Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачен триаголник, сопругот, вие и....

Дискусија во 'Брак' започната од Elly Stann, 14 октомври 2021.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.827
    Пол:
    Женски
    @Elly Stann Јас верувам дека тој ова не го прави прв пат. Човек мртов ладен да седи до тебе и да не се сецне кога лаже не знам да е некој нов во тоа.
    И исто така верувам дека до крај би одел он во ова, ќе ја решиш дилемата ако одиш и ти.
    (И уште една работа,можеш да направиш и ти дека не е твој профилот кога ќе го начекаш на договоренот место , на пр. самата од лажниот профил да си пратиш порака дека тој ќе биде таму дека маж ти те избеверува бла бла ќе смислиш нешто
    Леле колку филмови гледам не е на арно :) ).
    Ама мислам дека да одиш до крај и да одиш на договореното место е најдобра опција.
    Натаму ќе си решиш што да правиш со бракот сама. Тука се е разведи се.
     
    На cresa-jagoda, manako1, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Не реков дека не чинат, туку дека ако им се укажи прилика - ќе изневерат. Па биле и 20 години во брак. Сексот им е како нешто, па како да јаделе ручек. Мене лично ми има признато пријател дека така го сметаат. И да е најдобар, нема да речи не за некоја која би им била разонода.
     
    На lovestoneddd и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  3. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    искрено и мене ми личи дека е испраксиран чим е мртов ладен,мислам дека треба да се појавиш и ако дојде да средбата тоа кафето да биде врело и во фаца да му го лупнеш :doh:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    @Elly Stann Можеби моето мислење овде ќе е осудено, немам намера да се ставам на нечија страна. Се обидувам да гледам објективно на ситуацијата и да се ставам во кондурите на двајцата вас..
    Прво што помислив е дали не се сомнева дека ти си зад профилот, зошто на почетокот и самиот се сомневал дека е лажен. Дури и да не се сомневал во тебе, може да се сомнева дека е некој близок, особено ако си му кажала работи кои непознат не би ги знаел од никаде... Инсистирал на слика за да му докажеш дека не е лажен профил. Ја препознал сликата дека е лажна. Некако, на твое убедување, половично прифаќа дека може да не е лажен профилот и да си навистина стара познаничка, и те прашал и да си па што понатаму. Значи пак испитувал што намери има некој да му пише. Предлог директен прв имал од тебе - да се видите. Изненаден од директноста ама напоменува дека не е човек што оди по кафиња (јас ова го сфаќам во стил дека ја предупредува неа да не очекува нешто). Ти му викаш па биди си таков и после (јас би сфатила дека и ти даваш до знаење дека не очекуваш нешто). Не сум сигурна баш дека така лесно е спремен да измами, сепак. Еве и зошто: Ако верува дека е лажен профил тогаш тера да види до кај е спремен да оди другиот, чека да види кога ќе се откаже. Нуди наместо јавно место, интимно место за средба и ти не се повлекуваш. Нуди кола, што е за девојка најстрашно место да влезе со непознат, ти прифаќаш. Нуди конкретен датум и време за средба и прифаќаш. Сега топката е кај неа/тебе, и ќе чека да види до сабота дали ќе се откаже таа или не. Ако мисли дека е лажен профил, најверојатно очекува да се повлечеш пред средбата. А ако стварно поверувал дека е вистински профил, можно е да има и намера да види која е девојката што е толку упорна и можеби стварно сака да шврља на страна. Мораш да признаеш дека си го навела поприлично да мисли дека или е некаква игра во прашање или некоја жена е мнооогу упорна. Во најмала рака ќе е љубопитен да дознае.
    Она што треба да те секира не се зборовите (остај ја неа и сл.) зошто колку и да те болат кога ги читаш, може да се дел од блеф, туку и сама сфаќаш - проблем е неискреноста. Што не ти кажува. Дали ќе ти каже на тебе за ова или не - ја прави целата разлика.
    Имај во предвид дека нема да ти каже ако:
    -Има задни намери и сака да вара, нормално ќе крие.
    -Нема задни намери, само љубоптен е ама сака да истера до крај да види кој е зад профилот (да задоволи љубопитност)
    -Се плаши од твојата реакција. Ако мисли дека ти би го разбрала, ќе ти каже штом ја сконта ситуацијава. А ако мисли дека ќе реагираш катастрофално и дека нема да разбереш (независно што сака тој) нема да ти каже. Ти подоцна гледам си пишала дека не би требало да е ова проблем, ама ова е само во what if ситуации. А сега веќе не е што ако ситуација туку реална ситуација.
    Треба да видиш како ќе се понаша до тогаш. Ќе оди ли и тој на средбата или ќе се повлече, ако не се повлече ќе те лаже ли кај оди кога ќе треба да се види со неа?
    Ако го конфронтираш било да му се избациш во сабота, било дома да се конфронтираш пред настанот или после тоа, најверојатно осеќајќи се фатен во тесно, ќе те обвини дека си го местела. И тој ќе изгуби доверба во тебе. твојата ја изгубил во секој случај и ќе треба да се помачи да ја врати (не е невозможно, само е тешко)
    Најлошо сценарио ми е ако се работи за некој нарцисоиден тип, зошто тогаш може да ти работи зад грб и да не си ни свесна за тоа. Ама ќе има други знаци од негова страна, не знам дали ги има ете ти може да ми кажеш тоа подобро. Малку ми пали лампица тоа што рече дека е инаетлив и самобендисан. Упорноста да биде по нивно и чуството на грандиозност, супериорност се карактеристики на таквите. Досега не си приметила да вара, се најдобро зборуваш за него...дали е тоа реалната слика за него?
     
