Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачен триаголник, сопругот, вие и....

Дискусија во 'Брак' започната од Elly Stann, 14 октомври 2021.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Дури и да не си го фатила во превара, може и да не е тип што мами, ама да е нарцисоиден. И во двата случаи би приметила за толкав период сигурно. Ти во односот со тебе што го има би ги забележала тие карактеристики што се својствени за нарцисоидните манипулатори.
    Еве неколку:
    Прво опсипува со внимание да те освои, а после полека те моделира по свое.
    Ќе ти ги тестира границите до кај би отсапила за него. Ако одбиеш негова желба, ќе ти се лути или ќе инсистира упорно.
    Не се извинува никогаш после негова вина, или извинувањето не е искрено (жал ми е ама, или жал ми е што ти се осеќаш така.. и сл.).
    Љубоморни моменти.
    Обиди да ти го контролира однесувањето, изгледот, комуникацијата со другите, финансиите.
    За сите други надвор од вашиот дом е прекрасен, може дури и главен во друштвото а со тебе се однесува многу полошо одколку со нив.
    Ако го обвиниш за нешто ти ја префрла вината.
    Ти ја поткопува самодовербата, те тера да се сомневаш во она што го знаеш со сигурност.
    Не е способен за длабока интимност (не секс, туку длабока, континуирана интимност)
    Има поглед на нештата во однос на интимноста и љубовта се лажни, непотребни, смешни, знак на слабост. Итн, итн.
     
    На Idedemja, MissBreezy, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш, причините за развод се субјективни.
    Некој и за допишување ќе се разведе, некој ко другарка ми не се разведува и покрај тоа што мажот шета со швалерките на сред бел ден за рака фатени.
    Не би рекла дека ако се појави таму, ќе се појави за кафето.
    Се знае за што се појавува, ама што и да одлучиш гледај да си среќна со одлуката и
    100 % сигурна дека тоа е тоа што го сакаш, само тоа е битно.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, Idedemja и 9 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Ако дојде до средба, тој ќе ја убеди оти знаел дека е таа, таа ќе поверува и се ке се смири.
    Ние жените многу сакаме да веруваме и идеализираме, па дури и кога ќе дојде момент да се соочиме со вистината не дозволуваме да ни се скрши идилата.
     
    На Alanna, sparklie, Belgin1 и 33 други им се допаѓа ова.
  4. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    1.423
    Јас мислам знае дека си ти,ќе излезе на состанокот со цвеќе и посвета дека те сака.Мислам дека само се согласил да ја игра твојата игра,ми изгледате на мудри и трпеливи и двајцата,а можеби и гледам со розеви очила и јас,ама верувам дека има верни мажи
     
    На manako1, bicycle, Angella7 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Мхм мхм :wasntme:
     
    На crimson, sparklie, honey.11 и 24 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    76.226
    Пол:
    Женски
    За жал веќе се може од секого да се очекува. Не е за утеха ама на познаничка маж и баш во кола состаноци си имал, а они и тоа со дечиња веќе...

    Види како ќе биде, не се издавај пред време дека си ти. Мораш паметно да постапиш..
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, glosipgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    33.873
    Пол:
    Женски
    Ова само во некој романтичен филм/книга.
     
    На Pinkdust, ALISA0000, honey.11 и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    1.423
    Не е можно мислиш?

    Епа тогаш не верувате во верноста на мажите
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Мислам дека вистината боли ама и вистината лекува.
    Надежта е убава работа се дури не те спречува да ја видиш реалноста.

    Што има врска верноста на мажите? И мажи изневеруваат и жени изневеруваат. Ај ќе генерализираме.
    Јас маж ми сосема малку тон на глас да смени неприметно, знам дека нешто не е добар, ама ако и рече на некоја Ќе те соберам во сабота, ќе си речам може отиде букет да ми купи мене.
     
    Последна измена од модератор: 14 октомври 2021
    На Watermelon96, honey.11, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Поенатата на мојот муабет не е -РАЗВЕДИ СЕ, зашто тоа е тешка одлука.
    Ама, мораш да провериш (ради себе) со кого си во брак.
    Што ако си родите детенце, па си продолжи со ваков начин на живот ?

    Ваков еден познавам, т.е. се имам дружено со брачен пар.
    На почеток таа не пресече, сега веќе деца, фамилија...си го трпи и се јаде.
     
    На Alanna, honey.11, Ivan4e04 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека ќе оди до крај и нема да се повлече. Ако не за да смува нешто, бар за да ја задоволи љубопитноста што веќе му е предизвикана. Второ не се плаши од опасност. Машко е, не е женско. Посилен е физички. Сигурно мисли дека неговиот ризик е помал од оној на девојката.
     
