Офф топик. Тоа што ти не можеш да го сфатиш, не мора веднаш да го класифицираш како изопачено. Прогуглај, малку простудирај и инофрмирај се а потоа оцени во кој кош ќе ги вметнеш нештата, ама биди фер. Инаку, штом ти се повраќа од горенаведеново, автоматски значи дека ти се гади и од човечкиот род, бидејќи статистички гледано воопшто не е мал бројот на лицата со поинаква сексуална ориентација во земјава и пошироко, па дури би рекла дека e и во константен пораст. Еве ти некои податоци, прочитај си ако имаш желба. Спојлер http://psychology.ucdavis.edu/faculty_sites/rainbow/html/facts_mental_health.html - Sigmund Freud's basic theory of human sexuality was different from that of Ellis. He believed all human beings were innately bisexual, and that they become heterosexual or homosexual as a result of their experiences with parents and others (Freud, 1905). Очигледно Фројд малце претерал и преувеличал, али тоа не го занемарува фактот дека хомосексуалноста не се декларира повеќе како болест, и не е одлика на извитопереност сакала ти или не! У продолжение: Today, a large body of published empirical research clearly refutes the notion that homosexuality per se is indicative of or correlated with psychopathology...Hooker's (1957) study was innovative in several important respects. First, rather than simply accepting the predominant view of homosexuality as pathology, she posed the question of whether homosexuals and heterosexuals differed in their psychological adjustment. Second, rather than studying psychiatric patients, she recruited a sample of homosexual men who were functioning normally in society. Third, she employed a procedure that asked experts to rate the adjustment of men without prior knowledge of their sexual orientation. This method addressed an important source of bias that had vitiated so many previous studies of homosexuality. Иначе мене па ова не ми е воопшто одбивно или чудно. И јас би го прифатила бидејќи не знам стварно како би можело да се манифестира со угрозување на моето психичко или физичко здравје. Така да, секој нека си прави со животот што сака, секако дур е среќен со своите избори и не наштетува на некој друг со тоа. Овие три личности стварно не гледам што придонесуваат за да бидат гледани со поинакви очи. Љубовта не знам од кого е преодредена да остане во двојка? Од библијата можеби? ...Како и да е, изгледа ви дојде шок што дознавте дека и во нашата државичка постојат вакви појави, а не само на еротските филмови или во високо развиените земји каде владее либералноста.
И јас се надевам дека некој ни прави филмови. Многу нелогичности на едно место...Не ме сфаќајте погрешно, не мислам дека е нелогично тоа што брат и е во врска со двајцата, ама почетокот не ми е логичен па колку и да сакам да мислам спротивно од тоа.Моите на одмор со сестра ми, јас со друштво, па досадно ми беше, се вратив дома, не се јавив на никого, вратата отклучена.....Хммм Извини Данира ако сум грешка. Ако е вистинита случката, тогаш прифати го брат ти таков каков што е и тоа е тоа, и онака неможеш ништо да смениш.
Пост на Данира од друга тема Ама затоа родителите имаат пари за одмор, таа иде на одмор и баш во погодено време се враќа да го начека братот на куп со девојката и најдобриот другар :up: Девојчево изгледа гледало bi/orgy porn и па сакала да ни го раскаже Кај и да се сврти човек на форумов, само тролови брејј
Извини срцка, ако сум рекла дека не го сфаќам не значи буквално дека не го сфаќам и дека треба да гуглам, не ми требаат копирани линкови, фала ти од се срце за твојата желба да ме просветлиш, но друг пат читај малце меѓу редови. Немам желба ни да читам ни да знам, тие си знаат, а колку и да е голема бројката за мене пак ќе биде ненормално, тоа нема ништо да смени кај мене, само ќе жалам за правецот во кој отишол светов со растењето на оваа бројка. И се тоа е од што сме мнооогу „модерни“, па од мали растат со изопачени ставови, дека се тоа е нормално, а ти ако не го разбираш си заостанат или умоболен, нешто слично на твојов став кон мене. Не сум јас таа што ја создала така природата, па да и Библијата да ти кажам право иако ти е тебе може смешно, но има многу верници. Ако не гледаш Библијата, природата ги создала за тоа мажот и жената. А се што е против природата, мене ми е изопачено. Не измислив јас топла вода што го сметам ова за изопачено. Не ја гледам поентата да се бранат поинаквите а да се гаѓаат со дрва и камења тие како мене што го сметаат ова за неприродно. Уште малце ќе испадне дека сме ненормални оние кои се вљубуваме, мажиме и раѓаме деца, тоа е надвор од мода веќе ехееее. А како ли ќе опстане светот без нас нормалните само се прашувам..... Можеби нов начин на размножување ќе измислат модерниве како тебе, никад се не зна.
