Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачен триаголник, сопругот, вие и....

Дискусија во 'Брак' започната од Elly Stann, 14 октомври 2021.

  1. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Бреј, ама филозофски ја разврзавте темава. Толку анализа покрај толку очигледна ситуација... Мислам стварно, не сте требале да мозгате до толку. :D Just for the record мажи што викаат у кола, не сакаат да се запознаваат, сакаат да ви го пикнат. Simple as грав.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, Indiegurl и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    1.423
    Смеењето е здравје
    Баш ми е мило
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.440
    Колку што е тој кабает ( крие за комуникацијата ) толку е и таа ( го провоцира без повод, чисто од забава).
    За розеви очила тргање, не знам што да речам, после 10 години познанство, малку е претерано да се носат сеуште.
    И членката признава дека подлажнува за други работи, зошто е чудно дека и тој преќутува ако таа преќутува. Или за шопинг дозволено е?
    Мене ми делува дека го сака, а и тој нејзе, би се кладела дека станува збор за љубопитство од негова страна во случајов. Јасно му е дека комуницира со некого кој го знае..
    Какви разводи, какви чуда , во 10 години преќутел некој квази муабет.
    Ако сум била среќна со него претходно, оваа сопка место да создаде вечни сомневања, можеби е прилика да се отворат картите. Никој не живее со светец по дома...


    .
     
    На Kom.pot, Justicija, manako1 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Искрено не ги прочитав сите мислења, ама ќе ти пишам што јас би направила еве како мажена жена. Прво...никогаш ама никогаш што и да испадне на крај нема да ја имам целосната доверба како до сега. Дали си пишувал од досада, дали ќе се појави на средбата или не...секогаш ќе постои доза на сомнеж што нема да можам да ја надминам. И да речам дека ќе преминам преку ситуацијава како и да заврши на крај, пак никогаш нема да биде исто или маж ми ќе треба дебело да се намачи да ме врати да сум 100% пак негова и на крај на денот во секоја караница ќе му го префрлам ова.
    Второ...не би избрзувала и веднаш развод. Би го договорила и би стоела негде на страна да видам дали ќе се појави. И најбитното што ќе ти каже каде оди кога ќе излегува. И ако се појави на договореното не би се конфортирала веднаш таму него фино лепо би се свртела и вратила дома и би го чекала да се врати. А кога ќе се врати би го прашала само како си помина со Марина нешто тмурен ми изгледаш(како и да ја пиша). Нема ни да чекам негов одговор него би си излегла низ врата и не би се вратила неколку дена, а притоа не ни му одговарала ни на повик ни на порака.
    После ова на тебе ќе е дали ќе дадеш втора шанса и колку он ќе се потруди да не те изгуби. Зависно неговата реакција се ќе ти биде јасно понатаму.
    Тука можеме да ти даваме разно разни совети, да се разведеш, да замижиш итд. Но ти и само ти можеш да одлучиш како ќе се справиш со ситуацијата.
    Ти посакувам секое добро и сето ова да е само големо недоразбирање(иако се сомневам). Ете јас незнам како би постапила односно кој би ми бил конечниот исход. До кај што пишав така би постапила, а дали би останала со него или не искрено незнам. Секако не би оставила до тука затоа што секогаш ама буквално цел живот ќе ме копка со кого живеам и планирам деца.

    А да бидам искрена, па добри 40% ако не и више од нашите мажи да им го направиме ова ќе се лизнат и паднат на тестов!

    П.П.С Јас на мојов му го направив тестов одамна уште не бевме во брак, живеевме заедно, не со лажен профил но нејсе го положи тогаш. Но никогаш не вели никогаш, нели!!!
     
    На Miss666, Luminary, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.846
    Не оди одма на кафе. Прво нека ти каже намери. Пртисни го. На крај закажи му кафе и отиди му
    Не му кажува дека си била ти, туку дека Марина ти кажала и ти пратила слики.
    Инаку и ти си лажга и ќе те обвини.

    Кажи му дека ако добиеш уште една порака од друга, ќе го оставиш.

    Јас не би се развела, ама ќе пати. Многу.
     
    На Alanna, SexiLy, Ljubova и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Во право си ама тоа е до карактер на човек. Јас доста луѓе знам со возрасни деца што се имаат разведено и варано на колегијална база и заввршувале заедно дури и со штотуку родено бебе се оставале ради друг/друга. Мислам мизерија е тоа според мене.

