Според мене е глупо нештово, а кој како сака нека прави....од толку мажи и жени на земјава ќе се испреплетуваат едни исти семејства.
кај мене чичко ми и негов прв братучед имаат жени сестри и ништо не им речија ни одобрение ни ништо, значи тие две фамилии не се крво поврзани, и ако брат ти се земе со неговата девојка пак нема да сте крвно поврзани ова е нормален случај нема ништо чудно
За ситуацијава се плашам дури и да имам мислење, не па реално да ја замислам. Од друга страна поголема потреба да подпрашам за семејствата на двете страни не сум имала никогаш. Се што мислиме дека е љубов, не е љубов, туку сосема нешто друго, а ова за такво ми личи, штом така чудно сте се вплеткале. У осталом, остајте ја романтичната прича, се сакале, остајте црква, ова не е нормално...и би било прилично збунувачки за децата кои ќе се изродат во таа фамилија. Ќе имаат вујна која е и тетка и вуко кој е чичко, нема никаков ред...а редот во едно семејство не сте ни свесни колку е важен. Побогу, редот на абортирано дете се брои, а во оваа каша оди најди го редот... Не е крвното сродство во прашање, тоа е физичкиот аспект на нештата, ама има многу, многу повеќе од тоа. Да се братучеди е збунувачки, а ова па... Кога може мајка без своето дете да преживее, можат и двајца млади еден без друг. Смејте се ама ова е за сериозно решавање.
Строго сум против,иако не паѓаат во крвно сродство,туку се бунам од некои морални аспекти..лично јас не би влегувала во ваква каша свесно,и не ми требаат додатни епитети,во исто време и тетка и стрина и вујна ,не фала
Мене не ми е ништо чудно, далеку од ненормално. Дури и конзервативна институција како Црквата не го забранува ова, освен што бара посебна дозвола - вие правите драми. Стварно не ве разбирам.
^ А која е па црквата? Црквата да учеше на прави работи, сите ќе бевме верници... Па и тоа барање на посебна дозвола треба нешто да ви значи. Ова не е конзервативност во прашање, туку нешто сосема друго. Од друга страна, сите против геј бракови... Долга е работава за објаснување... и не е драматичност, ама ајде. Пак ќе речам, многу ме интересира сега историјата на двете семејства...ама многу, штом кулминирало во ваков случај. Не ни очекувам дека ќе разбереш.
Ако не е конзервативност во прашање, тогаш е потреба за мешање во туѓи животи и лепење етикети. И тоа лепење без основа. Има еден едноставен термин со кој се дефинира сето тоа, ама ај да не испадне дека јас етикетирам непознати.
Па зошто тогаш ја отворила темава ако пишување на истата е мешање во нечиј живот? За да добие само позитивни одговори и тие не би биле мешање во животот? Си отвори тема и очекуваше секакви одговори, слободна земја, слободен форум или требаше тебе да те прашаме прво дали смееме и што смееме да пишуваме за да биде по твој стандард? Каде ја виде потребата од лепење етикети? Никого не исетикетирав и не го нареков некако, од друга страна ти...иако преќуте, некако го кажа, што значи ти си таква. Во ред?
Ако веќе идеме лично, кога ќе кажеш „никогаш повеќе не ме интересирало да ПОТПРАШАМ за историјата на две семејства“ и тоа како е НЕНАСИТНА потреба за мешање во туѓи животи и кога ќе кажеш „чудни плеткања“ и тоа како е етикетирање. Во ред? Кој тоа ред во семејството се нарушува со вакви два брака? И баш ме интересираат правилата на тој ред во овие семејства на 21. век и каде е пропишан, гледам подобро сте запознаени од мене.
а зошто си толку против тоа не ми е јасно Лилит? шо толку чудно виде?? наму близнаци со близнаци се зимаат раѓаат деца со иста крв како и они браќа па ова ќе ти е чудно? не си ми јасна ама ич, и нема ништо ненормално овде
Ти само претпоставуваш и наметнуваш зошто мене ме интересира, а не ни имаш идеја зошто прашувам, а не ненаситна потреба за сеирење. За момент ќе ти испратам во порака, ама за тебе е ова тешка литература. Греота, чичковците психолози врска немаат што е 21 век, мислам глупости, кој тоа го измислил, психологија, семејни динамики, семејни системи тоа е за заостанати. А како што гледам и девојчево не се чувствува удобно со целата ситуација, како и нејзините родители и не е работата за тоа што ќе каже светот, луѓето, комшиите...
Ме интересираше што мислат други на оваа тема без разлика дали ми се свиѓа одговорот или не, у реду е секој си има свое мислење и фала ви што го споделивте со мене, многу ми значи зашто луѓево (дечко ми, сестра му и нивните родители) се понашаат како да е најнормална работа.. А еве мене и на моите дома не ни е океј. Ја знам дека нема никакво крвно сродство фала богу , ама ипак не ми иде многу у глава вакво нешто, не знам... за тоа ја поставив темава да видам дали ја сум нешто заостаната или нешто не е у реду со мене па да ми сметаат вакви работи.. и финтава е што сестра му свесно се фати со брат ми знае дека ми е брат и пак со него како да нема други машки на овој свет ( не знам дали и е стварно љубов или си најде прилика, дечко со пари со стан со све...), и мислам дека ќе имам проблеми натаму со неа ама да не зборам за тоа, тука се отвараат и други теми да не навлегувам во тоа. Мене ова ми е превише комплицирано (можда зашто и од дома ми вршат притисок и ми зборат за тоа мајка ми одма ја нејќе ) да се најде некој во ваква ситуација ќе ме разбере, зашто вака од страна изгледа дека стварно е у реду нема крвно сродство нема ништо, ама од друга гледна точка е комплицирано и можда неморално. И ја не знам што да им правамдали да ја игнорирам или да се смирам со тоа, како и да е фала шо ми кажавте што мислите за темава
Tie dvajca treba da se venchaat i uopshte da ne ve prashuvaat vas za nishto. Malogragjanshtinata kje im go unishti zhivotot ako ve slushaat. Dojde tuka da napishesh deka nejzinite roditeli sakaat samo da ja omazhat da ne im sedi doma ? Ne pomisluvash deka brat ti sigurno ja saka ako reshi da se ozheni? Tebe ti e samo bitno ti da ne imash problemi so crkvata a isto i na tvoite
Не сакам да коментирам за другото, меѓутоа она што ми падна во очи и во овој и во претходниот пост е тоа што брат ти го ставаш целосно настрана, како само таа да е дел од оваа врска и единствена виновна за истата. Во врската се двајцата, па не е добро него да го изземаш од целата оваа ситуација. Ете кажа како реагираат твоите, како неговите, а не кажа ништо за тоа како реагира брат ти, кои се неговите образложенија?
