Секако, само да не бидам кутрото жениче со 0 самодоверба што се секира што ќе кажеле луѓето. Излезе ко да ме тепа и малтретира а јас седам за да не ме зборат комшиите. Така секако дека сите се разведуваат без око да им трепне зошто силни жени биле со самодоверба. Врска нема тоа, излезе многу настрана муабетот. Мислев во смисла да не треба да се правдам после и да не бидам јас кривецот. Може тоа да биде и татко му, сестра му, не ми беше муабетот на мама да те кажам, муабетот ми беше да се покријам јас да не се правдам и да бидам нападната или да нема смисла она што ќе го правам.Да не се замарам веќе, да биде толку од мене. Како било, непотребно многу се анализираат работите до бизарни крајности и од едно доаѓа до сосема трето непотребно.
Не заземам никаква страна јас, ги читав само твоите мислења. Во врска/брак си само со партнерот, и убавото и лошото само најнапред со него се споделува, другите се небитни. Што ако им кажеш на родителите негови, јас направив лажен профил, а син ви сакаше да дејта. Мене ми е нереално, а камо ли ним што се постари. Јас не би се мешала, нити како сестра, нити како родител. Те јади црвот дефинитивно бидејќи сега си во ситуација на што би било кога би било, и така до недоглед. Седни, разговарај со отворени карти, кажи му каде лежи сомнежот. Се надевам дека ќе дојдете до заедничко решение без разлика дали тоа ќе значи останување во брак или развод.
А зошто искрено и најотворено не му кажеш дека немаш доверба во него?Да му кажеш дека тоа те мачи.Без да му спомнуваш за ова што си го тестирала.
Мммм...да. Мажу, не ти верувам, мислам дека ме изневеруваш, дека си латентно швалериште. Немам докази туку така решив да те нападнам а ти брани се и докажи ми дека не е така. Да беше обратно, маж на жена овој муабет, ќе беше семејно психичко насилство.
Ако со маж ми немам отворен муабет со кој да имам?!Се што ми пречело сум му кажала.И сеуште му кажувам.Може да му рече не чувствувам доволно љубов и внимание од тебе,дај да промениме нешто.Бракот не е еден ден,нормално да се чувствуваме некогаш напнати,уморни од се,намалено либидо и да не редам.Ако неможе да си направи ваков муабет со мажот тогаш џабе го правиме муабетов.
Прај си ти муабет колку сакаш, ќе те види дека си вознемирена, полна со сомнежи, ќе те смири, ќе ти рече дека се е во твојата глава. И ти така задоволна од муабетот ќе си легнеш мирно, среќна колку имате разбирање со него и колку со разговор се може да се реши. Тоа не значи дека не дупи на страна.
Абе девојче,девојче.Ако имаш одредена сомнеж а грешиш,кога тогаш ќе ти помине сомнежот.Ама ако маж ти се дупи на страна ниеден сомнеж нема да ти помине,Чак што више и ќе знаеш дека си изневерен.Нема шанси да не дознаеш.Ќе крие месец,два,еве и година и после ќе дознаеш.
Ама дури дознаеш, еден куп фини разговори ќе си имате, "отворени" и полни со разбирање, ко секој хармоничен брачен пар. Нема од разговорите да дознаеш дека те изневерува. Никој не седнал да праша за неверство и партнерот рекол - така е, да, те изневерувам. Или ретко де.
Е добро де,кога завршува еден брак мислиш дека ти менува што си дознала после првото варање или после 20 тото?Тогаш едноставно ти се рушат сите планови,сништа.И ништо повеќе не ти е битно.Размислувањето го насочуваш кон сосема други нешто,особено кога постојат и деца. А дека разговор мора да постои мора.Секогаш мораат да се сослушаат двете страни,да си кажат што имаат.Знаеш ли колку нешта можат да се променат со разговор и разбирање.
Нема место за отворен разговор сега. Сигурно нема да и' признае, ако сакал да оди на средба. @Elly Stann ако имаш пари, изнајми детектив. Наједноставно би било.
Не знам зошто толку ја нападнавте жената, си напиша проблем, си побара мислење впрочем форумот е и за тоа. Јас не ја обвинувам, ниту осудувам жената секој си знае најдобро како му е. Да не се лажеме, идеални врски или бракови не постојат. Секој во некој дел од животот се соочил со разочарување од страна на партнерот и обратно. Не дека секогаш сме верувале 100% и не ни дале никаков повод за сомневање, не мора да се други жени/мажи во прашање. Не дај боже да се најдете во таква ситуација партнерот да ве лаже или да ви врти работи зад грб, не знааете како ќе изреагирате а доста често и на многу работи се замижува, само за мир во куќа. Брак не се растура така лесно, дури и да нема деца кога со некого имаш куќа, градиш дом, семејство заедно и не е така лесно веднаш развод. И јас би била многу лута и разочарана да знам дека маж ми се допишува со други. А би била уништена да знам дека ме изневерува, никогаш не би била истата. И не знам како би постапила, додека не се случи нешто не знам како ќе реагирам. Некои работи не можеме да ги претпоставиме, може до вчера бил 100% верен, а наредниот ден да ме изневери. А можеби и во врска да бил верен, па во брак да изневерува. @Elly Stann мое мислење ти е дека нема зошто да ги запознаваш со проблемот или мешаш ниту мајка му, ниту некој од страна. Што и да се случи мајка му му е мајка, големи се шансите во последен момент да го оправда него како син. Тоа што се случува дома си е ваше, верувј ми дека ако дојде до развод никому нема да му биде гајле кој е виновниот, немаш потреба да докажуваш ништо. Нема потреба да се разведуваш само заради сомнеж, но не твое место не би брзала ни со други работи на пример деца. Сега веднш не, но по некое време отворено би го прашала што пишувал со таа девојка и зошто не ми кажал веднаш туку криел. Со тек на време сама ќе си ги видиш некои работи, дали сопругот е неверен и те лаже или сепак не. Се излегува на виделина, само треба да бидеш малку повнимателна ако има нешто кад-тад сам ќе се издаде.