    На Idedemja, oblace1, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.200
    Пол:
    Женски
    Затоа што е јавен профил, секакви коментари и ќе прочиташ, не само она што ти одговара да прочиташ.
    Види, на почеток напиша дека супер ви е се'. И сега ти си таа што се впуштила во игра, сосема непотребно. И сега мислиш дека и со други пишува(л), дека може да те изневери, ја изгуби довербата во него? А што ако не пишува со други? Мислам, на ваков начин. Во таков случај разводот ќе биде за глупост. Сега имаш три опции, првата е како што на почеток ти напишав, деактивирај го лажниот профил, втората е да му кажеш дека ти си му пишувала и третата е да се договорите и да се појавиш на таа средба, ама последниве две опции значат кавга после која нема назад.
     
    На Elly Stann му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Кога почнавме да живееме заедно и поминуваа годините, се прашував дали мисли на иднина со мене зошто 3 години живееш со некој, времето поминува, а за иднина не се разговараше. И се прашував дали само ми го губи времето. Кога конечно се решив да разговарам за тоа, а немав ни спомнато, ме побара за жена. За деца прво рековме дека некое време ќе шетаме и сакаме да бидеме сами, тоа беше одлука на двајцата, патувавме со парите од регистрацијата, со поклоните, па сега брзо самиот тој ме праша а дете кога? И неколку месеци еве се прави детето.

    Комуникативен е, ама само со негови луѓе и луѓе што ќе си процени дека му се ок. Со другите воопшто не ни разговара, ни здраво прави, тоа ме нервира мене, глупаво се осеќам кога се качуваме по скали за дома и комшиите му викаат здраво а тој напред тера без да каже ништо и тоа не ми е ок. Има некои од моите што не ги сака, ама добро комуницира со нив, што мене ми покажува дека иако е таков карактер пак од почит спрема мене комуницира со некој што не го сака. Директен не знам, пример во која смисла? Не се кара да кажува нешто директ, само игнорира. Лажго... Не би рекла. Јас повеќе лажам. Многу купувам и кријам. Многу пари трошам и лажам. Нервозен е во нормала, дома сме ок, гледаме филмови, играме карти, кога се караме не дошло до некоја ситуација алармантна, како што кажав ги игнорира работите, а за иднина со мене ете дете.

    Иначе многу добро изгледа, многу се намачив да го фатам, имав конкуренција ептен, после добивав и закани и клетви и проблеми имавме, знаат и многу пати многу луѓе да му дадат комплимент и мислам дека тоа му е само мааната што премногу верува во тоа, се потпира на тоа, тоа ми беше самобендисан кога реков, ретко го имам видено несреден иако 10 год се знаеме, уреден е ептен и ужасно му смета несредено нешто и неуредни луѓе. Тоа би било отприлика нешто за него.
     
    На manako1, elenaklasik, Traveler91 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    И да не пишува со други, битно со една се впуштил. Со колку треба да пишува за да е релевантно?
     
    На MarijaMi90, cresa-jagoda, Idedemja и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Само да не има профил на фемина или некако да прочита, па стварно да не ти дојде со цвеќе на средбата :D
     
    На sparklie, yourfavoritegirl, honey.11 и 20 други им се допаѓа ова.
  16. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    ват а хек :drunk:
     
    На Butterfly522, spacegirl92, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    За џабе испишани страни и страни. Дури не дознае и напише овде дали се зеза, дали знае дека е она, дали стварно планира да стапи во акција или само му годи некоја да се интересира за него пошто 10 години во врска и малку ти фали флерт...нема потреба од коментари.
    Уште нема пишано денес @Elly Stann ? Вчера пред тебе пишувал денес ништо?
     
    На oblace1, mal.ecka и Elly Stann им се допаѓа ова.
  18. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Искрено, кога почнав да комуницирам со вас поозбилно прееска, се одјавив од тој профил, не знам дали пишал, логирана сум си на мојот, не знаеш колку ме копка да отворам да видам, ама некој мал дел од мене не ми дозволува.
     
    На WildMk и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.200
    Пол:
    Женски
    Јас мислам ова со разговор може да се реши. Ама сепак таа ќе си одлучи.
     
  20. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Па не видов мајтап реално. Може сепак јас сум таа што гледа со розеви наочари, ако некој мајтап прави со мене а не сум заприметила. Баш ми прија се ова тука и сите постови.

    Морам да си одам дома, ако имам можност можеби ќе го отворам профилот и ако пишал, а нешто ми кажува дека пишал, тогаш сериозно ќе истерам до крај, до кафето, до денот, ако не пишал само ќе деактивирам профил и ќе застанам тука. Којзнае, сепак фала ви. И на тие мајтап што сте играле, не ве заприметив, ама нема проблем : )))
     
    На WildMk, mariz, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.