Довербата не е нешто магично па ќе речам од денес верувам готово. Довербата се стекнува и била присутна кога тие биле во врска на почетокот или во бракот. Се може да доведе таа да се сруши за една секунда и да почнеш да се сомневаш во партнерот. А за тестот потполно ја поддржувам затоа што да го прашала дали ја изневерува немало да и признае.
Остај остај штом вара на стари год. а ти не си го начекала досега у сам акт тој е снаодлив. Ќе подметне од втората тајна кутија вијагра апче под кревет и ќе рече кога ќе му преброиш 1 мањак дека му паднало под кревет, а стар човек не може да се наведне, кичма го боли, ова-она па и ќе те убедува он не може да се свитка, а не нешто у кревет да свитка Од математика на филозофија ќе преминете, по малку и етика можда ќе се умеша у игра и на крај ќе сфатиш дека и на стари години те сака(л) како од прв ден
Ехее не се секирајте познавам и такви што ја осипувале жената со љубов и внимание, секој ден цвеќе, интимности, вечери, топ односи а се швалерисувале по страна. Имаше пишано една членка во првите страници: со фамилии, деца се па се шврљаат на страна и ќе дојдат дома ќе бидат како ништо да не се случило. Секакви форми на манипулатори постојат, не верувајте 100% на почеток на никој. Кога си во врска повеќе години е многу полесно да забележиш дали те лаже зошто претпоставувам дека после 10 години знаете како дишете не па за лажење. Е дури тогаш се верува на партнерот многу .. (кој што може - целосно).
Ти бизнис водиш или љубов? Тебе или некој те има изневерено јако па си истресуваш фрустрации на друг кој не ти згрешил, или никогаш се немаш заљубено. Дали ако тебе те тестираат ќе ти биде нормално и прифатливо тоа? Имаше некоја членка пишано за некој маж како ја тестирал жена му со букет цвеќе, многу психопатски делува, затоа што и да не испадне тестот, пак ќе се најде некоја забелешка или повод за караница. Тој што нема доверба во партнерот, секаде ќе бара знак, доказ и сл., за да си ги потврди сомнежите. Не би сакала да сум на местото на оние што се чувствуваат должни да се докажуваат нон-стоп и никогаш тоа да не биде доволно за оној кој треба да ти биде другар до крајот на животот. Тажно.
За муабетот со букетот: Зошто бе не му кажала “Еј, ми стигна букет без потпис од испраќач”. И јас би се налутила и сомневала на местото на сопругот.
Затоа што кој нормален човек праќа на сопругата букет со цел да ја провери?? Никој. Жената си знаела што има дома и затоа не го однела. Мене искрено ме асоцира на личност што треба да посети психијатар.
А од кај знаеш дека била целта да ја провери? Може било изненадување. Не би ти било одвратно да пратиш некому подарок, а тој да си ќути за тоа?
Јас ја разбирам што преќутила, очигледно си го знаела што ситничар е, а и спомна членката што го раскажа случајов дека имале порблеми, па со букетов уште повеќе. Работата е што превидела дека може да е од него пратен букетот да ја провери. И да, да не му го играла ситното по дома и да била посамостална во се, да не му се тресела за ситничавоста и карактерот уопште ќе му кажела. Ама очигледно е дека е чувствителна жена, слабичка, ситничка како да кажам, му се тресе бе и преќутила за мир во куќа кога ете ти поголема беља, па ај сега сите на работа и ја знаат маката и пишуваат посвети, што од една страна е слатко за неа ќе и останат убави пишани зборови, ама од друга страна која тортура и е да му се докажува со посветите од кој и се подароците. Глупости.
За да бидеш мирна, мислам дека по некое време треба да го пробаш пак ова, но со вистински профил со некоја девојка во договор. И ќе знаеш дали возел заради тоа што претпоставувал дека е лажен или бивша или навистина би отишол. Јас така би играла.
Вистинското прашање е дали во случај ако му кажала, тој ќе признае дека е од него. Штом е способен за вакви трикчиња, за какви уште манипулации може да му текнат. Каде е границата?
Затоа пишав очигледно нејзиниот карактер таков каков е се ''подудара'' со неговиот таков каков му е и тоа е онаа народната- за секое тенџерче има и поклопче Јас, ти и компанија можеме да ја тумачиме постапкава, сепак она одлучила да тера со негов таков брак и нашла чаре во тоа колешките да и пишуваат посвета на подароците.
Ако е изненадување можел да пише убава посвета на картичката дека е од него, а не да и го упропасти роденденот правејќо драма. Очигледна му била намерата.
Викаат дека селфито било за да провери дали е лажел профил. Или чекај, можеби проценувал дали ќе му биде потребна кеса за на главата?