Несакам да се правам многу паметна ама мене лично сето ова ми личи на една голема измислица. Прво ели дека нејзините родители се нонстоп на работа и не се прибираат дома а после вика дека отишле на одмор. Ајде тука и да не дискутирам толку им дале годишен одмор. Во друг пост во темата совети има напишано дека немале пари ова тоа (не е потсмевање) а тука вика дека таа отишла на одмор со друштво а родители посебно. Има посмнато дека со 12000 терале цел месец. Епа луѓе мои како може 12 илјади да им стигнат за сметки, храна + таа да отиде на одмор сама а нејзините родители посебно? Мислам тука нешто не ми штима. И деовјчето сама спомна дека не работела никаде и дека зела пари од нејзините за одмор. И ова со празни чаши и испразнети шишиња по подот ми личи на филмска сцена. Таа се туширала па си седела во соба а тие не ја приметиле ај ве молам. Ова го цитирам После два саати (откако си замина ,,другар-му'' и девојкава која повеќе не знам ни како да ја наречам), брат - ми тропна кај мене на вратата јас му отворив правејќи се дека ништо незнам. И неможам да разберам од каде брат и дознал дека се вратила? Мислам многу работи во постот не ми се поклопуваат и сето ова ми личи на една голема измислица од девојка која е желна за внимание. Ова е слика од нејзин пост пред неколку дена.
Ти сигурно знаеш дека не си таа што ја создала природата, ама затоа не знаш дека е природата токму онаа која ги создала хомосексуалците. Нејзините производи не се секогаш во склад со желбите и потребите на човекот туку овде си играат и гените голема улога. Исто толку ќе дознаеше дека некој не е геј поради мода, општествени или некои други уверувања. Геј не се станува, туку се бива. Ваквата појава патем, не спаѓа уопште у new age crap, туку почнала векови наназад, така да нема допирна точка со новиот бран. Туку е сега повеќе фурана затоа што е ова време кога луѓето ја фрлаат сенката на табуто и решаваат отворено да говорат за своите навики, зависности, проблеми и желби. Да прочиташе бар неколку пасуси од линкот кој ти го ставив погоре, (со кој божем те просветлив ), ќе го знаеше ова. Твојот единствен аргумент овде колку што можев да увидам е Библијата. Епа јас да ти кажам драга моја, дека таа голема света книга која сметате дека е од Бог дадена, и сите редум и се крстите, не е ништо повеќе, туку еден обичен состав или збир на мисли од страна на различни филозофи, пагани и свештеници кои демек ја пренесуваат Божјата реч. И таму има еден куп недоследности, кои ниту денешните попови, ѓакони и свештеници не можат да ги објаснат. Ова исто така ќе го знаеше да прогуглаше малце, ама nah, што ќе ти е тоа тебе кога можеш да се мажиш, раѓаш деца и фино да си уживаш во брачниот живот, макар и по цена никогаш да не ги видиш благодетите на животот, и никогаш да не бидеш ни приближно задоволена. Така следејќи ги слепо калапите на општеството, иста како и мнозината да си живееш, и насјтрого да осудуваш што светот заминал во погрешна насока уверена дека ти ја правиш вистинската работа чекорејќи по послани рози. Патем, природата на мажот и жената сигурно не им ја ставила фунцкијата за размножување како примарна, и сигурно не ги создала исклучиво за таа намена. Ама што знам јас нели, многу сум модерна па си лупетам.
Реков сто пати дека со посрани 3 илјади отидов на одмор и затоа порано се вратив. Вратата беше отклучена затоа што мојот брат често ја остава така. Во секој случај Наушица и куп други незнам зошто сеуште барате влакно во сено никој не ми објасни каде наидувате на контрадикторност од моја страна освен цитирање на секоја моја проклета реченица и студирање на истата небаре се наоѓам на некој распит од полиција. Безмислено ми е ама ај, арно фати се за работа цркни и не барај помош. Спојлер Кај отворив две теми кај се запустив.