    @Elly Stann Со оглед на тоа дека си имала конкуренција и си се изборила по оа се гледа декаима его дека е некое си е.. чиште, но ваквите нема ни сок да пијат се плашат од директни девојки и се со свиткана опашка. Оди до крај со муабетот на крај и види што ќе е случи.
     
    На Elly Stann и Justicija им се допаѓа ова.
  7. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    5.328
    Пол:
    Женски
    Јас не би се развела, ама ќе пати. Многу.[/QUOTE]

    Ne znam kako toj bi patel,mislam deka taa ke pati so maz vo koj nema doverba
     
    На cresa-jagoda, Elly Stann, Ambrosia и 9 други им се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Леле не давај идеи жити се малце ли беа разводи поради карантини сега уште ова фали и отиде нуклеусот на општеството:DСекоја чест за твојот(y)

    И јас мислев можно е да знае/сумња дека е она се до моментот кога во иста соба со неа се испонашал ладнокрвно-red flag alert. Tоа се клучни микросекунди што многу зборуваат,она си знае најдобро како тоа изгледало/женска интуиција сине- use it.Друго што ми падна на памет типот да не наиде на форумов/темава и скапира па смени стратегија.За понатамошно справување и јас мислам за да иде до крај/за средба ако ништо друго отстрана да види дали и он би/идел до крај.Зае*ана ситуација како и да завртиш освен ако не им се придружиш на безнадежниве романтици и на крај биде дека знаел дека е она.
     
    На Elly Stann, Idedemja, spacegirl92 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Налет таков брак, тензии и недоверба цел живот. Подобро развод.
     
    На cresa-jagoda, Elly Stann, riba79 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.300
    Пол:
    Женски
    Типот знае дека некој го зеза.
    Барем денес е лесно, десен клик на сликата и ќе најдеш од кај потекнува. Затоа барал селфи во моментот (lalala)
    100% сум сигурна дека е така.
    И јас, иако сум женско, исто би реагирала кога некој со слика од чилеанка ми пишува на македонски, па и дека ме знае.
    Од далеку се познава дека е зезање.

    Да беше пораката од школска што стварно ја знае и одма ја кани в кола, ќе беше сомнително.

    Плус, секој изневерува со некој што го знае.
    Не е тоа шпанска серија или Грејс Анатоми, да легнеш со некој и утре да излезе дека тоа е шефот :rofl:
     
    На Stressed Out, Cosmic Girl, Elly Stann и 3 други им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Она му пишала дека се дружеле родителите.
    Што и да се случи има изговор дека му е другарка од детство и ништо повеќе.
    Кажи му низ разговор дека си правила муабет со твоите и ти спомнале оти е оженет.
    По одговорот ќе си знаеш што понатаму.
     
    На Elly Stann му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на твое место би чекала да видам дали ќе се појави,доколку не сакаш да се појавиш пред него тогаш немој но чекај да видиш дали тој ќе дојде на закажаното место.Можеш на пример и вака да направиш,предложи му уште сега да правите нешто во сабота вечер околу тој термин,незнам да излезете на вечера,да отидете некаде па да видиш што ќе ти одговори дали ќе те одбие, ќе ти каже зафатен сум,чисто да видиш што му е намера.
     
    На Elly Stann и Lavender4 им се допаѓа ова.
  13. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    5.047
    @Elly Stann се надевам нема да се налутиш, ама морам да те прашам. Толку ли немаше друга работа, па зеде да се мачиш да се најавуваш на некој си стар fake profile што си го користела пред 100 години? :rofl:

    Според мене штом веќе си се одлучила на чекор да му пишуваш на маж ти од лажен профил и да го тестираш после скоро 10 години заедно, значи нешто внатрешно те поттикнало на тоа и немаш толку доверба во него како што имаше напишано во твоето првично мислење.
    Тој ни малку не е цвеќе за мирисање покрај се што имаш објаснето- ако не ја познавал девојката од лажниот профил тогаш не требало ни да ја прифаќа во пријатели, а камо ли да враќа на пораки (тргнувам од себе, бидејќи не прифаќам непознати- можда некои си прифаќаат). Не верувам дека мисли дека си ти, можеби мисли дека е бившата, но сепак зошто би закажувал кафиња во кола? И плус неговата ладнокрвност кога си го прашала што прави на телефонот можеби е знак дека не му е прв пат ова.

