имав пишано што се деси, виде дека сликите се превземени од друга жена, го блокира профилот и ми кажа мене. Тој дел си го испуштила. И црвот дојде тогаш, што би било кога би било. Тоа беше љубопитност или вистински флерт и намери за неверство?
Јеп. Пошто разговорот, мислам пишав, ваљда не бев толку поспана да не памтам, течеше кога знам дека некој ме мучка, и јас тролам. Така личеше разговорот.
Никаде не спомнав дека било срамота да се разведам, јас би се разведила одма да имам силен мотив, очигледно многу ме имаш погрешно разбрано. И не е така лесно одма развод, ако не тогаш си жениче без самодоверба со бапски размислувања. 10 години убав живот и едно што би било кога би било е недоволна причина за развод. Разводот е многу сериозна работа, не е врска раскини па никому ништо. Па гледаш може да е така, може да не е така. Не може ајде развод одма, луѓето се ценеле, јас со бабските размислувања што ќе речеле другите. Не е така.
@Elly Stann или заборави на се што се случи и продолжи си со животот понатаму ко ништо да не било или седни и разговарај отворено кажи му дека ти беше позади лажниот профил и отворен разговор, мислам дека тоа би те смирило
Зошто не ти кажа на старт? Туку помислил дека дeка е бившата, прочитана книга па ајде ќе и кажам на жената. Да не била таа мислиш дека ќе ти кажал? Секако дека не. И да, без самодоверба си, знаеш зошто? Зошто уште од старт кажуваше како ти едвај тешко си го фатила, други го бркале, бла бла бла. Немаш самодоверба, и тоа се гледа од Марс туку ајде, нека ти е, ти поверувавме. Друга работа која ми боде у очи - ми се гади кога ќе прочитам - па толку ли години да фрлам ? Луѓе се разведуваат и по 20 години, за помали работи од неверство а не се глупости. Не ми треба мене мажуле за да функциунирам, фала богу можам сама и имам мозок сама да се снајдам. Престани да го оправдуваш, седни и разговарај со него. Што ќе правиш утре ако истото се случи доколку имате дете? Ако стигне далеку? Ако ти не правиш лажни профили? М? Ем ти ќе страдаш ем детето. Свести се, додека е на време. Прво разговор и комуникација, ако не иде тоа е тоа.
Оти не му побара разговор? Кога веќе ти кажал дека пишувал со друга. Нека објасни подетално што пишувале.
Разговор е џабе, никој нема да ти рече да ќе излезев, само ќе се насочи на друга страна разговорот, зошто јас имам лажен профил и проверувам.
Секоја што е спремна да замижи на изневерување, понижување и слични глупости, ради доброто на бракот, е женче без самодоверба. Врска и брак се градат на доверба и компромиси, а не на замижувања. Пак велам, не зборам за конкретниов случај, некако бизарно испаднало се, а и немам пратено што се дешавало, само почеток и крај, туку општо за млади во брак.
Не е џабе, ти пишав дека ќе биде лут, ама доколку има чувства за тебе и ти е верен нема да бега од темата. Договорете се да искажете се еден на друг.
Ќе го видеше разговорот, доволна причина е да се лутиш за тоа, за старт. Ми изгледа како сама да сакаш да го заташкаш ова, било како да не било.
Ајде ќе видиме, мада никој нема да ти признае неверство, кога ни бил, ни си го фатила. Сигурно ни ти ни јас не би пошле кај партнерот да му речеме еј искрени да сме за добар брак јас ако ми се укаже шанса да знаеш ќе легнам со некој. Не, само како што пишав мислам дека џабе би бил разговор. Никако не сакам да го заташкам ова и нема да го заташкам, само од моментот кога ја виде сликата дека е лажна до сега и понатаму немам како да решам, се ми е на или тоа или тоа е.
Ако си сигурна дека би те изневерил оди до крај во следна прилика, ако не отвори ја темата и искрено разговарајте. Ако не крие ништо ќе ти го покаже разговорот, флертот е доволна причина за да се лутиш. Реакцијата многу ќе ти каже.
Вака со профили лажни нема да има следна прилика зошто ни јас будала сум до толку да се замарам да ги правам сите тие работи, ни тој е будала пак да падне на иста замка. За реакцијата си во право, иако и за неа влијаат многу фактори. Мене ми е многу криво што остана како на пола и не можам во никој случај да ја дознаам вистината веќе. А за се сте во право да.
Проблеми во брак/ врска не се решаваат со фејк профили, ставање ствари под тепих или бегање од истите. Се седнува и се разговара, најдобар однос е оној во кој и двајцата партнери се искрени и решени да ги надминат пречките што им прават проблеми.
Точно, само не ме разбирате, да беше фатен ајде разговор па нека е и каење и искрено извини и се, ама вака кој ќе ти рече планирав да одам? Секако дека ќе рече нема шанси да одев, а може и да е и да не е така. Иначе точно дека се разговара за се, ќе се разговара и за ова, само шансите се мали од тој разговор јас да си ја дознаам вистината.
Само мене ова ми падна у очи? Може да ве прашам прашам која е улогата на свекрвата во вашата врска? Од страна гледано изгледа дека ако дојде до развод секој мама ќе си ја бара. Зошто влегувате во брак ако се браните со мама и тато? Вака се бранат малите деца со: ќе те кажам на мајка ти/татко ти. Колку години имате ако не е тајна?