Дали си сигурна дека мажот ти не видел претходно дека сликата е веќе пребарувана? Иначе, причитав се и само ќе те советувам да седнеш и да разговарате со отворени карти. Ти имаш сомнеж и морате да разговарате, како во секоја здрава врска. Не му кажувај дека си ти зад профилот туку кажи му дека имаш период таков дека чувствуваш нешто интуитивно и дека сакаш да разговарате. Сигурно нема да ти рече дека има друга (ако има) и затоа и разговорот земи го со резерва. Продолжи да набљудуваш како се однесува, на крај краева многу години сте заедно сигурно можеш да забележиш по однесувањето кога нешто не е во ред. Во двата разговори што ги објави како двајца различни луѓе да пишувале. Како и да е ништо не останало тајно. Не се грижи, секогаш испливува вистината. Ако има нешто ќе се прикаже кога тогаш.
Го прочитав поголемиот дел од романот како и коментарите. Мислам дека си стави трн во зрава нога. Кога некој ви пишува од лажен профил значи очигледно е, треба да си ептен глуп па да не приметиш дека профилот е лажен. Не дека сакал мажот ти да оди на средба туку сакал да види тој од другата страна што сака затоа што е премногу очигледно дека профилот е лажен. Тоа што не ти кажал веднаш, најверојатно имал сомнежи дека тоа е бившата и не сакал да те вознемирува, но сепак на крај ти кажал. Мислам дека овде нема простор за сомнеж, но ти изгледа си некако несигурна во него и сакаш да го проверуваш, мене така ми делува.
Да ама сакал да ја фати во тесно и може го интересирало кој е, како би и' кажал на сопругата дека е љубопитен пред да ја открие? Се уверил дека е лажен профилот и отпосле кажал, чист си е. А изговор за тоа што не кажал порано си има. Не му било прв пат од лажен да му пишуваат.
А шо бара оженет да игра игрици уопште со лажни профили на фејсбук?Зошто не игнор,ајде му рекла "се знаеле" добро од детство "затоа и вратил" иначе не враќа нели а не може да се присети без да ја види одблиску у кола па и барање број од тоалет (кој шо го исплаќа жена му) и после овој предлог душичка почнал да сумња тек околу "нејзините" намери. Добро ај
@Elly Stann Toлку теории, мисли, ,,филозофирања" а тебе те снема. Може ли да добиеме епилог, што се случи на крај?
Не можеби, туку сигурно ќе отишол у кола на кафе т. е Мафе. До сега, ситуацијава вака ја гледам : Еј нешто набрзинка ми дојде топ за мене.... После гледа нешто не му штима, па му текнува на бившата што го прогонувала и си вика ејјј ништо од бизнисот, чек ова и на ДЕВОЈЧЕТО може да му го пренесам, предходно не беше за кажување.
Волку параноја не е на арно. Колку и да се обидувате не може да искалкулирате како некој човек би постапил во одредена ситуација и зошто така постапил. Тоа се само ваши претпоставки дека можеби би испаднал со фиктивниот лик, но на крај сепак не испадна така, значи дека човекот е предвидлив, интелигентен и не е будала да си расипе долгогодишна врска заради некој лажен профил (очигледно е дека во старт знае дека профилот е лажен). Ама мора да се бара влакно во јајцето. Параноја многу параноја.
А зошто барал број и селфи од типката што му пишува? Зошто и звони, инсистира да се чујат? Зошто жена му ја нарекува женска/девојка? Зошто покани за кафе у кола - ќе патролираат низ градот можеби? А и најглавното зошто ладнокрвно и вели на жм играм игра а он договара средби... Дека е интелигентен и мн префриган и јас тоа кажав. На крај краева, мене лично ништо не ми значи случкава, само дадов свој заклучок. Секое добро.
Види Роуз. Не сакам никој да се почувствува повикан или навреден преку постот, но во животот е потребно да ги тестирате луѓето. Тоа е одлика на здрав разум бидејќи живееме во зол и неискрен свет. Реалноста е дека повеќето ваши момци кога би имале прилика би излегле на брз секс дејт, бил тој во кола или на некое друго место. И да, реалноста боли, ама затоа е смислена. Еве, тестирајте некогаш, не бидете со крст на чело за на крај да не ви се одбие од глава како на членката што ја отвори темава. Пример, договорете со некоја ваша подалечна другарка за која тој не знае, нека му пишува, нека го провоцира, да видите до која граница се подготвени да одат. Не сите, ама повеќето од вас би се изненадиле и би сфатиле колку е тенка границата помеѓу реалноста и паранојата. Зошто знаеш, луѓето се едноставно празни одвнатре. Немаат ништо квалитетно да понудат, освен фасада.