Твојата колешка има нарцисоиден маж. Тие така „тестираат“ нон-стоп. Ова не било сигурно ни прва ни последна ситуација, туку била прва ситуација која ја виделе луѓето на работа. Како и да реагирала колешката ќе го паднела тестот, да знаеш. Ако не каже, крие нешто. Ако каже и се објаснува дека не знае од кого е, пак е крива штом се правда. Нарцисоидните луѓе секогаш се сомневаат и секогаш се љубоморни, затоа имаат нездрави врски со партнерите. Во врските со некој што нема проблем со самодоверба и нема потреба да му се потврдува неговата вредност, нема и потреба од често докажување верност. @Elly Stann Ова само сакав да ти кажам, во контекст на ова што го пишав. Испаднало што испаднало. Јас мислам дека сепак човекот немал задни намери, се сомневал во многу нешта веројатно и дека е таа бившата што го демнела. Но, треба да продолжите понатаму, после настанов и да го разрешиш (изџвакаш внатрешно мислам) пред се за себе. Една работа е да прифатиш дека твојот партнер е најверојатно верен, ама да си задржиш сепак една резерва дека некогаш можеби и тоа ќе се случи (ако не се случило веќе), зошто ниту еден човек не е совршен и безгрешен. Значи не си спиеш на тоа уво дека до крај на живот ќе е верен со сигурност, зошто за ништо нема сигурно и гарантирано во животот. Тогаш ќе може да си продолжиш да си живееш со него без оптовареност дека има задни намери, но и без наивност дека тие работи неможе да ви случат вам. А сосема друга работа е после сето ова да си постојано со недоверба кон него, да го следиш, проверуваш и сл. Не станувај таква. Тоа е мачно прво за тебе, а ќе биде и за него. Врската ќе се расипува. Со тебе е, доволна си му и со тебе планира иднина. Јас така гледам на целава работа. Ако некој па стварно сака нешто на страна да мува, сам ќе тргне да бара, нема да чека некоја да му се нуди сигурно. Ви посакувам и на двајцата убав живот, да си работите на повеќе искрена заедничка комуникација во која нема да ви биде страв да си ги кажете стравовите и маките, да си бидете потпора еден на друг. така ќе си ја јакнете меѓусебната доверба, а не недовербата. Насочи ја енергијата кон тоа би те советувала. Работете во правец да си го обликувате вашиот заеднички живот онака како ви одговара на вас двајца.
@Elly Stann освен да видиш во неговиот мобилен дали се допишува со друга или да му влезеш на профил од компјутер нема никогаш да дознаеш. А и не значи дека и тој нема други профили кои ти не ги знаеш. Ако нешто те тишти не мешај луѓе од страна, седни и разговарај како човек. Побогу 10 години сте заедно. Не се издавај за ова, едноставно седни го и кажи му што те мачи. Ако видиш дека не е искрен, и дека сака да те направи љубоморна лудача.. Само најдмување детектив, и евентуално да му видиш во телефонот што има и што прави. Сум пишувала во други теми какви све имам искуства со такви верни мажи.. Да не се повторувам.
Јас немам мерак да имам којзнае каков мобилен, кажав пари трошам на шопинг, тоа повеќе ми е мерак, па се случувало да имам никаков моб, да го чувам со години додека не цркне скроз, па да ми се исклучува, па често и сум користела и обичен мобилен не смарт. И секогаш кога ми е потребна камераа, интернет, без проблем си го земам неговиот моб и си пребарувам, си сликам, пребарувам на фб, во месенџер не сум влегла ама на памет знам и ќе погодам првите 10 личности кои се што пишувале. Еднаш барем во сите години ако бришел, барем ќе се појавеше кај пребарување или некогаш со саати бил моб кај мене се сеќавам неколку пати кога сме биле во една викендица, тој не сака да шета, па ми го дава моб да сликам тој си седи во куќа ќе се јавела или ќе пишела некоја, ваљда не ги темпирал и скоцкал така работите, со жена не е така и да се согласи да оди со женет маж и да се согласи да се губи на одредено време, сепак во толку време ќе пишеше некоја нешто, значи мораше од некаде нешто да се појави. Ајде ова да беше прв пат, ама толку ладно, не знам, може во крвта си го има тоа, од порано, може немал прилики... Којзнае и џабе се замараме сите.
А може има уште еден телефон.. За кој ти не знаеш. Види, не сакам да набедувам дрка човекот е неверен, ти најубаво си знаеш, ама имало нешто што те натерало да му пишуваш од лажен профил. Е сега, црвот е тука. Или заборави на се ова, ако можеш јас не би можела, и терај понатака. Јас не знам што мајка те тераше ова да го направиш. Ако се било толку идеално зашто побогу р'чкаш?? И едно да ти кажам, никој никогаш не можеш да бидеш 100% дека ќе ти е верен. Ниту ти не знаеш утре што ти носи, во каква ситуација ќе се најдеш. Е ова ти е сега тест. Или ќе се издигнеш над ситуацијата зашто најлесно е развод трас трус , ама брак не е заебанција. Седни разговарај отворено и извагај. Плус и минус. И види како ќе тераш.