    Ако имаш храброст оди до крај и соочи се со него колку и да е тешко тоа, бидејќи сигурна сум дека во моментов имаш илјадници двоумици. Убаво ти имаа напишано погоре, кажи му дека Милена (мислам така се викаше лажната:D) ти пратила screenshots од разговорите и не се издавај дека имаш лажен профил, бидејќи ти ќе испаднеш виновна после.
    Можеш и да не му пишеш никогаш веќе од лажниот, ама нема да спиеш мирно знаејќи дека тоа може да го прави и со други. Ќе се измачуваш цел живот.

    Одлуката на крај е твоја, но стави си се себе на прво место и реши што е најдобро за тебе. Подобро е со време да си знаеш на што си, отколку да живееш во фарса дека си во брак со некоја совршена личност, а тоа да е далеку од реалноста.

    Ќе се редактирам: добро е што се ова се случи пред да имате дете, бидејќи тогаш ќе беше се покомплицирано. Размисли со ладна глава дали воопшто сакаш дете со човек кој те гледа во очи и те лаже без грам совест.
     
    На cresa-jagoda, manako1, Elly Stann и 5 други им се допаѓа ова.
  14. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Кога сам ќе си ставиш трн во здрава нога.
    Или ќе си направиш сценарио, па полека и онака ненападливо ќе ни го сервираш, како на лажичка, дел по дел.
    Ако ситуацијава не е лажна, оти нели во ова време се е можно, да пробаме да замислиме зошто почнала да се компликува.
    Затоа што љубопитноста ја убива досадата, која во моментот те нападнала. Според твојата верзија од прикаскава.
    Затоа што ти всушност и сакаш твојот херој да е таков, безстрашен, мачо, убедлив. Потврда за тоа се твоите зборови: парафразирам - знам како да го предизвикам.
    Затоа што ако не е таков не е интересно, нели?
    Е сега да видиме каква си ти.
    Лесно влегуваш во досадни моменти оти не си ја бркаш домашната работа или професионалната. А работа нонстоп има.
    Лажеш лесно, значи може и сега мислиш дека ти успеа и сите онака масовно ги повлече за нос.
    Исто и ти пишуваш тајно, социопатски, како што многумина овде го опишаа тоа.
    Да се разбереме, никој не е совршен, но сите би сакале им биде убаво по дома. А ретко кој и вистински се труди да биде така.
    Сомнеж нонстоп ќе има, твое е дали ќе дозволиш да влезеш во таа спирала или не.
    Лесно е да го збуниш и изгубиш некого, само залудни ќе ти бидат напорите за да го освоиш.
    А ако почнам да анализирам како ги користиш и интерпукциските знаци, ќе испадне голема работава.
    Сама си се заплеткала, сама отплеткувај се.
    Ете да им биде интересно на домаќинкиве, можеш и да пренесуваш во живо од сабота во 7.
    Јас со сигурност ќе бидам таму.
     
    На baby-star, kikkki, manako1 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.440
    Прво ја советуваш да лаже
    А после и велиш:
    Логика much? Или нејзинотo лажење е оправдано за да не испадне крива, а неговото не е , за да не испадне крив.
    Смешно е. Дупли стандарди
    Кој верува во ова? Има некој таков?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    @Elly Stann искрено само првиот твој пост го прочитав, не знам што совети си доби од членките, но ќе ти кажам дека не си требала тоа да го направиш со лажен профил, што сакаше да добиеш? Проблем бараш онаму каде што нема? Кога ќе те открие знаеш кој ќе биде крив? Ти и никој друг зошто, кога ќе те виде ќе ти рече Мааа знаев дека си ти и сеа ајт гидла од пред очи, а како би се осеќала ти сопругот да ти пишува од лажен профил?…. И сама пиша дека живееш добар живот, така требаше и да си продолжиш, да ги ставиме на тест сите ние жените на своите мажи и да им го направиме истото што и ти има да биде плодна година со разводи.
     
    На Luminary, Bitter-Sweet и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    @Elly Stann а ти би му кажала да беше обратна ситуација? Да ти пишеше тебе наводен другар од детство и ни 5 ни 6 да те викнеше на кафе ко из пушке?