^ Не сакам да се расправам, сите сме различни јбг јас сакам да се омажам и да имам деца, што да правам, мора нешто да ми фали. А дали ќе уживам во брачниот живот или во останатите „благодети“ на животот како што е сексот во тројка и слично, зависи само од мене и моите желби, потреби и барања. И не кажав дека луѓето се примарно создадени за размножување (иако така било на почетокот според мене додека не станале доволно паметни да имаат сопствени желби и барања), туку ако сите почнат да живеат така едноставно светот ќе нема иднина. Или ќе почнеме да се размножуваме како кучиња и мачиња со различни и без обврски. Може Библијата е некој вид книга создадена од обични луѓе, а јас не сум забеган верник далеку од тоа, но факт е дека во нешто мора да се верува и некаква запирна точка мора да се има, инаку отидовме сите у ку**ц. Дали си владее либералноста или не, нив ништо не ги спречува, пак си го прават истото и нивно право си е. Не гледам дека им е нешто скратено освен бракот и тоа не во сите земји. Но јас лично да се легализира таквиот брак и слични глупости мислам е премногу. Ај да се легализира и дрогата и оружјето и се што не е легализирано, јбг еднаш се живее, каква Библија, каков Бог, каква љубов, зашто да живееме по посланите рози од првобитната заедница. И да, премногу отидов оф топик свесна сум, ама ме збодна и не можев да не се изјаснам.
По стоти пат веќе - роднините им го платија престојот на моите аман више! Моите си платија само бензин т.е. само патот до таму. Се вратив од одмор затоа што немав пари и поради уште една причина која не ми паѓа на памет да ја кажам зошто ќе ме осудите дека правам филмови. Ајт поздрав и не ме замарајте веќе. Ако сакате барајте од админите да ми избришат профил ако мислете дека лажам зошто стварно ми е многу тешко и немам намера дополнително да си отежнувам објаснувајќи ви се вам. Човек да не побара совет, како оси на мед сте фала ви многу што ме нападнавте, а згора на тоа ме сторивте и свестска мрза нека ви служи на чест браво!
Данира може дел од ова да е вистина ама ти малку си претерала и си направила филмска сцена. Имаш многу нејасни работи во постот. Зборувам за овој пост не за другите. Кога веќе си го пишувала проблемот (ако е вистина) си требала се убаво да објасниш за да нема нејасни работи и да те советуваме како што треба. Јас не велам дека си ти лажга само кажувам дека многу работи не ти се поклопуваат и толку.
Danira, ај објасни ми кој човек кој пати од депресија одбира да оди на одмор а притоа да нема пари да си купи лекови? Ти го имаш тоа напишано, не јас! Или во првиот пост сакаше да те жалиме колку си за греота и сиромашна па после кога на луѓево им текна дека ти си таа која се вратила порано од одмор и си начекала дома оргија, почна со муабетите дека роднините ве честеле одмор и дека, иако немате пари, од дома не ти даваат да работиш ни преку лето. И да, контрадикторна си!
Oва и јас неможев да го сватам. Иако има и други нејасни работи во постот ама конкретно за ова да кажам. Кога оддговарам на некоја тема јас лично немам намера да превртувам низ другите мислења на корисникот и да истражувам ама убаво се сеќавам дека пред 3 дена Даниера напиша пост за тоа дека и недостигале пари. Не по друго по сликичката ја запамтив. И сега таа ако навистина била во некоја си "депресија" и и било битно да ја надмине ситуацијата психички место одмор ќе си одберела психијатар или парите ќе ги искористела за нешто друго. Мислам на одмор може да оди и другото лето а и по 10 години. Не викам дека лаже ама мислам дека претерува.
