1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бранко Црвенковски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од vendiii, 17 октомври 2011.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Мислaм не е во ред да нема тема за Бранче .Лидер на најголемата опозициона партија поранешен премиер во периодот 1992-1998 во продолжение 2002-2004 и Претседател на Република Македонија 2004-2009 и воопшто битна фигура на политичката македонска сцена ...

    Роден е на 12 октомври, 1962 во Сараево, СР Босна и Херцеговина. Во 1963 година неговото семејство се вратило да живее во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје. Во 1980 година се запишал на Електротехничкиот факултет во Скопје, отсек за информатичка технологија и автоматика. Факултетот го завршил во 1985 година.

    Политичка кариера

    Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
    [уреди]Премиер на Македонија
    Во 1990 година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓала во рамките на СФР Југославија, избран бил за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, а по ова и за пратеник во првиот состав на Собранието. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент Црвенковски бил потписник на иницијативата за распишување референдум за независна Македонија. Претходно, Црвенковски бил Директор на Семос.
    Во април 1991 година Црвенковски бил избран за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. На 5 септември 1992, тој станал вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој бил најмладиот премиер во Европа во тој период. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски ја промовирал идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија. Тој успеал да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет, во која членувале само Албанци.
    Вториот премиерски мандат (за уште 4 години) го добил по изборите во декември во 1994 година. Во периодот 1994-1998 Македонија успеала да стане член на повеќе меѓународни организации, како што се: Организацијата на Обединетите нации (ООН), ОБСЕ и Советот на Европа. Црвенковски исто така е потписник на првиот договор со ММФ и Светска Банка.

    Лидер на опозиција

    По поразот на парламентарните избори во 1998 година, од 1998 до 2002 година бил лидер на опозицијата во македонското собрание. Поради започнувањето на воениот конфликт во 2001 година, Социјалдемократскиот сојуз се приклучил кон Владата на политичко единство, која била формирана со цел да запре кризата во земјата.
    Црвенковски, заедно со тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и со лидерите на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери, и на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, како и со претседателот Борис Трајковски, се потписници на Рамковниот договор од Охрид.
    Премиер на Македонија

    На парламентарните избори во 2002 година СДСМ повторно ја освоил власта заедно со партнерите од коалицијата „За Македонија заедно“, при што со политичките сојузници од коалицијата освоиле 60 од вкупно 120 пратенички места во парламентот. Така по крајот на изборите, во 2002 година повторно застанал на премиерската позиција.
    Претседател на Македонија

    „Македонски претседателски избори, 2004“.
    На третите вонредни Претседателски избори во Република Македонија, во вториот круг одржан на 28 април 2004, Бранко Црвенковски бил избран за претседател на државата. Црвенковски, кандидат на СДСМ и тогашен премиер на Република Македонија освоил 553.520 гласови, или 62,70% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, освоил 329.271 гласови, или 37,30%.
    На 12 мај 2004 ја презел функцијата претседател и се повлекол од премиерската положба и претседателската функција во партијата. За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија станала земја-кандидат за прием во Европската унија. На функцијата Претседател на Македонија се задржал до 12 мај 2009 година.
    Лидер на опозиција
    На 24 мај 2009 Бранко Црвенковски повторно застанал на чело на Социјалдемократскиот Сојуз.





    Ако дојдеме до компромис со кој се гарантира дека името на нашиот народ е македонски, дека името на нашиот јазик е македонски, тогаш привремената референца може да ја замениме со трајна која содржи географска одредница.

    Бранко Црвенковски

    Како личност кој што е доста важна а и има огромно политичко искуство со долги години на политичката сцена . Каков е вашиот став , како ја оценувате неговата политика и начинот на кој ја презентира ? Ваша оцена како се снајде во улогата на Премиер , Претседател , Лидер ?
    И ве замолувам својот став да го искажете смирено и без навреди кон другите.
     

    Прикачени фајлови:

    • branko-crvenkovski.jpg
      branko-crvenkovski.jpg
      Големина на фајлот:
      56,7 KB
      Прегледи:
      1.611
    • 439x.jpg
      439x.jpg
      Големина на фајлот:
      37,3 KB
      Прегледи:
      1.610
    • x610.jpg
      x610.jpg
      Големина на фајлот:
      56,2 KB
      Прегледи:
      1.610
    На Lili.lili и agirl17 им се допаѓа ова.
  2. Boomgirl

    Boomgirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    25
    Како што гледам и ти си заинтересирана за политиката...како и јас.
    Сите имаат различно мислење за Бранко ...
    Според мене е комуњар (извини вака)..Кој би можел да ја продаде државава на Грците ..
    Многу ситници направи за нашава држава ...просто кажано воопшто ништо ...Можеби и крадел премногу од дршавата...
    Не реков дека и Грујо не крадел...можеби краде не не и толку како Црвеновски ..Барем Груевски направи нешто за државава ....
    како рече бранко ..? Ако изгубам на сегашниве избори ќе ја напуштам политиката ..
    Епа брате што чекаш уште ..??????
    Дури не е ни вредно да се споменува една ваква личност ....Сепак не сум слепа за неговите постапки..
    Воопшто не ме интересира ...колку ќе негираш...Сепак тоа е твоето мислење ... :D
    Извини те молам ,,vendiii'''...Иако имам само 14 години ...тоа е моето мислење .... ;)
     
    На ADOKI, baby-star, kikikikirika и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Браво, и за овој човек тема, :puke: не сум политички определена, ама недај господ овој да дојде на власт, заради него го менавме знамето, а и името ни го стави под таа „привремена референца“ која е црна дамка на нашата прекрасна и голема историја, а нему нема ни око да му трепне и да го мени името, и да ги откаже споровите на Македонците за нивната земја во егејот, сите фабрики ги затвори и ги продаде, заради него пола Македонци се без работа.
    Особено со неговата сегашна коалиција,сам си го копа гробот во политиката, никогаш нема да дојдат на власт со тој Татарот бугарски,неќам името да му го спомнам.
     
    На ADOKI, blagica1991, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    проверен апаш, човек кој ја има направено најлошата приватизација во светот, човек кој е жеден за власт за која се би направил само да ја има повторно :!: го покажа и докажа тоа со сооединувањето со бугарот :) човек со изузетни манипулаторски спосбности, на уста е многу силен а и онака добро поткован е. ти го кажува буквално она што сакаш да го слушнеш...
    со Бранко СДСМ тоне, потребна е нова личност на партијата, потребен е Заев :!:
     
    На Norah Jones, ADOKI, kikikikirika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Лелеее ама сте се попалиле по Бранко :$ :tmi:
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Според мене, требало да си остане во Сараево, воопшто не требало да се враќа во Македонија. Така можеби немало да се случува се ова што го преживуваме сега. Колку само нелегални работи, матни приватизации, колку луѓе оставени без работа и на улица, стечајци, промена на името и на знамето :fubar: Па кој нормален човек би го направил ова на својата татковина? Порано со Љубчо Георгиевски очите си ги копаа, а сега се во сојуз? Добар оратор е, ама мислам дека нема цврст став. Да имаше, немаше ова да и го стори на нашата мала, мила и напатена државичка. Немаше да ги менува симболите и името на татковината, туку од петни жили ќе се бореше Македонија да влезе во меѓународните организации со нејзиното вистинско име. Ова е мојот став. Груевски не го бранам во никој случај, си има и тој некои свои моменти, ама барем спроведува реформи, менува некои работи и колку толку се труди да не внесе во Европа (па чекај, Македонија и е дел од Европа).
     
    На ADOKI, kikikikirika и Boomgirl им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    На твои 14год не ти останува ништо друго туку да отидеш пред Ацета фонтаната, да си замислиш желба и да фрлиш паричка во фонтаната.
     
    На dragan4eDR, Dazzle, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Сметам дека Бранко е човек кој би го продал и сопствениот народ за да дојде на власт.
    Како некој може да почитува човек каков што е Бранко-човек кој што прифаќа да се смени името, да се избрише целата истори..... :x
     
    На ADOKI и kikikikirika им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    И тебе ти се исполни желбата? :lol:

    Туку, овде не станува збор за Аце, ниту за фонтаната, туку за Бране кој е дел од историјата на оваа држава и ништо не го поврзува со наведените објекти. Мислам, неговото име нема шанси да биде поврзано со било каков напредок, со било каква новина во државава. Неговото име по кое уште долго во иднината ќе се плука, ќе биде поврзувано само со веќе споменатите колапси во кои беше доведена државата за времето кога тој, одн. неговата партија беше дел од политичката сцена.


    Оф хахах, цело време читам и викам аааа тачно е тачно, истина е, све си кажа како што треба, ама кога прочитав Заев на крај, абе ќе се помочав. Те молам кажи дека се шегуваш.. :^) :D
     
    На ADOKI, kikikikirika, Boomgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Abeja зошто да со помочаш????? А и мене не ми стои како шега. Се гледа дека многу ти пречи Заев и се она што тој направи во Струмица. Ти си била некогаш во Струмица? :?: А во другите градови никој ништо не направи во Скопје изградија само глупави споменици , градот го направија циркус. А и плус тоа доволно е само да отвориш еден весник и ке сфатиш што се случува !! Ти знаеш колку цените поскпеја ?