И ти само претпоставуваш, па тоа не те спречува да се однесуваш како да располагаш со факти. Како не сфати дека мене НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА ЗОШТО ТЕБЕ ТЕ ИНТЕРЕСИРА, туку тој коментар самата си го побара со начинот на кој ми се обрати Ова за мене не е литература потешка од тој проблем кој го имаш, каков, ќе ти напишам по ЛП. Тие линкови што ми ги испраќаш немаат благе везе со оваа тема. Не можеш не познавајќи некого да набедуваш дека има некаков психолошки или трауматски проблем. Овде не станува збор ни за казниво дело, ни за порок, ниту за нешто кое влијае негативно и дегенеративно врз општествениот тек и развој, дали ти е сега јасно зошто овие врски и односи не се забранети со ниту една регулатива? Можеш да зборуваш што сакаш за институциите, можеме да ја земеме црквата за пример кога веќе спомената, ама своевремено законите сепак ги составувале нешто поинтелигентни луѓе и штом тие не виделе посериозна пречка, нема што некој си, кој и да е, да бара влакно во јајце. Западниот свет има историја на дозволени бракови помеѓу први братучеди што е далеку подискутабилно отколку случајот поставен во темава и што мене лично не ми е најприфатливо, па дури ни тоа не предизвикало општествени потреси кај нив. Ама ако, правете си драми околу ваква ситница, слободно. Колку да разјаснам, не се осврнувам на конкретниов случај, уште со првиот пост пишував општо, водена од насловот на темата.
Како ја одреди интелигенцијата на оние кои ги составувале законите кога сведочиш дека живееме во време каде што се носат закони без поента? Оние кои ги носат законите не размислуваат за посериозните психолошки реперкусии кои за тебе се далечна тема. Целата идеја е само да не се убива и да не се нарушува јавниот ред и поредок, но не и во која емотивна состојба ќе те фрлат тебе и твоите деца, сметаат на твоето чувство за морал и етика, а ако не си запознаена тие одат во непишана форма, а зад сето тоа стои нешто многу, многу повеќе што твојата ограниченост нема капацитет да го свари. Тоа е твоја работа која потоа порано или покасно ќе ја решаваш кај психолог или психијатар. Дали се што е регулирано со закон те заштитува од психолошки и емотивни последици? Кој е законот над природата? Можеби во тоа е поентата зошто изгубивме чувство што е во ред, а што не е, па имаме брдо збунета младина. Се доби законска и вештачка форма зад која се кријат слабаци, а од друга страна сите одеднаш се вртат накај природата...пародија на животот. Овде нема врска со социјалниот момент, ниту има врска со општествениот, ниту законодавниот, едноставно природниот след на нештата. Бидејќи мислиш дека си интелигентна, очекував дека ќе разбереш во што е поентата, ама.... тоа е тоа. Како тоа е ситница кога некој се чувствува лошо во врска со нешто и која си ти да и кажеш дека не е во право така да се чувствува? Демек ете законот не вика така, не смееш да се осеќаш како што се осеќаш? Оу извини. Од затуцаните глупости - ќути што ќе речат комшиите, срамота, отидовме во друга крајност, пред се неприродна која исто така е - ќути што ќе кажат елитистите од 21иот век... А елитистиве, една шака неразбрана багра произлезена од фрустрациите на нивните претци кои викале - ќути што ќе речат комшиите...и тие пустите фрустрирани и се по ѓаволите... П.С. Се разбравме со Калина баш фино, напротив нема ништо осудувачко во она кое што јас го пишувам.
Познавам неколку вакви парови од кои едните македонци, другите муслимани. Првите се двајца браќа за две сестри, другите измешани. Јас не би, па секој си знае за себе. Незнам зошто ама глупаво би ми било некако.
Во семејството на маж ми имам случај две сестри за двајца први братучеди. Не е блиску како ова ама има сличности. Лично не гледам пречка за брак ,иако се наметнува и морална и законска. Освем што ќе се испомешаат лончињата во роднинските титули на децата подоцна,навистина не гледам проблем.Сум слушала за ова дека се случува кај муслиманите без никаков проблем,ама кај нив се е поинаку. Јас би побарала совет од црковно лице и некој кој се разбира од овие работи,чисто да слушнам мислење не дека тоа би ми ја променило намерата ако сум на местото на Калина. Навистина необична ситуација.
Сестра му свесно се фати со брат ти, а он несвесно ли влезе во врската?!?!?! Јас не гледам ништо спорно во "дуплава" врска, ама вас проблемот не ќе да ви е ова!