Веројатноста дека некој ќе ве изневери или повреди во текот на животот е 99%. Апсолутно не значи дека си наивен ако не сакаш да живееш во агонија очекувајќи секој ден партнерот да направи кикс, да згреши нешто, да направи нешто што не ти е по ќеиф, да те заебе. Ако има знаци се седнува и се решава проблемот. Колку и да боли ќе помине. Животот е краток за да се помине во измачување на себе си и удирајќи во ѕид со глава затоа што ви е страв да не ве повредат, а тоа си го правите веќе сами и на вас и на партнерот. По не знам кој пат ќе пишам: љубовта и врските не се инвестиција која гарантира добивка. Или ти е убаво или не. Ако не чини, чао пријатно, не вреди да се занимаваш со глупи игри и итроштини како членката која ја отворила темата.
Многу ме интересира како постигнуваат да се швалерисуваат. Мене од кревет не ми се мрда од работа па дете скапана уморна. Изгледа некој има вишок време не обрнува внимание многу по дома, глуми "бизнис мен" и се лупа со други страшно...
Апсолутно се согласувам со се што си пишала во коментарот целосно погоре, ама сакам да се осврнам на потцртаното. Имаш случаи (еве и членкава опиша се им е во ред, онака од досада го проверувала) каде се е во ред, а сепак мажот има швалерка, жената знае, убаво и е со него (или од некои нејзини/ нивни брачни причини прифаќа тој да си има со год. швелерка, а тоа да не им пречи нив во бракоти пак да им е убаво). Знам за ваков случај и јас, а и познаничка мед. претставник ми има кажувано. Виден човек во струката ги носат на тим билдинг и тој претставничкава ја известува со него иде уште една жена тој ќе подмири трошоци да го стави во соба со брачен, а надвор од овие активности колегите со кои иде на тим билдинг и тој си ја дружат, си ја изнесува со нив сопругата му. Во мојот случај што го знам истово е и еднаш на грешка еден од пријателите и се обраќа на жена му со името на швелерката (нели друштвото ги знае и двете) и жена му си одговара како нејзиното име да е на швалерката, најнормално, не прави сцена, иако ја знае другава на маж и и нејзиното име. И така, муабетот ми е има бракови со хронично неверство во кое жените се свесни за тоа и решиле нема да им пречи и многу е лицемерно таквите да ти викаат аха мојов е верен немаме ние такви проблеми или да ти вика не ме терај да му се сомневам, а уствари и таа знае дека има тој швелерка и другиве знаат бидејќи не е тајна тоа. Дека може и во врска/ брак да си повредена личност, може, и во деловен однос може да се случи и во фамилија, работата е да го имаш тоа на ум, а еве и да провериш на некој начин, ама да те дрма параноја постојано не, не е во ред. Пишав јас да си малку сомничава е во ред, а се друго што оди во друга крајност не е во ред. Работата е што секоја сама мора да си одлучи до каде би одела, која е крајноста. За некоја е дегутантно и е екстремна крајност во проверувањето/ ајде да не пишам тестирањето што направила лажен профил, друга пак оправдува се како средство до доаѓање до целта- утврдување дали тој е верен или не. И тоа е тоа, настануваат сукоби меѓу личности со различни сфаќања, доживувања, поимања на нештата од типот на верност, тестирање, лага и вситина на крај на краиштата.
Е тоа де, не сега ќе се убедуваме која е во поправо, која е во покриво, па дали членкава се понашала детски, била ваква-таква, да не се навраќам на навредите или не филмала. Пишав на секого, ај не на секого ама на повеќето може да им се случи слична ситуација што ќе преземат, како ќе рагираат и до кај ќе одат, веќе тоа е лична работа.
Не треба да се биде многу наивен и слеп, ниту па премногу сомнежи и тешења со тоа дека "сите изневерувале". Она што треба е да научиме повеќе да се цениме себеси, дека ние сме си единственото најперманентно нешто во животот. Другите околу нас треба да само да додадат на среќата. Секако дека се живее без секој, ама имањето вистински луѓе околу драстично го подобрува квалитетот на животот. Што не значи дека се незаменливи. Ако се случи да нѐ повредат треба да имаме храброст да ставиме крај, а понатаму да знаеме дека не се сите исти и секогаш ќе има некој кој може да додаде на нашата среќа без да има задни намери.
Се во ред, супер си пишала но што доколку еве те изневерува, го седнуваш и прајте муабет и тој ти вика дека не те изневерува (90% од случаите)? А немаш доказ дека те изневерува освен твоето чувство. Ќе се разведеш? Од која причина кога не си докажала на самата себе дека не си излажана? Доволно е да се разведеш од причина 'имам сомнеж'? Зарем толку лесно е да уништиш нешто што си го градел со години? На членката со проблемов, на почеток некои ја советуваа за развод а и јас ја советувам исто, НО кога ќе се докаже (ако се докаже) дека мател на страна нешто. Гарантирам дека црвот што ќе те јаде ќе предизвика да се распрашаш, да истражиш за него малце. Проблем станува кога ќе станеш опсесивна и без причина секојдневно ќе бидеш полицаец. Не верувам дека некој поразлично би постапил во ситуацијава од членката. Или слично.
