@arabella_ Па да ме открие на следниот тест? Сериозна си? Секако дека не. Кафенцето во кола и на седмо небо.
Свака част како ви се праи тоа . Инакуу со тестирање на верноста тестираш дали би те варал со некоја рандом. Штета нема тест за дали те вара со бифшата или колешката . My point is...без доверба џабе ви е целата тортура
Зошто воопшто отвораш стари лажни профили? Зошто случајно, детски, наивно од лажен профил убаво скоцкан, да изгледа дека не е, му пиша на маж ти? Јас искрено не гледам ништо наивно тука. Шо очекуваше? Во никој случај не оправдувам негова постапка, ама ни твојава ич. Многу убаво Космик и Били имаа напишано - ти него го знаеш, ти го водиш разговорот, ти го изнудуваш на одговор шо сакаш да го прочиташ постојано. Ако не ти одговара, пренападна си. Се запнаа тука со тоа 'кафе в кола'. Ти/Милена прва му понуди кафе. Тој одби. Ти/Милена го напна да прифати. Пази, за в сабота. По скоро 1 недела. Купува време оти само е љубопитен кој стои зад профилот. Ако беше за секс, јас мислам дека ќе прашаше од кај да те собери во истиот момент. Црвено знаменце е неговиот одговор дека игра игрици на мобилен, ама црвено знаменце е и тоа шо ти од лап топ му пишуваше од твојот профил, а зад лап топ, од телефон од лажниот профил. И ти изгледаш многу уиграно, ко да не ти е прв пат. Пак ќе напоменам, мене огромно црвено знаме ми е тоа шо воопшто си му пишала.
По ново описно оценуваме не со бројка во вид на оценка или бодови, само позитивен тест- го положил или негативен тест- го паднал на проверка на iq, ова верност Е сега ако ми е помалку позитивен од минатиот пат и ми зачкрипи на тестот можам во описно да му објаснам и обрнам внимание каде да не греши и запне следен пат Ај доста зафрканции, муабетот не беше на полиграфски тест да бидат седнувани мажите или не знам ти што и какви таму тестирања, туку да не сме наивни, слепо да веруваме секому и носиме розеви наочари. Е сега и да го фатиш на дело да не се правиш самата или да му дозволиш да те прави муатава, инаку за изговори и желба да се прифатат или одбијат и кога нема простор за сомнеж има мал милион случаи. Саомничавост да, ама до некои крајни граници кои граничат со нешто друго не, јас бар така ги разбрав тие погоре што објасниле за тестирањето, конкретно она што го објасни како го гледа и доживува тоа со тестирањето и пиша @Acronia па се надоврза и многу други кон истото.
А како Милена ова му го објаснуваш/презентираш се додека не положи најпозитивно? Темава стварно отиде.Се иде од крајност до крајност.
Ама пишав дека се зафркавам, затоа пишав доста со зафрканции и на секоја реченица имам Да темава отиде, затоа и пишав сомничавост е ок, ама да се оди до некоја крајност што оди во други насоки не. На крај на краиштата која како сака нека си прави, ако тоа ја/ ги усреќува така која сум јас да им се мешам, судам итн. Јас еве знам за случај кај што го пикна женава да работи во фирмата во зградата под катот кај што таа работи ради некои нивни брачни дешавки и причини, а и за да го контролира и надгледува што прави тој на работа. Тој и покрај тоа што таа му дише во врат пак си флертува со колешки и јавно тоа му го пишуваат на фб неговите колеги, при што и фб профилот им е заеднички по брак и таа чита. Плус типов си има направено профил на некои мрежи за познанства кај што пишал дека е разведен со едно дете и бара жена за дружење или нешто понатаму ќе виделе што, пример го гуглаш со име и презиме и тоа му излага, жена му ако е толку наивна можда па и не знае за ова. Така да со ваков и на полиграфски тест да го седнеш ќе те убедува дека ништо не прави надвор од брак и дека те сака, а можда и тој верува во таква љубов и жената паѓа на тоа, така да се има. Реков ако некоја сака да биде лажена или ја сака вистината лесно е, бар во денешно време се ни е на дланка.
@Idedemja Знам бе така и те сфатив и јас се зезам а ова болдираново ме насмеа а за ова другово се сложив затоа и напишав се иде од крајност до крајност и се сфаќа превише екстремно спротивно гледиште, ко да не постои златна средина.
Е да стварно се иде од крајност во крајност со сфаќањата, ама таква е и темата, или си за тестирање и минимална сомничавост со партнерот или си против и имаш 100% доверба, или колку и да се проценти таму за да речеш имаш во партнерот максимална доверба. И некако тешко на вакви теми да има златна средина, може нијанси да се измеѓу двеве гледишта, ама дека има осуда од едниот табор кон другиот има, а нема потреба, на крајот од денот секоја си живее за себе и си сфаќа како и одговара. Е сега имаш и за сеир што се дојдени, очигледно е, па се им делува филмски и смешно, а на секого ова може да се случи. Ама па тогаш некако ми делува нема да се удараат во гради како на темава со нивниве забелешки и досетки. Добро која како сака нека си прави, мене мажот на @Elly Stann не ми е цвеќе за мирисање, пишав кај му се грешките според тоа како јас гледам на нештата и тоа си е.
