Јас се надоврзав на членката која е цитирана во постот, ако тој сепак не признава, а ти немаш солиден доказ, па ќе те јаде црвот.
Така муабет за аутсајдери, тотално те поддржувам така е и тука е моментот кога тој треба да изигра девојчето/сопругата како годе и да ја именува ми е најважна на свет и ти Милена ако си ми другарка од детството претстави ми се како што го доликува, а игри топло-ладно, криенка, миженка не, јас сум во брак со девојчето, жена ми, душичката, златото како и да ја вика, а ти си ми тотоално непозната чао. Еве го потегот кој решава и растргнува секаков сомнеж во него и прави да биде перципиран поинаку од сега А тоа што не поздравува комшии да доплнителен минус е ама не ми е предмет на интерес сега, чак и пожелно е ако е шврљач настрана со неразговарање со комшиници ги изолирам од потенцијални жртви Да не тупам негова карактерна црта или работа зошто е така некултурен. Друго за моногамноста се ми е јасно, така е, јас немам против ништо во врска со тоа, туку со моментот кога на партнерот/ ка му/ и глумат верност, а не се моногамни. Многу покоректно е од старт играње со отворени карти за да другата страна има увид што се случува и одлучи дали сака моногамен или немоногамен брак. Се во брак е ствар на обостран договор како и ова. Тука се губи довербата и почитта кон едниот или двата губат еден во друг, ако истовремено прават работи зад грб и се прават како ништо да не прават. Зошто како и да е вистината секогаш излегува на виделина па некој е извисен или ако се погодат и двајцата согласни идат во фаза на отворен брак, ама чуму криење, ете порано да си седнале и се договориле не би се мачеле да се кријат ако и двајцата се љубители на отворен брак.
Без конкретен доказ неа цел живот ќе ја јаде, основано или не. Единствен начин да се увери беше да оди докрај како многу членки што и пишавме иако и реков тоа е меч со две оштрици, ризична ситуација, ама нема шизик/ шизичка без ризик Е ако таа ниту бара или најде основан доказ и постојано ја гризе црвот на сомнежот тогаш таа има свој личен проблем и пожелно е да побара стручна помош да го разреши. Може со тек на време да разговараат или стасаат до фаза да одат кај брачен советник ако не можат преку разговор да испеглаат постоечки сомнежи и недоразбирања. Факт е дека црвецот на сомнежот јако ја загризал, сега тоа е што е направено и од незјина и пишано од негова страна. Сега таа треба да се справи со последиците од ''тестирањето'' на нејзин начин.
Јас мислам дека.../додајпожелба/ Само ќе речам, скраја да е од лажговци. Од било кој пол и во било каква врска.
А да не е тоа нешто како бермудски триаголник? Има неверник, ама исчезнува без трага... Изневерува кога е со третото лице ама потоа исчезнува. А секако има и активности по куси гаќички т.е. бермуди.
А со машки мозок да гледаме. Тоа што враќа остави девојчето и не потенцира дека му жена, би значело и дека не е сконцентриран на објаснувања, туку на тоа да открие која е, која е таа што го испрашува. Ем го испрашува, ем сега нејзе тој да ѝ се дообјаснува. Од кај ја знае која е па и од животот детали. Мислам...
Вистински верен маж нема во никој случај два дена да и пишува на некоја си таму, без разлика дали е лажен или вистински профил, притоа додека е во иста соба со жена му, као наводно игрици играл, или пак тоа одење во тоалет и пишување од таму. И не, тоа најмалку асоцира дека правел проверка дали е бившата или некоја пријателка од детство, а ваму 10 години е во врска, брак, шо и да е абе ако му бил мирен газот, нека ја блокира и готово, или да и кажел одма на жена му, така ќе беше чист 100%, шо има да го копка дали му пишува бившата после толку години. А пак ти @Elly Stann дефинитивно глумиш за Оскар жено, двајцата се гледате во очи и се лажите, во исто време си му пишувала од мобилен и од лаптоп и не си се издала, алал да ти едодуша и твојов глуми за Оскар, не е смешно ич, ама мислам дека си направи проблем само, го разбуди црвот а не одиш до крај, не оди тоа така. Размисли со ладна глава, не слушај никого, а најмалку советите некоја членка од овде да му пишува, бидејќи така загарантирано ќе и го дадеш на послужавник.
Едно нешто не ми е јасно, блиц онака ја отворам темава. Многумина прочитав велат не постоеле верни и искрени луѓе, а во друга тема ќе прочиташ како тие никогаш не би изневериле, не би излажале, не би играле зад грб и тако даље. Ние мирни овчички, цветчиња за мирисање на летна полјана, а другиве не чинат? Кочете малце, не гледам како е конструктивна ваква генерализација овде. А сега на темава: воопшто не ми е сериозен потег креирање лажни профили и вакви „тестирања“. Некако повеќе ми е нешто што го асоцирам со луди тинејџерски години кога ти е екстра досадно, па за добиеш некаков мал адреналински налив и чувство на некаква предност во краток момент. Лично, не враќам на пораки од непознати, на мобилен не кревам на непознат број, не ме ни интересира и ако е некој што го добил бројот од некој што ме познава. Не го знам бројот- не кревам. Зезање, тролање по пораки со чудни ликови на социјални мрежи ми беше нешто смешно кога бев дете, па се глупиравме со другарка ми кога ни се пуштаа рандом типци, па откако ќе пукнеме сеир блокиравме. Ако има простор за било каков сомнеж, ќе се зборува отворено, а доколку другата страна не го поправи она што делува деструктивно на врската од било каков тип или па, уште полошо, дознавате за игри зад грб од трета личност, се знае што е решението.