Штом од два муабети договара средба, а не знае кој му пишува од другата страна, јасно е колку е саат. Може е некоја блиска на жена му, нели му е гајле, може со принт скринови да го зезне и да и ги прати, дури и да не сака да се видат и да имаат секс. Хипотетички. Може му пишува педер, може пишува бисексуалка, лесна жена од која може да закачи болести. Можеби таа жена има маж или дечко кој би можел да го истепа, да речеме, ако се плетка со неа. Неодамна слушнав пример дека се оженил некој дечко, жена му трудна, и паралелно и друга жена од него трудна. И сега? Епа така се почнува со кафе во кола. Не читнав колку жени во бркале него, ама тој дефинивно е лесен маж.
Епа тоа е… Кога мислите дека си ги знаете мажите. Може да се случи. А јас пак мислев дека е стара темава,било која друга да е пак ќе е истото. Многу добро знам, имам сочен разговор во моб на кој добив совет од другарка “па знаеш што треба да правиш”. Што ќе правам не е моја работа тоа,секое газе порано или подоцна си легнува на брашното. Е јас би го договорила овој твојот и така пицната би се појавила. Нели кафе у кола, да не го види некој некаде. Освен пиењето кафе да не ќе се зјапаат,само пред да одиш искуцај лажен документ за развод. Чисто ко џекпот. Ако ти рече: “Знаев дека си ти”. Кажи му жими гзов знаеше. Деген!!!
Ако има повод да се сомневаш, црвот ќе те јаде дури не ставиш крај, може ќе биде за еден месец, може за две - три години, но ако довербата е разнишана и не ти е убаво со таа личност, зар ќе трпиш за да не пропадне "градењето". Има и такви, не велам не, но секој со своите калкулации. Подобро ќе бидам сама отколку со некој што без совест ме лаже. Плус нови почетоци се секогаш повозбудливи отколку да бидеш со некој кој те нервира во име на "изграденото", што и да ви значи тоа.
Црвот може да те јаде на субјективна основа (субјективно да замислуваш дека има повод, иначе тоа има повод како објективно да го поврзеш со реален факт дека те изневерува ако немаш доказ на дело?) и да нема врска со реалноста со партнерот, онаа објективната реалност. Има ликови на пратнери, независно од пол, женски, машки (еве видовме во случајот на тој со букетот, нон-стоп ги јаде црвец и прават нешто, проверуваат мене што ми е лично екстремно, да не пишам пак, глупо) кои постојано ги јаде црвец на лична, субјективна основа, свесно или несвесно, од за нив познати или непознати причини. И мене ова ми е аларм дека имаат личен проблем и им треба стручна помош, зошто тие со кој и да било партнер/ка истото ќе го прават бидејќи постојано ќе ги јаде црвецот имале основана причина или не за тоа. Е сега во случајот на @Elly Stann ние не знаеме дали и таа е од оваа категорија партнери, од 2-3 поста не може да се заклучи тоа каква била и е на таа тема. Ама ако се сомнева и сака објективен доказ повеќето (како и @x-MajaEsposito-x што ти објаснила погоре) и посочивме да оди до крај, до соочување, а што потоа ќе направи дали ќе го искористи како изговор за развод или изговор да го стави во тесно и му одржи лекција, нејзино си е. А за тоа дека ги има такви како што си навела ги има, ете ти пишав погоре од која причина, дека нив не им е лошо со партнер изневерувач, знаат дека има швалер/швалерка и бидејќи им е убаво со таквиот партнер (зошто им е убаво, тие си знаат од кои причини) и не им е разнишана довербата бидејќи знаат за другата личност, ''трпат'' и си теарат и понатаму во таква брачна заедница. Е сега проблемот е кога не знаат дека партнерот шврља па и на ваков екстремен начин преку негово проверување преку лажен профил дознаваат. Тоа е тешкото, шокот кога се соочуваат со нешто тотално неочекувано, ете таа опиша супер партнер, не и оставил простор за озбилен сомнеж, ама ете го се покажал на дело каков е, вака гледано од страна според мене.
Ако се бира тема "од мува-слон" оваа би била во топ 5.. На човекот му горат ушите, колку е развлекуван сеуште откако имаше заплет, периперија и расплет... Колку и одредени членови да навиваа дека е превара, испадна дека не е , иако нели според народната мудроштина " приликата го прави крадецот". Типов според кажувањата на сопругата е извонредно физички привлечен и свесен за тоа. Не оти му притребале анонимни обожавателки за да има вонбрачен секс ако се реши на тоа, сигурно и во својата околина ќе најде кандидатки спремни да прекршат правила. Сума сумарум, ништо страшно не се откри. Колку и да се извртуваат работите, за лажење сме сите поспремни отколку за тотална искреност. Ако имам убав брак, јас лично не би се замарала со ова, се разбира без розеви очила кои веројатно полека со годините се лизгаат од очи. Ако јас не сум совршена, зошто маж ми би бил. Ако има љубов и компатибилност, патот заедно е далеку поудобен. Не дека 100% искреност е лоша, туку невозможна, можеме да тврдиме дека сме сосем искрени кон некого,а дебело да се самозалажуваме себе си за разни други работи, дали за утеха, или како модус операнди, себичност, страв , одбрана на его, и слично.
