Значи позатворен тип е. Веројатно чува во себе повеќе. Тешко изразува емоции. Реагира со повлекување при кавга (веројатно ако ти се налути ќе те држи настрана и со незборување). Не ме чуди ладнокрвното однесување тогаш, така функционира постојано изгледа.
Ајде бе Битер. Некој што спие до тебе десет години, паралелно скришум пишува пораки со други жени и мислиш дека тоа може да се реши со разговор? Како? Не знам дали сте стварно толку наивни или...
Каков разговор ќе негира секако, јас до сега немам чуено за маж кој ќе седне и во очи ќе и каже на жената дека има друга. Освен ако не планира да ја остави за љубовницата.
Прво одам на тоа да гледам тој како се однесува со мене. Лесно приметувам ако има нешто. Така и тоа го зедов како основа за овој проблем. Досега им било се' во ред, сега го забележала дека крие дека пишува со некоја друга. Ама таа друга е таа уствари. Затоа пишав може да се реши со разговор. Тој не ја изневерил всушност. За тоа одма на развод не би одела туку прво би разговарала. Ако си ме читала во други теми, а не верувам дека си, давам совети за развод кога има вистински проблематични ситуации. Ама ова не мислам дека е до толку. Тоа е само мое мислење, ако мислиш дека е наивно, ок. Да го начекам да договара средба со некоја друга жена, тогаш би размислувала за развод, ама ако јас самата му пишувам, тогаш нема одма да се фатам за тоа. Плус никогаш и не ни бил сомнителен дека нешто крие, тек сега со неа.
Закажи му и оди таму да види со која има пишувано. Еден пријател вака ја фати жена му дека е наивна и спремна за да излезе со непознат, па и да го изневери. Овој твојот исто изгледа на лесен тип кој утре и со вистински профил ќе се договори.
@Elly Stann прати му слика од профилот или пиши му додека си седи онака у дневна и не знам, пример речи му дај ми телефонот да ти покажам еден профил или некое срање на инста. Па, напрај се демек си отворила пораката со "женската" и прашај го што е ова? Иначе и јас мислам дека пишува затоа што се сомнева, или у другари некои или не знае ни сам кој, али претпоставува дека некој го дупи. И мене ми се има десено некад знам дека некој е фејк и пишувам, знаеш некад просто ти е досадно и си тепаш време со некоја будала што мисли дека те заебава. Си го знаеш маж ти најдобро, така што сигурна сум дека можеш да претпоставиш дали е глуп до толку да искочи со некоја у кола што ја нема ни за пријател на фб. Плус, кој по ѓаволите пишува на фб у денешно време?!
Со такво размислување, не е ни чудо што имаш толку горки искуства. Подобро и да не даваш совет, затоа што твоето е далеку од совет, всушност себе си се проектираш во ситуацијата. Што се однесува до членката, јас би рекла, како што си почнала, така да ја завршиш приказната. Нема страв или каење. Барем првично ќе дознаеш какви намери има. Можеби се зафркава и тој. Мене ми пишуваат во инбокс и од што се толку досадни уште толку ги зафркавам. Не давам отчет, затоа што не сметам дека правам нешто зад грб, едноставно ми е интересно да ги зафркавам. Е сега ако дојде до ,,средба", т.е и тој се согласи, тогаш сама треба да знаеш што всушност сакаш. Развод не ти бега, но дали би сакала да останеш со човек во кој немаш доверба. Батали тоа што ти пишуваат глупости некои членки, ако си разведена не си шугава, мислам ало, какви дебилни размислувања. Не дека нема никогаш да најдеш некој што ќе биде посветен целосно на тебе. Кога веќе ја отвори пандорината кутија, не може да ја затвориш. И да сакаш да прекинеш со пишување, ќе те копка, ќе те јаде, ќе те конзумира. Вака, продолжи и следното сценарио е оставено на тебе.
Епа ваквите и заслужуваат да трпат...Какви жени се тие ,што знаат дека дечкото или мажот ги изневерува и уште го трпат...
Не можам да читам 100 постови... многу ми се. Не сум изненадена, ама ми се крена притисокот. Тоа што е толку ладен додека лаже, мене ми кажува дека не му е прв пат. И да... повеќето изневеруваат.
Може му е позната таа личност од Чиле (бидејќи нели е општо позната), па заради тоа се посомневал да не е лажен профилот... кој го знае...
Членката треба да си одлучи што да прави, таа си го знае мажот најдобро ( мада никогаш не можеш да познаваш некој 100% нити па да му веруваш). Јас да сум би одела до крај, зошто ако оставам така ќе се јадам жива цело време. Пишала и дека имал бивша кога го демнела долго време, може мисли дека е таа па сака да провери и не ти кажува за да не те вознемири, можеби и се зеза од досада. Се е можеби...се додека со свои очи не видиш и со свои уши не слушнеш не можеш да донесеш одлука.
Сакам на крај да искочи дека знае дека си ти. Ама не е можно. 1. Фати му го телл онака за реакција прво. 2. На шала кажи као "ја нема бивша ти да замара ти нема пишано од тогаш" 3. Види дали брише пораки. 4. Договори ја средбата во сабота во 7 и ств отиди му лепша него икада прашај го " да не чекаше некој друг биди искрен" неколку пати повтори му. Смисли приказна дека колешка од работа ти кажала дека пишувате и ти пратила скринови. Покажи му ги. Или биди си искрена и ќе му кажеш првична причина зошто си го активирала тој фејс.
Тие што не се за кафиња, обично за секс се. На кафе не одат, оти не ги интересира да се запознаваат, туку само да...
Мислам и искрено се надевам дека не паднал на ваков муабет. Треба да си ептен очаен за секс на страна за да поверуваш во било каква приказна од непозната особа. @Elly Stann Мислам дека само сака да дознае која си. Се надевам во сабота ќе се увериш дека маж ти е истиот во кој си се заљубила и дека си му единствена. Немој веќе да си правиш вакви стресови.
Типов само буста его. Нарцисоиден е,не би ни отишол на договореното да те измами. Ти отворено му се наметнуваш. Се согласувам со тоа што го пишува @Cosmic Girl
Девојки многу оженати мажи ми пишат, некои лично ги знам некои не ги познавам, исто и на другарки мои, бидете претазливи бидејки машкиот мозок само за таа работа се
Мене фала Богу би ме копкало дур сум жива вакво нешто да се деси не би можела да застанам, а што се однесува до муабетите погоре на една членка дека сите вараат и дека тоа не е причина за развод мене ми е стварно ама нај искрено жал за неа и све и да ме напраат крива и да сум трн у око на сите што се вика не би дозволила некој така да гази по мене а ја да му ги перам гаќите да му готвам и да се праам дека не се десило ништо