еден интроверт до мене... и според мене интроверт и екстроверт е идеална комбинација. Со мои поранешни дечковци што биле поотворени ми одело супер, додека со некои кои биле срамежливи не сум можела ни два збора да сврзам...:)
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.142
    Допаѓања:
    81.645
    Пол:
    Женски
    Немаме некои големи разлики во ова, мислам дека нијанси се во прашање. Доста попримивме еден од друг низ годиниве, па некако природно си се создаде некој баланс. И карактерите си имаат сигурно придонес, ние сме доста слични. Не се сеќавам да требало некогаш, некој од нас да прави не знам каков компромис за другиот. Одмори со друштво, hell no. И двајцата сме на чисто дека сакаме сами. Собиранки во огромни групи сè помалку сакаме, се оди кога е неизбежно.

    Јас сум малку поинтровертна, но сепак сакам да излегувам од дома зашто ми здосадува цел ден пред екран и имам потреба да прошетаме малку, да разбистрам мисли и да си ги изодам чекорите за денот. :D
    Немам проблем да се вклопам во муабет со различни карактери, сакам дружби и ми годат некогаш, но да е умерено. Кога е пречесто ми нема поента, ниту пак имам време, а ни желба за толку социјализација. Си сакам да си имам и alone time, имам потреба да не ми зујат луѓе околу глава бар во некој дел од денот.
    Тој е поекстровертен од мене, но не би рекла дека е класичен екстроверт, повеќе амбиверт. А кога ќе размислам подобро, можеби и јас сум во групава на амбиверти, само што дефинитивно повеќе влечам накај интровертите.
     
    На simply-red, Гладиоли и Ketchup им се допаѓа ова.
  5. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.108
    Јас сум амбиверт, сакам искачања и дружење ама само со луѓе што ми пријаат, а тој круг со тек на годините е сѐ помал, а и сѐ помала толеранција имам према ху карактери, така што повеќе ми доминира интровертната енергија.
    Не знам да терам small talk и затоа многу тешко се вклопувам во муабет со рандом лица.
    Иначе сум тип кој со денови може воопшто да не излезе од дома, сѐ додека има редовно supplies на храна, вода, нет и кафе. Исто сум тип кој може да излегува секој викенд, или 5 дена по ред, ама да е со “мои” луѓе.

    Маж ми пак е човек кој мора да излезе во тек на денот, макар и сам да прошета.
    Доколку не се меша со луѓе запаѓа во депресија. Ако не се гледа со никој мора макар на телефон да прави муабет, за разлика од мене што може прва реченица во 6 попладне да изговори.

    Кај нас е баш како што опиша Реин, од збор до збор
    Со години функционираме така што правиме кој како што си се осеќа. Ако мене не ми се оди негде, не одам, оди тој сам пример и сме океј со тоа.
    Јас не очекувам од него да седи дома ако мене не ми се излегува, тој не очекува дека јас по секоја цена ќе одам да се дружам. Иако најчесто се наоѓаме на пола пат.

    Иначе во однос на патувања и шетања сум секогаш ЗА, ама испланирани минимум една недела однапред :wasntme:. Одмор секогаш теравме сами, сега со детево.
    Еднаш отидовме друштво на викенд, нерви искинав дури ги организирав и собирав по нив цел ден и реков толку. Реално и тој виде дека тешко е различни карактери да усогласиш.
    Дома нејќам у 5 до 12 собиранки и тоа се почитува, како што јас секаде се најавувам неколку или еден ден однапред, очекувам и од другите исто, но секогаш имаш луѓе без осет што само ќе ти се јават дека се пред врата, тука не можеш многу.
     
    На tanjaaa и Pa8la им се допаѓа ова.