Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брат ми е во љубовен триаголник

Дискусија во 'Врски' започната од Danira, 4 август 2014.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ А мене пак не ми е јасно зашто упорно се убедуваме. Го почитувам твојот став кој е различен од мојот и не можам (и не сакам) да го променам исто како и ти мојот. Јас не се осудувам себеси што не сум до толку либерална, напротив. А на крајот на краиштата, како што рече, се вртиме во круг само со поинаку формулирани зборови. Немам зашто биолошки да го објаснувам ова, не ни можам, само знам дека за мене е неприродно. Можеби со таа склоност се раѓаат а не се стекнува, но бисексуалноста според мене се стекнува и тоа како. Ај ќе пробам да видам и со женско (оние послободоумните) и после тоа ѝ се уарнува така да си шара (да не ѝ е нели монотоно) па ѝ станува навика. Мене не ми е јасно како може човек да се роди со бисексуалност, човек што не ги гледа на тој начин нештата и да гледа во себе нешто бисексуално попрво ќе го изигнорира. Сега ќе ми кажеш а зашто да го изигнорира, до кога кај нас ќе се осудува слободоумноста? И пак ќе се вртиме во круг, затоа што двајца луѓе со различни мислења не можат да најдат НЗС ма колку и да се трудат, тоа ти е како хетеро да стане геј и обратно. Знам само дека прееска на филм видов како машко бакна машко и не можев нормално да ја поднесам таа слика без да подзамижам. Нека ми е простено ако сум толку осудувачки настроена, но не можам да одам против самата себе, а и не гледам зашто. Ете не можам да размислувам со нивниот мозок и да ги разберам, а и од оние што ги знам искрено ниеден не е саглам, не измислувам. Да имаше нормални геј луѓе како во другите земји што викаш, само геј а неисфеминизирани, можеби и јас ќе гледав поинаку на работите. Јас не сакам ни мажи што се депилираат, па и да не се геј. Искрено попрво би ги разбрала ку***те, ете им се сака, не му ја мислат многу и тераат. Ама она што е надвор од моите природни сфаќања и да сакам не можам да го сфатам. Против посвоени деца збор не би рекла, напротив мило ми е за оние кои нашле дом и покрај суровата судбина. А зашто геј паровите не можат да имаат деца по крв, т.е. биолошки деца, и за тоа си има причина - мајка природа. Јас ништо не можам да променам, можам само да имам свој став, до толку секако дека имам право како личност. Можам да ги оправдам или не од своја гледна точка, но како што кажав не можам да разберам вид на љубов или потреба која нема допирна точка со моите потреби, за разлика од примерот што го наведов со к****те (лоша споредба знам ама тоа е), и тие имаат потреба од маж и јас имам, тоа што јас имам потреба од еден маж (мојот сакан) а тие од повеќе е ствар на начин на живот и гледање на нештата. Додека другово е нешто сосема поинакво, непознато за мене.
     
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Данира колку повеќе те читам толку повеќе некои работи не ми се јасни. Сакаш да се лечиш или несакаш? Прво викаш дека си одбрала со тие пари да одиш на одмор а не лекови после викаш си немала пари за лекови и на крај викаш дека несакаш лекови штетни биле. А додуша ти немаш и од што да се лечиш. Каква е таа депресија? Единствена работа што треба да ја правиш во животот е да учиш и одиш на факлутет. Живееш на сметка на твоите што ајде како така е ок оти одиш на факлутет. Ама за распустот си можела да си заработиш некоја паричка.А очигледно е дека ти ништо не превземаш во врска со тоа освен што се жалиш по форуми. Епа од тука никој нема да ти даде пари. А јасно е дека и самата незнаеш што сакаш во животот. И од каква депресија ти воопшто страдаш? Платата ти доцни, киријата и сметките ти не неплатени, децата гладни и боси, празен фрижидер? Само затоа што немала свои пари се лигави тука. И постот се повеќе и повеќе ти личи на измислица и да е вистина ти не страдаш од никаква депресија и нема причина за тоа. Имаш кров над главата, најадена си, напиена и облечена и уживај и учи си за факлутет. Привремено ако можеш да најдеш некоја работа која не се работи цело работно време работи си, ако не не.
    Ќе ти дадам еден предлог. Полнолетна си имаш лична карта зачлени си се во Авон. Ако имаш голем круг на пријатели собирај си порачки. За 6000 денари порачки 1000 денари се твои. Не се многу ама не се ни малку еден каталог трае 3 недели. Јас мислам дека барем за влошки и некои лични потреби нема да мораш да бараш од твоите. Ем ќе си имаш за некое кафе да испиеш некаде некогаш. Ем ќе си имаш занимација. За повеќе информации пиши ми во порака ќе ти објаснам како треба.
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Ни бисексуалноста не е болест. Ама што би ти објаснувала залудно е.
    Твоја одлука е да ја следиш традицијата и да мислиш дека љубовта треба да биде само меѓу маж и жена. Јас сепак, никого не осудувам. Ниту проститутките, ниту бисексуалците, ниту хомосексуалците. Сметам дека сите сме онакви какви што сме и треба да се прифатиме. Ова посекако не важи за оние случаи кога се оди во екстрем.
    Зошто по природа сакам луѓе кои му пркосат на шаблонот. Да, не може надвор од него ама избивањето на неговите рабови ме потсеќа на фактот дека сеуште има место за слободна воља и различност, или обид да не се биде дел од толпата. Секој кој се издвојува од неа било да станува збор за уметност од било каква врста или љубов го почитувам.
    Бидејќи сакам колоритен свет, љубам виножита во секој поглед и на секој начин.
    Остани ми поздравена. ;)
     
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Danira, ако факултетот што го преферираш и ти е при срце е драматургија или режија на драмски,штета да не се запишеш. Талентирана си..и јас ги зирнав прикаските за Menage a trois на брат ти,и стварно имаш талент за раскажување..Јас дури очекував да ни кажеш дека и тебе те викнале следниот пат, о сили прврт ми,па ке идев пуканки да правам.То е , вишок време имам изгледа деновиве,одмори уште.
    За другото што да ти кажам, депресивна, анксиозна,тоа ние тука не можеме да ти го потврдиме, психолог , психијатар и тие се за луге и понекогаш многу корисни.А за фантазиите за луксуз, хедонизмот секако си бара барем купче парички. Дај се од себе ако ти е стало. Интелигенцијата не ти е голем проблем..
     
    На mila25ve и eloves им се допаѓа ова.
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Делам мислење. Ако парите се проблем да се запише таму на драмско шо ти ја знам нека отвори сметка ќе донираме. Кој колку може. Најважно од се е ваков талент да не остане скриен, да го видат сите не само ние тука. А за депресивноста ќе и помине откако ќе почне да го работи тоа што го сака.
    Инаку ако веќе донирате немојте да донирате се оставете си по 20/30 денари за пуканки.
     
  6. Princess.A

    Princess.A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека само сакаат да експериментираат и да пробуваат и нови работи во сексот ако ме разбираш :)