Можно е да немала општо доверба ако била претходно изневерена па останува тој сомнеж и траума засекогаш. Не ја обвинувајте и не донесувајте заклучоци веднаш.
А, како со разговор ќе решат кога тој ја излажал пред нејзини очи? Немала причина де. Ете му пишала без причина и испаднал проблем. И?
Од чиста мира никој не прави работи со кои знае дека може да си стави трн во здрава нога. Сигурно се посомневала во нешто. Доста тие приказни 'од досада било'. И дајте престанете со песимистичките погледи како и со ставање розеви наочари. Само човекот си знае што прави/правел. Се надевам дека и членката ќе дознае (без разлика дали мател нешто или не).
Не ја советувам воопшто да лаже и не оправдувам лажење од ничија страна. Сакам да кажам дека ќе испадне таа крива ако му каже дека е нејзин лажниот профил, ќе земе да ја манипулира и на крај таа ќе му се извинува него, како и што завршуваат повеќето вакви случаи. А што е толку лошо да веруваш дека имаш (скоро) совршена личност во твојот живот со која сакаш да секогаш да бидеш заедно? Или сите бракови се катастрофални и секој договара кафиња на страна со fake профили без да знае сопружникот за тоа?
Наивни сме ако имаме доверба во луѓето кои сме ги избрале и прифатиле да бидат дел од нашиот живот? Вие другите па сте чудни што немате доверба и што прифаќате да спиете и живеете со личност на која не можете да и' верувате. Што е пострашно, еве не знам. Oh wait. Знам. Доволно прочитавме... И премногу.
По кој дифолт заклучи дека спиеме со тие во кои немаме доверба? Очигледно е дека ја излажал кога го прашала што прави и рекол дека играл на телефон. Зошто сакаме да се правиме добри и фини со сила не ми е јасно.
Како бе немаат Турците работа, само цигари пушат, не е тоа работа, за џабе ли пуши ко Турчин останало по народов А она до 45-50 се лажеш, Фајзер им ја продужи можноста за уживанција со подигнување на возрасната граница Цел живот некои изиграваат полиција
Не сметам дека сум наивна ако верувам дека не се сите мажи исти и дека не договаат скришни средби по коли зад наш грб со други жени
Па еве по ова што поддржувате тестови за проверка, по тоа заклучивме дека немате доверба. И по тоа што ни се чудите и ни викате дека ние што имаме доверба сме наивни, дека е трагикомично тоа... Не знам што барате со личности кога имате потреба да им правите тестови колку ви се верни и колку се искрени со вас.
Луѓе, довербата во партнерите е најважна, само реков дека во нејзиниот случај е прекршена. А и крајно неодговорно е 100% да се дадеш себеси на некоја друга личност, поради фактот дека не сме совршени битија, и точно знаеме како завршуваат случаевите кои слепо веруваат. Сметам дека членката треба да биде среќна дека на ваков начин сфатила дека нешто за тој човек не е во ред. Колку сакате вратете и сучите, ама тоа е ситуацијата.