Секако дека и тие луѓе можат да сакаат, да имаат дома и деца. Имам гледано интервјуа од такви луѓе сите велат дека сексот приватно воопшто не го воспоставуваат туку баш уживаат дека е од љубов. За мене тоа би било товар не би можела тој би морал да биде со секоја што ќе му наредат па јас би полудела.
Не би издржал со мене-ќе го умрам од зезање ,плус би почнала да му глумам . Зезам...љубоморно женче сум и не знам и не сакам да делам
Ако то му е минатото - да, ако му е сегашноста - не. Не сум сигурна дека можам и сакам да делам во моментот, додека минатото не ми игра голема улога ако е здрав.
Ќе му го оданочиш дуќанот. Се додека го сака и се грижи за семејството, ја има секоја слобода. Доколку го напушти семејството, ја има повторно секоја слобода... Само тешко дека ќе се врати назад, не дека е забрането, туку станува непрактично.
Како што не сум запознаена со нашиве порно глумци, ако е фин момак при запознавање, искачање, пишување, гледање, способна сум да се зацапам до уши додека ми открие како заработува за живот, и после тоа да патам и да се убивам од плачење и да се прашувам како би било во кревет со таков батка зошто нема да можам да поминам преку тоа Некој рече ако е пензиониран е ок, ама ако уште си работи во струката no no no Мислам дека и моето мислење е такво отприлика
Македонија сеуште ја нема доразвиено оваа бранша. Додека на Запад дебели пари се прават од ваков тип бизнис без разлика дали се актери или режисери луѓето кои се занимаваат со ваква дејност, овде е тоа сеуште табу тема. (Иако аматерски снимки и девојчиња кои бараат спонзор врие). ..Веројатно постојат продукциски куќи кои работат на црно, ама јавноста за тоа нема информација. Впрочем не знам ниту дали е легално. Немам јас проблем да дејтам таков момак, либерте сум. Нема да го женам сигурно, зошто сум против брачни заедници, ама супер би функционирале сигурно.
Има секакви луѓе на светот. За секое грне има капаче. Лично тие професии не ги одобрувам, одвратни ми се и не можам да ги сфатам. Ама, ако некому не му смета да е во брак со таков, ок. Исто како и со други нормални професии. Пример доктори, музичари, на кои не им се знае стриктно работно време. Работи во 3 смени. Затоа сите си бираме тоа што ни одговара. Нек се сакаат луѓето. И подобро да има некој што ќе го прифати тоа, отколку да се лаже и крие.
Јас се сеќавам дека порано во некој весник неделен имаше ваква тематика со неколку страни опишани неколку бракови баш од ваква бранша, и неделен беше весникот или месечен не знам ама постојано раскажуваа мажи и жени за ваквите бракови како им е уствари може некој го читал... Едни викаа дека не им смета, сопругот ги носел до каде што треба, биле тајни сите овие професии ама сопругот знаел ј ја носел и навидум тоа го гледал само и само како работа па после уживале во парите Имаше други кои што кажуваа дека сопрузите не знаеле и не планирале никогаш да и кажат дека чекале да соберат некоја одредена сума на пари за да престанат Имаше и такви каде што сопрузите дознале од страна па се оставале Сума сумарум секој со своето. Да, во светот има вакви бракови, поголем процент се табу како што сум читала јас и гледала разни документарци на тв, крај краеваа сите луѓе се различни не значи дека ако на некого му смета и на другиот ќе му смета Некој на тоа гледа каки работа, нема љубомора и е ептен отворен тип на карактер ама факт е дека темава е гљочкава и повеќето не би се сложиле со таков начин на живот. Јас не подржувам за себе а останатите како како сакаат така.
Мислам дека на луѓево всушност не им претставува проблем бројот на бивши сексуални партнери на нивните избраници за во врска, туку проблем им е што многу луѓе ја знаат таа вистина, што им се јавни фаците, комшиите и пријателите што ќе ги оговараат..тоа е болката!
А од каде го извади заклучокот дека тоа е заради осудувањата од околината ? Еве го твојот одговор, и во ниту еден од останатите постови на темава, нема да најдеш такво образложение. ? Ако најбитно ти е туѓото одобрение, до тука.
Епа ете го бе душо, самото сознание дека и сите околу мене знаат колку партнерки имал пред мене....Срамот и Љубомората играат главна улога во оваа работа а не нешто друго.
Само ако работи за позната фирма или има добар менаџер. менаџер=макро/сводник/пимп Спонзоруша сум тешка, знам а да, и да немаат трауми..
Зошто да не порно глумец ако добро заработува и ако е успешен? Што треба да правиме за да не зборуваат лугето да бидеме голтари или да имаме пари? Ке се согласам со порно глумица и порно глумец а проститутка ако сум машко никако.
А што е разликата меѓу проститутка и порно глумица,и таа добро ќе заработи и оваа другава.Е сеа што едната ќе ја глеа цел свет а другата ќе е дискретна
Не. Наречете ме старомодна ама не би сакала да имам сопруг порно глумец. Не ми е нормална професија тоа. Џабе да се праам либерал и да глуматам дека сеедно ми е, ама и тоа како ми е грдо да го испратам сопругот на работа, и да му речам поздрави ги колешките љубави, у петок на вечера нека дојдат. Боже ми помози..
Разбирам да не сакате да имате врска со личности кои се занимаваат со порно или проституција, ама навистина нема потреба да го нарекувате тоа 'ненормално'. Сите гледаме порничи... ако не беа тие 'ненормалните', ќе немаше дркање пред монитори и телевизори