    На Alanna, LittlePinky, baby-star и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Каква корист има он од мене финансиска кога јас му ги трошам неговите пари зошто моите одат за кредит?
    За покрив над глава? Има и кај неговите. Не сум јас шугар мама, не го спонзорирам, само со мојата работа беше полесно да се земе кредитот. Ќе ме гледаат само за секс можеби, а некои ако ја имаат честа да се запознаеме ќе видат дека не е така и воопшто не е тешко да се најде друг, не мора брак, а и не мора ни маж, отом потом како ќе тече времето. Не може он мене да ме обвинува зошто ете се тука е документирано, не се будали ни неговите ни моите, ко што не сте и вие тука и јасно се гледа дека постои огромно црвено знаме.
     
    На honey.11, Ivan4e04, MarijaMi90 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Па што се мажиме, тогаш, еве сите се исти, да си одиме во банки за сперми за деца, што ќе нѝ се.

    Шала на страна, твојот бивш маж и твојот пријател не се сите мажи, муабетов ич не ти е на место, ептен ми е поразително кога жена на друга ѝ кажува да трпи и дека нема да ѝ чини животот ако се разведе. Ако маж ти не те ценел има други што ќе те ценат, секако ако сама себе се цениш прво. ;)
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, MeowMeow и 23 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Другарка ми 3 секса ќе му простела на мажот за да не растура брак.
    Она мисли дека таа растура.
    И што прави тој, и 4ти секс има и 5ти и 10ти, а таа се прави слепа и глува сосила.
    Кај ги најде 3 само не знам.
    Ко демек тој што е склон кон неверство, 3 секса ќе го задоволат.
    Не мора по секоја цена да си со некого.
    Јас сум многу голем поборник на тоа подобро сам цел живот одколку со некој што не те сака и не те почитува.
    Некогаш велиме помладите не знаеле да чуваат брак, се разведувале за сешто, како да не, што се трпат постарите генерации, убаво си прават помладите, си се ценат себе си, или 100 проценти или ништо. Некогаш баш за врски на помлади генерации им се восхитувам, се понезависни се, се по паметни и похрабри.
    Нема да те поочува околината, можеби во затуцани места, мали, кои што дишат на трачарење ама па такви и да те посочуваат, ич око да не ти трепнува.
    А мислиш тие што се изневерени не ги посочуваат, другарка ми со сожалување ја гледаат, па дури и со потсмев.
    Не затоа што е изневерена, туку затоа што гледа и ќути.
    За зборување секогаш ќе има некој што ќе збори, ама сигурно на старост нема да си речеш Правилна одлука донесов што останав со некој што не ме сака, битно Стојанка не ме зборуваше.
    Баш напротив, сите жалат што многу се замарале со мислењето на другите.
    А другите за 3 дена ќе престанат да зборат, тоа модуларни болници со живи луѓе ни горат, сексулни кампови за деца и што се' не, па забораваме за 3 дена, мислиш за твојот развод ќе се замара некој.
     
    Последна измена: 14 октомври 2021
    На Alanna, sparklie, celineparis и 42 други им се допаѓа ова.
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    @Elly Stann Сепак да не се посомневал дека си ти? Или може мисли некој се зафркава со него?
    Некако веднаш сте стигнале до кафе при прв разговор.
    Ваљда не е толку глупав да излезе одма со некоја со која сврзал 5 реда муабет и мисли е лажен профил.
    Ако одиш до крај, осмисли го добро ова. Големи се шансите да не се појави иако сте се договориле, така брзо.
     
    На Ivan4e04, manako1, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  9. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Posle maz mi imav decko, mislev na bivsiot decko. I taa prikazna za cenenjeto ne vrvi, samite brojki na razvodi si kazvaat - se pojke razvodi. Znaci site tie zeni ne se cenele dovolno? Ne bre zenska, ne sakale da ostanat vo toj brak zaradi razlichni pricini i vervaj, osven izneveruvanjeto ima uste milion pricini za kraj. Plasi se od zenite koi kutat i trpat, pa posle ke imame femicidi (ubistvo na zena od sopstven maz), ke imame. Ok, nekoi nemaat kade, ama nekoi koi imaat kade a uporno se vo izgovor - sho ke recat drugite ne gi opravduvam. Ovde sve nekoi dusebriznicki koi kazvaat razvedi se. Vie razvedeni ste site, ili si imate doma sonce od maz, abe angel, abe srcka.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Не е ова 19ти век кога жената на Перо е Перојца или на Трпе-Трпана. Таа е возрасна, зрела жена, вработена и самостојна. Не и треба Трпе да и носи швалерки.

    Ќе ја обвинел за разводот... Кога мене веќе ќе ми се сруши светот и ќе сфатам дека сум се вложила во нешто фиктивно многу ми е гајле кој е крив и кој ќе ме осудува. Бившиот ширеше насекаде дека сме раскинале заради неверство, а беше за насилство. Знаеш што ми смени тоа во животот? Буквално ништо. Само ми се промени за 360 степени и сум пресреќна. Битно е какви луѓе имаш околу себе, а не комшиите што ќе кажат. А некој маж ако те гледа само за секс, ќе те гледа исто без разлика сингл или разведена.
     
    На crimson, Alanna, sparklie и 29 други им се допаѓа ова.
  11. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Имаше и многу други муабети, селектирав нешто за да ја доловам ситуацијата само, јас го знам него, знам што сака, знам како со него и ваљда затоа падна на тоа и сака да оди.
     
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna, Bella* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    11.064
    Пол:
    Женски
    НАЈТОЧНО!
     
    На eliesaab и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Точно е се, освен дека можеби се плаши од мојата реакција, не би реагирала лошо и тој знае за тоа. Свесна сум за се ова што ми напиша, затоа и цела ситуација ми се комплицира и во главата ми се направи хаос. Сликата за него што јас ја имав пред ова можеби била гледана преку розеви наочари, ама па мислам дека и не сум до толку да не заприметам нешто, а сигурно во 10 год нешто ќе излезеше сомнително.
     
  14. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    33.873
    Пол:
    Женски
    Јас не би ја оставила работава до пола.
    Би продолжила со пишување и според тоа би видела на што е спремен и секако на крај би проверила дали ќе се појави на средбата.
    Бар самата ќе си расчистам, а вака се оставаш во недоумица што би било и понатаму нема да имаш мир и ќе се сомневаш во него.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама зошто се обвинуваш себе си.
    Ако не си приметила нешто не значи дека ти си до толку.
    Има луѓе што се перфектни манипулатори и не можеш да ги фатиш.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, Idedemja и 9 други им се допаѓа ова.
  16. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    5.328
    Пол:
    Женски
    Na tvoe mesto bi odela da se vidam so nego vo sabota i bi stavila kraj na toj brak.
    Procitav deka nemate deca,taka da mnogu e polesno sega da go prekines brakot koga samo ti moras da doneses odluka sama za sebe.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, Idedemja и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да си играш и ти (верувај според напишаново заслужува), собери храброст и појави му се со кафе во рака. Прашај го ,,Која од нив сакаш да бидам вечерва?" После има да собереш храброст и да побараш развод. Дур сеуште не е доцна и немате добиено деца, зошто тогаш ќе биде многу потешко. Значи ќе мора да ја активираш својата лоша страна. Баш таа страна која не си сакала никогаш никој да ја види, и оди до крај! Зошто сте бе жениве олку слаби? Ме нервирате, жал ми е дури. Толку потенцијал и умствена моќ да се има, а толку малку да се искористи. Затоа сме ,,понежен" пол. Се изнервирав, налет.
     
    На jovana03, celineparis, Ivan4e04 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    11.064
    Пол:
    Женски
    А опиши го повеќе. Како тип на маж е сомничав кон други луѓе? Комуникативен, директен, лажго кон други, смислува изговори, нервозен...
    Не може долги години да се прикрива. За иднината има идеи за со тебе?
    Или се сомнева дека е некој познат што го тестира, штом бившата правела дриблинг, можда си вика да не пуштила некој друг да ми прави вака.
     
  19. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Точно, истото го мислам и јас, знам дека е така, само малце е потешко кога си на оваа страна. Сепак треба сериозно да знам дали би се појавил на средбата за да одлучам или во најмала рака да разговарам за ова. Ова до сега не е причина за развод, зошто постојат многу што ако и полошо ќе ми биде така да живеам него разведена зошто се појавил за кафето.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Абе јас сум сигурна дека ќе се согласи и ќе излезете. Така ми мириса, зошто го знам овој профил на мажи. Само ми е тоа да не се шокираш кога ќе се паркира покрај тебе па да се изгубиш, да не знаеш што да му кажеш. Да се блокираш од паника...А дека ќе се појави на договореното место 90% ти гарантирам. Живо ме интересира како ќе се заврши ова.
     
    На Ivan4e04, Limpan, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.