Јас и ти изгледа не се сфаќаме. Кога мислев на ,,благодети'' на животот не мислев конкретно за сексот во тројка. Туку мислев на слободата во мислите, на таа безусловна безграничност - уметничка, суптилна. Не во постапките за кои секако треба да се претпочита умереност, со една единствена цел - да не наштетат на некој друг. Но, се дур не наштетуваат никому стварно не гледам зошто се погрешни. Освен тоа, која е таа запирна точка за која зборуваш? Педофилијата, инцестот? Ако целеше кон ова се согласувам во потполност, а ако мислиш на нешто друго ако сакаш дообјасни се зошто не сфаќам. Патем исто толку не ми е јасно зошто легализацијата на геј бракот е според тебе обична глупост? Ако одговорот е бидејќи станува збор за поинакви вредности, не мора под дифолт да значи и погрешни вредности. Исто тука се соочуваме и со една груба споредба, која е честа појава во општеството и мора да ја споменам. Еве типичен пр... за многумина многу по прифатливо е 40 годишен маж кој е веќе женет и има деца да оди со девојка на истите години колку и ќерка му, и тој истиот да шири лекции за морал од типот колку педерите се таа црна дамка во општеството кое го уништуваат. Познавам тројца возрасни мажи кои го прават ова и сеуште не можам да сфатам како совеста им дозволува да говорат за морал и ,,вистински'' вредности губејќи се во поимањето на тоа истото. А и да не постои оваа груба споредба повторно не ми е јасно што има одвратно во тоа две личности да се љубат? Без оглед на сексуалната определба. Не е дека ќе се излапаат пред тебе и ќе ти зборуваат колку јако се плеснале вчера, или ќе споделат сочни детали од настанот. Не е дека нема вакви, но се ужасно ретки случаи, исто како и кај хетеросексуалните парови. Јас немам предрасуди по ова поле. Либерална сум и имам отворени сфаќања по овие прашања. Би била и сосем среќна со себе да бев лезбејка, ама ете за жал не сум не ми се допаѓале никогаш жени. Но, да ми се допаѓаа ќе бев исто горда на себе колку што сум и сега. Сепак не ме сфаќај погрешно јас не те напаѓам само се чудам зошто толку предрасуди и од каде идејата дека е сето ова погрешно, па ти ствара одбивност? Традицијата, воспитувањето? Што?
Едноставно не знам за што толкави есеи, а и целата тема зошто воопшто постои. Брат ти е во љубовен триаголник, не ти, негова работа, негов живот. End of story Shall we have some drinks?
Затоа што сум јас против лекови Nausica. Сакам да се советувам со психолог, наместо со психијатар. Се премислив после зошто пребарував на нет и видов дека може да има лоши последици. Депресијата кај сите различно се одразува ако си ти експерт океј. Иначе немам пари за сеанси, скапи се а и не сум се распрашала колку страв ми е. Во моментот кога отидов на одмор со тие 3 илјади денари кои веќе незнам по кој пат ги спомнувам за да се уверите дека не станува за голема сума пари не размислував така и само барав брз начин да се тргнам малце од дома да си ги растеретам мислите за после да сфатам дека сум направила голема грешка и експресно да се вратам дома мислејќи дека е се океј. И да, моите стварно не ми даваат да работам ете заборавив и тоа да го напишам во првобитниот пост, ама ако најдам некаква понуда барем за 6000 денари јас би прифатила и на привремено без тие да знаат полнолетна сум И мене не ми треба сожалување, ми требаше совет кој очигледно ви е многу потешко да го дадете, и затоа барате недоследности во мојот пост. И никаде не реков дека сум сиромашна само реков дека се би дала да си ги остварам соништата и да имам повеќе пари еден ден што е нормална желба на секоја тинејџерка. Иначе кога го пишував плачев и бев видно вознемирана зошто ми се собра се, па немав прилика доволно да се изјаснам само се испукав онака оти тешко ми падна. Не дека сега не ми е, али фала ви. Јас повеќе немам што да одговорарам не сум на испит. Сум била контрадикторна, вака така. Океј, фала ви многу заборавете на постот да не праиме фама од ова за глупости. На крај краева и онака сакам да ме нема, ајде судете ме сега и за тоа колку сум психичка слаба, размазена и недоветна. Благодарам, пријатно.