    Прво, да било толку сјајно и бајно немаше тебе ни на крај памет да ти падне да активираш стар профил и да му пишуваш. Сепак те јадел некој црв.
    Епа кога нешто бараш тоа и наоѓаш во животот.
    Јас би одела до средбата. Пошо чим застанам да го испитувам сакам да видам дали ќе го положи испитот, нели?! Ама ти читам ко да се исплаши од исходот, па не ти се отвора сега да видиш дали пишал…
    Ти си знаеш, голема си. На крајот од денот, секој сам го носи товарот на своите одлуки. Јас не би рекла дека си ставаш трн во здрава нога. Трнот бил тука секогаш само сега си загазила појако врз него и заболел.
    Ако мисли дека оди на кафе со Милена другарка од детството, зошто би криел од тебе? Другарка нели, си имате приватни животи, и ти имаш другари, ќе го сфатиш…
    Ако пак мисли дека некој го заебава од лажен профил, исто зошто би криел од тебе?
    Во толку складен брак баш убаво ќе му се изнасмеете на “шегобиецот со лажен профил”. Дури може и заедно да му пишувате и вие да го играте мајтап… :)
     
    На baby-star, cresa-jagoda, Кена Рис и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски
    Мене доколку ми пише некој што не го познавам не ни одговарам, најчесто знам и да ги блокирам, посебно доколу видам дека е лажен профил. Не прифаќам покани за пријатели непознати луѓе и луѓе со кои навистина не комуницирам.
    Типот не вееувам дека се сомнева дека е жена му, но испаѓа многу лаги дека има во нивниот брак. Сама признава дека лаже, и тоа за глупост лаже, за нешто што купила и го крие. Тоа се најглупите работи за кои може да се лаже. Зошто е потребата да го лаже? И префрла што троши, забрането ли и е? Па може и тој приметува дека го лажеш. Може знае дека пр.чизмите си ги купила 5000 а не 1000 како што го лажеш. Може си мисли дека имаш спонзор па еве сега и тој да проба. А ако за 3 год брак не прометил дека го лажеш тогаш може не се замара со тебе. Тогаш може и тој цело време си лажел.
    Мислам дека премногу сте се идеализирале меѓусебно а и двајцата сте лажеле.
    Да дојде ред да го лажам мм за гардероба, пиши пропало, што останува за друго.
     
    На cresa-jagoda, Peanut Butter и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  19. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Добра приказна.
    Зачудувачки е што си толку присебна и како фино си седнала да го препишеш и средиш цел разговор онака ќејфски. Не ти е страв да не го прочита случајно?
    Мислам до крај да идеш и книга да објавиш.
     
    На elimkd, Elly Stann, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    @Elly Stann

    Истово што си го пишала го мислам само јас сум 100% уверена дека тој не знае дека е жена му, се сомнева дека е лажен профил, тоа да, може и го копка да дознае која е оваа што така одма му се пушта со понуда за кафе. Можно е да е љубопитен, помалку веројатно ми е да сака одма да ја изневери иако никогаш не се знае за ова. Ама моментот дека во очи ја гледа и ја лаже дека игра игрици, а уствари се допишува со некоја непозната ми е сомнителен и ми укажува дека не му е првпат вака да комуницира со некоја позната/непозната небитно.
    Друго ако она отиде до крај и не сега, пример по некое време зближување со муабети му се појави овој одма ќе ја нападне дека таа користи лажен профил и дека со кој знае колку други мажи вака правела, пак она ќе биде лошата.
    Така да идење до крај е меч со две оштрици.
    Ама ако се зближат и почне тој да и врти перверзни муабети, муабети на неверен маж и те како таа би требало да иде до крај, да му се појави ако сака да се разведат да има добра, јака причина зошто го прави тоа. А донекаде и ако сака да му одржи лекција пожелно е да му излезе, ама дека после тоа магичо ќе им зацели браков од се ова и ќе имаат доверба еден во друг понатаму, тешко.
    А па и ако почне да му чепка по моб. и да проверува и утре, други ден му плесне дека знае, он ќе ја нападне му брцала во приватни работи и ете ја се отвара Пандорината кутија, како и да е не ми делува на многу арно сето ова. Ете тоа е тоа зло што го направија соц. мрежи и неправилното нивно користење од секој за се и сешто.
    Досега какви што се работите и како што се направило во мои очи тој е виновен што продолжил да комуницира со муабетот да го потсети која е. Можел да прекине и да не му е гајле, ама и таа да му признае дека таа стои зад лажниот профил тој има оправдание дека не ја знаел која е и се зезал, демек непознавањето го натерало да е похрабар во однесувањето што било зезанција од старт. Што не значи пак дека и да ја знаел од почеток ќе ја одбиел.
    Многу незгодна ситуација како и да е создава огромна недоверба. А дека таа случајно си проверувала како ќе реагира тој на лажниот профил, тешко тоа. Се си мислам интуицијата ја наведувала да провери дали тој што и е маж и е коректен, верен и лојален, епа еве го што е.
     
    На Izaabella, Elly Stann и manako1 им се допаѓа ова.