    Но да не бидам офф топик .. Бранко Црвенковски е исклучителен политичар со речник и однесување , а не овој шлапатарот не знае ни да оди ни да збори . Ќе се види кој е кој многу подоцна , зошто очигледно е дека овој наш народ ништо не сфаќа :!:
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Јас не знам има ли некој кој гледа иднина во овој :^)
     
    На Elennaa, kikikikirika, Rozich и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Јас го цитирав дипблу и се насмеав баш за текот на неговиот текст, колку ме изненади смешно на крај, не знам што толку се спопали по Заев па одма пламна. Многу ми е гајле, двајцата не вредат да им се споменува името (iили да се изразам во стилот на Бране"ич око не ми трепнува"-читај:ич кур не ме боли :lol: ). Уствари па што се замарам да пишувам за безвредни работи.
    Темава зборува за Бранко а не за денешните весници. Да беше темава за некој друг и за денешните весници, ќе правевме друг муабет во темата-актуелни политички настани, а не за "исклучителниот"искохолизиран "политичар".
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Политички определена сум за СДСМ не се срамам да кажам, според мене има далеку попаметни луге во оваа партија која без проблем би дошла на власт АКО не е Банко Црвенковски. Има многу луге кои не гласат за СДСМ само поради него. Колку не го сакам него, дупло не го сакам Груевски и мислам дека ако се тргнат тие од политичката сцена би било далеку подобро. :) Мој личен став, не ме цитирајте ве молам. :)
     
    На ang246 и Hipster им се допаѓа ова.
  14. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Добро бе зарем можел по пијан да биде ! Па и тоа ГРЕВ ама иритирачки звучи.Мислам факт е дека ради него тој систем не профункционирал .Нека се помири со фактот дека е лузер.Нека биде МАЖ и нека понуди нешто добро а не мрчење и измишљање топла вода .Да било добро ке бил сеуште на власт.А и што се фатиле за за сегашната власт и спомениците и се останато што се гради.Ке видиме дали ке опстојат како што опстои овој човек на власта ,дали ке бидат наградени и пофалени времето ќе си покаже.Нема бесрамно тука да плаче и да ја посакува пак да ја поседува моќта и душата на народов како имот на татко му, не мислејки дека тука има живи луѓе?.-БИДЕЈКИ они ги јадат :D
    http://www.youtube.com/watch?v=zkllQcVvo18

    http://www.youtube.com/watch?v=_FQ45MA5OYI
     
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Изгледа баш како скопски фраер :D оние што ми се пекмезат во стил бич ај ем ху ај ем 8) . Воопшто не е народен човек , арогантно створение , и умислено уште двојно .
    Никогаш не се поврзал со народот ни пак тоа ќе го стори ...
    Гледа од високо и понижувачки тоа ептен го мразам кај него . Во политичката кариера не забележал којзнае какви успеси . Гледа само да стигне до целта , ми изгледа болен за функција .
    Неговото време помина одамна , мислам дека нема ни К од КАРИЕРА за него . Премногу скандали премногу афери . Што е точно и колку е не знам . Знам дека кога би се вратил на власт спорот би бил решен додека кажеш кекс . Гледа кон иднината не кон минатото сосема поинаков поглед на споров од грото Македонци .

    Никогаш не сум го ценела ...
     
    На baby-star, Elennaa, kikikikirika и 2 други им се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Уф, органски не го можам човекот, ниту ќе го можам некогаш :puke:. Мојот единствен коментар за нашиот Бранче.

    Можеби е вака доста интелегентен, начитан и лукав ама ништо не е направил во политички аспект за да го ценам како политичар. Човек на кој му е битна само титулата "премиер" |( .
     
    На ADOKI, Elennaa, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Минатото ни го направи пекол,иднина бараме во него....
     
    На TennisBabe и starbucks им се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Дааааа ми се исполни желбата, :!: затоа те цитирав :P без да пуштам во гаќички од среќа.
     
    На silk и Abeja им се допаѓа ова.
  19. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Јас немам ништо против Бранко,но сметам дека терба местото да го отстапи на некој друг од СДСМ затоа што и самиот гледа дека луѓето и од СДСМ немаат веќе исто мислење за него,но според мене и моето размислување Бранко сега би направил повеќе од тоа што го прави сегашниот премиер.И било кој друг од СДСМ ке направи нешто што ке има суштина.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека Бранко своите шанси си ги прокоцка....барем нека си го отстапи своето место на некој друг од СДСМ
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.