Повеќе би рекла мојот карактер и начин на размислување отколку воспитувањето. Геј бракот ми пречи со цел што бракот од самиот почеток е создаден за заедница на маж и жена кои се сакаат, во ред е да си живеат заедно геј паровите ако се сакаат, но таков закон би го сметала како уште еден чекор кон нешто што нема потреба, не знам како да се изразам а да не бидам погрешно сфатена.... Од геј брак не може да се формира ни семејство, ниту пак едниот маж ќе го земе презимето на другиот, ниту пак ќе се венчаат пред Бога, дури и да се одобри бракот кој поп ќе венча двајца мажи или две жени..... Тоа е и против самата Библија..... тогаш зашто им е потребен тој лист хартија? Може изгледа сурово ова што го напишав, ама самата ме праша и не знам како појасно би ти го доловила мојот став. И да грешам, не дека некој мене ќе ме слуша, секој си има право на свој став. Исто одвратни ми се и хетеро парови кои се шлакаат во јавност или пак 40-годишни мажи со млади девојки, уште полошо швалерки. Не реков дека геј паровите ми се одвратни, зашто би ми биле кога јас не ги гледам што прават на само? Единствено може на оваа тема не сум либерална колку тебе, ете признавам. Што значи, тука се согласуваме. За она што викаш дека би се ценела исто себеси и да си била лезбејка, те поддржувам, човек треба да се цени и сака себеси каков и да е. Сам ако не се почитува, кој ќе го почитува? Се надевам малце ти го разјаснив својот став како и тоа дека не сум човек кој осудува, единствено имам свој став и мислење што не значи дека осудувам.
Епа реши се сега, во што е точно проблемот, тоа што не сакаш да пиеш лекови или што немаш пари да ги купиш? Или што не си доследна на тоа што го имаш пишано? И не, не сум експерт ама знам да читам и лесно е да се види кога некој ќе се заплетка во својата сопствена мрежа на измислици
Се вртиме во круг. Досега ти зборував за Библијата, за која ти објаснив колку нејзината релевантност е ставена под знак прашање и од каде ги влече оригиналните корени. Имено, за бракот..Никаде не стои правило кое строго определува како ќе се одвива, или пак дека тоа мора да биде заедница подарена од Бог, и тоа строго според традиционални уверувања. Ниту пак попови мора да ги венчаваат по сите финеси. Резултат на ова се мал милион парови атеисти кои имаат стапено во брак и притоа имаат супер заеднички живот. Поентата ми е да кажам дека партнерите се оние кои ги определуваат условите, и донесуваат одлука колку тој чин ќе биде ист или ќе се разликува од другите. Од геј брак е точно не може да се добијат деца со кои партнерите ќе бидат во крвно сродство, ама затоа можат да посвојат. Во наши услови одлгледувањето на тоа дете е невозможно, од причина што би било рамно на колатерална штета. Осудување, презир, и гадење се само мал број сегменти кои му следуваат како третман. Додека за среќа во поразвниените Европски земји, е тоа сосем нормална и природна појава. И децата се таму почитувани, растат во сосем здрави особи кои немаат проблем со себе, или својата сексуалност. И за твое огромно чудење голем број од нив остануваат хетеросексуални, што повторно се навраќаме до фактот дека е сексуалната ориентација вродена, а не стекната. Земањето презиме не е исклучено во геј браковите и не знам од каде таа идеја? А за останатото веќе објаснив. Значи да скратам... Бракот не мора да е од Бога, и треба да биде онаков каков што тие две особи кои решиле да стапат во него си го замислиле да биде, вклучително прославата и потпишувањето на документите. Пр. за тоа се и моите родители на пример воопшто не се венчале според традиционален начин, па еве ги здрави прави и ништо не им недостига, а ниту пак мене. Патем, се што наведе досега, исто толку важи и за хетеросексуалните парови. Разликата ја замислуваш ти, бидејќи гаиш предрасуди и не си толку либерална како и сама што се изјасни во претходниот пост. Иако нема потреба од тоа, (сешто е човечко не е страно), но тоа е твое лично видување на работите и ниту јас ниту пак било кој друг може да го смени. Јас само можам да ти укажам зошто сметам дека не си во право, а исто толку и да ти ја усмерам целава ситуација без промена тогаш кога ќе се спомнат геј мажите. Дека нема мењање на улогите, и нема потреба од заземање на толку тврдокорен став. Патем, на прашањето зошто е неприродно, се кладам дека не знаеш да ми одговориш од биолошка или психолошка гледна точка, па наместо тоа излегуваш со заклучоци околу тоа како природата ги детерминирала стварите што искрено нема благе везе.