1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брат и сестра во врска со сестра и брат

Дискусија во 'Врски' започната од Калина1234, 29 јули 2015.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Можеби ви ја направив работата бетер од инцес, ама јас неможам да одам против себе за мене овие врски се незамисливи и тврдам дека секој со здрав памет си влегува свесно во врска.
    Лесно е тука да зборваме за луѓе кои имат ваква врска и нас мува не не лази само си коментираме ама нас лично да ни се случи ваква ситуација нема да ни биди сеедно така да можите да си оправдувате колку сакате ЗА НЕКОИ НЕПОЗНАТИ...Било кој родител да се најди во ваква ситуација со неговите деца ќе биди фрапиран...
     
  2. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    А тек кога ќе дојде момент некогаш да се дели имот, ќе настане каша-попара...:lol:
    Шала на страна, не би сакал да бидам во кожата ни на младите ни на родителите...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Баш симпатично :)

    Не знам зошто се употребува поимот `морално`, кој е тој аргумент изведен од морален аспект кој би бил против вакво нешто?
    Самата врска или брак на двајца браќа со две сестри не предизвикува штета никому.
    Кој кому ќе бил снаа, јатрва и золва е тотално неважно.
     
    На kjukli, Sanjichka007, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Како тоа кај има љубов ќе има и пречки? Децо, и јас сум гледала Млади Бунтовници ама поминало време од тогаш. Баш спротивно, љубовта е лесна како бело перде кое го дува ветренце кое пак доаѓа од морето. Пречки од самите себе, кога еве на пример некогаш ќе те изнервира и се мислиш дали вилушката во него или во јадењето. Се шалам де (или не).

    Како сакате, ама мене ми е ова прекомплицирана ситуација. И не дека е последен на светот. Калина, и самата си свесна, уште на почетокот е тешко, а замисли пак понатаму...
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Некако комплицирано изгледа, но ако си се сакаат луѓето зошто да не?
     
  6. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто би било проблем да бидат брат и сестра во врска со друг двајца брат и сестра или двајца браќа со 2 сестри.
    Според мене тоа не е инцест ниту пак е забрането со некои норми.
    Всушност сите тие норми ги пишувале луге кои биле владетели во различни периоди и нормите ги донесувале зависно од нивните убедувања. Некои од тие норми во поново време се тотално сменети а некои се задржани зависно како им одговарало на лугето.
    Затоа многумина споменувате норми а всушност незнаете дека многу мал дел од тие норми се преточени во законски забрани, повеќето се обичаи кои се пренесуваат од генерација на генерација и не постои никаква законска основа.
    Би сакала некој да ми објасни зошто не е во ред да се забавуваат братот и сестрата на веќе постоечки пар и каква тоа законска или морална норма кршат тие бидејки не е во интимен однос една особа со двајца браќа туку се работи за 2 различни особи. Всушност тие се само сватови а тоа не е крвно сродствоми, не постои ниту генетска нити законска пречка да тие стапат дури и во брак.
    Искрено 21 век сме но како сеуште да се чувствува духот на 19 век што е според мене доста поразително.
    Пред некој ден прочитав за некое племе во џунгла кое е откриено и кое со векови живееле далеку од цивилизација каде бројот бил многу ограничен и немале можнист за бирање на партнери и размислување на оваа тема. Па се прашувам како ова и слични племиња на луге успеале да опстанат векови и векови и да задржат здрави поколенија бидејки во такви сурови услови многу е тешко да се преживее. Се повеќе сум убедена дека разните девијации и болести кои се јавуваат кај лугето не се последица на генетската сличност туку од неодговорниот однос на лугето кон приридата. Инаку како поинаку да се објасни тоа што толку внимаваме на генетика исхрана... а се повеќе девијантни и малигни заболувања има за разлика во таквите изолирани племенски заедници.
     
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Јaс не гледaм кaкo oвa би билo прoблем oд билo кoјa гледнa тoчкa.
    Мене oвa ми пaднa вo oчи. Ти не јa сaкaш нејзе нештo a?


    И дoдекa сум нa местoвo, ме зaнимa некoи штo спoмнaле декa мoрaлнo не е oпрaвдaнo ( @Orthophill ), aкo мoже дa ми oбјaснaт зoштo oвa би билo немoрaлнo. фaлa унaпред
     
    На kjukli и Strumka22 им се допаѓа ова.
  8. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    @Madam-A фала ти што го постави прашањето и мене баш ме интересира.
    @калина1234 како тоа они само гледаат да ја омашат, а зошто ти ако сметаш дека е неморално не ги оставиш нив а ти да раскинеш со дечко ти? Мене ми се чини дека е обратна работата дека она е искулирана и сака да се забавува а ти си таа која мисли на мажачка и сака да се утрапи. Нели е малку нелогички да тврдиш дека нешто е неморално а упорно да го правиш истото.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Ова е тоа што го мислам и ја.
    Каков ти е тој брат, ама озбилно?
    За колку безвезни и мали работи се имам расправано со сестра ми, до вакво нешто не знам шо би направил. можда у весник ќе ја откажам.

