Многу сексуално слободно умни и либерални членови сме имале на форумов, па и надвор од него секако, луѓе на кои не им игра важност со колку луѓе нивниот партнер претходно имал сексуални односи, не им е многу значајно дали партнерот е невин или пак бил избушен ко табла за пикадо...Епа ете сакам сега да ги прашам сите... Дали би стапиле во брак со порно глумец, со некој што знаете дека имал безброј сексуални партнери, со некој што дава сексуални услуги? Јас да одговорам прва: Никогаш не би се согласила на таков брак, па и типот да бил згоден како Аполон..никаква убавина нема да ме привлече оти самото сознание дека бил со многу жени и сите околу мене тоа го знаат, би ме убило..ете заостаната сум, нели!?
Радице, ју из бек Не би била во брак со порно глумец, јер је тоа сурова индустрија, ама би имала секс со некој профи као Џ.Д. еднаш два пати...да пробам
А требаше да додам во насловот на темата и дали би се согласиле ако вашиот партнер добие понуда за работа во некој порно филм или пак во ете некоја секси сцена, да замени некој друг лик? Хмммм...сакам да ги видам што ќе пишат жените кои што бројот на партнери на им игра улога, а убаво си велеа некои дека извозена кола никој не сака..хмммм..така нешто беше
Би била... ако се заљубиме.. зошто да не? Има порно глумци кои вака.. по перфоманси, ми изгледаат како скроз тамам за мене Ако сака да снима, нека снима... ќе одам да гледам додека снимаат
Ах... не идеализирај... Не може добар секс да замени се' она што како човечки суштества ни е потребно...
А што правиме со среќата во другите соби, па и надвор од дома..а и таа среќа со колкав рок е, колку ли гаранција има???
Ќе го земам бе..зошто да не. Ако може да ме трпи...јухууу И не ...не се зезам. Пенисот не е од сапун ...
Знам дека се зезаш, а и знам дека никој не сака брак со таков брачен другар....а тоа значи дека дека сеуште сакаме партнерите да ни бидат сексуално "не многу" употребени. кхкххх
Зависи кои... Има некои што не им прави разлика тоа... А и многу добри се во кревет, баш оние што не им смета бројката
Една работа е број на партнери што спаѓаат во нечиј личен интимен живот и тоа во минатото пред тебе, а сосема друга - ваква професија на потенцијален партнер, која ја работи и сега. Покрај емотивниот аспект и непријатност кај моногамни личности (колку и да е дел од професија), тука, посебно во земја како Македонија - се и условите во кои се работат такви професии, и секако ризикот од СПБ. Така да, никогаш не се знае, ама лично мислам дека не би.