Сакаш да кажеш дека во партнерот кој сум го избрала треба постојано да се сомневам, да бидам параночна и да го тестирам?? Така да го минам животот во страв и со прашалници во главата дали ќе ме изневери. Дефинитивно НЕ. Ако треба тоа да го правам воопшто не ми ни треба партнер, а сум го избрала затоа што имам доверба во него, ако решил дека треба да ме изневери јас нема да можам да го спречам со тоа што ќе полудудувам од параноја. Во однос на ситуацијата на членката гледав од моја перспектива. Можеби и јас да бев на местото на мажот немаше да кажам на парнерот со цел да не го вознемирам и да не предизвикам непотребно тензија и сомнежи, ама ќе сакав да видам кој е тој што прави лажни профили и која му е целта. А да сум во ситуацијата на жената во случајов ќе се преиспитам која ми е потребата да правам лажен профил за да го проверувам мажот со кој сум 10 год заедно.
Малку мешаш поими. Тестот не е параноја, туку проверка. Проверка во нешто што секојдневно вложуваш атоми енергија, љубов и вредности. Апсолутно не. Повремени тестови се одлика на здрав разум и тргање розови очила. Слепо верување е наивност. Тоа е и проблемот, што си субјективна, и гледаш од сопствена перспектива. Додека објективноста е дека всушност, повеќето девојки во мажите гледаат заштита, поддршка, пред се морална и духовна. Ги идеализираат, честопати беспотребно бидејќи се безусловно вљубени па доаѓа до вакви состојби. Не знам дали следеше од почеток, но, членката пиша дека од сосем детски и наивни причини ја започнала дискусијата. Сакала да го зеза, но првично целта ни под разно не и била да разоткрива неверство. Во текот на разговорот нејзиниот маж е оној кој дал повод за такво нешто. П.С. Изгледа сите го пропуштивте делот каде ја претставил како своја "женска" демек се во врска, а не како идна или сегашна сопруга. Како и некои други ситни ствари. Devil is in the details.
@Acronia ти ја сфаќам поентата со тестирањето, ама факт е дека не можеш човек да го тестираш секогаш. Колку време ќе го тестираш? Месец, два, три? Цел живот..?
Истото го мислев. Во ред додека стекнеш доверба ама после тоа да продолжиш со тестирање исто како да немаш целосна доверба.
Не цело време. Но, повремено апсолутно. Ако не даде повод еднаш, нема причина да го повторите тестот.
Ова е првичниот поттик што ја натерал да го проверува, а е сигнал од интуицијата нејзина свесен/несвесен сигнал дека тој нешто и прави зад грб независно од 10 год. заедница. Негови грешки се што воопшто продолжува со муабет со личност од лажен профил независно дали се сомнева која е или е пример сигурен дека е жена му( што и претпоставував, а и се докажа со последниот апдејт на @Elly Stann дека не знае дека е таа) и при тоа муабетот го води во насока кафе или нешто во кола И да не го направи тоа со оваа личност или било која друга со вистински профил самиот момент што умот така му сече, натаму му иде и го пишува јавно тоа што сака/ не сака со неа и каде и како мене ми укажува што има во умот, однадвор Аполон нека е од убавини, за мене станува тотоално одбивен и ми се ствара максимална недоверба. Друго она го прашува што прави додека се допишува со другава он мртов ладен и вика игрици играм, ај може сака да ја заштити, не е сигурен што да и каже за другава, ама па муабети во тој момент од типот кога оваа го прашува за девојчето, тој и вика со мене или девојчето муабетиш јасни се ко бел ден, а при тоа девојчето е сопруга не само девојчето. (@Acronia не баш сите го испуштивме тој дел и да Devil is in the details) И тоа да се зафркавал како одговор на зафрканција од лажен профил, самата потреба да се зафркава и при таа зафрканција уз муабт да си ја понижува жената многу кажува за него, дури и на зафрканција како му сече. А фино лепо да свртел муабет кажи ми која си од детството и да сечел од старт, а не да оди во област кола, кафе, мафе тематики од старт ќе го оправдало како верен сопруг и издигнало во мои очи вака кога читам од страна. Дека во обратниов случај од очекуваниов од мене како што направил досега ми личи дека во кратки црти ова е најсоодветниот, најсличен опис со реалната слика: