Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачен триаголник, сопругот, вие и....

Дискусија во 'Брак' започната од Elly Stann, 14 октомври 2021.

  1. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Како прво земи му го мобилниот и види дали разговорот стои или брише. Можеби тоа барем малку ќе ти каже некој работи...
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, Konfetka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Да и јас истото го зборував пред да се деси ова. Сега, на средина застанав. Ако заврши тука и ставам крај ќе се јадам цел живот да не не било вистина, да не се зезал, да не не би отишол, да не не е доволно сериозна работа за тоа, ако не ставам крај да ќе се јадам секогаш кога ќе замине некаде, кога ќе влезе во веце ќе се јадам...
     
    На MarijaMi90, Snowflake97, Arjanit2021 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Ne ti bese prvicnata namera da go provervas? For real?? Ako bese tolku nevin i srckast kako sto go opisuvas - zosto e ovaa diskusija nadolgo i nasiroko. I da, tvoj e stanot, pokazi mu vrata ako se pojavi tamu, napraj drama i incident. Nema ni da imas sansi da mu pokazis vrata, sam ke si izlezi. I uste i ke kazva lagi za tebe po svetot - ja fativ deka me izneveruva. Iskluci lazniot profil - maz ti ne e angel. I? Vo vrska so asolni luge - vo nikoj da nemas verba. Jas mislev deka posle razvodot konecno najdov nekoj dobar i kulturen i fin. Daaaaa, samo sto seksualno go vozbuduvale mali cupinja od 10 godini. Mislam go spomnav vo druga tema toa. I toa ne e se. Odma mi pisa devojka koja svatila deka i nejziniot decko imal takvi sklonosti. Mu vikam, begaj od nego nemas sho da baras so nego. Ama decko. Ne veke svadba napraena, stan na kredit kupen i slicno. Ti imase pricina zosto ova go napraj. Nareci go intuicija, nareci go - nesto neodredeno me kopkase. Edinstven izlez od ova e - prekini so cepkanjeto i smiri go egoto. Inaku ke naprajs brak, nego mu e bas gajle. Ke si ostanis vo stanot na kredit i ke se mislis sto ustvari napravi. Dali sum edinstvenata ovde od zenive racionalna ili sho e muabeto? Sama ke si ostanis vo prazen stan. Dodeka drugiot svet ke ima nekoj so koj makar i da se skara - ti ke si sama. Komplet, za neodredeno. I nemoj posle da recis ne bev predupredena, oti bese. A ako sakas podolg muabet i nesto sto ne e za tuka pred site, pisi LP
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Леле, леле. Чекај. Што не остана ти со педофилот? Еве сега сите имаме со кој да се скараме, а ти си сама.
    Не, ова што го пишуваш не може да е реално.
     
    На cutieee123, crimson, baby-star и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш до која граница можеш да одиш, ама за мене доволна причина за раскинување е и самото допишување, на некоја да и рече Во живо ќе видиш дали сум симпатичен или да и рече Остај ја девојка ми, со мене се пишуваш или со неа.
    И да не се појави на средбата, јас само ова да го прочитам маж ми да и го напише на некоја, дефинитивен крај ќе е.
    За мене.
    Замисли да му пише некоја и да и каже Имам девојка и многу ја сакам, чао.
    Колку убаво ќе се осеќаше и како што треба да се осеќаш после 10 години со човек со кој планираш деца.
    Он ако е спремен да фрли 10 години во вода, јас уште поспремна ќе сум.
     
    На cutieee123, baby-star, honey.11 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Дискусијата е надолго и нашироко зошто се случи неочекувана ситуација. Ете пред ова навистина беше невин и срцкаст за мене кога се работи за неверство. Можеби е инаетлив, самобендисан, има милиони маани, ама во сите овие години немав ама баш никаква причина да се сомневам и така и дошла и довербата.
     
    На Jana06 и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  7. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.827
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека мртов ладен е ради искуството, не дека е социопат. Тој сигурно ова не го прави прв пат и истрениран е како да пишува пред неа ладен демек ништо не правам.
     
    На honey.11, cresa-jagoda, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    На почетокот на врската имаше бивша која буквално не сталкаше 3 години. Некогаш тек тук ќе се појавеше пак од некој број, исто од лажен профил. Му пишувала како 20 различни лица и секогаш ми кажувал и само блок ставал на тој број или профил, воопшто не ни контактираше, ни да врати ни ништо. А верувај девојката ептен беше упорна. До полиции сме стигнале. Не знам зошто овој пат е различно, можел да се сомнева пак во неа па да ми каже ко што ми кажувал, ама преќути и продолжи и тоа легнат пред мене да пишува.
     
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356

    Ти најдобро си го познаваш сопругот во однос на начин на однесување, гримаси итн. Мене искрено прво тоа ми дојде на ум кога ти го прочитав мислењето дека знае, но, пак ќе кажам тоа е само мое мислење не значи дека е точно. Сега веќе мислам дека си во ситуација да не можеш назад и да престанеш, и сама викаш ако престанеш ќе те јаде јанза.

    Размисли убаво како би постапила понатаму. Остави ден два нека ти легне убаво целава нова ситуација и донеси одлука како понатаму и до каде би одела. Твоте граници само ти си ги знаеш до каде можеш.

    Секоја чест искрено што не си избувнала до сега ако си сигурна дека не знае дека си ти и што вака да речам смирено постапуваш. Како и да е мораш да најдеш начин како да се реши ситуацијата.
     
    На Idedemja, Luna91 и Elly Stann им се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    @Elly Stann За да не се јадеш цел живот терај до крај види до кај ќе оди. Можеби се зеза можеби не, има секакви мажи манипулатори професионални луѓе по 20 години во брак дознаваат за друга фамилилија. Како што пиша Мантуб погоре има такви кој ќе си дојде дома од кај љубовницата и ќе легне до жената како ништо да не било. Не му кажувај ништо зошто секако ќе негира и ако е некој добар манипулатор на крај ти ќе излезеш крива ќе направи да се чуствуваш лошо зошто си се сомневала. Колку и да изгледа детски подобро иди до крај и откри што е работата него ли цел живот да се сомневаш на све.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja и Elly Stann им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.037
    Допаѓања:
    55.358
    Пол:
    Женски
    @Elly Stann искрено браво за храброста. Многу ќе помислат дека е незрело да пишуваш од лажен профил, но во оваа ситуација се испостави дека не е баш така.
    Ако застаниш тука цело време ќе те копка дали пишува и се гледа со други.
    Оди до крај да видиш што ќе направи, фати го во стапица. Нема шанси да смисли изговор, може само да те обвинува зошто ти си пишувала од лажен профил ама на крајот на денот не е тоа воопшто битно, туку фактот што тој би излегол со друга девојка.
     
    На MarijaMi90, cresa-jagoda, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  12. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.827
    Пол:
    Женски
    Ај бе запри со глупостиве. Не можеше толку глупости да напишеш во еден пост. И што ако еразведена рогови да не има па не може да најде маж. Може тебе ти е така како што опиша ама со муабетиве и јасно ми е.
    АКо имаш на темава повели ама со муабети од 15 век не.
     
    На crimson, sparklie, honey.11 и 29 други им се допаѓа ова.
  13. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Искрено, навистина мене не ми смета пишување со други ако пример било така вистина со некоја, се дружеле па го прашува дали се сеќава, не би му рекла шо мајка има да ти пишува или да и пишуваш, зошто да не би се потсетил на детството, пишувам и јас со машки со кои имаме заедничко хоби и комуницираме за тоа. Ама флерт и најлошо закажување кафе во кола и се тоа позади мој грб?? И толку смирено?
     
    На MarijaMi90, cresa-jagoda, Peanut Butter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Едно е пријателско пишување друго е флерт. Да пишуваше со некоја другарка од детство и сосем нормален да им беше муабетот, сите ќе ти кажевме дека ти претеруваш.
    Флерт е друго, сабота во 7 да те земам е друго.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, Guns N` Roses и 4 други им се допаѓа ова.
  15. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Seriozna si so pisanoto ???
     
    На cresa-jagoda, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Да не мисли дека е бившата, па затоа продолжил да пишува да испита дали е таа? Може па се посомневал дека си ти? Како и да е, никако не го оправдува муабетот за кафе понатака. Еве почекај денеска, гледаш уште ти нема пишано, може нема ни да пише. Не се нервирај пред време. Оди до крај за да бидеш на чисто дали си со вистинскиот човек.
     
    На Elly Stann му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    За развод и после тоа не ми претставува никаков проблем, зошто верувам во себе, во моите способности, знам дека освен ако не е по моја воља никогаш не би останала сама. Тука се моите, предрасуди и туѓи мислења не ме засегаат баш, најголем проблем е ете оваа глупост.
     
    На Ivan4e04, MarijaMi90, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Значи, сите мажи не чинат и сите треба да си молчиме и да трпиме, полошо е да се разведеш?
     
    На cresa-jagoda, Ambrosia, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Не верувам зошто тоа булинг беше од нејзина страна и во сите тие пораки и малтретирања имаше само навреди и клетви, познал дека не е таа, а искрено и девојчето нема некој капацитет и се познава разликата. Не сакам да кажам дека јас сум опасна, него сосема е муабетот поинаков. И знае дека не е таа. И не знае дека сум јас.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Врска е врска, брак не е зезанција. Сите ја знаат како таа и таа жена на тој. Ако е спремна на осуда од цела средина, нека се договори, нека му оди на средба, нека се испокара. После развод и крај. Како што ладнокрвно пишува пред неа со дотична некоја си за средба, така и ќе лажи и ќе ја обвини неа за разводот. Не само тоа, мажите слободни ќе ја гледаат само за секс. И не е ова дека јас се скарав со дечко ми, нека си д.... мали колку сака, туку јас ја кажвам реалноста. И да curiosity killed the cat. Сакаше да види каков е? Еве, виде. Ама касно виде. Требаше да и биди јасно уште на старт кога имало мешање од трета страна. И после тоа, оп, станува ангел. Не е само тој таков, на жалост. И тука истото ќе го пишам ама во контекстот.Запрашај се - да не беше со финансиска можност да земиш кредит и да живеете сами, дали тој би се оженил со тебе? Ако велиш дека можеш да го избркаш, значи тој не е гаранција за кредитот и не е кредитоспособен. Твоите како стојат финансиски? Вервам, тешко е, пред тебе си пишел со неа како да е ништо. Ама, ти ќе изгориш од разводот, не тој. Тој со лигавење ќе се врати кај неговите и ќе биди кутриот. Па напаѓате ме колку сакате, јас сум против развод во оваа ситуација.
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.