^ова е еден од начините на гледање кон нештата и јас првично истово го помислив затоа веднаш и пишав можеби би одел до крај и би ја изневерил, ама не сум 100% сигурна дека одма би ја изварал. Ама мене ми падна во очи и сменив мислење за него во моментот кога таа го прашува а што би мислело ДЕВОЈЧЕТО дома, и тој наместо прво да рече не е девојче, сопруга ми е и да и пише да таа ми е најбитна на свет, чао-пријатно ако не ми се претставиш која си од детството. Тој и вика со мене правиш муабет или со девојчето и пак останува на дејтот и времето, независно од причините дали сака да има дејт или ја притиска да открие која е, бившата, некоја нова итн. И во тоа време @Elly Stann го прашува што прави тој, а тој во очи ја гледа и нималку сецнат, вознемирен од прашањето и вика играм игрици. И според мене не се лагите од двајцата толку голем проблем, иако и тие имаат удел, туку покажување непочит кон сопругата кога е запрашан за нејзе и криењето дека му е сопруга, па кое понижување на жената ми е ова, не знам, дно е мажов во мои очи. За се друго е непредметно да се дискутира и ќе е предмет само на претпоставки, што би било кога би било во недостаток на доказ. Затоа и ја прашаа што направија, ќе излегуваат ли, ама ете ја снема.
Извини ама ако те јаде црвот без причина т.е без доказ ќе те јаде и со вториот партнер и со стотиот зошто проблемот тогаш е во тебе. За членкава конкретно таа не кажа дека се посомневала на почеток во мажот за да ја игра играта ама јас сум сигурна дека постои некоја причина зошто пишала од профилот. Не е забава во прашање зошто како што кажав во здрава нога трн, никој свесно не си става. А за сомневањето, постојат тука институции кои ќе ти помогнат зошто не е нормално да те јади црвот ако нема потреба за тоа. Што доколку се докаже дека не те варал? (не за конкретниов случај со членката него за мојот пример погоре). Довербата е таа која се гради со години а се руши во секунда. Ама ако има причина. Ако нема тогаш проблемот треба да го бараме во нас.
Многу огорченост од љубовта во советиве. Толку многу што некои немаат доверба ни во себе, не па во партнерите. Затоа и се несреќни.
Интригантни извјави Од искуство ова имаш уочено дека се несреќни така па си земаш за право да даваш вакви моќни изјави? Се шалам и да е од искуство или неискуство твое право е да си мислиш како сакаш. Јас па не сметам дека се несреќни тие што умерено, во нормални граници имаат доза на сомнеж кон се. Скепсата, скептицизмот води кон нови сознанија и во науката и во се во животот Ако ги прифатиме работите онака како што посакуваме да бидат (а можеби и вистински се такви) го порпушатаме моментот да осознаеме какви се навистина или моментот да си потврдиме дека навистина се такви какви посакуваме да се од сам старт. Не ми делуваат делумните скептици во се несреќни зошто пред се не живеат во илузија и со вечно ставени розеви очила или главата закопана во песок како ној. Е сега ако дискутираме за тоа колку се несреќни оние кои вечито ги јаде црвот на сомнежот, особено неосновано, од субјективни претпоставки, е тие богами се стварно несреќни и не со еден партнер со секој би биле несреќни. Пишав, а и други членки погоре дека добро би било да си побараат стручна помош тогаш.
Искрено, мене повеќе ми го направи антипатичен мажов тоа што не им вели добар ден на комшиите,( се разбира ако претходно не му го поплавиле станот и избегале од одговорност.) Јас не одговарам на непознати машки на фб, не сум во таа фаза на животот да сакам да запознавам партнери на тој медиум. Мада да бидам искрена, со женски особи сум комуницирала и се запознала, едноставно контекстот е поинаков, не споил друг интерес освен сексуалниот. Ништо погрешно не рекол според мене со 'девојчето', го употребил и и го вратил истиот збор кој и таа, кој не е навредлив, и не открива информации. Како за некој кој бил прогањан, чак и добро враќал, иако не е некој Шерлок, еве сега и таа ќе крие тајна од него дека го сталкала. Се за мир у кучи...јас на непознат ама ИИЧ нема да му длабам за љубовта кон сопругот, некако не ми е тој муабет за аутсајдери. Се на се, лугето не се моногамни по природа. Моногамноста е работа на лична одлука Колку е некој способен да се држи до таа одлука , и дали таа се менува во тек на животот, индивидуално е. Искушенија ќе има понекогаш. За среќа или за жал.