    Мене ми е многу погрешно и гадно и незамисливо, тоа е моето мислење.
     
  10. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Ako ljubovta i na dvata para im e vistinska togash e greota da se razdeluvaat a ne se vo krvno srodstvo,toa e moe mislenje
     
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Jas nemam brat nitu sestra, ama sea razmisluvam od gledna tochka na dete vo familija.
    Mene uopshte ne bi mi prechelo koga bratot na tatko mi bi bil neozhenet/single ili taka nesho i bi zapochnal neshto so sestrata na majka mi.
    Oni srekjni, i jas srekjna :)
     
    Последна измена: 28 август 2015
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ситуацијава би била ваква:
     
  13. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    македонштина
    тоа што не е вообичаено не го прави забрането а во случајов во никакво крвно сродство не сте...
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ovie tuka vo drzhavava se ponashaat kako strina, zolva, jatrva da se blagorodnichki tituli pa mora da se pazat :D
     
  15. Mari92

    Mari92 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Vaka mn pati na neletuvam na vakvi temi svarno i mene mi treba pomos vo inbox privatno dobivam mn poraki deka ne sme nisto rodnini deka nemame nikakvo krvno srodtvo ama citam i drugi rab baram na google za ovie temi i odsekade izvlekuvam razlicni podatoci i od lugje razlicni mislenja i se nekoi mi kazuvaat so e pravilno nekoi mi vikaat obratno deka nee e dozvoleno. Vaka ,kako so kazuvate za vrski po vakva li nija po svatovska linija i se drugo kajmene se sluci istoto kako i mn drugi mojot tatko se mn deca dokolku na majakmi familijata ne ja znam mn mislam ne sum bliska ni so prvite bratucedi kamoli so vtorite a od kaj tato isto. Na tatkomi zenava mu se pagja prva bratuceda a jas so nejzinite deca vtora taka da rzlikata e mn golema vo godinite i ne sme bliski no mojot decko so se gledam ispadna da mie nes po nekoa linija svat negovata sestra e mazena za moj vtor bratuced dalie dozvolena vrska
     
  16. Mari92

    Mari92 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    У.бр.24/2018-1
    25 ДЕК 2018
    ГРАЃАНИ, ДРУГИ ПРОПИСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ, ОДЛУКИ, ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ ИЛИ ЗАКОНИТОСТ НА ОПШТИ АКТИ, СЕ УКИНУВА


    Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) на седницата одржана на 25 декември 2018 година, донесе

    О Д Л У К А

    1. СЕ УКИНУВА делот: „втори братучеди“ од алинејата 3 и делот: „братучеди на вашиот брачен другар“ од алинејата 5 од делот: „III.2 Ангажман на блиски лица“ од 4-та страна на Изјавата за интереси содржани во Правилникот за формата и содржината на образецот на изјава за интереси („Службен весник на Република Македонија бр.146/2009).

    2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

    3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод иницијативата на Владимир Клековски од Скопје со Решение У.бр.24/2018 од 7 ноември 2018 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на делови од одредбите од Правилникот за формата и содржината на образецот на изјава за интереси, означени во точката 1 од оваа одлука, бидејќи основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот и со Законот за спречување на судир на интереси. Со истото решение Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на целината на означениот правилник.

    4. Судот на седницата, утврди дека, врз основа на членот 20-г од Законот за спречување судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” бр.70/2007 и 114/2009), Државната комисија за спречување на корупцијата на 1 декември 2009 година донела Правилник за формата и содржината на образецот на изјава за интереси, кој содржи четири одредби.

    Правилникот е донесен на 1 декември 2009 година под бр.12-1601/3.

    Во продолжение на Правилникот следува образецот на изјавата за интереси, како составен дел на Правилникот. Образецот е составен од шест страници. На четвртата страна од образецот (стр. 71 од службениот весник), како појаснување на насловот. „III.2 Ангажман на блиски лица“ под блиски лица меѓу другите во алинејата 3 се наведени: роднините по крв во странична линија до четврти степен (брат и сестра на вашите родители, вашите први и втори братучеди), а во алинејата 5 се наведени: роднините по сватовство до втор степен (татко и мајка, брат и сестра и братучедите на вашиот брачен другар).

    5. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото е една од темелните вредности на Уставниот поредок на Република Македонија.

    Според член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со законите и секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

    Според член 3 алинеја 5 од Законот за спречување на судир на интереси, поимот: „блиски лица“ употребен во Законот за спречување на интереси го има следното значење: „лицата во брачна или вонбрачна заедница со службеното лице, роднини по крв во права линија и во странична линија до четврти степен, посвоителот и посвоеникот, роднините по сватовство до втор степен, како и секое физичко или правно лице со кое службеното лице има приватен интерес.

    Во членот 20-г од истиот закон, е предвидено дека формата и содржината на образецот за изјавата за интереси од членовите 20-а и 20-б на овој закон ги пропишува Државната комисија.

    Од анализата на цитираните одредби Судот оцени во Законот за спречување на судир на интереси и во Правилникот е содржан ист степен на сродство, односно роднини по крв во странична линија до четврти степен и роднини по сватовство до втор степен.

