Се согласувам со сешто напиша, освен со овој дел, цитатот. Нема од што да ја заштити, освен од себе, со цел да ги прекрие своите лаги. Малку е трагикомично што покрај толку очигледни докази, девојките и понатаму сметаат дека случајов е сведен на параноја. Red flag и alert e колку слепа доверба се има. Колку сме лесни за умствена обработка бидејќи се потпираме на емоции. Тажно.
И јас не мислам дека сака да ја заштити, туку да ги прикрие трагите. Ама еве има публика што смета дека толку е сочувствителен и сака да ја заштити, затоа спомнав гледано од нивна прспектива може сака да ја заштити, па затоа додека разговара со неа, а таа го прашува за девојчето тој да го ''заштити'' девојчето неа ништо не и кажува дома и врти муабети со другава за во сабота во колку саат на кафе у кола. А најголемата иронија е што девојчето е сопруга со која е во 3 годишен брак. Бруки.
Штом се опушта со таков речник, со кафе пиење во кола, а се знае на секс мисли и веднаш прашува кај да ја собере, мене ми личи како да има искуство во изневерување. Може го правел тоа досега. Што бара женет да одговара на непознати, па и уште лажни профили по фб? И мене ми пишуваат куп луѓе, па игнорирам, а не сум мажена да речеме.
Тешко. Уводот е долг. Заплетот така- така. Само расплетот - крајот е краток. Ама нејасен. Гарант ќе има продолжение, т.е втора сезона
Мене ми пишува постојано еден со профил ЛАДНО ПИВО :Здраво? Јас не враќам, пак за недела дена Здраво? Јас не враќам.... Еден ден, седам со мм и негов другар, ладно пиво пишуе... Мм вика кој е, велам ладно пиво. Другар му на мм пребледе, мислеше сеа куршлуси ќе бидат, мене смешно ми падна. Кој ја сфати поентата на мојот пост, ја сфати... Нема да цртам.
Ова е меѓу неговите први 5-6 реченици. Лажен профил, уникатна приказна. Сама си призна дека едвај си го уловила, тешка конкуренција, јак трофеј. Сега имаш сомнежи дека го ловат сеуште. Но тој со тебе пробува да прави дете, тебе те дружи цело време, купил стан со тебе, како беше онаа од Чорба, заједно смо штедели за стан!? И после се чудите што мажите се ептен пребирливи и претпазливи. Немало љубомора до сега, немало изневерување, никакви поголеми проблеми. И ти се уште ги слушаш овие домаќинкиве кои со чекани ти го чукаат трнот во здравата нога. Па и се чудиш што почнува да те боли. Па и кандидатки има за тест во живо. Бре, бре, бре, бре, бре. Сама си крива, наивна си била од старт. Јави се дека си била ти и дека било невино недоразбирање. Трезвено, смирено, можеш слободно да се напиеш валеријана пред тоа, понуди му и нему. Ги има сите права да знае. Да можам, јас би му кажал. Верувам дека ќе те разбере и повеќе време ќе гледа да биде со тебе, откако ќе согледа дека стварно си несигурна во себе. Посебно во моменти кога стварате поколение и сигурно имате нејаснотии во главите. И двајцата. Бараш искреност? Прво понуди ја, целосна.
Да од чајот ќе и помине нервозата и маката.... Ај да си легнам до засуканиот кит, ама полека да видам да не проверава некој лажен профил.
Ух, читам и се преиспитувам дали нешто не е во ред со мене Дали е во ред да немам потреба од пасвордот на маж ми? Телефонот последен пат му го допрев кога го купи, да го разгледам. Дали е во ред да не трчам по маж ми за да му покажам кој ми пишал? Ако нашиот брак 'заслужил' трета личност, нека повели. Против тоа не се може, ако наумил да оди-ќе оди, а исто важи и за мене. Немам намера да правам сценарија и да изигравам мајмун.
Јбг, ако треба да го проверувам маж ми на секое дали пишува или не пишува, ич немаше ни да се мажам. Што има поента бракот ако немаш доверба во партнерот? И не, не изневеруваат сите.
Ахх, мислењево дава типична "pick me, love me " енергија. Ко прво, членката не изигравала мајмун туку изгубила доверба. Ко второ маженцата не ви се безгрешни и чисти ко солза. Не верувајте слепо, ќе се изгорите.
Не реков дека слепо му верувам и не реков дека членката изиравала мајмун. За мене зборам. Не знам како функционирате вие, ама мене ми е незгодно да му прочитам порака ако му стигне, а тој не е во собата. 11 година тераме
Се согласувам ама најбитно ќе ми биде да ми се каже вистината. Ако ми каже во лице 'Испаднав ла*но, ја еб*в работата, те изневерив. Спремен сум да ги сносам последиците' има шанси да останеме во контакт после развод. Во спротивно нема што да одржувам контакт со човек кој ВЛОЖИЛ време и труд да ме лаже и да изигрува кловн. Истото важи и за мене. За жал 1 или 2ца од 100 души би го направиле ова и затоа сметам дека е во ред да се тестираме понекогаш, кога имаме сомнеж за нешто а не можеме да ја најдеме вистината преку разговор со другата страна. Како што кажа @Acronia светот е премногу суров за слепо да веруваме на БИЛО кој. Ама и претеризам детективски е лош. Баланс само.
Е добро де и да не се, полицајци ли ќе изиграваме. Стварно сте смешни. Што ти значи тоа ќе изгорите, може да го следиш по цел ден и пак да те изневерува. Тој што решил да те изневерува не можеш ти да го спречиш.
1. Ако изгубила доверба е друга песна. Она од аздис почнала да се допишува од лажен профил. Барем така кажа во воведот. 2. И те како има безгрешни и чисти ко солза партнери. 3. Ако престанам да му верувам слепо ќе треба да го оставам. Не можам да живеам со партнер во кој немам 100% сигурност или ми ти доверба