Молков не важи за тебе, а и ова не е политика. Слободно објаснувај, елаборирај, цинкари, просветли не'. Не го чувај во себе.
Човекот мислел дека бившата му пишала, а по пишувањето се гледа дека близок однос од старт поставил. Значи има тука некаква историја, членката не опиша детално, но мириса како да не е така црно-бело. Друго, рече многу го сакале но таа го добила за маж, ништо чудно овие две да се тепале за него а тој егото да му расте од две страни. Можеби нема да ја изневери со трета, но се гледа нешто недовршено има со бишата, макар и на зезање, по пишувањето се гледа му годело вниманието.
Мислам дека имал надеж за сосема нова личност, не ми личи ко да пишува и да флертува вака ко прв пат да му е..
Лол, темава... Овој мрда со опашката, гледа на брзинка да го пикне некаде, ама не, оваа била крива што направила проверка. Типично патријархално размислување, каде мажот е увек во право, или постојат две страни на приказната. Никако една. Па, читам, дури го 'изнудувала' ...види бугати. Уствари целава приказна ме потсетува на Снежана и седумте џуџиња цртанот. Кога вештерката ѝ подава јаболко, а оваа алчна го загризува зошто е црвено и убаво. Во случајов Милена е лошата вештерка, а он нежната наивна 'изнудена' Снежана. Алал да ви е еј... Со таа наивноќа, покорност, субмисивност така ќе наебете во животот што нема да знаете главата каде ви е, скраја нека е, стварно не се ситам туку сожалувам. И тестот бил еквивалент на недоверба и параноја, додека кафе во кола било чин на 'добра волја' со цел купување време да се види кој стои од другата страна на профилот, како да е тоа битно. Што вика Тања - ,,Ми пишуваат секакви мажи, сингл сум па пак не одговарам на пораки". Па, фала богу дека не одговараш. Кој кур би одгловарал/а, со извинење? Утврдуваш лажен профил и точка. Што има да истражуваш кој стои од другата страна ако си чист, па уште кафе у кола..многу креативно, машала, бре бре. Сигурно успат и на Водно ќе ја однел, да ја почасти во грмушка едно мохито. Изгледа бајаги се заебал вредносниот компас кај повеќето од вас, или па сте стварно толку наивни, не знам.
Ама има различни карактери. Не може да се генерализира. Ако вие се плескате на страна, не значи дека сите го прават истото. Викаш, верувај му на gut feeling. Јас го немам, не ме боцка ништо, ниту пак имам сомнежи. Дали тоа мене ме прави наивна?
Ако имаш гат филинг дека 'нешто не е во ред', тогаш нешто не е во ред Тоа што ние се плескаме на страна, нема врска со изневерување, зборував за луѓе кои изневеруваат. Не сите, ама повеќето. Посебно мажите, ако им се пружа шанса, ретко кој ќе одбие.
Толку ли е тешко да се поверува дека има луѓе што би одбиле да легнат нешто на страна ако им се пружи шанса? Оти има и такви, верувај.
Искрено досадно е тоа "сите мажи изневеруваат". Да, ако имаш чувство дека нешто не е ок, тогаш веројатно не е ок. Но, има бракови во кои нема такво чувство. Не е изневерувањето магија, пуф, не се гледа. Има толку многу знаци што треба да си слеп да ги промашиш. И тешење со тоа "сите мажи изневеруваат" ми е толку понижувачки, гнасно и одвратно. И да, има прекрасни бракови каде верноста е значајна, а бракот светиња.
Нели? Ако не дозволам некому нема ниту да ме ''изнудува'', ниту натера да правам нешто што првично сум зацртала и не сакам да го правам. Нема тоа го изнудувала, тоа ми делува како релативизирање на грешката/грешките на маженцето, оној тип на оправдание мојов е мирен, таа швелерката, вештерката го маѓепсала и тој кутриот не знае што да прави со која глава да мисли горна, долна И после зошто при неверство се фрла со дрва и камења само по швалерката, мажето се правда како демек само потпаднало под лоши влијаниа, го изнудувала таа, иначе тој цвеќенце за мирисањњ најпрекрасно Патријахална индоктринација мажот и кога вара е у право,а ако е фатен на дело, таа-швалерката е само крива. Жал ми е што многу жени и во денешен 21век вака си ги оправдуваат неверните мажи. Ама ете читавме зошто не се разведуваат, прочитавме во 15ти век како се размислувало, а денес имаме и многу од финансиски интерес омажени и или се свесни и трпат или ти викаат од старт мојот е верен, не ме терај да одам преку таа врата да го проверувам. Поентата ни беше да не веруваме во се слепо, инаку да има сосем коректни брачни партнери, верни и лојални еден на друг во стабилни бракови. Тоа никоја не го оспори, ама факт е дека сите пратнери не се верни, независно од полот и нема ништо штетно и опасно тоа да си го имаме на ум и да не ставаме раце во оган за партнерот. Во животот се е можно, тоа треба да го имаме во предвид, да не не стрефи шок ако се случи, еве како на чланкава, што делумно личи од досада како што пишала го проверувала, ама јас не верувам во тоа досада, имала таа некои ситни сомнежи, проверила и ете тоа е што е.