Темава требало да ја именуваш me myself and my husband, на македонски глупо би звучело, иначе кога го прочитав насловот мислев дека некоја форумска игра е со погодување
Не дека е неверен со тоа што пишал или имал намера да изневери, ама ако се сомневал дека е бившата, или другарите го заебаваат или било кој, ќе и кажел на жена му дека некој го зафркава и заедно ќе се допишуваат и откриваат кој е. А вака он прво крие дека се допишува, па после сфаќа дека некој го зафркава (бившата), па после кажува на жена му. Во овој случај не е сигурно дали ако не открил дека сликата е од нет, ќе отидел на состанокот во кола или не? И ако не е по шврљање нстрана, зошто ако и он сакал да се зафркава само не ја повикал Милена на кафе, него во кола? @Elly Stann го праша зошто одма не ти кажал и зошто те излажа дека игра игри, а он се допишувал. Не дека ова значи дека те изневерувал порано или дека ќе те изневери во иднина, ама штознам, не би била на чисто со мм.
Единствено си ставила проблем на душата. Сега ќе се сомневаж цело време и ќе те копка дали би излегол со некоја која не е лажен профил. Затоа ти препорачувам да бидеш искрена со него и да му се извиниш. Ако навистина те сака ќе ти прости, а и барај да биде и он искрен. Комуникацијата е најбитна.
Јас ќе кажам за мене хаха Триаголникот функционира, само сега е навистина триаголник а беше четириаголник
Прочитано ми е само прво мислење без намера да читам други. Разговорот на почеток ми личи ко ќе притискаш некој шо знајш дека те лажи/ трола. Скроз исто би враќала, без намера да шврљам. Разлика е што можеби би кажала на сопруга да троламе заедно. Следно, никогаш нема да сфатам тестирање и лажни профили, особено ако претходно не постои сомнеж. Одма настанва сомнеж. Во секој чекор ќе гледате сомнеж после. Пиши пропало на таква врска/ брак. Ова можеше да се реши со разговор. Имам сомнеж. Ајде да разговараме. Не покажвај профилот. Ќе ти се налути и нема да имаш шанса да се искажиш. Ама денот кога лажна ти и тој се сретнувате помина. Како помина?
Нешто прочитав, нешто разлистав, читав и генерално мислењата што мене ми останаа во сеќавања ко мнозинство (пошто и деновиве набрзака ве разлистував и ненајавена) се дека јас сум крива што небитно дали сумничаво, од досада или која и да е претпоставка сум направила детски глупости да пишувам. И потсвесно да проверувам, мислам луѓе сме, некој имаше пишано дека едното на другото око не верува... Како и да било јас мислам сепак дека од досада ми беше тоа, зошто прво од втора средно до мои 20 години си читав пораки и се забавував, ни детски нешто ни психопатско, ни социопатско, сметано исто како да си се вратиш некаде каде што не си бил 10 години и се посматраш од сегашна призма. И потоа му пишав. Ете сосема небитна работа зошто. Зошто јас да се објаснувам зошто, да се анализирам јас, а средбата сабота во 7 да е споредна работа? Еве мене не ми е сеуште. И тогаш и сега мислам дека да не забрзав јас афектно со муабетот може сега и разведени ќе бевме пошто сериозно еве сега посмирено на средбата ќе одев со мајка му. По фер нешто од тоа амин. Си размислис, се покајав што не успеав посериозно да навлезам до крај да ја договорам средбата и ќе заминев таму не со кафе, не со миничи и и подвезици него со мајка му. Зошто после секако дека кривецот ќе бев јас. Вака фино лепо ќе си ги прочиташе муабетите жената и ќе си седнеше во кола, јас понатаму немам што да барам. И сликата ете беше проблем, најде дека е лажна и така ете остана енигма, па јас демек малце го ставив на игнор да размислам и во меѓувреме се случи огромна трагедија, смрт на само 22 годишно дете, брат на негов најдобар другар од детството, па погреб и се разбира дека ова нема споредба со таква трагедија и останаа работите, дечково е тие дена кај нас, играме карти, да му тргнеме мисли и само навистински социопат може оваа приказна да ја провне низ тие моменти. Во моментов, после овие два дена проблемов веќе некако и не ми се гледа ко огромен во споредба со тагата околу мене, така да може да почека, комуницираме онака со резерва, понатаму ќе видиме... Ете тоа е засега во сагата за љубовниот триаголник, ажурирање ваљда ќе има ако прозборам јас, тука некако форумот ми дојде ко некоја врста дневник, до душа јавен. Не сум трол ни измислена приказна, зошто би, само глупо ми е некако секој ден да си пишуваме тука ко чет муабети шо знам, може дека вака сега... Секако најбитното во приказната е дека црвот стои сеуште.
Не. Ама ќе знај по муабет шо е работата. И да те лажи некој - знајш. Зато и пробваш да искомуницираш. И ќе кажи шо ја мачи меѓудругото. Праење профили за вака, 2005 беше ин. Пошто не се знаеше подобро. И бевме тинејџери. Сега треба да знајме подобро.
Така де, од тогаш беше и профилот. И да не беше тој профил, на кој основ би разговарала кога немало повод?