    Според Судот постои излегувањето надвор од уставната и законска рамка сторено со појаснувањето на алинеите 3 и 5 од четвртата страна од образецот (стр. 71 од службениот весник) содржано во заградите на образецот. Поконретно тоа се: делот „втори братучеди“ по однос на алинејата 3 и делот: „братучеди на вашиот брачен другар“ по однос на алинејата 5.

    Правната теорија (Семејното право во СФРЈ, д-р Војислав С.Бакиќ, 1988 година; Коментар на Законот за наследување, д-р Кирил Чавдар, 1996 и 1998 година и Семејно право, Лилјана Спирковиќ Трпеновска, 1997 и 2008 година) во Република Македонија, во зависност на основот на врската помеѓу сродниците разликува: крвно сродство во права линија, крвно сродство во странична линија и сродство по сватовство (при што степените на сродство се идентични како степените на сродство за брачниот другар). Притоа бројот на раѓања помеѓу сродниците го определува и степенот на сродство, според познатата максима на римското право: „quot sunt generations, tot sunt gradus“ или колку раѓања, толку степени на сродство. Поделбата на сродниците според нивниот најблизок заеднички предок е позната уште како парентеларен систем кој е во примена во наследните и воопшто во семејно-правните односи во Република Македонија.

    Крвно сродство од прв степен постои само помеѓу родители и деца и обратно. Прв степен на сродство, но во странична линија, и тоа кај роднините по сватовство постои помеѓу: снаата и родителите на сопругот и зетот и родителите на сопругата (идентичен степен на сродство како на брачниот другар) и обратно.

    Сродството по крв во страничната линија секогаш започнува од втор степен, односно е сродство помеѓу сестри и браќа од два или еден ист родител. Оттаму и сродството по сватовство помеѓу давателот на изјавата и браќата и сестрите на брачниот другар е странично сродство од втор степен.

    Според наведеното, а следејќи ја правната теорија и законската рамка произлегува дека опфатот на лицата кои се во меѓусебно соодветно сродство, кој е од значење за појаснување на ангажманот на блиски лица на давателот на изјава на интереси кои вршат јавни овластувања за алинејата 3 (страна 4 од образец) се однесува на следните лица:

    – брат и сестра на давателот на изјавата, како роднини по крв од втор степен странична линија, а кои не се означени како блиски лица;
    – брат и сестра на родителите на давателот на изјавата, како роднини по крв од трет степен странична линија. Внуците од браќата и сестрите на давателот на изјавата се исто така роднини по крв од трет степен странична линија, но истите не се означени како блиски лица со давателот на изјавата и

    – првите братучеди на давателот на изјавата, како роднини по крв од четврти степен странична линија.

    Вторите братучеди на давателот на изјавата спаѓаат веќе во петти степен на роднини по крв во странична линија од каде со право во иницијативата се укажува на доуредување надвор од законската рамка.

    По однос на алинејата 5 (страна 4 од образецот) односно појаснувањето на роднините по сватовство до втор степен според правната теорија и законската рамка се однесува на следните лица:

    – Родителите на брачниот другар на давателот на изјавата, како роднини по сватовство од прв степен и
    – Брат и сестра на брачниот другар на давателот на изјавата, како роднини по сватовство од втор степен.

    Братучедите на брачниот другар (први, втори итн.) спаѓаат во четврти, петти итн. степен на сродство по сватовство од каде со право во иницијативата се укажува на доуредување надвор од законската рамка.

    Од сето наведено произлегува дека делот: „втори братучеди“ од алинејата 3 и делот: „братучеди на вашиот брачен другар“ од алинејата 5 од делот: III.2 Ангажман на блиски лица од 4-та страна на Изјавата за интереси содржани во Правилникот не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и со член 3 алинеја 5 од Законот за спречување на судир на интереси. Ова од причини што прописите мораат да бидат во согласност со Уставот и законите, а со доуредувањето очигледно е излезено надвор од законските рамки.

    6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

    7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседа-телот на Судот, Никола Ивановски и судиите: Насер Ајдари, Елена Гошева, Јован Јосифовски, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати и Владимир Стојаноски.
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.219
    Допаѓања:
    124.236
    Ова погоре е за судир на интерес, од закон за корупција:)

    Нема врска со закон за семејство
     
    На Didi22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mari92

    Mari92 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    A dobro togas dali e moralno da se pocituvaat tie tituli jatrva zolva kajmene sitoacijata e mn poinakva od ova so se pisuva tuka ama togas vo toj slucaj site mi vikaat so ke im ispadne tvojot bratuved na tvoite deca i samata se mislam deka napraviv golema greska vo vrska sonego sepak gi stavate svatovite vo isti kos kako rodnisnki vrski a nema krvno srodtvo ama sepak moralnoto ima istoto i jas go delam istoto mislenje so mnogute odbas i nz na so sun mn sum raseasna so imav takva vrska so bratot na mojata snaa za vtor bratucet site mi vikaat deka e dozvoleno ama nz dajte sovet ve molam